Горан Пандев

Феномен

Џомба
Член од
21 август 2008
Мислења
4.837
Поени од реакции
111
Е сеа и ти.. како викаат, од коњ на магаре...
Можеби добра варијанта е Баерн. Замина Подолски, најверојатно заминуваат Рибери и Тони, Клосе не е повеќе тоа што беше...
Можеби тука треба да ја гледа својата шанса.
Пандев може да си го откупи договорот, мислам за 3 милиони евра. Па доколку сака да замине а не сака да го направи тоа поради почит кој клубот може да се договорат дека можи да го напушти за некоја средна, сепак реална цифра околу 12 милиони евра...
Не знам зошто "од коњ на магаре", па Лацио нема ништо подобра историја од Наполи, нема ништо повеќе симпатизери, башка и во Наполи има играно Диего Марадона... а пак за сегашниот состав да не праиме муабет, Наполи ги има:Сантакроче, Канаваро, Блази, Маџо, Зунига, Гаргано, Хамшик, Лавеци и Квараљела, а по се изгледа и ќе ги купуваат Де Чеље и Кигарини.

Исто така и Баерн е добра опција:smir:
 
meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.037
Поени од реакции
1.152

Ок брат, така се вели зборот. Колку и да ги споредуваме, Наполи си е Наполи :)
Можеби се тука некаде не викам не. И двата се слубови со традиција, имаат по 2 титули ви Сериа А, состевите исто така им се тука некаде но Лацио за разлика од Наполи ќе игра во УЕФА или како се нарекува по ново ова натпреварување...
Пандев сака да игра во Европа, а со Наполи тоа е многу тешко и покрај добриот тим кој го има.

Интер, Јуве, Милан за скудето, Рома, Џенова, Фиорентина ќе се борат за 4то место и лига на шампиони а Наполи и Лацио можи да се борат за УЕФА и наредната сезона. Барем така стојат работите според она што го прикажаја минатата сезона, трансферите и најавите за нови засилувања во тимовите.
 
Член од
13 јуни 2008
Мислења
92
Поени од реакции
0
Најдобро според мене ќе биде ако се пресели во Лион :)
 
честа

Спор
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.317
Поени од реакции
1.033
СТРУМИЦА. - Сашко Пандев и Анета Банкова, познатата спортска двојка, својата влубеност ја покажаа и на турнирот во одбојка на песок, што се одржа викендов во Струмица. Тој е фудбалер и пролетната полусезона ја помина во Работнички, таа ексодбојкарка на Форца волеј, а сега манекенка, и двајцата не се одделува на трибините, навивајќи што за струмичани, што за девојките на Форца волеј од Скопје. Нивната врска трае речиси пет години и се сметаат за највљубената спортска двојка во Македонија, бидејќи досега, како што велат нивните пријатели, никогаш немале кавга. Сашко, кој како отстапен играч настапуваше за Работнички, неодамна се врати во струмичкиот фудбал, откако загрепски Динамо, со кој има склучено договор до 2011 година, му дозволи да настапува за Хоризонт Турново. За целосно раскинување на договорот лобира и неговиот брат Горан Пандев, со кого заминаа на десетдневен одмор во соседна Грција. Тој со Анета, а брат му со неговата свршеница Надица ќе летуваат во монденското одморалиште Порто Карас, на вториот крак од Халкидики во Грција.

Извор:
http://http://vest.com.mk/?ItemID=42BA6B618780854C9A262DE16B878F0F

- Е браво бе Македонче!
 
DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.661
Поени од реакции
9.972
Роси: Пандев треба да оди во голем клуб

29.06.2009

Поранешниот тренер на Лацио и на нашиот најдобар фудбалер, Горан Пандев, Делио Роси, изјави дека Пандев мора да замине од Лацио и да побара трансфер во некој од најголемите европски тимови.
Роси не се сложува со идејата тој да биде продаден во некој од просечните италијански клубови кои се интересираат за Пандев ова лето.
„Знам за интересот на Палермо и Наполи кон него, но сметам дека тој заслужува да игра во голем клуб кој е на многу повисоко ниво од овие кои се во моментов заинтересирани за него“, вели Роси во изјава за весникот „Газета дело Спорт“.
Роси по заминувањето до Лацио во мај, се уште нема најдено нов ангажман. Вели дека преговара со неколку клуба и се ќе се знае во скоро време.

Мислење од неговиот бивш тренер.......можда е у право нз:toe:
 
Логикс

Gooner
Член од
17 септември 2007
Мислења
7.358
Поени од реакции
2.290
СТРУМИЦА. - Сашко Пандев и Анета Банкова, познатата спортска двојка, својата влубеност ја покажаа и на турнирот во одбојка на песок, што се одржа викендов во Струмица. Тој е фудбалер и пролетната полусезона ја помина во Работнички, таа ексодбојкарка на Форца волеј, а сега манекенка, и двајцата не се одделува на трибините, навивајќи што за струмичани, што за девојките на Форца волеј од Скопје. Нивната врска трае речиси пет години и се сметаат за највљубената спортска двојка во Македонија, бидејќи досега, како што велат нивните пријатели, никогаш немале кавга. Сашко, кој како отстапен играч настапуваше за Работнички, неодамна се врати во струмичкиот фудбал, откако загрепски Динамо, со кој има склучено договор до 2011 година, му дозволи да настапува за Хоризонт Турново. За целосно раскинување на договорот лобира и неговиот брат Горан Пандев, со кого заминаа на десетдневен одмор во соседна Грција. Тој со Анета, а брат му со неговата свршеница Надица ќе летуваат во монденското одморалиште Порто Карас, на вториот крак од Халкидики во Грција.

Извор:
http://http://vest.com.mk/?ItemID=42BA6B618780854C9A262DE16B878F0F

- Е браво бе Македонче!
Пандев уште е во Струмица.:toe:
 
meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.037
Поени од реакции
1.152

Hooligan

..The President...
Член од
9 февруари 2008
Мислења
2.358
Поени од реакции
701
Море нека окапит на клупа...шо туку се курчит тој менаџерот негов дека цел свет лудува по Пандев...па зарем некој стварно поверува дека пандев го барале реал,барса ,Јунајтед,ливерпул или барен ?!

Се ми мириса дека ќе заврши во некој второразреден клуб , па после оправдување ке бараат во подобри финансиски услови или стандарден првотимски статус/...
 
Член од
4 јуни 2007
Мислења
2.885
Поени од реакции
189
Лотито се заканува дека ќе го остави Пандев на клупа цела сезона!

Како што сум јас запознаен, Пандев можи да си го откупи договорот за само 3 милиони и да стане слободен играч. Па според тоа, Лотито не е во позиција да се заканува на нашиот репрезентативрц.
А друго што прочитав јас имало некој договор меѓу фудбалерите и играчите во Италија да не се користи таа клаузула...
 
bojann1

desmosedici rr
Член од
7 ноември 2007
Мислења
1.234
Поени од реакции
41
Има неколку правила околу опотребата на членот 17. Мислам дека едно од нив е играчот што планира да го искористи да мора да најави во рок од 15 дена по истекот на сезоната односно по крајот на последниот натпревар.

Ако Пандев не доставил до тогаш веќе не може да го употреби членот 17 па затоа Лотито лае сега. Доколку Пандев сега се обиде да го искористи ќе се матка по судови па може да добие е суспензија да не игра месец два или повќе што и не е така лошо ако треба навистина да седи цела година.

Исто така помеѓу големите клубови во Европа има џентлеменски договор да не ангажираат фудбалер кој го искористол членот 17 со цел да ги спречат големите фудбалери од користење на ова правило.
 
MAKEDONEC_PP

ПОБЕДАШ
Член од
7 декември 2007
Мислења
778
Поени од реакции
74
Пандев може да дреме на клупата за резерви

Тоа е одговор на недоличното однесување на агентите и играчот дека може да замине како слободен агент и клубот да не заработи ништо од неговиот трансфер

Не само што нема да добие шанса да ја смени клупската средина, можно е репрезентативецот на Македонија и најголема ѕвезда во дресот од римски Лацио, Горан Пандев, новата сезона од италијанската Серија А, да ја преседи на клупата за резерви.
Ваквата сензационална информација беше лично презентирана од претседателот на "светло-сините", Клаудио Лотито, кој додаде дека таквиот негов став е прозивод од недоличното однесување како на самиот фудбалер, така и на неговите агенти кои сакаат челниците на Лацио да играат грубо, кога е во прашање иднината на Македонецот.
Лотито во неколку наврати преку медиумите му одговараше на Македонецот, дури се споменуваше дека ќе му дозволи да замине, но сега се чини му прекипе. Се испостави дека нема вистински понуди, иако се споменуваше дака Пандев е мета на Јувентус, па наместо нов договор може да добие едногодишно греење на клупата.
- На крајот на краиштата, клубот е тој што ќе одлучи дали ќе му дозволи на фудбалерот да ја смени клупската средина или да биде дел од фудбалската игра. Ако сакаат да играме грубо, тогаш Лацио ќе игра грубо, јас сум мртов сериозен. Мислат дека можат да се закануваат со тоа дека Пандев ќе си замине следната сезона како слободен агент и ние нема да заработиме ништо од неговиот трансфер. Сепак, забораваат дека јас можам да го седнам на клупата за резерви и таму да седи цела сезона, изјави Лотито.
Претседателот на лацијалите ја откри и вистинската причина зошто Македонецот инсистира да си замине од "Олимпико".
- Проблемот лежи во тоа што Пандев бил контактиран од еден клуб пред околу една година. Неговиот агент веќе се има договорено со тој клуб и истиот инсистира да се реализира овој трансфер, бидејќи клубот му има ветено убава заработувачка доколку се оствари зделката, изјави претседателот на Лацио, Клаудио Лотито.
 
superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363

Ке му се фати за
КУРО
, Лотито!!!
Тој не знае изгледа шо е Македончето во овој свет?!?!?

ДУПКА ВО ЗАКОНОТ!:toe:

Па затоа Пандев може да си го откупи договорот и Лотито да остане со
КУРО
во раце!
 
MAKEDONEC_PP

ПОБЕДАШ
Член од
7 декември 2007
Мислења
778
Поени од реакции
74
Се надевам дека е така, само се плашам да не заврши како Панчев!!! Многу летање во облаци е штетно...

Палермо не е опција за Горан Пандев

Репрезентативецот на Македонија и најголема ѕвезда во дресот на римскиот калчо гигант Лацио, Горан Пандев, нема да се пресели во редовите на членот на Серија А, Палермо. Вака гласи официјалниот став, на брзоногиот голгетер, кој беше презентиран од неговиот агент, Карло Палавичино.
- Дефинитивно ни годат зборовите кои беа кажани од претседателот на Палермо, Маурицио Зампарини. Сепак мали се шансите Горан Пандев да ја прифати понудата на сицилијанскиот калчо гигант. Исто така не можам да потврдам дали голгетерот и во новата сезона ќе го носи дресот на Лацио. Мора да почекате за да видите како ќе се реши ситуацијата околу иднината на Македонецот, изјави агентот на Пандев.
Без разлика на ваквиот став, спортските медиуми во Италија не ја отфрлаат можноста Пандев да се пресели во редовите на Палермо, но далеку поголеми шанси за потписот на репрезентативецот на Македонија, имаат челниците на Јувентус, Баерн (М) и Наполи.
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.784
Поени од реакции
10.000
На Канал 5 рекоа дека Зенит понудил 14 милиони евра и плата од 4 милиони годишно. Лотито прифатил, Пандев одбил. Подобро да останел во Лацио отколку да игра во Русија. Нека речат пак само да парите било. Едноставно, не е играч за Лацио. Има амбиции ко секој нормален човек, а Лацио не му пружи ни да игра во Европа. Беше најдобар во Купот на Италија, со најголема заслуга токму негова го освоија првиот трофеј после незнам колку време. Не му доликува на Лотито така да се однесува. Па и го става во втор план, после Зарате. Симоне Инзаги зема 3-4 пати поголема плата, го нема ни на клупа. Обично не ги сакам оние кои што сакаат да заминат од клуб, но Пандев го оправдувам. 400 000 евра земаат многу послаби играчи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom