Solid
Зона на самракот
- Член од
- 26 август 2007
- Мислења
- 7.176
- Поени од реакции
- 4.133
Членството во НАТО е моментум кој се надеваме дека ќе се случи оваа или некоја друга година. Историски тоа е мал период, а идентитетот е нешто што се градело со векови и илјадници години.
Ова денеска го изјави македонскиот премиер на Македонија Никола Груевски, повторувајќи дека Македонија не е подготвена да го промени името, ако тоа е услов за влез во НАТО.
Наведувајќи дека Македонија има конструктивен приод во разговорите со Грција за разликите за името, Груевски укажа дека „борбата за уставното име е борба за зачувување на нашиот идентитет“.
„Ние направивме се што од нас се бараше за полноправно членство во НАТО. Билатералниот проблем со името со Грција, кој сега се наметнува како проблем на Алијансата е преседан кој може да биде на штета не само на Македонија и регионот, туку и на самата Алијансата“, изјави Груевски денеска во Будимпешта по средбата со унгарскиот премиер Ференц Ѓурчањ.
Од своја страна, Ѓурчањ наведе дека Унгарија силно поддржува влез на Македонија во НАТО и добивање датум за преговори за членство во Европската Унија.
„Унгарија смета дека Македонија е подготвена за влез во НАТО и во април сака да ја види, заедно со Јадранската група, како полноправна членка“, изјави Ѓурчањ.
Тој, како што јави известувачот на Македонската телевизија, посочи дека реформите кој ги проведе македонската Влада биле основните предуслови сега да се чека датум за отпочнување преговори со ЕУ.
„Македонија го минува истиот пат кој го минуваше Унгарија. Тежок е, но важно е да има политичка волја и доследно спроведување на реформите“, изјави унгарскиот премиер, Ференц Ѓурчањ по средбата со неговиот македонски колега Никола Груевски.