Гласање и избори - се што треба да знаете за вашите права и одговорности во изборниот процес!

Дискусија во форумот 'Право и закони' започната од Crazy in Love, 18 март 2014.

Статус на темата:
Затворена за нови мислења.
  1. ****NEMESIS****

    ****NEMESIS****

    Член од:
    24 јули 2008
    Мислења:
    581
    Допаѓања:
    64
    IV. ЕВИДЕНЦИЈА НА ИЗБИРАЧКОТО ПРАВО

    1. Водење на Избирачкиот список

    Член 41
    (1) Избирачкиот список го води Државната изборна комисија.
    (2) Избирачкиот список се води според Регистарот на државјаните во вид на регистар на избирачи со автоматска обработка на податоците на магнетен медиум.
    (3) Личните податоци на граѓаните во Избирачкиот список се запишуваат на јазиците и писмата на кои се водат податоците во изворните евиденции, во согласност со закон.
    (4) Во Избирачкиот список се запишуваат сите граѓани со наполнети 18 години живот кои имаат живеалиште на територијата на Република Македонија, а кои имаат важечка лична карта или патна исправа.
    5) Во Избирачкиот список се запишуваат и сите државјани на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство, со живеалиште на територијата на Република Македонија и со важечка патна исправа. Овие лица се запишуваат според нивното последно живеалиште во Република Македонија пред заминувањето во странство.
    (6) Во Избирачкиот список не се запишуваат граѓаните на кои со правосилна судска одлука им е одземена деловната способност
    ...
    Член 42
    (1) Државната изборна комисија врши запишување, дополнување и бришење во Избирачкиот список по службена должност врз основа на податоци од матичните книги, евиденцијата за живеалиште и за државјанството на Република Македонија, други службени евиденции и со непосредно проверување.
    (2) Државната изборна комисија врши запишување, дополнување и бришење во Избирачкиот список и по барање на граѓани, а врз основа на лична карта и патна исправа.
    (3) Државната изборна комисија врши бришење во Избирачкиот список на починато лице или лице кои по било кој основ го загубило избирачкото право по барање на политичка партија со доставување на податоци за починатото лице или кое по било кој основ го загубило избирачкото право, врз основа на предходна проверка во податоците од матичните книги, евиденцијата на живеалиште и за државјанство на Република Македонија, други службени евиденции и со непосредно проверување.


    На јавниот увид пред 3-4 недели не бев на избирачкиот список поради тоа што личната карта и пасошот ми завршувале пред денот на изборите, така ми кажаа од подрачното одделение за правда (дали ова е доволна причина да ме избришат од избирачки список?). Се сликав за лк и ми беше кажано дека ДИК ќе ја дополнеле базата со податоците кои ќе ги земат од МВР неколку дена пред изборите. Од подрачното одделение не сакаа да ме внесат во избирачки список бидејќи лк ке ми била истечена неколку денови пред избори, а на денот кога сакав да поднесам барање мојата стара лична карта сеуште беше важечка (и важеше уште 15 дена после тоа).
    Денеска проверив, ме нема повторно на избирачки список. А за изборите кои не се одржаа во јуни, бев на избирачки список. Значи во овие неколку месеци ме избришале...... Не бев ни на списокот за фантоми..... Како е можно да ме избришат? Дали погоре цитираните членови од изборниот законик се точни..... Бидејќи ако се, тогаш единствено по нечија пријава би можеле да ме избришат..... ама кој е правниот основ? Ако реално нема основ, дали можи да се поднеси тужба против ДИК, до подрачното одделение за правда бидејќи службеничката не сакаше да го проследи барањето иако имав важечка лична карта..... Дали воопшто некој би можел да одговара за оваа работа?
     
  2. Ireal

    Ireal

    Член од:
    12 март 2009
    Мислења:
    11.490
    Допаѓања:
    5.354
    мислам дека се оди компјутерски, тужи го тој што ја направил програмата
    ( алгоритамот), т.е. не ги предвидел овие моменти... А порано на Денот пред избори, во сабота, по експресна метода се вадеа исправи ... но се ова не и се допажаше на опозицијата, па нели дури предлагаа и СИТЕ да се избришат од Избирачки список и наново секој да се пријавува ??
     
  3. silmarillion

    silmarillion Гостин

    Во 21ви век земја територијално во Европа дебатира на тема дсли може да знае некој како гласаш и има manual видео како се гласа и со какво пенкалце.

    Зборувај ми за doing business и колку сме напредни.
     
    На Dallas Mavericks и Ilumious им се допаѓа ова.
  4. ohrid66

    ohrid66

    Член од:
    11 октомври 2014
    Мислења:
    886
    Допаѓања:
    445
  5. Toma

    Toma Антист

    Член од:
    22 април 2014
    Мислења:
    2.636
    Допаѓања:
    1.013
    Не е баш така, во ИО има 5 члена од кој барем по 1 (официјални) од СДСМ и ВМРО, плус секоја партија може да има свои членови како наблудувачи и секој што ќе виде неправилност ќе може да ја запише во записникот/дневникот, доколку не му биде дозволено на некој член да даде забелешка, тој може да ја достави до ОИК.
    Сите ливчиња се носат во ОИК и можат да се вештачат подоцна и да биде утврдено дека се прецратувани и да се поништи гласањето.

    Имам роднини и пријатели кој биле во ИО и што ми имаат кажувано, во тој дел речиси не можат да се прават нерегуларности, а да не бидат откриени.

    Во врска со администрацијата, таму и нема што да и се закануват, самите си знаат дека доколку се смени власта има шанси да летаат од работа, ако се мисли на комуњарите, таму би можело да има притисок, јас познавам неколкумина кој веќе се продадоа (уште пред неколку месеци), кај оние закоравените комуњари не помага ништо и таму не се ни обидуваат.

    Онаа со обратно превиткувањето мислам ми е смешно, не се работи на тој начин, си има друга шема на купување/плаќање
     
  6. pistol

    pistol

    Член од:
    1 септември 2014
    Мислења:
    625
    Допаѓања:
    606
    Резултатите од гласањето на затворениците и болните и изнемоштени лица не може никој да ги знае, бидејќи тие избирачки ливчиња се ставаат во црвен коверт и се носат на избирачкото место каде тие лица гласаат. Нивното броење ќе започне утре по 19 часот.
     
  7. silmarillion

    silmarillion Гостин

    Зарем не постои основ за кривична за некој што дава макар и лажни податоци од избори?
     
  8. lans

    lans

    Член од:
    6 април 2005
    Мислења:
    2.960
    Допаѓања:
    3.095
    glasajte efikasno denes?
     
  9. Xibalba

    Xibalba Punctum vivimus

    Член од:
    24 јануари 2012
    Мислења:
    5.703
    Допаѓања:
    10.136
    Каде може да се провери колкава била излезноста во дијаспората вчера?

    @kano
     
    Последно уредено: 11 декември 2016
  10. Feisty

    Feisty

    Член од:
    1 декември 2014
    Мислења:
    1.419
    Допаѓања:
    2.607
    Берлин 44% читaв нa либертaс
    Не знaм зa другите
     
  11. Xibalba

    Xibalba Punctum vivimus

    Член од:
    24 јануари 2012
    Мислења:
    5.703
    Допаѓања:
    10.136
    Мислев на некој поозбилен извор, како ДИК и слично
     
  12. ohrid66

    ohrid66

    Член од:
    11 октомври 2014
    Мислења:
    886
    Допаѓања:
    445
  13. Mister No

    Mister No

    Член од:
    5 ноември 2012
    Мислења:
    1.681
    Допаѓања:
    3.610
    Ова не е “наводно“....
    Барем на прошлите избори сите членови имаа инструкции да гласаат до некој период ( мислам дека беше 10 часот), потоа до 13 ( или 14 часот ) требаше да гласаат лицата што секој член ги напишал на список.
    Потоа, од секое избирачко место, од евиденцијата кој гласал, се доставуваше информација до кол центарот што го имаше во секој штаб, во секоја населба, од каде се гледаше кој од списокот не е излезен и му се јавуваше на секој член да ги притиска “неговите“ сигурни гласачи. Дополнително се организираше и превоз, или со приватни возила на членови на кои им се плакаше гориво, или со бесплатно такси, само да се донесат лугето на гласање.
     
    На Almeida му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Xibalba

    Xibalba Punctum vivimus

    Член од:
    24 јануари 2012
    Мислења:
    5.703
    Допаѓања:
    10.136
    Сега ја гледав госпожата од ДИК на вести, кажа 35% излезност во половина од гласачките места во дијаспората што ги избројале. Со екстраполација може да се добие дека има 7-8 илјади излезени од 20к пријавени, или во превод 1 пратеник од дијаспората наместо 3.
     
    На Almeida му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Goldie

    Goldie Гостин

    Мислам дека треба минимум 5-6к гласови за една партија за пратеничко место, така да од дијаспората најверојатно ќе нема пратеници што е одлично за почеток.
     
    lans, NewForce, Almeida и на уште 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Затворена за нови мислења.

Сподели преку: