Горан Пандев

RIZTETO

Somebody stop me
Член од
3 јуни 2007
Мислења
2.508
Поени од реакции
75
Да не биле малолетни? :pos:
:pos2::pos2::pos2: мислам дека не хахахах

стварно кој шмек е кога по дваесетина години Пипито или Филипо че биди капитен и водач на македонската репрезентација :tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp:
наместо да се шири македонското име и идентитет вака со тоа мало о на крај се губи се ..
ако го направи ова Горан нема да го гледам како македонец
цццццц...... а ако некој натурализиран македонец игра во манчестер, и се вика Џон Трпески пример, многу јак да е, нема да сакаш да игра за Македонија??? а бе глупости:tapp:
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.310
Поени од реакции
8.296
Пандев и Лацио се' уште не го затвориле досието

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев во деновите кога се радува на приновата, синот Филипо, и со Интер го очекува утрешниот полуфинален реванш-натпревар од ЛШ против Барселона, на плеќи се' уште носи товар од својот поранешен клуб Лацио. Разделбата на Пандев со „лацијалите“ пред Арбитражниот спортски суд и преселбата во редовите на Интер се' уште не е затворено досие.

Лацио пред спортскиот суд во Италија бара сатисфакција за загубениот спор со македонскиот репрезентативец, кој им замина како слободен играч поради мобингот што го имаше во редовите на римскиот прволигаш. Лацио сега бара санкции за македонскиот интернационалец, бидејќи - според нив - додека се' уште бил нивни играч преговарал со Интер за преселба во таа екипа.

- Не е точно. Со никого не сум разговара и преговарал. Си ги извршував своите клупски обврски и очекував расплет пред спортскиот суд. Тренирав и не играв за клубот освен за репрезентација, каде што редовно се појавував на секоја покана - вели Пандев во телефонскиот рапорт од Италија каде што деновиве очекува негова разрешница.

Македонската репрезентација и головите што ги постигнуваше на тест-средбите додека апстинираше од екипата на Лацио му беа главната препорака на Пандев да пронајде нова средина. На четирите репрезентативни тестови на крајот од годината постигна седум гола и изби на првото места на листата на стрелците. Тоа беше доволно да се најде во јатото на Мурињу, што Лацио сега му го оспорува и се повикува дека одел на тајни разговори кога патувал на репрезентативните покани.

- Никогаш не ги ескивирал репрезентативните подготовки. Се однесуваше професионално. Навреме пристигнуваше и заминуваше од репрезентацијата. Не сум го ослободувал за никакви обврски. Не знам зошто се' уште го оптоваруваат со вакви приказни. Веруваше дека ќе се врати на теренот во екипата во која доживеа афирмација и никогаш не споменуваше нова екипа - вели македонскиот селектор Мирсад Јонуз. Толкувањето на една негова изјава од пред неколку месеци сега е сламка спас за Лацио, кој го загуби Пандев како слободен играч.


Кој деген е мирсад со една изјава може да упропасти цела кариера на најдобриот наш играч :tapp:мислам за таа што ја имаше претодно дадено дека преговарал со интер и знаел дека ќе го одбере интер пред пресудата со лацио
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.310
Поени од реакции
8.296
Очекувам финале

Горан Пандев вечерва ќе се обиде да стане првиот македонски фудбалер што стигнал до финалето од елитното фудбалско натпреварување Лига на шампионите. Нашиот репрезентативец заедно со тимот на Интер гостува на „Камп Ноу“, против Барселона, во возвратниот меч од полуфиналето. По првиот меч Интер има предност од 3-1 над актуелниот европски првак. Доколку Интер ја одбрани предноста, Пандев ќе може да се подготвува да биде дел од големото финале, кое на 22 мај се игра на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.

Интер сезонава со Пандев во тимот има перфектен биланс со Интер во ЛШ. Струмичанецот дојде во зимскиот преоден рок, а досега ги одигра сите пет меча во нокаут-фазата и Интер на сите пет дуели победуваше. Овој пат на италијанскиот првак му одговара и реми, а „нераѕурите“ може и со пораз да се радуваат доколку тој биде со еден гол разлика. Пандев знае дека вечерва ги очекува пеколна атмосфера и тежок меч против актуелниот бранител на трофејот, но верува дека неговиот тим е способен да стигне до завршниот меч.
Горан верува дека Интер може во финале

- Не' очекува многу тежок меч на „Камп Ноу“. Имаме водство од 3-1, резултат кој од една страна е поволен и голем, но од друга е незгоден и бара максимална ангажираност. Сепак, верувам во квалитетот на мојата екипа. Очекувам дека ќе играме во финалето, иако ќе биде многу тешко - вели Пандев во телефонското јавување пред да замине за Барселона.

Минатата недела за популарниот Гоче беше една од најсреќните како на професионален, така и на приватен план. Најпрво со Интер се радуваше на триумф против Барса, а ден потоа првпат стана и татко. Неговата жена Надица роди син, кој го доби името Филипо. Викендов Пандев паузираше во италијанското првенство. Поради ситна повреда на мускулот на ногата го пропушти дуелот против Аталанта. Повредата е санирана и македонскиот голгетер е подготвен да го даде максимумот и како стартер да ја брани предноста на Интер. Пандев беше стартер на четири меча, а само еднаш влезе како резерва.

- Имав проблеми со мускулот на ногата. Викендов мирував, но веќе се вратив на тренинг и подготвен сум да дадам се' од себе. Очекувам да бидам меѓу стартерите - вели Пандев, кој има добри спомени против шпанските екипи.

Како член на Лацио пред три години во групната фаза од ЛШ, Пандев во два меча му даде три погодоци на деветкратниот европски првак Реал Мадрид. Сезонава во петте меча нема погодено во елитното натпреварување, но струмичанецот тоа не го загрижува многу. Пандев во Интер игра малку поповлечено и често добива и дефанзивни задачи од тренерот Жосе Мурињу. Најистурен во нападот е Диего Милито, а Пандев и Ето напаѓаат по крилните позиции.
Погодуваше против Реал, на ред е Барселона

- Не е битно кој ќе даде гол. Битно е Интер да обезбеди место во финалето. Тоа е нашата цел - заврши Пандев во рапортот од Милано. Интер вчера попладне со авион отпатува за Барселона.

Доколку успее да стигне до финалето, Пандев би бил третиот Македонец што ќе има шанси да заигра во финалето на најценетото клупско натпреварување во светот. Пред речиси две децении, во фокусот на вниманието беа Дарко Панчев и Илија Најдоски. Овие двајца беа дел од тимот на Црвена звезда, која во 1991 година на стадионот „Свети Никола“ во Бари се радуваше на големиот пехар против Олимпик Марсеј. Тогаш Панчев го даде победничкиот гол од пенал, со кој звезда стана најдобар клуб во Европа за таа сезона.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.205
Поени од реакции
34.441
Заради повредата не играше? :)
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.001
Поени од реакции
5.635
Требаше да игра, ама се повредил на загревањето.
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
У ПМ. Е ради него мора да се радувам и да посакувам титула за Интер :)

Се надевам ќе се радува цела Македонија на 22ри.
Ај се надевам и Пандев ќе даде некое голче. Сите знаеме дека теренот на Бернабе му носи убави спомени. Па нека ги повтори :trepka:
 

Логикс

Gooner
Член од
17 септември 2007
Мислења
7.358
Поени од реакции
2.290
Гранде Пандев,ке си освои ЛШ бе,па кога ке се врати у ср да не почасте по едно кафе у 19ката.:pos2:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
До 22 ќе биде здрав како дрен! Денес без него немаше кој да започне контра, многу се чувствуваше неговото неиграње. Во финалето се надевам ќе игра и ќе биде решавачки!
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
Мора да игра и да постигне погодок во финалето...сите го очекуваме тоа од него!:vozbud:
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Ајде мислам време му е за 1 гол во ЛШ сезонава :) Инаку не знам дали е точно, ама слушнав дека го крстил син му Филипо. Лош избор на име, ме потсеќа на.. (ќе ви текне ваљда на кого:))
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498

Kajgana Shop

На врв Bottom