Говор на омраза

Член од
20 јули 2016
Мислења
7.645
Поени од реакции
4.945
Што се однесува на оффтопикот најверојатно повеќе пари значат повисок IQ...расистичко не расистичко незнам ама е факт и од искуство го знам тоа.
1. Сега најверојатно има и причинско последична врска...образовани здравство услови на живот хигиена инфекции итн...
2. Има исклучоци нормално статистика е и психологија не е физика или математика
3. Нема зошто да се цензурира ова...наука е...нема ништо неетичко во истражувањето

Тоа е „говор на омраза“ е злоупотреба на власт и позиција и цензура и наметнување на една идеологија најчесто...затоа сум против забрана на „говор на омраза“.
 
D

Daedalus

Гостин
Што заклучив освен дека онтопик дигресијата за разликите во когнитивните способности кај луѓе од различни географски локации, е интересна?

Заклучив дека си ја пропуштил поентата: :)
Ок, ова не сум ти го прочитал, извини. Погрешно сум ти ги интерпретирал ставовите.
Ја мислев заговараш некои генетски предиспозиции кои се фактор за тоа, како единствено објаснување, а не пропратно.[DOUBLEPOST=1509401627][/DOUBLEPOST]
Аввв... Прво бараш референци, за потоа да се потсмеваш кога ќе ти се понуди куп од референци. Типично. И прилично разочарувачки. :coffee:

Покажани се неоспорни податаци. Од една страна има физички мерења (волумен), од друга страна стандардизирани статистички од мерења на IQ. Несомнено е дека постои корелација на волуменската зафатнина на мозокот, и когнитивните способности (iq-тo). ОК е што не си научник по вокација, не сум ни јас, ама можеше барем да ги разгледаш податоците. Да го направеше тоа, можеби сега немаше да се потсмеваш со лоши шеги.

Разлики во интелегенцијата меѓу луѓето постојат, исто како што постојат разлики во когнитивните способности на одделни „раси“ кучиња. Тој пример го употребувам за споредба, за да укажам на следново. Разните кучиња се добиени со процес на вештачка селекција. Разните етникуми се настанати преку процес на природна селекција, при паралелна еволуција во различни природни средини. Од некои нам не сосема разбирливи причини, при мерењата на IQ жутите статистички покажуваат највисоки резултати, после се белите, па темните, и на крај црните. Истите разлики се отсликуваат и во волуменот на черепот. И да, луѓе сме сите, ама како што имаме физички разлики, така имаме и разлики во когнитивните способности.
Сирови факти се тоа, ништо повеќе. Разбирам да се оспоруваат детали и слично, ама глупаво е да се негира самото постоење на тие разлики во когнитивните способности.

Но дигресираме, иако онтопик. Немав намера да го дискутирам постоењето на разлики во когнитивните способности меѓу разните етнички групи низ светот. Туку да покажам дека дискусијата за тие разлики е станата непожелна, всушност забранета, во денешното општество. Ваква една дискусија како нашава, во модерните „либерални“ средини на толку фалениот „демократски запад“ - ќе беше наречена „говор на омраза“ а јас ќе бев етикетиран како расист (со сите правни реперкусии, откази од работа ако работам во образовна или друга институција, итн).
Тоа е таа репресија на мислата и слободата на говорот, за која зборувам.[DOUBLEPOST=1508881262][/DOUBLEPOST]П.С. Всушност ете го еден лик поназад во дискусијава, веќе ме нарече „нацист“. :cautious:
Еве тука спомињеш големина на мозок/череп и расни разлики (жути/црни), а не етнички.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811

Ни ти барав референци, ни очигледно ме разбираш што пробувам да ти кажам.

Јас ги разгледав и податоците и трудовите, немаше да одговорам ако не го направев тоа. Вториот го имам сретнато и порано на интеренет. Смешното е што ти не си ги прочитал, ни имаш поима на што се однесуваат, а ги нудиш како научна покрепа за твоето тврдење. Да ги прочиташе или барем парцијално разгледаше, на пример ќе забележеше дека првиот труд, ти е контрадикторен со заклучоците од вториот труд. Веројатно не ни знаеш дека со првиот труд даваш контраргументи на оние кои се содржани во вториот труд, со кој наводно се поткрепува твоето тврдење. Да ми беше намерата да ти се потсмевам, немаше потреба да барам друга причина освен таа.

Спорни се заклучоците кои се влечат врз основа на тие статистички податоци во трудот, а уште поспорни се заклучоците кои ти ги влечеш од нив. Тоа пробувам да ти го кажам три поста наназад, пробај да разбереш.
Нормално дека постојат разлики во интелигенцијата помеѓу луѓето, и тоа не е тема на ова дискусија. Знам многу поинтелигентни луѓе од мене, нема никаква логична причина да го спорам тоа. Скокаш од поставената теза. Тоа не е исто со тврдењето дека постојат разлики помеѓу просечната интелигенција на различни групи на луѓе кои живеат или потекнуваат од различни географски региони, кои се целосно генетски предодредени и кои се резултат на еволуција на тие групи во различни прородни средини. За првиот дел од аргументот, сеуште немаме доволно добри и обемни податоци за да детерминираме дали и точно колкави разлики постојат во просечното iq помеѓу различни групи на луѓе. Мапата од која потекна целава дискусија не е базирана врз такви, пробај и прочитај нешто повеќе околу книгата од која потекнува. Вториот дел од аргументот е сеуште предмет на дебата меѓу научниците, дали разликите се предизвикани од генетски или околински фактори (или комбинација од двете), nature vs. nurture дебатата. Дали интелигенцијата е генетски предетерминирана, или врз нејзе поголемо влијание имаат образованието, исхрaната, културата, социјализцијата или некои други околински фактори. Тоа е доволно тешко да се утврди на индивидуално ниво, а не па на ниво на цели групи, имајќи ја во предвид историјата на човечкиот род и тенденцијата да мигрираме и да се мешаме едни со други.

Од каде ти знаеш и си толку сигурен дека е едното, а не другото, кога научната заедница со децении наназад неможе да дојде ни блиску до консензус за тоа? Хомо сапиенсот е стар 200.000 години, когнитивната револуција и моментот кога сме се прошириле од Африка се случила пред 75.000 години, повеќе од две третини од периодот од тогаш до денес нашите предци го поминале во групи кои константно мигрирале. Знаеш ли што се 70.000 години за процесот на еволуција, за природната селекција? Секунда, момент. И зошто групите кои еволуирале да имаат поголеми когнитивни способности се зависни од историските околности за да им дојде до израз нивната супериорна интелигенција. Што чекаа Англо-саксонците до пред 300 години за да си ја покажат својата супериорност, или што се случи со iq-то на Кинезите во периодот кога се случуваше Научната револуција во Западна Европа. Симплифицираш неверојатно комплексни работи и тропаш паушални глупости. Едно е твојот систем на верување, друго е научно потврдената вистина.

Не сме научници и двајцата, затоа остај ги тие што се и што имаат истрениран ум, вештини и искуство да се бават со научна работа. И кога ќе ја читаш нивната работа, пробај да се фокусираш единствено на тоа што они го пишуваат, а не на твојата интерпретација на тоа што го пишуваат. Тоа и е дел од проблемот зошто вакви теми заглавуваат во просторот на “говор на омраза“ и зошто не може нормално да се дискутира за нив. Зошто за секој дури и минимален обид за научно истражување на овие контроверзни теми, се појавуваат еден куп на идеолошки обоени падобранци кои ги интерпретираат резултатите од истражувањето низ призмата на нивната идеологија. Иако, на сите им е јасно дека не им е местото таму. Па затоа имаш еден куп на научници кои на прсти им пристапуваат на овие теми, во надеж дека нивната работа нема да привлече доволно внимание за да се најде во центарот на борбата на идеолошки спротиставени блока. И тоа иде и во двете насоки. Еве, пример, никој економист не се осмелува јавно да го каже тоа што секој од нив го мисли, дека gender pay gap е апсолутен булшит, бидејќи е свесен дека веднаш ќе биде етикетиран.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.312
Поени од реакции
29.776
Oк @Daedalus гледам што си направил :), но поентата навистина е првенствено да покажам како една дискусија лесно може да се етикетира како „говор на омраза“. Инаку да, сметам дека постојат секакви разлики помеѓу луѓе од различни географски локации. Физички разлики, разлики во бојата на кожата, разлики во физичката издржливост, и зошто не - разлики во просечната интелегенција. Луѓето од различни животни средини се сретнуваат со различни проблеми во борбата за преживување и оставање потомство, и нормално е да се развијат одредени разлики до кои дошло преку природна селекција.

Тие разлики се непобитен факт, примери има многу. На пример како тоа да СИТЕ тркачи на 100 метри, од почетокот на одржувањето на Светското Првенство во Атлетика па до сега, СИТЕ се црни атлетичари?
Погледај:
https://en.wikipedia.org/wiki/100_metres_at_the_World_Championships_in_Athletics#Men
Всушност сите финалисти на сите трки, од почетокот до сега, се црнци, со еден единствен исклучок (Словенецот кој заврши седми во 2007-ма).

Случајност?
...или реалност?

Но ете, што знае еволуцијата дека @loophole e уверен во тоа дека „70.000 години за процесот на еволуција, за природната селекција се секунда, момент“. Ни црните атлетичари изгледа не го знаат тоа, земаат па трчаат (и победуваат). ;)

Но како што реков, мене првенствената намера ми беше да покажам како дискусии на одредени теми лесно може да се етикетираат како „говор на омраза“. Според нормите кои денес се повеќе се наметнуваат, овој муабетов сега е ширење на говор на омраза. Во ред е да се зборува за разликите во тркачките способности, но не е политички коректно да се зборува за разликите во интелегенција.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.312
Поени од реакции
29.776
Мислам @Даамане дека ти си се помешал нешто и всушност зборуваш за клевета, тоа е точно дефинирано кривично дело каде треба да се докаже дека обвинетиот ширел невистини и лаги за оштетениот. „Говор на омраза“ е нова кованица со нејасно определени правила и граници, со многу простор за разни толкувања. На пример говор на омраза е повик за насилство врз одредена етничка заедница, но говор за омраза може да биде и муабетов погоре. Иако ни одблиску не се исти работите.

Целта е да се ограничи или спречи слободата на говорот, заради разни потреби на толкувачот на „прекршокот“.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom