Гласање и избори - се што треба да знаете за вашите права и одговорности во изборниот процес!

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Само што проверував на кое гласачко место треба да гласам и по пребарувањето по улица/број на листата на мојата адреса освен ние четри души што сме си дома има на списокот и други две имиња регистрирани на избирачкиот список што се водат на нашата адреса WTF!

Побарајте дали има и на ваша адреса ваква ситуација бидејки ова мене ме шокираше сега.

http://izbirackispisok.gov.mk/Search.aspx?type=address
Сте го купиле од некои други луѓе станот? Веројатно тие си стојат уште таму, не си ги смениле личните карти. Е сега ако ти пречи тоа пријавувај ги.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.869
Поени од реакции
11.490
Ја сум у стан со 3ца луѓе што не ги знам. :D Пошто многу сакаа да менуваат адреси, 3 пати у годината. Моите на една адреса се водат, брат ми на втора, ја на трета. Они бар гласаат на исто избирачко место. :D Него у контактиве глеам нема за Аеродром, кај можам да се обратам? http://www.sec.mk/kontakt
На првите избори си гласав на вистинско место каде што гласаа и другите од моето семејство, на вторите на друго. Иста општина ама пак...која адреса се гледа - од пасош или лична карта? Понов документ ми е пасошот со лудава адреса.
 
Последно уредено:
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Е добро нели може и по матичен да се бара и по адреса и по име. Не ги замарај луѓето. Све на тацна сакате бе ц ц ц
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
Мислам дека може тука да ги споделуваме сите нелогичности ( да не кажам криминали ) окулу изборите и гласачки список

Иако на веб-страницата стои дека податоците се ажурирани до 1 декември 2015 година, БИРН веднаш го пронајде името на лицето Аднан Садики, кој баран преку Интерпол, го сменил името во Аријан Алиу и кој починал пред една година во Скопје. БИРН веќе пишуваше дека починатиот Алиу е заведен дека живее на улицата Антон Попов 3, број кој на терен не постои.



на адресата „Васил Ѓоргов“ број 24, во станот број 27, кој според сведоштвата на соседите е напуштен со години, се впишани дека живеат, а со тоа имаат и право на глас 30 гласачи.

Слична е ситуацијата и со гласачите на улицата „Максим Горки“ број 11, стан број 2. Во овој стан се впишани дека живеат дури 67 гласачи. Напуштената куќа во центарот на Скопје беше актуелна и за изборите во 2013 година, кога во јавноста се открија „фантомските“ гласачи со место на живеење и право на гласање во куќа каде што околу една деценија не живее никој

на улицата„Киро Крстевски Платник“ број 11, во станот број 3 се запишани 33 станари, иако во станот живеат две лица, како што изјави и самиот сопственик на станот пред речиси 3 години.

Освен ова, на списокот кој ѝ беше даден на увид на јавноста, можат да се видат голем број впишани гласачи на адресата „Димче Мирчев“ 8 и „Димче Мирчев“ 4, но нема податок за влезот и за станот во кој живеат овие лица.
 
D

deli

Гостин
Сте го купиле од некои други луѓе станот? Веројатно тие си стојат уште таму, не си ги смениле личните карти. Е сега ако ти пречи тоа пријавувај ги.
Станот е купен пред 30+ години од дедоми своевремено нова зграда не станува збор за предходни сопственици на стан.

btw каде конкретно треба да се пријавуваат вакви недоследности во избирачкиот список?
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Мислам дека може тука да ги споделуваме сите нелогичности ( да не кажам криминали ) окулу изборите и гласачки список
Со оглед на тоа дека сум авторка на темава, а и супер-модератор, морам да напоменам дека постот е океј, во ред е да се поставуваат прашања или да се истакнат неправилности кои би можеле да се пријават или поправат, но ова е повеќе техничка тема, не е тема за дебатирање, ниту за политика, ниту за бомби, ниту за Катица Јанева, ниту за Пржино, ниту за тоа кога ќе има избори.

Не е толку постов за тебе, колку за сите членови кои сакаат да пишуваат во темава.

Внимавајте!

Оф-топици строго ќе се бришат. Ова е тема каде што лесно и едноставно поединец може да си праша за правата, што може да направи, како да најде информации за неговите права, а не за политичката ситуација во Македонија.

Само да потенцирам. Има теми каде тоа детално може да се дискутира.
Станот е купен пред 30+ години од дедоми своевремено нова зграда не станува збор за предходни сопственици на стан.

btw каде конкретно треба да се пријавуваат вакви недоследности во избирачкиот список?
Најубаво е лично да отидеш до најблиското подрачно одделение на Државната изборна комисија.
Тука имаш и броеви каде што можеш да се јавиш, но можеш и да провериш каде најблиску до тебе има подрачно одделение.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
Со оглед на тоа дека сум авторка на темава, а и супер-модератор, морам да напоменам дека постот е океј, во ред е да се поставуваат прашања или да се истакнат неправилности кои би можеле да се пријават или поправат, но ова е повеќе техничка тема, не е тема за дебатирање, ниту за политика, ниту за бомби, ниту за Катица Јанева, ниту за Пржино, ниту за тоа кога ќе има избори. .
Супер забелешка од супер модератор....
Не би сакал и јас да премине во политика. Гледам дека темата е “правата во изборниот процес“ и треба да се брише се што има врска со политички партии.

И, да, ако е вистина актуелниот муабет со избирачкиот список, тогаш сите можеме да си играме “избори“, да дебатираме за нашите “права“ до 101 и назад, додека шумарот не дојде....

Целта на постот беше сите што имаат сознанија за изборни нерегуларности да го споделат тоа, да го направат тоа подостапно до поширока маса на луѓе, со цел тоа да допре и до релевантни институции за да со “гласање“ навистина да ги оствариме нашите права
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.812
Поени од реакции
15.735
Мислам дека ИЗБ.Список ако се прави по адреси ќе биде многу тешко...додека ќе се среди ќе има толку промени ( ќе приумрат и ќе се отселат) што само забуна ќе праи... По мое основ треба да е ЕМБГ, односно во секое ИЗБОРНО Место да им излистираат список и по адреса и по ЕМБГ на гласач.
Овака ни до 5 јуни 2017 нема да се заврши списокот.
А посебна катастрофа ни е ситуацијата со адреси и куќните броеви, не само сега со укинување на ехјугословенските и комуњарски имиња на улици, туку уште од многу поодамна. А и лицата кој се отселија во другите ехЈу републики, сега држави , а земаа мкд пасоши, заведени се уште пред 15-на години на фиктивни адреси... е сега може ќе се чистат, но не е и тоа мала работа...
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
#СеПоСписок! Tвитерџиите го чистат избирачкиот список

на адресата улица „Ленинова“ бр.13, 2/9 во Ресен се запишани вкупно девет лица, меѓу кои е и градоначалникот Темелко



Во куќата на пратеникот Павле Саздов која се наоѓа на ул. Натанаил Кучевишки, Општина Бутел се регистрирани 20 фантомски гласачи сите регистрирани на иста адреса каде што верувале или не во списокот постојат неговите родители кој живеат и гласааат во Канада, неговиот татко Владимир Саздов како и неговата мајка Душанка Саздова и уште 18 други луѓе за кои не се знае сеуште дали се починати или постоечки се цел на изборната измама.


Ресен - една куќа - 26 гласачи.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.812
Поени од реакции
15.735
и снаат се води тука, иселени се од 1986 а станот го продадоа уште 2001... но се води на ИЗБСписок од секогаш, не ја вратила личнатакарта и не се одјавила, а 90-тите извади и нов мкд пасош...
Но за било кое иселено лице да гласа друг тука треба да има фалсификат исправа... и тоа со слика на тој што ќе гласа...
значи за да има изборна измама треба да гласа некој друг за тие лица, да има фалц лична карта или пасош...... друго е ако иселеници гласале лично тука, наместо во странство, тоа не е измама, само неправилност и може да смета само за локални избори а не и за парламентарни...
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
Абе сакаш викај си го неправилност, а не измама, во пракса значи дека се прекршени нашите права и целото гласање е обична фарса.
Затоа, ако правиме воопшто муабет за “изборен процес“ мора да дојдеме до регуларно гласење.

Инаку,
Гласач има и на адресата на американската амбасада во Скопје
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.812
Поени од реакции
15.735
Фантомски гласачи насекаде, дури и на адреси на државни институции
http://vesti.mk/read/news/8297846/3016195/fantomski-glasachi-nasekade-duri-i-na-adresi-na-drzhavni-institucii
Според процедурите и законите објавени на веб страницата на МВР, за да добиете лична карта треба да пријавите живеалиште. За да го направите тоа, треба да имате докази дека тоа е ваш стан или пак да приложите договор за закуп, но и да ја докажете вашата намера постојано да престојувате во земјата, односно потврда дека сте вработен, потврда дека децата ви посетуваат училиште во местото каде пријавувате живеалиште или доказ дека сте сопственик на фирма во Македонија и слично.
Испаѓа невработен што нема стан или фирма нема право на лична карта (жителство )?? ова СДСМ и Жереновски го измислија или според Уставот е , или важи само за општина Центар?
а имаше оваква работа, ама пред замјотресот, Скопје беше бастион за граѓаните од внатрешноста...
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.812
Поени од реакции
15.735
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom