Група А (CRO, SWE, ISL, SRB) - Сплит

Кој ќе ја помине групата?

  • Хрватска

    Гласови: 34 94,4%
  • Шведска

    Гласови: 32 88,9%
  • Србија

    Гласови: 8 22,2%
  • Исланд

    Гласови: 25 69,4%

  • Вкупно гласачи
    36
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Дојде и 2018та. Како и секогаш почетокот на годината резервиран за елитен ракомет. Европското првенство во Хрватска ни е пред портите. Првенството на прв поглед изгледа дека ќе биде посилно и понезивесно од било кога и покрај отсуствата на Полска и Русија кои не се квалификуваа, како и добар дел повредени играчи. Што не очекува од првиот ден? Ајде малку анализа и претставување... Први на теренот ќе излезат репрезентациите во можеби најнезивесната група А.

За почеток еве како играа овие репрезентации изминатите 5-6 години.



Што ни кажуваат резултатите од големите натпреварувања од послените 5 години (2012 па наваму)? Реално сите репрезентации во оваа група освен Шведска се во надолна линија со своите резултати и игри. Заради тоа можеби групата звучи појако на хартија отколку што е во реалноста. Но истовремено тоа е и потсетник за високиот потенцијал на екипите и можноста да изненадат. Ајде да одиме со ред.

Хрватска

Историја (1991 – 2017):

ЕП: 13/13 настапи, 2 место рекорд

СП: 12/13 настапи, 1 место рекорд

ОИ: 5/7 настапи, 1 место рекорд

Состав:


Хрватска се соочува со невозможна мисија. Од една страна огромен притисок од јавноста за на домашен терен конечно да се освои тоа толку посакувано европско злато. Од друга страна, квалитет на репрезентација кој од година во година постепено опаѓа и реално сега се поблиску до 5-8 место отколку до таа фамозна “топ 4ка”. Многу работи ќе зависат од сомнително опоравениот Дувњак и од младите и неискусни леви бек шутери, но пред се од како овој состав ќе се вклопи под палката на Червар, и во последно време неговите луди и комплицирани идеи но и тежок карактер. Хрватите одат на се или ништо. Или Червар ќе направи ново чудо и ќе успеат да се надминат себеси и да стигнат до медал, можеби и златен, или ќе крахираат под притисокот и ќе останат надвор од битката за медал.

Што се однесува до играта, одбраната ќе одлучи кој е лимитот на Хрватите. Ако успеат да склопат одбрана, но и голмански ефект каков што имаа во годините кога имаа медали, можеби имаат шанси и овој пат. Во напад, ми се чини дека максимумот можат да го достигнат само со давање на целосна слобода на Циндриќ кој сезонава практично се претвори во еден од најдобрите ракометари на светот и префрлање на Дувњак на лев бек каде и онака Хрватска нема соодветно решение за медал оваа година (има таленти, но тие не се спремни сеуште). На крила се стандардно солидни, на пикер имаат повеќе опции иако немаат светска класа, на десен бек не се ништо посебни но можат да бидат адекватни.

Шведска

Историја (1991 – 2017):

ЕП: 12/13 настапи, 1 место рекорд

СП: 11/13 настапи, 1 место рекорд

ОИ: 5/7 настапи, 2 место рекорд

Состав:


Швеѓаните постепено последниве години почнаа да градат екипа со која можеби ќе можат да се вратат на старите славни патеки од 90тите и почетокот на 2000тите откако десетина години беа далеку надвор од потесниот круг на фаворити за медал. На минатото СП играа одличен ракомет но сепак најмногу заради ждрепката останаа надвор од битката за медали. На прв поглед слично изгледа дека ќе биде и годинава.

Одбраната поддржана од голманското дуо на Рајн Некар Левен им е најјака страна. Одлични се во транзиција, со одлични транзициски бекови кои играат два правци и уште подобри крила. Слабоста е во позициски напади каде благодарение на бомбардерот Јакобсен на десен бек и еден од најголемите млади таленти Нилсон на лев бек последниве години конечно направија чекор напред што на ова првенство ги става во позиција на кандидат за медал од сенка. Сепак за да стигнат до медал ќе мора да победат барем 2 од триото Хрватска-Франција-Норвешка. Нешто што е на раб на невозможно, особено ако се земе предвид дека ова се можеби 3те главни фаворити за титулата. Работата дополнително ја отежнува фактот што реално има голема разлика меѓу стартерите и клупата која е повеќе млада и талентирана отколку што е спремна да придонесе во моментов. Се на се, меѓу поинтересните тимови за гледање, и една од екипите која има реални шанси да изненади некој од фаворитите.

Исланд

Историја (1991 – 2017):

ЕП: 10/13 настапи, 3 место рекорд

СП: 11/13 настапи, 5 место рекорд

ОИ: 4/7 настапи, 2 место рекорд

Состав:


Исланд е репрезентација со долга и успешна историја во ракометот. Одамна имаат солидни резултати. 8 години по првото одржано ЕП, Исланд го играше првото свое полуфинале во 2002. 8 години подоцна, во 2010 го освои првиот медал – бронза. Можат ли Исланѓаните по последните 8 поминати години да направат нов успех годинава? Објективно не!

Последните неколку години Исланѓаните се во благ пад. Новите генерации со исклучок на Палмарсон некако не се на ниво на оние постарите. Но и без тоа со една комбинација на посикусни играчи и млади таленти, Исланд го одржува континуитетот на настапи и истовремено ја подмладува селекцијата.

Играта е базирана на имагинацијата на Палмарсон кој е главен лидер во позициони напади и брзите контри пред се реализирани преку дедото Сигурдсон на лево крило. Најслаби се веројатно на голманската позиција и на пикер каде Арнарсон е сеуште премлад за да го замени легендарниот Гунарсон. На лев и на десен бек се солидно покриени со Атласон и Гудмундсон, односно Карасон и Магнусон, а често и Палмарсон игра на лев бек отстапувајќи му ја креацијата на играта на Смарасон. Последниве години Исланд важи повеќе за офанзивна екипа. Во одбрана имаат дупки кои противниците ќе можат да ги искористат.

Реално нивната цел е да ја минат групата и пласман во топ 10. Нешто во кое што не успеваа во последните 3 големи натпреварувања. Објективно се некаде меѓу 10 и 14то место. Можат да се носат со секого, па дури и да победат секого но потенцијалот им е лимитиран и повеќе се надеваат на слаби изданија на противниците отколку на свои извонредни партии. Можни се повеќе разврски во оваа група, но најреално е да се очекува Исланд со Србија да ја води битката за пласман во втората фаза, каде вкрстуваат со Б групата и каде ако поминат Исланѓаните ќе имаат можност за уште некоја победа, пред се во дуелот со третопласираниот од Б (Австрија или Белорусија).

Србија

Историја (1991 – 2017):

ЕП: 10/13 настапи, 2 место рекорд

СП: 8/13 настапи, 3 место рекорд

ОИ: 2/7 настапи, 4 место рекорд

Состав:


Србија веќе долго време важи за репрезентација со голем потенцијал кој многу ретко го искористува за некој посериозен резултат. Долги години репрезентацијата е втор план зад повеќе несогласувања, како помеѓу играчите така и во рамки на самата федерација. Тоа е дополнително нагласено со фактот дека репрезентацијата на Србија е пред се базирана на одлични индивидуалци и класични бекови шутери, а има премалку играчи кои играат за тимот, плејмејкери, играчи чиј ефект не се изразува преку постигнати голови. Во секој случај состојбата во пресрет на ова првенство е смирена и Србите ќе се обидат да излезат од резултатската криза во која се на последните неколку големи натпреварувања. Задачата им е отежната со незгодната група во која се наоѓаат, но пред се со големиот број на отсуства/повредени играчи кои играат токму на позициите каде Србија е најтенка.

Главното прашање во однос на составот и играта на србите ќе биде – кој ќе игра на ЕП? Многу повреди и откази и прашалници во пресрет на првенството ги прават Србите голема непознаница. Во принцип по пензијата на Момир Илиќ и воспоставувањето на оваа, така да се каже нова селекција, алфа и омега е Петар Ненадиќ, сигурно еден од најдобрите офазнивни играчи во светот во моментов. Тој е поддржан од квалитетни бекови шутери, и лево и десно какви што се Вујин, Зеленовиќ, Џорџиќ и Обрадовиќ. На десно крило имаат слатки маки меѓу Радивојевиќ и Џукиќ. Од друга страна големи прашалници е што ќе прават на голманската позиција. Станиќ е во пензија, Милиќ откажа... Сведени се на Чупара и Милосављев дуо кое во моментов е далеку од нивото на една сериозна топ 10 репрезентација. Големи проблеми имаат и на пикер каде се надеваат дека Стојковиќ сепак ќе може да пружи помош откако ја откажа операцијата. Инаку ќе останеа само на Марсениќ кој и онака ќе треба да биде главен играч во одбрана по отказот на Абутовиќ. Реално одбраната е многу проблематична кај Србите. Тие и онака подолго време се сомнителни во овој дел од играта, а сега без голмани, без Абутовиќ, со неизвесен Белјански... Практично Србите ќе се крстат во младиот Марсениќ да им ја држи цел одбрана и да игра во два правци за да стигнат до посакуваниот топ 10 пласман. Тоа ќе оди доста тешко.

Објективно Србите се некаде меѓу 10 и 14 место со оглед на составот со кој доаѓаат на првенството. Слично како и Исланд, можат да победат секого, но и да изгубат од секого. Со една до две победи против во дуелите против Исланд, Шведска и евентуално Австрија или Белорусија мислам дека ќе мораат да бидат и повеќе од задоволни. Но ако играат како на пријателската против Македонија - немаат шанси.

Прогноза:

Хрватска ќе се помачи но ќе излезе од групата со максимални 4 пренесени бода во следната фаза. Нивната главна битка е во следната фаза со Франција и Норвешка. Мислам дека “на мускули” ќе се протнат до полуфиналето, но не верувам дека имаат сили за нивното толку посакувано европско злато. Швеѓаните ќе покажат заби, но за влакно ќе заостанат и со оглед дека вкрстуваат со Франција и Норвешка, реално тешко ќе го направат посакуваниот напредок и враќање во полуфиналето. За тоа ќе мора да почекаат уште некоја година кога ќе бидат ко-домаќини во 2020. Исланд и Србија до крај ќе се борат за излез од групата, дуел во кој Исланд на психички план ќе биде поуспешен и ќе им овозможи пласман околу 10 место. Србите ќе изгорат против Хрватска на стартот и ќе се задоволат со самиот пласман на ЕП по пропуштените големи натпреварувања во последните 2-3 години.
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.244
Поени од реакции
8.316
Која е приказната за Милиќ и Абутовиќ? Двајцата мислам дека играа квалификации?


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
14 февруари 2013
Мислења
1.716
Поени од реакции
2.058
Циндрич ради промена на човек у одбрана ако е резерва свака част на чевларот.:facepalm::facepalm::facepalm:
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.054
Поени од реакции
5.549
Која е приказната за Милиќ и Абутовиќ? Двајцата мислам дека играа квалификации?


Sent from my iPhone using Tapatalk
Наводно заради повреди, но мислам дека се само изговори. Претпоставувам дека сакаат да одморат.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Циндрич ради промена на човек у одбрана ако е резерва свака част на чевларот.:facepalm::facepalm::facepalm:
Мислам дека ќе биде стартер. Претпоставувам дека ќе игра со Циндриќ и Дувњак заедно без лев бек повеќето време и ќе го менува Циндриќ со Гојун во одбрана. На десен бек е понеизвесно каде меѓу Коплјар и Степанчич не ми е најјасно кој ќе стартува.
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
1.966
Поени од реакции
2.876
1. Хрватска
2. Шведска
3. Исланд


4.Србија.

Според мене ваков ќе биде крајниот распоред од оваа група. Мислам дека србите се најслаба репрезентација во групава и тешко дека ќе остварат победа освен против Исланд ако се повампират, а и ако имаат добра поддршка од трибини па да направат изненадување против Исланд.
- Се надевам нема да освојат ниту бод.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Добар ростер скоцкаа Каубоите, би требало да одат до крај.
Според мене (можеби и сум субјективен и нереален) ама на домашен терен тешко дека некој би ги надиграл, посебно не како што беше случајот со Франција во 2009.
Домашниот терен во ракометот е голема предност, можеби и клучна, ќе треба да имаат ептен слаб ден во тие нокаут мечеви за да испаднат, иако ќе одат по далеку потешкиот пат до завршницата, не е наивна воопшто групата, а потоа по само неколку дена ќе ги чекаат Франција и Норвешка.:pistoldz:
Кај Хрватите отсекогаш бил присутен огромниот психолошки товар кој им се наметнува на играчите, во секоја репка имаат голем притисок,таков менталитет се, ама во ракомет секогаш се ЦЕНАТ,можеби и премногу,барем вака е од 2003 и 2004 кога за неполни 18 месеци освоија светско злато и олимписко злато, па потоа до 2010 беа во ТОП 3 фаворити на секој шампионат.
Ниту Голужа,ниту БабиЌу не можеа да го издржат тој огромен притисок што како некој облак ја следи репката, можеби само Лино е скроен за ова, роден политичар е да си еби векот:pos:, мајстор е за мрчење:pipi:.
Да не прајме муабет за тоа што знае да ги држи играчите за "узда", сеа ќе нема некои проблеми како шо имаше со Балиќ на времето, па би требало лесно да го одржи авторитетот во соблекувалната, барем овде нема да има проблем со водењето од клупата, проблеми кои им се влечеа на Хрватите години наназад, речиси по исто сценарио одеа сите големи натпреварувања-перфектни мечеви во групна фаза, ќе го достигнеа врвот и потоа ќе треснеа од земја, како шо шаблон, не само тие, речиси и да нема репка овие години (добро освен Французите) кои во текот на едно натпреварување одржува ист ритам и гази се пред себе, а и разликата во квалитет меѓу врвните репки не е којзнае колку голема, најчесто нијанси решаваат.
Да се вратам на темата, забегав,
Одамна немаат играно финале, уште од времето на Лино кога изгубија 3 финалиња по ред, две финалиња на ЕП и едно на СП, па сеа сигурно ќе фрлат се на една карта.
Ако не се испукаат во првата група и заштедат сили би требало да имаат сили за Норвешка и Франција, доколку се истрошат во Сплит тогаш тешко ќе оди.
Пред се затоа што на бек имаат тешкашим посебно на десен бек, доста енергија им треба и на Копљар и на Степанчич, на лев доколку е во форма Стипе Мандалиниќ би требало да има забележителна улога,Мамиќ не знам колку би се снашол во оваа игра, иако можеби и ќе добие минутажа другарчето, ако се вклопи во одбраната, Стипе не игра одбрана па којзнае дали ќе има некој забележителен ефект, ме интересира дали Лино ќе ја практикува играта од Металург, односно да игра со ниски бекови, пред се со Кркмата и Циндриќ или Карачич заедно, на десен најверојатно ќе делат минутажа Копљар и Степанчич, а Симе Ивиќ ќе е како некој џокер од трет план со оглед дека дечкото има сосема различен физикус и е различен играч од другите па би можел сериозно да изненади.
Многу ќе зависи и од тоа како ќе ја разигруваат линијата и пред се крилата, ако успеаат да ја вратат таа транзиција со брзи контри и полуконтри која ја имаа од времето треба да толчат,ако одат на позициони напади и ги разбранат голманите ќе имаат мака, посебно ова важи за мечевите со Шведска, Франција па и Норвешка кои имаат класа голмани.
Одбраната со Лино не би требало да им е послаб дел од тимот, ќе ги среди стариот тука не се сомневам.
Нападот ќе зависи од формата на Циндриќ, и пред се колку Кркмата е спремен за игра, и Карачиќ ќе треба да го искористат, ако не функционираат овие тројца креативци тешко ќе оди со тешкашите.
Сума сумарум типувам на Хрватите, мислам дека ќе одат до крај и конечно ќе освојат злато.

Шведска е селекција у успону,
Многу добар микс скоцкаа на младост и искуство, го нема вештерот (Матијас Андерсон) но тука е една многу јака двојка голмани,добро позната Ракометниот Ник Слотер и Паличка, опасни копиљаци кои можат многу бељи да направат.
Ростерот е речиси ист од ланското СП, со мали измени, Џим Готфридсон, дечкото кој искина лани оваа есен речиси и да не го видовме во дресот на Фленсбург, повреда,којзнае што беше, а без него на среден многу тешко ќе оди.
Затоа се појави едно ново дете ЈЕПСОН, и тој игра во Фленсбург и дечкото е откритие можеби и на полусезоната, партали прај во Германија, 204 см висок, топ во раката, заедно со Нилсон на лев бек ќе бидат страв и трепет за противничките голмани, пред се затоа што се сосема различни типови на играчи, но и двајцата се разбивачи, трошат доста топки и ќе имаат многу мака да ги задржат, посебно некои послаби одбрани како Српската на пример:icon_lol:
Плус имаат уште еден млад копиљ, Хенингсон, од Кристианстад, доста надежен.
И на десен се доста добро покриени, Јакобсон, класичен разбивач, добро познат, и Лагерген, дечкото има добра полусезона во Кристианстад, навистина солиден левак.
Вака скоцкана бековската линија изгледа многу солидно, да не речам многу страшно.
Крилата им се топ, посебно левите, Ване машина, исто и Толбринг, десно крило Екберг од Кил, замена Захрисон од Фуше Берлин, скоцкани в крај.
Исто и на пикер се топ,Андреас Нилсон ваљда е овај Нилсон на пикер, ако не се лажам Јеспер Нилсон од ПСЖ е повреден и нема да игра, ама и да е обратно немаат гајле, и двата се топ пикери.
Се на се топ репка имаат на лагер, ако играат како лани далеку ќе стигнат, сега се далеку позрели и поискусни, лани да не налетаа на Франција со онаа страшна игра која ја имаа ќе освоеа злато, најголем отпор им дадоа на Французите.

Исланд не е ни бледа сенка од времето,додуша одамна не се тоа што беа,
Зенитот им беше до кај 2010 година, додека Олафур Стефансон жареше и палеше со левицата, после им се случи РАДЕ СТОЈАНОВИЌ:sneaky: и се изгубија:pos:.
Не се лоши вака по имиња, сеуште ги имаат на лагер тие стари добро познати играчи, пред се безвременскиот Гудјон, од криптонит е направен овај лудак, сигурен сум.
Палмарсон е тука,ама како играше дечкото за Барса не треба многу да се очекува од него, страшен пад во форма има.
Ќе видиме како ќе изгледа во репката, можеби ќе не демантира, сепак имаше голема пауза.
Имаат доста солидна пуцака артилерија, пред се Рунар( не Хари како шо го викаше Зоранче Видевски):pos: Карасон на десен, дечкото има топ во раката,плус има многу добра сезона во Хановер кој е едно од попријатните изненадувања во Бундеслига.на лев ќе го имаат Гудмонсон кој не изрешета лани, плус Атласон со 500 години искуство зад себе.
На гол добро познатиот хипик Густавсон, се на се солидна репка, речиси во ист ростер како лани.
Би требало да се јадат со северниот сосед за тоа трето место,не ми се верува да имаат некои шанси со Шведска и Хрватска.

Северните соседи, шта речи о њима?
Видеќемо, за имиња имаат, отсекогаш имале, е сеа колку ќе успеаат во турнирски систем да се покажат е многу неблагодарно да се прогнозира, пред се затоа што се непредидливи, мечевите од групата во квалификациите го потврдија тоа.
Можат да се носат со најјаките, нормално е, кога имаат играчи како Ненадиќ, Вујин, Растко Стојковиќ во екипа, плус плејада млади но веќе докажани играчи како Џукиќ, Радиовојевиќ,Џорџич, Марсениќ, играчи кои играат во топ екипи од ЛШ, и Чупата е многу надежен голман, ако не се лажам наредна сезона ќе оди во Киелце, а и го видовме на дело дека е добар вратар, итн,итн.
Се ОК со играчите, ама на среден бек ќе одат со Стефан ФАКИНГ Вујуќ, хаха, кога го видов не можев да верувам,да ме отепаше некој немаше да помислам дека дечкото ќе дотурка до некоја репка, и Хрват мислев дека е:pos:,каде бе дечко ти прва постава?
Да го имаа Шешум кој е повреден ќе беше друга песна, вака исто како без играч да се на таа позиција.
Многу солидна репка се, ама не се стабилни воопшто, па затоа и немаат константност во ништо, ниту во ростер ниту во резултати, нон стоп црпат од огромниот потенцијал кој го имаат, пред се благодарение на јаките младински школи, нешто што го задржаа низ години,уште од стара Југославија, сениорскиот клубски ракомет им е тежок криминал.:вонзем:
Но сеуште се тука некаде, по квалитет и имиња во рангот на големите, а по резултати тука се некаде со Русите,:pos:ја тепаа Полска со 100 разлика во Полска па ќе се избрукаат и да изгубат со 10 разлика одма од Белорусија, тоа ти е тој северно соседски менталитет:вонзем:.
Не ми се верува да направат нешто со Хрватите и Шведска,едноставно далеку се.
Со Исланд израмнети се и треба да е меч на се или ништо.
Ќе видиме како ќе се снајде Јовица Цветковиќ на клупа, ако не ја стегнат одбраната со спуштен гард ќе јадат серија нокаути:popce:
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.054
Поени од реакции
5.549
Ја гледав пријателската помеѓу Шведска и Унгарија пред некој ден кога изиграа нерешено. Готфридсон играше и искина, седум комада им стегна на Унгарците ако не се лажам.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.899
Поени од реакции
1.732
Ја гледав пријателската помеѓу Шведска и Унгарија пред некој ден кога изиграа нерешено. Готфридсон играше и искина, седум комада им стегна на Унгарците ако не се лажам.
И јас ги гледав двете утакмици унгарците баш ме изненадија Мате Лекај ги растури Швеѓаните двете утакмици .
Швеѓаните на овие две утакмици ама ништо не покажаа освен левиот бек Симон Јепсон.
На двете утакмици Исландските судии беа наклонети за Швеганите.(имаше една контра кога Екберг направи 6 чекори)
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.886
Поени од реакции
14.370
Србите има така јако да се изгубат во Спаладиум што мислам дека двоцифрен пораз нема да им побегне. Лесна победа со Шведска од едно 4-5 разлика и мачење до крај со Исланд за Каубојите. Шведска - Исланд пријателско реми или победа од 1 разлика за било која репрезентација.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.886
Поени од реакции
14.370
На велико го серат изборникот за пикерите, а и за Бунтиќ.

upload_2018-1-11_14-2-42.png
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.054
Поени од реакции
5.549
Изоставувањето на Пешиќ е исто така лош потег. Мирко е во лоша форма цела сезона, комплетно засенет од Миклер во Веспрем. Но, нашиот поранешен изборник секогаш имал чудни идеи...
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.886
Поени од реакции
14.370
Еве, утре почнува првенствово, а уште не сум се одлучил дали сакам да освојат злато или јако да се избламираат па конечно да го снема квиско и од ракометот и од јавноста.
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.018
Поени од реакции
22.923
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom