А ако дојди во Прилеп и ако ми зборува со у наместо во, и искача у град, наместо излегува во град, што треба јас да мислам? Да ја активирам предрасудата дека е рандом скопско педерче, или со негов жаргон пеЕрче?!
Ако сакаш вака до сабајле може да се вртиме со муабетов. Банални се и глупи.
Ниту говорот е фатална и клучна работа, ниту населувањето. Законот децидно нагласува дека секој има право на работно место, под еднакви услови, соласно неговите квалификации и оспособеност. Таму не стои ни дали зборувал со ЧЕ, ни дали бркал чупи, ни дали носел тегли ајвар или домашна од Струмица, ниту пак дали бил културно заостанат и што мисли Скопјанецот за него.
Културата не е говор, културата е многу повеќе, како на пример, можност да се сфати целава работа пообјективно, без глупи испади и дразби активирани од некои дегенски, ниски побуди испреплетени со фрустрации и да се разменуваат мислења рационално.