Говорете македонски!

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.789
Поени од реакции
33.590
Можда глупо али ме нервира и молам литературно образовани да ми објаснат зборот:
Велигден!
Што означува зборот Велигден? Составен е од Велиг и Ден. Што треба да претставува Велиг? Некаква изведена форма од Велик?
Ние немаме збор "Велик" Имаат Србите имаат Хрватите имаат и Бугарите....
Кај Србите и Хрватите Велигден е Ускрс што логично доаѓа од uskrsnuti/vaskresnuti
Е Сега кај Бугарите Велик го има значењето што и Great Додека Голјам e исто што и Big
Кај нас пошто Круме Кепески вокабуларот ни е многу јак немаме дистинкција.
и да се вратиме на Велигден - Кај Бугарите Велигден се пишува и чита ВЕЛИКДЕН - или буквален превод Голем Ден што во суштина тоа и претставува за Православието.
Се прашувам што кај нас значи ВЕЛИГ? Зошто тоа дејците на Македонскиот јазик не востановило јасно значење на зборот Големден. Да го Славиме Големден.
Или пошто го Славиме Воскрсението на Исус да се вика Воскрс
Што е тоа Велигден?!?! Зошто не е Велибден или Велипден?
Нашиот фонолошки правопис предвидува пишување кое му одговара на изговорот. Само по исклучок има пишување кое отстапува од изговорот. Затоа е правописно Велигден, свадба (во основата е сват), ногдаун, јуриздикција итн. Фејсбук, како име од туѓо потекло, отстапува според Правописот, како и Вашингтон и сл. Ако го сфаќаме како општа именка, ќе го пишуваме фејзбук (како што го изговараме). Во фудбал тоа сме го направиле, неоптоварени од состојбата во други јазици (затоа не пишуваме футбал, Великден).

Бугарите имаат морфолошки правопис, Англичаните етимолошки, Македонците фонолошки. Правописот им се базира на различни принципи. Затоа нема смисла да се разгледуваат како да имаат ист тип правопис.

Убаво ти одговорија погоре, Велигден доаѓа од старословенското велики + ден = Велигден. К се едначи по звучност со согласката што доаѓа по неа и омекнува во Г. Затоа не е како бугарското. Еве ти друг пример: foot + ball = фут + бал = фуДбал. Т се едначи по звучност со Б, омекнува и станува Д, затоа е фудбал, а не футбал. Појасно?
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.344
Поени од реакции
4.963

Yep. Благодарам. Гласовна правило на едначење по звучност. Тоа е тоа. "Проблемот" ми е значи од фонетска природа.

Едно е бескуќник (без куќник) што го земаш здраво за готово или просто природно ти иде риба не е рибче ами рипче..
Меѓутоа Велигден никогаш не би го исперцепирал по таа линија

Sent from my LG-H872 using Tapatalk
 
Kajgana Shop

На врв Bottom