Тоа за квалитетот на дипломите е друг муабет. Ама има и луѓе од провинција што имаат знаење и си ги заслужиле. И не сите од провинција работат во администрација. И не е бесплатно студирањето, не знам од кај ти е тоа, дури на нас од провинција поскапо ни излегува - партиципација, книги, кирија, јадење, па ај за превоз да си одиш дома за викенд, па дома твоите да си ги платат сметките и се тоа со една плата од 13 000 денари. Работата е што се е сконцентирано во Скопје. Што ќе ми е мене во мојот град празна индустриска зона? Сите фабрики шо ги имаше пропаднаа и отидоа под стечај. Луѓето углавно живеат од земјоделство и сточарство. И утре јас кога пример, станам магистер и ми се пружи шанса да се вработам во Скопје, треба да одбијам и да се вратам дома да садам компир и пасам овци само за на вас да не ви правам гужва?