"Град-држава" Скопје со нови 2500 провинцијалци

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.449
Поени од реакции
22.839
Кои се според тебе појдовните точки освен говорот на кои ние како доселеници треба да обрнеме внимание за да се адаптираме у вашиот мегаполис? Не врти, биди прецизен, прецизно те и цитирам.
Нормално градско однесување што во 90% од случаевите и го правите горе доле така да немам некој други бог знае какви замерки а и тие би биле повеќе индивидуални. Споредебено со другите метрополи Скопје во голема мера си е релаксиран град би рекол со питомо насленеие и отворен за секого.
 
W

wicked_1

Гостин

Се демантираш со секоја наредна реченица, ако се океј 90% од случаевите и тебе замерките ти се индивидуални зашо генерализираш? како на пример

Нас не боли они како зборат, Скопје е ова, секој си брка работа, ако ми е напорен како ми збори едноставно ќе го игнорирам.

Проблем настанува кога со сила глумите лудило, во тој случај ДА КУЛТУРНО СИ ЗАОСТАНАТ и сосема заслужено си етикиран.

Во македонија за жал и неспособните провинцијалци можат да се колку толку (пак многу повеќе него во нивните места) успешни ако се добри лепачи на плакати или куропушачи. Нас ни е јасно тоа, затоа и тие таквите така ги третираме.
Патетика =) , пишеш нешто у афект, после се вадиш неуспешно, прво не ти пречел говорот, после е појдовна точка од кодексот на однесување и култура у твојата утопија.

Глумење лудило а :))))), тоа ќе да е

:place:

Вадиш секакви мислења, стеротипи и шо уште не, и ништо не ти држи вода, продаваш тука некој кодекс, култура/бонтон w/e, кој и самиот неможеш да го објасниш.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.449
Поени од реакции
22.839
Се демантираш со секоја наредна реченица, ако се океј 90% од случаевите и тебе замерките ти се индивидуални зашо генерализираш? како на пример

Патетика =) , пишеш нешто у афект, после се вадиш неуспешно, прво не ти пречел говорот, после е појдовна точка од кодексот на однесување и култура у твојата утопија.

Глумење лудило а :))))), тоа ќе да е

:place:

Вадиш секакви мислења, стеротипи и шо уште не, и ништо не ти држи вода, продаваш тука некој кодекс, култура/бонтон w/e, кој и самиот неможеш да го објасниш.

Грешно си ме разбрал, прочитај убаво што пишувам.

Значи ми смета како зборат ама јас сум свесен дека неможам тоа да го спроведам на терен, ниту пак го гледам ко моја должност или мој проблем, јас секако ќе продолжам да си бркам работа и мене СК ми е ОК, мој град си е си имам и друштво и се. Вие сте тие што се жалите дека не ви чини како се однесуваме со вас. Јас само пробувам да ви објаснам зошто е тоа така. Ако решиле да водат инат и да не се потрудат ни минимално да се интегрираат тогаш мое право (и со право) на нив ќе гледам како неадапатибилни сељаци. Нема што јас да се адаптирам на нив и да учам 200 дијалекти кога сите дошле кај мене за подобро утре. Ако сакате да ве дружиме тогаш треба да се адаптирате ако не слободно ко шип+арите може да си се гетозирате. Вашите деца секако ќе зборат ко нас.

90% се однесува на другите работи. Значи порано кога иделе со опинци сметало и тоа, веќе не е така (зборам пред децении), еве во поново време многу не знаеа да возат (во 80тите и 90тите колите ги оставаа на периферија) денес и тоа веќе не е така. Сеуште има сељаци што од преден двор прават бавчи ама тоа е мал дел и неќам да генерализирам дека сите се такви. Јазикот е единствено нешто што остана проблем мада и тоа полека со наредната генерација ќе си се среди.
 
Последно уредено:

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Џабе се ако незнаеш да комуницираш ко човек. Џабе и твојата горда 500 годишна охридска лоза кога градот ти пропаѓа а ти си дошол кај нас да шириш сељачизам. И да на крај децата ќе ти бидат скопјани :kuracc:[DOUBLEPOST=1421204919][/DOUBLEPOST]

Значи ако се ПРЕСЕЛИЛ во ПП или на друго место и си цепа скопски, ДА тогаш комотно може да го наречиш скопски сељак или како вие ги нарекувате таквите. Значи јас немам проблем со некој што дошол на викенд или одмор па сега да криши јазик ама да си се преселил и уште од инат да не го прифаќаш локалниот дијалект/јазик тогаш брат си културно заостанат, не се ова предрасуди него веќе е факт.

Јас немам проблем со населувањето, ми смета до некаде фактот што веќе е и пренаселено и тоа што урбански не е се средено за скопје да издржи баш толку народ ама во ниеден случај не се лутам или имам проблем со населување. Немам проблем ни со работните места, работата треба да ја добие најдобриот кандидат независно од каде е. Имаме проблем кога некој партиски ја добил работата поготово на позиција за која нема поима а таков кадар има на други места. Ова не треба да е проблем само на скопјани него на сите. Имаше еден пример предходно за учителка од пробиштип што партиски добила работа во СК. Не е ова проблем на скопјани него на сите нас, ако таа не ја добила така работата најдобриот кандидат може да бил од било кое друго место. Ние како скопјани губиме потенцијално вработување ама сме и оштетени со тоа што некој партиски сељак има да ни ги образова децата место најдобриот кандидат. За жал вакви вработувања во Скопје има илјадници.

Тие што се бунат за намалување на платите и конкуренција не се во право, тука се слагам со вас, пазарот треба да одлучи.

Јасно дека култура е повеќе од говорот ама говорот е појдовна точка и ги остава најбитните први импресии. Ако имаме проблем со комуникација ние и да сме слични нема да се дружиме така? Е сега финтава е што мене не ми значи тоа, јас сум среден, роден и растен тука така да плус минус едно познанство не е битно. Тебе како новодојден повеќе треба да ти значи и да ти е од корист така да ти треба да се адаптираш. Тие што не го прават тоа после кукаат како ние сме дигнати, вакви или такви а уствари не гледа дека со неговите постапки ми е напорен и ми ствара одбивност кон него и сите други како него.
Хахаха јас сум дошол од градска фамилија која уште пред многу години имала факултети мојот прадедео 1928 имал акциии бре знаеш што е тоаааа незнаеш затоа што си имаш комплекс дедоти е од свирипичино дојден во Скопје и сега мене ќе ме врегаш овде за ширење на сељачизам. Мене мислиш ми е гајле што сакате трубете јас си правам пари си имам стан мој кола се а имам само 25 год мене супер ми е и немам намера да се рапсравам повеќе со покондурени селани. Се замислуваат дека центарот на светот е скопје па сега ние сме квареле нешто овде. И да за да имаш култура ти треба многу генерации да поминат образовани ако дедоти и таткоти едниствено што знаат е да псујат и да вреѓаат и ти и детето твое ќе сте такви.[DOUBLEPOST=1421212280][/DOUBLEPOST]И да прочитај си книги од патеписци што виделе на пример Челебија или кој било ќе видиш што бил Скопје а што Битола.[DOUBLEPOST=1421212499][/DOUBLEPOST]И ќе заборавев Англичаните им донесе деструкција од кога ги испоубиле 90% после демек им носеле култура. Си имале тие култура не биле глупи си слушнал валда за Ацтеки, Маи. а и ти северните си имале друг облик[DOUBLEPOST=1421212875][/DOUBLEPOST]И азбукава на која што пишуваш овде на форумов ја напишал некој сељак Климе од Охрид
 
Последно уредено:

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.449
Поени од реакции
22.839
Хахаха јас сум дошол од градска фамилија која уште пред многу години имала факултети мојот прадедео 1928 имал акциии бре знаеш што е тоаааа незнаеш затоа што си имаш комплекс дедоти е од свирипичино дојден во Скопје и сега мене ќе ме врегаш овде за ширење на сељачизам. Мене мислиш ми е гајле што сакате трубете јас си правам пари си имам стан мој кола се а имам само 25 год мене супер ми е и немам намера да се рапсравам повеќе со покондурени селани. Се замислуваат дека центарот на светот е скопје па сега ние сме квареле нешто овде. И да за да имаш култура ти треба многу генерации да поминат образовани ако дедоти и таткоти едниствено што знаат е да псујат и да вреѓаат и ти и детето твое ќе сте такви.[DOUBLEPOST=1421212280][/DOUBLEPOST]И да прочитај си книги од патеписци што виделе на пример Челебија или кој било ќе видиш што бил Скопје а што Битола.[DOUBLEPOST=1421212499][/DOUBLEPOST]И ќе заборавев Англичаните им донесе деструкција од кога ги испоубиле 90% после демек им носеле култура. Си имале тие култура не биле глупи си слушнал валда за Ацтеки, Маи. а и ти северните си имале друг облик

Ти одговара никот, баш си Индијанец. Седи си мирен и подобро да не сe мериме овде зашто се што си заработил во животот јас овде го правам за недела евентуално две.

И мене ми е гајле како ти се однесуваш, тоа си е твоја работа. Ако сакаш продолжи така само не барај почит од нас, за нас ти си сељак од провинција. Крај на приказната.

Далеку од тоа дека Скопје е центарот на светот, европа, балаканот АМА е центар на Македонија. Вие идете кај нас не ние кај вас.

Што била битола уопште не е битно ниту пак е тоа муабетот. Збориме за сега и евентуално за иднината од историја не се живее.

Знам многу добро што им донеле Англичаните секојдневно ги живеам благодетите, и да сум чул за Ацтеките, маите и другите племиња што освен да чукаат на тапан, да жртвуваат илјаднци луѓе или да фрлат бумеранг ништо значајно не допринеле бар за тоа како ете живееш меѓудругите и ти денес. Поздрав од Австралија, една од земјите со најголем стандард на живеење, благодарение на Англичаните...
 
INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Не сакав јас да се фалам за заработување туку друго да кажам како што гледаш зборувам литературно, второ еве не сум им земал работно место сум придонел за Скопје. Трето нормално се однесувам и сите во скопје ги почитувам но не сакам и мене да ме вреѓаат сум бил провинцијалец.[DOUBLEPOST=1421214797][/DOUBLEPOST]Додуша да ти кажам тоа само по форумиве ми се случува во живо никогаш ама доста е не ми се реплицира повеќе не ми се интересни овие теми
 
Последно уредено:

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.449
Поени од реакции
22.839
Не сакав јас да се фалам за заработување туку друго да кажам како што гледаш зборувам литературно, второ еве не сум им земал работно место сум придонел за Скопје. Трето нормално се однесувам и сите во скопје ги почитувам но не сакам и мене да ме вреѓаат сум бил провинцијалец.[DOUBLEPOST=1421214797][/DOUBLEPOST]Додуша да ти кажам тоа само по форумиве ми се случува во живо никогаш ама доста е не ми се реплицира повеќе не ми се интересни овие теми

Точно така, значи јас со тебе кога збориш вака немам никаков проблем, се разбираме, правиш напори да збориш литературно и тоа го ценам. Не е битно ни дали зимаш работно место, ако си го заслужил и си најдобриот кандидат јас немам проблем со тоа. Неќам кога е партиски доделено сеедно дали е тоа на некој од надвор или на скопјанец. Тој дел не чини, е сега за жал во Скопје највеќе се манифестира пошто таму се и работните места па повеќе боде очи.

Ко што и сам викаш во живо никој не ти ни префрлил прашање е и дали би познал од каде си. Никој не го интересира тоа секој си ја гледа неговата работа. Никој не ти забранува да се чуствуваш ко охриѓанец. Проблем настанува само кога од инат некој луѓе неќат да прифатат да се интегрираат.
 
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
@Bojan Van Buuren зошто провинцијалец е навредлив збор? тој збор значи дека не си од главниот град,дека си настрана,ништо повеќе
Употребата на зборот “провинцијалец“ не би требало да предизвикува никаков проблем. Буквалното значење на зборот е тоа што е. Но, кога зборот се употребува во конотација да се навреди соговорникот, тогаш е проблем.
Секојдневната употреба од страна на оние што го користат зборот за опишување на некој што не е од Скопје, и од оние што го употребуваат како навреда за тоа дека тој не е од Скопје (во смисла дека е помалку вреден) - ги предизвикува проблемите. Неможноста да се знае во која смисла се користи зборот од страна на секој, придонесува до тоа да “провинцијалец“ се табуизира (?).

Слично нешто би било користењето на “Славомакедонци“ од страна на Грци и Албанци.
 
INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Точно така, значи јас со тебе кога збориш вака немам никаков проблем, се разбираме, правиш напори да збориш литературно и тоа го ценам. Не е битно ни дали зимаш работно место, ако си го заслужил и си најдобриот кандидат јас немам проблем со тоа. Неќам кога е партиски доделено сеедно дали е тоа на некој од надвор или на скопјанец. Тој дел не чини, е сега за жал во Скопје највеќе се манифестира пошто таму се и работните места па повеќе боде очи.

Ко што и сам викаш во живо никој не ти ни префрлил прашање е и дали би познал од каде си. Никој не го интересира тоа секој си ја гледа неговата работа. Никој не ти забранува да се чуствуваш ко охриѓанец. Проблем настанува само кога од инат некој луѓе неќат да прифатат да се интегрираат.
Штета за Македонија е само Скопје што е толку развиен треба барем три града да има приближно развиени како на пример во Турција: Истанбул, Измир па после е главниот град Анкара
 
Т

Триптико

Гостин
@INDIJANEC123 Таквите како тебе се исклучок. Сите други го прават правилото. Ако од 10 луѓе 8 прават нешто, тогаш тоа е оправдана генерализација. Не ми беше целта да делам на ваши и наши, но не може да се затворат очи на работи кои секојдневно се случуваат. Доаѓа еден, со него влече уште најмалку 5 души. Доаѓа некој да инвестира и тој повеќето вработени ги влече од местото од каде што дошол. Галамат во автобус и по улица, мислиш го ослободиле градов. На интервју за работа намалуваат цена на труд (кај мене доаѓаа на интервју по 10 луѓе и само тие што беа надвор од Скопје преговараа за пониска плата). Во згради во Центар и Козле ѓубрето го оставаат пред врата во ходник или пред влез на зграда. Можам да те однесам кај такви сам да се увериш. Каде и да живееш ќе го користиш јазикот на тоа место или литературниот јазик, а не од инат ќе зборам на свој дијалект. Овие нешта сметаат. Не луѓето како луѓе. И уште ова. Англичаните не отишле во Северна Америка да бараат подобар живот, туку да окупираат.
 
Знам што ти е проблемот ти имаш проблем со некултура ТОЧНО за жал има голема некултура во цела Македонија. И никогаш не сум вработил охриѓанец од проста причина што е мало место сите се знаеме и ќе ја злоупотребат блискоста одма. Јас искрено незнам како им се ислпаќа под кирија за помала плата да живеат во Скопје. 500 еур во Скопје и 300 во својот дом е иста плата затоа што дома не плаќаш кирија и други трошоци. Иначе јас го одбрав Скопје и поради други причини работам и со други градови па од Скопје инфраструкутрата е подобра и блискоста секаде за сат време а Охрид е малце на крај одсечен.И пак ќе се навратам и јас и ти го имаме истиот проблем со некултурата тоа е неможеш да ги воспитуваш другите а ако коментираш и ги искараш уште белја ќе те фати.
 
Т

Триптико

Гостин
Треба и ние, а посебно вие да им укажете на тоа. Ние кога кажуваме сме оние препотентните. Кога вие ќе им кажете и вам ќе ви вратат дека сте препотентни?
 
Jaqen H'ghar

Faceless man
Член од
25 март 2009
Мислења
1.077
Поени од реакции
1.271
Еве оваа година првпат живеам под кирија (претходно студентски цело време) и пола зграда кога готви отвара врати и мириса цела зграда, ѓубрето во ходник исто така голем број го оставуваат пред врата, да не набројам колку искомплескирани ги има како триптико само не со такви комплекси.
И замисли тоа се стари скопјани.

Инаку кој сме ние , а кој вие ? Заради такви токмаци шо ги има во огромен број што успеваат да го делат народот на било каква поделба си патиме и не ебат 20+ години овие на власт.
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Употребата на зборот “провинцијалец“ не би требало да предизвикува никаков проблем. Буквалното значење на зборот е тоа што е. Но, кога зборот се употребува во конотација да се навреди соговорникот, тогаш е проблем.
Секојдневната употреба од страна на оние што го користат зборот за опишување на некој што не е од Скопје, и од оние што го употребуваат како навреда за тоа дека тој не е од Скопје (во смисла дека е помалку вреден) - ги предизвикува проблемите. Неможноста да се знае во која смисла се користи зборот од страна на секој, придонесува до тоа да “провинцијалец“ се табуизира (?).

Слично нешто би било користењето на “Славомакедонци“ од страна на Грци и Албанци.
Како бе не може да се открие во која смисла се употребува „провинцијалци“ ?
Па доволно е да ги разгледаш последниве 3-4 страни од темава и ете го одговорот.
Не сме сите скопјани исти. Еве ја пример мразам кога некој што не е од Скопје ќе го наречат провинцијалец, ама ги има многу таквите што често го употребуваат овој збор во смислата која се гледа и на темава.
Ова со „не е навредлив збор“ го сфаќам само како оправдување зошто тие што доаѓаат од внатрешноста прифатиле да ги нарекуваат така па дури и самите си се именуваат како такви.
Знам дека генерално земено се многу препотентни скопјани и дека носот им е дигнат до наредната галаксија само зошто они живеат у Скопје, а другите не и затоа ме нервира ова со употребата на „провинцијалци“.
Еве ти пример види ги глупите констатации на Трипко...
Само луѓето од внатрешноста биле гласни по автобуси, се дереле, го оставале ѓубрето пред врата, ја спуштале цената на трудот...
Ме чуди зошто не кажа дека и забраната за плукање е донесена поради нив, зошто само луѓето од внатрешноста плукаат по улициве на Скопје...
Па уште и вика дека другите збореле на дијалект, а скопјани збореле литературно :lolzz:
 
C

cige

Гостин
Сите вие горди скопјани имате барем еден дедо или една баба што пред 50 години Тито ги извадил од бавча во Струмичко или лозје во Кавадаречко и ги донел во Скопје да работат во индустрија
 
Kajgana Shop

На врв Bottom