Говор на омраза

Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Што е тоа говор на омраза? Постојат многу дефиниции кои се обидуваат децидно да го дефинираат овој поим, но секогаш се пронаоѓа некоја пукнатина во таа дефиниција која докрај не ги разјаснува целосно работите. Европскиот суд за човекови права во своите пресуди кои се однесуваат на говор на омраза поаѓа од оваа дефиниција на говорот на омраза како- „сите форми на изразување кои шират, поттикнуваат, промовираат или оправдуваат омраза заснована на нетолеранција“! Сега што конкретно поттикнува омраза!? Дали секој критички став упатен кон таа категорија може да се окарактеризира како говор на омраза? Што станува со слободата на говор, слободата на изразување и слободата на мисла кои се дел од загарантираните човекови или политички права и слободи?


Говорот на омраза има 3 составни елементи, според авторот на трудот кој го постирав подолу:
намера за ширење на омраза кон определена група. Говорот на омраза подразбира изразување зад кое стои намера за поттикнување, промовирање или оправдување на омраза кон лицата кои припаѓаат на определена група (расна, религиска или етничка група, ЛГБТ заедница и др.) Ваквата намера за поттикнување или промовирање на нетолеранција, расизам, хомофобија, насилство или друга омраза треба да се разликува од намерата за информирање на јавноста за прашања од општ интерес.
содржина/контекст на конкретното изразување. Проценката за тоа дали едно конректно изразување претставува говор на омраза ќе зависи како од содржината на тоа што е изразено, така и од конкретните околности на случајот, т.е. покрај содржината важен е и контекстот на конкретното изразување. На пример, дали изјавите ги дава политичар, новинар, уметник, обичен граѓанин, во кои околности, на кое место и во кое време итн.
последици/забранети резултати од говорот на омраза. Говорот на омраза покрај тоа што причинува повреди на достоинството на лицето/ата на кое/кои се однесува, исто така е и говор кој има способност да доведе до нарушување на јавниот ред и мир или насилство и тоа како моментални инциденти или пак разгорување на насилство помеѓу односните групи во општеството, така и криминал од омраза кон лицата претходно таргетирани со говорот на омраза. Забранетата последица ги опфаќа општествено штетните консеквенции предизвикани со таквото изразување, при што е доволно да е предизвикана омраза кон други, иако изостанале и реални дејствија на предизвикување потешки последици.

Тоа е формалниот дел, сега неформалниот. На страница 26 од книгата во овој труд го пишува ова:
Попрецизно, говорот на омраза како концепт се однесува на цел еден спектар на негативен говор, протегајќи се од говор кој изразува, поттикнува, повикува или промовира омраза, до повредливи зборови и епитети, па дури и (иако дискутабилно) екстремни примери на предрасуди, стереотипи и пристрасност. Покрај директниот говор, говорот на омраза вклучува и многу други форми на изразување, како на пример:
● јавно користење на навредувачки симболи (на пример свастика);
● нивно експлицитно прикажување на паради, протести, јавни обраќања и слично;
● палење на крстови (ова е карактеристично за Кју Клукс кланот во САД);
● палење на знамиња;
● испишување на графити;
● лепење на плакати;
● делење и дисеминација на летоци со таква содржина;
● изразување преку ТВ и радио;
● и од поново време, изразување на Интернет“

Јасно е дека ова се мисли кога станува збор за говорот на омраза, но не можеш како говор на омраза да го ставиш користењето на свастиката затоа што таа денес е поврзана и со, на пример, хиндуизмот, а не само со нацистичката партија, што и најчесто овој симбол денес и се поврзува. Тоа е многу погрешно. Затоа овој дел е многу лошо напишал и имам впечаток или дека авторот останал без зборови или дека сакал да напише нешто, а не знаел истото како да го оформи. Или палење на крстови! Палењето на крстови е нивен затворен ритуал, и така како таков по никоја основа не може да предизвика некакви немири. Патем во оваа организација во 20-тите години членувале дури 6.000.000 членови! Тоа е многу сериозна бројка, но и фактот дека дел од нив и го пропагирале нацизмот и нацистичките идеали на американското копно во текот на втората светска војна. Сега тука имаме вагање каде од една страна имаме отворен расизам, а од друга страна затворен ритуал кој е земен како погрешен пример.

И да ги разгледаме примерите кои се дадени. Ова се многу познати примери поврзани со оваа материја.

Daniel Féret бил член на Белгискиот Парламент и претседател на политичката партија Front National-Nationaal Front во Белгија. Во текот на изборната кампања, од страна на неговата партија биле дистрибуирани неколку видови на летоци кои содржеле и слогани како: „Спротистави се на Исламизирањето на Белгија“, „Запри ја лажната интеграциона политика“ и „Испрати ги невработените не-Европјани дома“. Г-дин Féret бил прогласен за виновен за поттикнување на расна дискриминација. Тој бил осуден на општествено корисна работа и му било забрането вршење на парламентарна функција во период од 10 години. Тој се жалел пред Европскиот суд за повреда на неговото право на слобода на изразување. Според мислењето на Судот, коментарите на г-дин Féret носат јасна одговорност за предизвикување на чувства на недоверба, одбивање или дури и омраза кон странците, особено помеѓу помалку информираниот дел од јавноста. Неговата порака, испратена во изборен контекст, носи засилена звучност и јасно досега до поттикнување на расна омраза. Неговата осуда од домашните власти е оправдана во интерес на спречување на јавен неред и заштита на правата на другите, имено членовите на имигрантската заедница. Судот најде дека нема повреда на член 10.

- Denis Leroy, карикатурист, во една од неговите карикатури објавена во Баскијски неделен весник на 13 септември 2001 год., го претставил нападот на Светскиот трговски центар во Њујорк со текст „Ние сите сонувавме за ова...Хамас го направи“. Откако бил казнет со парична казна за „одобрување на тероризам“, г-дин Leroy се жалел пред Европскиот суд за човекови права за повреда на неговата слобода на изразување. Судот оцени дека преку неговото дело, жалителот го глорификувал насилното рушење на Американскиот империјализам, изразил морална поддршка за сторителите на нападите од 11 Септември, коментирал со одобрување за насилството сторено против илјадиници граѓани и го омаловажил достоинството на жртвите. И покрај малиот тираж на весникот, Судот оцени дека објавувањето на карикатурата предизвикало определена јавна реакција, способна да покрене насилство и да има очигледно влијание врз јавниот ред во Баскија. Судот утврди дека нема повреда на член 10.


И како е Говорот на омраза е определен со нашиот Кривичен Законик:
Согласно Кривичниот Законик, говорот на омраза е криминализиран под специфични услови. Имено, член 417, став 3 определува дека “Тој што шири идеи за супериорност на една раса над друга или пропагира расна омраза или поттикнува на расна дискриминација, ќе се казни со затвор од шест месеци до три години.“
Одредба која го инкриминира говорот на омраза преку компјутерски систем се наоѓа во 394-г “Тој што преку компјутерски систем во јавноста шири расистички и ксенофобичен пишан материјал, слика или друга репрезентација на идеја или теорија која помага, промовира или поттикнува омраза, дискриминација или насилство, против кое било лице или група, врз основа на раса, боја на кожа, национално или етничко потекло, како и верско уверување, ќе се казни со затвор од една до пет години.“
Некои елементи на говор на омраза може дополнително да се најде во член 179 и член 319 од Кривичниот Законик. Поконкретно член 179 определува дека
“Тој што со намера за исмејување јавно ќе ги изложи на подбив македонскиот народ и припадниците на заедниците кои живеат во Република Македонија,ќе се казни со парична казна.“ додека член 319 определува
(1) Тој што со присилба, малтретирање, загрозување на сигурноста, излагање на подбив на националните, етничките или верските симболи, со оштетување туѓи предмети, со сквернавење споменици, гробови или на друг начин ќе предизвика или ќе разгори национална, расна или верска омраза, раздор или нетрпеливост, ќе се казни со затвор од една до пет години.
(2) Тој што делото од став 1 го врши со злоупотреба на положбата или на овластувањето или ако поради тие дела дошло до безредие и насилства спрема луѓе или до имотна штета од големи размери, ќе се казни со затвор од една до десет години. “

Сега, после сево ова, јас можам да заклучам дека во Меѓународното право, самите си напишале дефиниција, која не секогаш е точна, и судат по принципи и закони врз база на истата! Јас нема да ги коментирам примерите, а такви има многу, затоа што за тоа треба исцрпна анализа на фактите, а пред тоа и точно да се дефинира и овој поим. Денес во Европа, големи и водечки патрии користат фрази кои спаѓаат во таа широко прифатена дефиниција за говорот на омраза, а дел од истите се должат на мигрантската криза и на лошите политики на ЕУ за слободната миграција и за монеталната и социјалната политика, што се еден вид протекционистички настроени кон својот народ. Дали и на тие лидери ќе им се забрани да вршат јавна функција, иако се на власт? Не, што гледаме голема селективност.
И интересно е ова да се спореди со нашата состојба. Или членот 179 и ставовите на Села! Тука јасно имаме говор на омраза, што резултирање така како што резултирае,но немаме примена на санкција. Санкција е парична, а не оставање на милост и немилост на бесната толпа која по инцидентот ќе те направи великан на албанскиот народ. Според некои истражувања, помалку од 10% од прекршоците или криминалите во нашава земја се санкционираат, што говори за тоа дека нема почитување ни на Уставот, ни на Законите, ни на подзаконските акти, ни на ратификациите (кој се потпишуваат без усул). Е сега, ако секој Устав мора да ги признае 3-те основни права- живот, слобода, сопственост, а нашиот Устав ги возвишува и граѓанските и политичките права и слободи, тогаш како ќе се поминат на раскрсницата со “говорот на омраза“ кој делумно ги кочи и некаде и целосно забранува!?

Ова е долга тема за дискусија и ја отварам затоа што некогаш веќе постоела ваква тема, но поради тропањето групости и несериозноста на коментарите, завршила во канта. Башка членот не напишал апсолутно ништо за темата, пар линкови и дефиниција! Мислам дека со актуелниве настани, и најновите-изборите во Австрија, и со оние кои беа доста актуелни, оваа тема ќе биде доста интересна.

Мислам дека од она што вреди да се прочита во трудот, не ги опфатив само “Разликувањето на говорот на омраза од блиските концепти“, што ни дава само повеќе прашања отколку одговори.

И за крај Кривичниот Законик за проверка на наодите. :)
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.869
Поени од реакции
11.490
Со кои мислења? :)
Под твојов пост имаше неколку мислења, одоговорив и на едно прашање во врска со употреба на терминот „цигани“ и дали е говор на омраза кај нас.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Под твојов пост имаше неколку мислења, одоговорив и на едно прашање во врска со употреба на терминот „цигани“ и дали е говор на омраза кај нас.
Јас мислам дека не е. Во Србија, што е интересно, на ромите им се обраќаат со “цигани“ и тие воопшто не се пронаоѓаат навредени. Ама се’ зависи од конотацијата. Отвори весник и во рубриката за забава некогаш ќе најдеш “вицеви за цигани“, а не “вицеви за роми“! Дали и тука се врши пропаганда на говорот на омраза? Јас мислам не, но ако има намера да го навредиш, барем ти како правник, одма ќе го листаш Кривичниот Законик и, нормално кај нас, одма Народниот правобранител ќе покрене некаква иницијатива. :)
 

redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.256
Поени од реакции
1.966
Под твојов пост имаше неколку мислења, одоговорив и на едно прашање во врска со употреба на терминот „цигани“ и дали е говор на омраза кај нас.
Verojatno nekoj moderator gi izbrisha.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.869
Поени од реакции
11.490
Јас мислам дека не е. Во Србија, што е интересно, на ромите им се обраќаат со “цигани“ и тие воопшто не се пронаоѓаат навредени. Ама се’ зависи од конотацијата. Отвори весник и во рубриката за забава некогаш ќе најдеш “вицеви за цигани“, а не “вицеви за роми“! Дали и тука се врши пропаганда на говорот на омраза? Јас мислам не, но ако има намера да го навредиш, барем ти како правник, одма ќе го листаш Кривичниот Законик и, нормално кај нас, одма Народниот правобранител ќе покрене некаква иницијатива. :)
Кога сме кај говорот на омраза, се' зависи од контекстот. Кај нас во практика се употребува како навреда, практиката налага да се смета како говор на омраза.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Сеља е типичен пример за говор на омраза,ама никому ништо.Нели, шом е политичар се му е дозволено!:toe:
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.346
Поени од реакции
29.812
„Говорот на омраза“ е алатка за потиснување на слободата на говорот и изразувањето. Намерно е нејасно дефиниран, исто како и кованицата „политичка коректност“, за по потреба да може секако да се толкува по потреба на тие кои го имаат измислено тој „говор на омраза“. Таквите вештачки поими никако не ни можат да бидат јасно дефнирани, затоаа што проценките што влегува во „говор на омраза“ а што не, зависат од личните морални вредности на оценувачот.
Всушност се работи за начин на наметнување на нови морални вредности во општеството (но и законски ограничувања во државата), и тоа по потреба на наметнувачите.


Примери има многу, секојдневни се. Но еве eден кој прв ми текнува на памет, во Канада е донесена законски регулирана одредба со која се забранува да луѓето кои не се чуствуваат припадници на машкиот и женскиот род (или средниот), да не бидат ословувани спред „родот“ кој самите ќе го изберат. И тука не зборуваме за некој што е маж и „решил“ да биде жена, или обратно. Зборуваме за луѓе кои измислуваат родови по слободна желба, во Канада за сега се над 80 родови... Знам дека повеќето од вас се чудат какви тоа повеќе од 2-та билошки рода (ете, плус трансџендер), но реалноста таму во Канада е дека секој може како род (не како идентификација, туку како род) да се прогласи за глиста, или за вила, или за што-и-да-е... И ако некој не ве ословува како што сте одбрале (божество, на пример) тој некој е подложен на кривична тужба (и затвор) заради ширење на „говор на омраза“.

Накратко, се работи за присилно менување на јазикот, и менување на општествените норми. Но ајде да не ве збунувам повеќе, погледајте го овој извадок од подкастот на Џо Роган со Професорот Џордан Питерсон, каде оваа злупотреба на „говорот на омраза“ е подобро објаснета:

Еве го целиот муабет, за тие што ги интересира (а и интересен е):
http://www.youtube.com/watch?v=04wyGK6k6HE
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Јас и ти веќе дискутиравме пред неколку месеци за оваа тема и ни остана неодговорено прашањето- дали со промената на полот, може да се смени целокупната биолошка природа на човекот? Биолозите велат дека е невозожно.

И сега во Канада, ако излезе некој со став дека постојат само 2 рода, може да се соочи со парична казна. Тоа е факт. Дали ние сакаме таков систем на казни? Не, но поради тоа што го имаме Јункер како врвен политички лидер, а го имавме и пред овој режим, мислам дека спрегите ќе попуштат и иако сме конзервативно општество, правниот систем ќе се либерализира во секој домен. Имаме Закон за спречување и заштита од дискиминација. Интересен е членот 3, членот 5 став 5, 6 и посебно став 11. Со сила не можеш да му наметнеш на некого нешто. Како на пример, јас немам ништо против ЛГ луѓето, но имам против нивната пропаганда. Зошто ако тие имаат право на застапници кои вршат пропаганда, јас да немам право да ја критикувам истата? И критиката е еден вид на уметност, во зависност од формата во која е претставена. Гледај го видеово, мислам дека репликата му беше сосем солидна.

Но има уште едно видео, кое веќе претходно го постирав. Ова зборува за студентските кампуси, пред се’. Денешната младина ја менува нашата држава, дали на добро, дали на лошо, нека пресуди времето, но не треба секој нивни чекор да се прифаќа со еуфорија, без претходно убаво да се разгледа. Мислам дека не треба да се враќаме назад во времето кога одлуките беа 100% добри, се носеа од еден центар и сите ние бевме многу задоволни од истите, барем според одредени критичари, експерти и медиуми. :)
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.346
Поени од реакции
29.812
дали со промената на полот, може да се смени целокупната биолошка природа на човекот? Биолозите велат дека е невозожно.
Има два аспекти на оваа „дилема“.
Едната е фалусодрвечка дилема, и наметната од борците воините за социјална правда.
Другата е реална, и се однесува на реалните физички (и следствено) психички разлики меѓу половите.

Со операција на промена на полот, па дури и со хормонални инекции, не се менуваат значајните физички разлики. ОК силикон овде и онде, и ете вештачки дојки, ама тие се а стискање и стенкање, но не и за доење бебиња. Или густината/цврстината на коските, кај машките тие се многу погусти. Или суровата сила. Знаеш каква предност е тоа во контакт спортовите, или било кои кои спортови (ама посебно во контакт спортовите)?

Не за џабе постојат машки и женски натпреварувања. Збореа за Серена Вилијамс кога играла тенис со некој 200-300-ти лузер од АТП листа, попара ја направил. На сила и на издржливост, џабе се знаење и финеси кај големи физчки разлики.
Следиш ММА? Си слушнал за Фалон Фокс?
Фалон Фокс е тип, кој станал типка и потоа (како типка) се натпреварувал во ММА. Тек после првите 2 натревари (и брутални претепувања на противничките) признал дека машко (со трансџендер операција)... Претходно служел војска, имал пенис, имал и сопруга, ја копулирал сопругата со пенисот, и направил дете. Ебаго, и сега е жена само затоа што (со операција) го одстранил пенисот, се нашминкал, и ставил силикон на градите?

Некој што имал (скраја да е) некаква несреќа (сообраќајна, или друга) и го изгубил пенисот - наеднаш е жена?

Жена може да се биде само по биолошки критериум. Другото се болести на психолошки проблеми со идентификација. ОК ако тие психолошки проблеми се бенигни, кој што сака нека прави. Јас немам проблем со тоа. Ама некој да ме приморува и јас да глумам лудило затоа што некој се декларирал жена? Или се декларирал како глиста, вонземјанин, божество можеби... Сега јас сум законски обврзан да му удоволувам на неговото лудило? Во спротивно ширам„говор на омраза“??

Нејсе. Едноставно има големи физички и биолошки разлики меѓу половите, и тоа не е последица на некакви социјални конструкции. Да социјални конструкции постојат, ама тие се одраз токму меѓу физичките и биолошките разлики меѓу половите.

И знаеш што?
Ако јас, или било кој, го каже ова во јавност... Веднаш ќе се лепат етикети како „трансфобичен“, и ќе се обвинува за ширење на „говор на омраза“.

Замисли ако „трансџендер жена“, и ти понуди секс?
Ако ја (го) одбиеш, тогаш си „трансфобичен“? :confused:
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Ебаго, и сега е жена само затоа што (со операција) го одстранил пенисот, се нашминкал, и ставил силикон на градите?
Па не е баш само тоа.
Еве, можеш да се едуцираш од видеово

Или, да го погледнеш ова сумирано видео
 
Член од
21 септември 2016
Мислења
831
Поени од реакции
1.135
Ја мислам говор на омраза генерално не смее да употребуваат влијателни лица кои што можат да влијаат на формирање на ставови и мислења кај одредена група што може да ескалира во одреден момент и краен резултат да биде физичко насилство или било какво психичко малтретирање што може реално да пречи у секојдневниот живот.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.346
Поени од реакции
29.812
Се разбира дека симплифицирам @Anon но кажаното стои, не се менуваат многу физички разлики кои се важни во многу професии и ситуации. Ете го спомнав (ја спомнав) Фалон Фокс, ММА фајтерот. Знаеш дека по операција на промена на пол додатно се зголемува густината на коските? Таа разлика и онака е голема меѓу мажи и жени, и кај машко со операција на промена на пол додатно се зголемува.

Каква разлика прави за соперничките на Фалон Фокс, дали ликот се чуствуваа како жена или маж, ако дефинитивно удира и тепа како маж?

Едноставно се работи за нефер предност, кога маж тепа жени (па макар и ако претходно направил операција на промена на пол).[DOUBLEPOST=1508358383][/DOUBLEPOST]Најпосле никој не ми одговори... Ако „трансџендер жена“ ти нуди секс?
Ако ја (го) одбиеш, тогаш си „трансфобичен“? Ја негираш неговата нејзината полова определба и шириш на „говор на омраза“? Во ред е да си подложен на казните според законот кој третира ширење на „говор на омраза“?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom