Говорете македонски!

Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.113
Поени од реакции
824
Професорот е претседател на Здружението на лектори, сигурен сум дека слушнал и прочитал многу „неологизми“ и кованици. :D
Да биде трагедијата поголема, студентот/студентката што го напишал/а тоа е трета година на македонски јазик и јужнослов. јазици...
Мислам дека се работи за различни работи.
Ако тргнеш да ги преведуваш на англиски, “дозволиво“ би било Acceptable, а “дозволено“ Permitted.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.139
Поени од реакции
8.242
Мислам дека се работи за различни работи.
Ако тргнеш да ги преведуваш на англиски, “дозволиво“ би било Acceptable, а “дозволено“ Permitted.
Во ред. Тој дел го парафразирав, не се сеќавам како точно започнуваше реченицата, дали со дозволиво или дозволено. Спорниот дел (и за професорот) беше себе си да сѝ. :)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.790
Поени од реакции
33.597
Купувам конфигурација (само кукиште) до 6000-7000 денара


Кукичка ^^^



Кука ^^^



Кукиште ^^^

Што ќе ти е ова чудо, бе друже? :P

Шегата на страна, темава некако згасна. :(
 
Член од
19 март 2013
Мислења
825
Поени од реакции
601
^ Тоа демек немаат македонска тастатура (или дел од неа?) на таблет или мобилен, ама всушност секаде пишуваат така.

А крвта ми врие кога ќе прочитам моабет или абдејт.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.790
Поени од реакции
33.597
^ Тоа демек немаат македонска тастатура (или дел од неа?) на таблет или мобилен, ама всушност секаде пишуваат така.

А крвта ми врие кога ќе прочитам моабет или абдејт.
Ај абдејт, кој како и да го напишеш, секако не е македонски збор, ама „моабет“, „флизер“, „флизура“ и сл. се навистина за :facepalm:.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.139
Поени од реакции
8.242
Отпуштениот пак, има(л) можност и прилика да се покае и да се врати во заедницата која го крстила.
Овде две грешки има:
1. Редунданција -- можност и прилика не прават никаква семантичка разлика
2. Прилика е србизам
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.139
Поени од реакции
8.242
Дигитален и правописен речник не го викаат истото, ај ќе прашам што кажува толковникот ако се јави некој во Пуздер правам фб групата...
Прилика е србизам. Да не чекаш од некојси групи, ѕирни тука.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.139
Поени од реакции
8.242
Ја мислам дека есенски шампион е оној кој бил прв на Божиќ односно на почетокот на зимската пауза што означува крај на есенскиот дел од шампионатот. Така прочитав пред утакмицата на Интер со Лацио. Нема врска како и да е и така ништо не значи.

Иначе `незнаење` се пишува не знаење, о ти зналецу. :kuracc:
Незнаење се пишува слеано, друже. Кај глаголскиот прилог негацијата е одвоена. Пример: не можејќи. Џабе си го карал @Mondonico. :)

Поопширно: http://lektormk.blogspot.mk/2010/12/blog-post_13.html
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Дај банирајте ме на некоја недела. Денеска не знам кај терам. :sramezliv:
 
Член од
13 јануари 2016
Мислења
81
Поени од реакции
46
Одлична тема :-D сите учиме странски јазици,а всушност не го познаваме и негуваме мајчиниот,македонскиот.Познавам многу луѓе кои што течно зборуваат англиски, а можам да кажам дека се тотално неписмени кај македонскиот...
Ако некој би ме прашал што ме нервира најмногу,сигурен сум дека тоа е човек кој зборува нелитературно...
Најмногу ме нервира употребата на србизми во мак.јазик и неправилното акцентирање на зборовите...
Да не должам многу за крај ќе кажам-,, Преку литературниот јазик најздраво закрепнува свеста за припадноста кон една нација "-Блаже Конески...
И секако, говорете македонски. ;-) :-D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom