M
.:makedonec:.
Гостин
Во последно време двете најголеми верски заедници во државава забрзано градат верски објекти. Едната да ја прикаже Македонија како Христијанска земја, а другата како Муслиманска земја.. Иако има доволно обејкти и за двете и треба да се одржуваат веќе постоечките, тие не запираат со градењето.
Најновото доаѓа од ИВЗ на Македонија и бара изградба на џамии каде нема муслиманско население и каде поголемиот број на населението според последните пописи се атеисти.
---------------------
ИВЗ бара џамии во Центар, Маџир маало и Ново Лисиче
Изградба на Бурмали џамија во Центар, џамија во Маџир маало и во Ново Лисиче, побараа претставниците од ИВЗ. Тие ја прашаа градската власт дали во новиот план е предвидена изградбата на овие џамии. Доколку не е, најавија дека писмено ќе се обратат до Градот за да им се дозволи изградба на ваквите објекти.
Освен џамиите, дел од присутните прашуваа и за структурата на вработените во Градот Скопје. „Зошто Градот Скопје има 127 надворешни соработници, а меѓу нив нема ниту еден Албанец“, праша претставник од Општината Чаир, за време на стручната расправа по нацрт Генералниот урбанистички план во општината.
Од општината му одговрија дека Конкурсот е отворен за сите, без разлика на боја на кожа, верска или етничка припадност. „Ние со сила никого не можеме да натераме да се пријави на конкурсот“, одговорија оттаму.
-----------------------------
Извор: http://www.skopjeinfo.mk/gradot/420663979/ibz-bara-dzamii-vo-centar-madzir-maalo-i-novo-lisice
P.S. Ако темава не е за тука, префрлете ја или канта.
И сеа да се изјаснам јас:
Признавам не сум некој голем верник, ама ова што се случува може да го забележат сите. И според мене има доволно верски објекти и наместо да се трошат пари на нови, да се гледа да се зачуваат веќе постоечките затоа што навистина има премногу и нема потреба од повеќе.
Аман бе ... аман бе џамии ли нема у Македонија па уште ќе градат, да не планираат за секој од нив да си изградат по една, очигледно е дека насилно сакаат државава да ја направат исламска,... спази им ги само барањата какви се , поточно у каква форма се, некако насилнички ми доаѓаат и многу потценувачки, како што пишуваше погоре ... ''Тие ја прашаа градската власт дали во новиот план е предвидена изградбата на овие џамии. Доколку не е, најавија дека писмено ќе се обратат до Градот за да им се дозволи изградба на ваквите објекти. '' хахаха , нели ви доаѓа некако ова многу потценувачки, чекај бе машко абе ред има тука бе како тоа, ако го немало тоа у планот они пак ќе си поднеселе барање, господ да чува и да бране , ... во земја со околу 70 % христијанско население очекуваат да воспостават исламска култура хах ...ха ха хах ...
P.S - Како бе мајката тоа кај сакат си градат џамии се прашувам, нема ли некој ред или некој закон со кој се забранува тоа, чекај бе луѓе значи неможе на пример некаде каде 95 % се христијани да се гради џамија ,што ќе прават немуслиманите слушалки ли ќе ставаат на ушите и Антена 5 и Mетрополис секој ден ќе ги слушаат... незнам оваа нашава работа до кај ќе оди овака ...