Гласање и избори - се што треба да знаете за вашите права и одговорности во изборниот процес!

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
11 март 2015
Мислења
1.117
Поени од реакции
982
во изборнит закон не е стриктно наведено фиксна адреса како услов !! за право на гласање... јас не гледам каде е прецизирано; а тие со двојно државјанство ( и кај нас ама и во други држави) ги пријавува некој на адреса во државата за да извадат лични документи.... но во принцип има нејаснотии и дубиози... имам, роднина што е иселен од пред 30години во друга ехЈу република, пред 20 години зема лк и мк пасош, на фиктивна адреса во Скопје, а се навоѓа на избирачки список од тогаш, а не живее тука...има доста такви...
Диаспора со право на глас е друго, тоа се луѓе трајно иселени од тука во подалечни држави а што добиле наше државјанство.
А во принцип не гледам зашто треба да се врзува право на глас за фиксна адреса, имаше во весници случај од Чаир, еден човек што се развел и жената го избркала, живее во својата кола, со друга жена исто избркана.
А како во УСА многу често менуваат живеалиште, не се врзуваат со купување недвижнина туку изнајмуваат и често менуваат адреса, спрема работата .... и нема таму проблеми со гласањето, освен ако им ја бутнеме ние чивијата :cenzura:
Патем, неодамно НДМ тужеше за фалсификување на пописот од 2002 !!
Прво глас на дијаспората се однесува и на граѓани кои што се привремено на работа во странство така да не е само за иселени.
Второ ако правото на глас не се врзува со постојана адреса на живеење тогаш на кое избирачко место јас ќе гласам? Или како ми прдне мене таму...или на двете?
Трето кажав за бездомниците тие си се пријавуваат во социјалните центри и таму им се средува се.
Четврто во САД се регистрира секое преселување на жителите бидејќи таму склучуваш договор за изнајмување на простор. Плус изборниот систем не е како кај нас, така да врска нема тоа што го збориш.
Петто не може во избирачки список да има некој, кој што не живее тука ама да има фиктивна адреса и да си гласа на тоа избирачко место. Си постои евиденција и за тие луѓе и си има процедура.
Шесто правото на глас не треба да се врзува со државјанство туку со место на живеење затоа што иако некој не е државјанин на РМ а живее тука него директно го интересираат политичките случувања и директно го засегаат. Затоа и се бунам за гласањето на дијаспората.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.941
Поени од реакции
17.196

Врзување на право на глас со живеење во едно место е неуставно. ( гласаат и затвореници и војници и работници на теренски работи, па и овчар што е со овците в планина има право на глас). Освен тоа не само во УСА, секаде се луѓето во движење, а кај нас никој не се пријавува и одјавува, а и да се пријавува и одјавува пак нема некој критериуми. По закон битно е само формално да имаш лична карта, а не се врши контрола дали си таму. А пред 40 години имаше казнување од полиција кога ќе контролираат по станови и ќе утврдат дека не се води некој на адресата по лична карта. Но денес имаме масовни преселби внатре во државата, краткотрајни вработувања, стари луѓе од проивинцијата повремено доаѓаат во Скопје да чуват внуци, други пак во летните месеци го напуштаат Скопје по 4-5 месеци,. Дури млади луѓе одат во летниот период на рабопта во странство по 2-3 месеци, а студенти во УСА и на 6 месеци па никој не вадел други документи, мислам дека не се ни одјавуваат....
 
Пријател ај вака да дискутираме.
Уставот вика дека сите имаат право на глас. Како ќе се оствари тоа право на глас се определува со закон. Законот вели дека затворениците гласаат во затворите еден ден пред изборите и нивните гласови се впишуваат во изборната единица и изборното место каде што се наоѓало нивното последно место на живеење(пошто и тие живееле негде пред да бидат затворени).
Војниците (бидејќи сега имаме професионална војска) си гласаат на избирачко место, освен оние кои се на должност во недела (доколку има такви кои се на 24 часовна должност) а тие си гласаат во касарните. Останатите си е дома и си идат да гласаат на избирачко место.
Работниците на терен ретко кои работат во недела сигурно не работат 12 часа на ден. Доколку работат тоа е прекршување на законот за работни односи, останатите кои работат помалце си се враќаат дома и си гласаат, или пак доколку им се дозволи да гласаат на работно место (што не верувам дека се случило), нивните гласови се запишуваат во изборната единица и избирачкото место според местото на живеење.
По закон не е само формално да имаш лична карта, туку истата да е важечка со точни податоци (меѓу кои и место на живеење), затоа и кога вадиш лична карта потпишуваш дека сите дадени податоци се точни, доколку не се кривично одговараш.
Тие што се на привремен престој во странство (како студентите на work and travel), можат да гласаат во амбасадите и конзулатите на Македонија во тие држави доколку ги има.
И разграничи што е место на престој (за тие со краткорочни вработувања, чување внуци и слично), а што е место на живеење! Неможе ја ако сум отишол на одмор во Тунгузија за време на избори мене државата да ми овозможи право на глас затоа што мене така ми текнало. Сите си гласаат на избирачкото место определено со деловникот за работа на ДИК.
И последно мора да се врши контрола на тоа кој каде живее, бидејќи покрај правото на глас сите имаме други права и обврски. Што ако мојата лична карта вели дека јас живеам во Карпош, а ја всушност живеам во К.Вода, а притоа направам некој криминал или пак сум сведок на некој криминал? Како полицијата ќе успее да ме пронајде за да сведочам или бидам осуден?
Затоа малце ти се безвезе ставовите и тврдењата, многу убаво се знае што е право на глас и како тоа се остварува, кај нас што ништо од тоа не се почитува за партиите да добијат на избори (зборам за сите партии во РМ кои биле на власт пробале да направат некоја ваква мучка), тоа е веќе друга работа.
Затоа никогаш во Македонија немало ФЕР и ДЕМОКРАТСКИ избори, баш од овие причини, а посебно не во последниве 10тина години!
 
небитно е каде се гласа, јагмата се направи со локалните избори , борба за центар, а всушност проблемот е што дозволивме држава во држава... со децении не беше воопшто битно кој е градоначелник, тоа како поим почна од пред 25 години да добива важност
 
http://www.libertas.mk/и-на-адреси-на-функционери-од-кичево-и-р/
Пандорината кутија можеби ќе се отвори, но ова се легални мкд државјани, ова е пи*кин дим спрема десетици илјади , наводно и 150000 жители на Косово, кој незаконски добиле МКД државјанство , само врз основа што се родени во Клинички Центар во Скопје, а каде за време на СФРЈ ги носела брза помош да се породи. Башка што има и многу луѓе кој за време на СФРЈ се иселија во други Ју републики, а кој од средина на 90-тите земаат мкд државјанство, ама и мкд пасош. Јасно е дека Двоен државјанин има само едно пребивалиште, другото е формално, се пријавува формално кај друго физичко лице.
Ако сега другата страна ги отвори овие предходниве двојни државјани, ќе испадне дека сите избори од средина на 90-тите се нелегални, а треба да сносат одговорност и луѓе што делеле незаконски државјанства ; само ќе добиеме затрупување на управните судови и Сјо, односно малку поголем проблем со Избирачкиот список , а може да се појави потреба и за промена на Уставот, практично ќе се одложат изборите 1 година.
Посебно да нагласам едно е диспора, луѓе иселени поодамна во далечни држави, друго е луѓе кој пред 15-20 години се иселиле во европски држави но ги задржале имотите и доваѓаат секоја година во МКД, (ова ќе биде проблем и со пописот)
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Од денеска па натаму на избори смеете да кршете и полнете кутии.Ќе ве аболицира Хорхе
http://www.libertas.mk/мнозинството-во-уставен-суд-дозволи-п/
Темава е сериозна и треба да се однесува само на правата и одговорностите на гласачот во изборниот процес.
За Уставниот суд има тема за СЈО и бомбите каде се дискутира.
Не ја контаминирајте оваа тема и дискутирајте само за информации поврзани со ова. Се останато ќе биде избришано.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.941
Поени од реакции
17.196
http://www.libertas.mk/и-на-адреси-на-функционери-од-кичево-и-р/
Пандорината кутија можеби ќе се отвори, но ова се легални мкд државјани, ова е пи*кин дим спрема десетици илјади , наводно и 150000 жители на Косово, кој незаконски добиле МКД државјанство , само врз основа што се родени во Клинички Центар во Скопје, а каде за време на СФРЈ ги носела брза помош да се породи. Башка што има и многу луѓе кој за време на СФРЈ се иселија во други Ју републики, а кој од средина на 90-тите земаат мкд државјанство, ама и мкд пасош. Јасно е дека Двоен државјанин има само едно пребивалиште, другото е формално, се пријавува формално кај друго физичко лице.
Ако сега другата страна ги отвори овие предходниве двојни државјани, ќе испадне дека сите избори од средина на 90-тите се нелегални, а треба да сносат одговорност и луѓе што делеле незаконски државјанства ; само ќе добиеме затрупување на управните судови и Сјо, односно малку поголем проблем со Избирачкиот список , а може да се појави потреба и за промена на Уставот, практично ќе се одложат изборите 1 година.
Посебно да нагласам едно е диспора, луѓе иселени поодамна во далечни држави, друго е луѓе кој пред 15-20 години се иселиле во европски држави но ги задржале имотите и доваѓаат секоја година во МКД, (ова ќе биде проблем и со пописот)
еве ќе наиде уште еден проблем со Избирачкиот список, а кој е тргнат веќе 2 недели од интернет...
Имено, поради промена на називи на улици, имаше и одлука да се укине улица ама не и дава ново име туку се шири друга улица. Најголемата глупост е што новите дополнителни броеви на улицата што се шири ги доделуваат на постојните броеви, т.е. ги менуваат броевите Едно време запраа, ќерката менуваше лична карта и дадоа нова со стариот број ( а таков број е даден сега на зграда на другиот крај на улицата)... по некое време и синот менуваше лична карта, ама нему му дадоа со нов број. Во катастар по ИЛ сме по старите броеви. Сега ќе има каракаша, со ист број и број на стан ќе фигурираат некаде и по 2 фамилии.
Значи, по мене треба да се предвиди во Избирачките спискови за едно Избирачко место да бидат подредени избирачите (од еден реон) не по адреса туку по ЕМБГ. Битно е да се провери дека некој не е 2х запишан, не мора да се подредени еден под друг по број на станови и адреса. Кога ќе дадеш лична карта да не те бара во списокот по адреса туку по ЕМБГ. А пак нека бидат списковите на избирачи групирани по адреси, т.е. на едно избирачко место да ги имаат списковите од адресите што потпаѓаат. Ако се оди по СТАРА адреса ќе имаат проблем тие со ЛК со НОВА адреса...
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Иако веќе го има овој податок во првиот пост, сепак еве едно потсетување. Сите коишто сакаат да проверат дали ги има во избирачкиот список, тоа можат да го направат тука.

Воедно прочитајте го и овој текст, бидејќи е исто така важен и зборува за вашите права:
Граѓаните може да проверат дали ги има во избирачкиот список на интернет

Ако ве мрзи, еве ги главните податоци:

„Состојбата на податоците во објавениот Избирачки список е заклучно со 1-ви декември 2015 година.“

„Секој граѓанин има право да поднесе барање до ДИК да не биде објавена неговата адреса во Избирачкиот список од безбедносни причини, а барање за тоа граѓаните може да поднесат до подрачната канцеларија на ДИК според местото на живеење.“

„Доколку при ваквата проверка на Избирачкиот список се утврди дека некој граѓанин не е запишан во Избирачкиот список или дека треба да се изврши запишување, дополнување на податоци или бришење на податоците кои ги содржи Избирачкиот список, секој граѓанин има право да поднесе барање до подрачното одделение на ДИК. Ваквото барање граѓаните треба да го поткрепат со соодветна документација.“
 
2-3 недели го немаше...Но не е конкретен, проблем се куќните броеви !!! Ќе има проблем на Гласањето, таму ќе бидат измешани граѓаните со нови броеви во личните карти и со стари броеви... ќе има гужва и хаос... кој каде да гласа... барем за нас што ни се земени куќните броеви...
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
2-3 недели го немаше...Но не е конкретен, проблем се куќните броеви !!! Ќе има проблем на Гласањето, таму ќе бидат измешани граѓаните со нови броеви во личните карти и со стари броеви... ќе има гужва и хаос... кој каде да гласа... барем за нас што ни се земени куќните броеви...
Ова можеш да го средиш. Треба само лично да отидеш до најблиското подрачно одделение на ДИК, со лична карта и документација и тие ќе го средат проблемот, односно ќе ги усогласат сите несогласувања.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.941
Поени од реакции
17.196
Ова можеш да го средиш. Треба само лично да отидеш до најблиското подрачно одделение на ДИК, со лична карта и документација и тие ќе го средат проблемот, односно ќе ги усогласат сите несогласувања.
не е само до мене, доста згради и влезови ома така, грешката е во промена на куќен број, најглупава работа, се зема бројот и се дава на друга зграда во улицата...а исправи кара каша...
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
не е само до мене, доста згради и влезови ома така, грешката е во промена на куќен број, најглупава работа, се зема бројот и се дава на друга зграда во улицата...а исправи кара каша...
Па ти можеш да отидеш за себе, или пример неколку претседатели на куќни совети од таа населба или место нека отидат до подрачното одделение на ДИК и нека најават дека има проблем и забуна, за да се знае што ќе се прави. :) Не е толку комплицирано, ќе се изнајде решение, но мора однапред да се каже.

Сигурна сум дека ќе има решение и може да се реши проблемот, дали ќе се водат според претходно или ќе се направи исправка, сигурно ќе се реши. Ако им биде посочено. :)
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.941
Поени од реакции
17.196
Па ти можеш да отидеш за себе, или пример неколку претседатели на куќни совети од таа населба или место нека отидат до подрачното одделение на ДИК и нека најават дека има проблем и забуна, за да се знае што ќе се прави. :) Не е толку комплицирано, ќе се изнајде решение, но мора однапред да се каже.

Сигурна сум дека ќе има решение и може да се реши проблемот, дали ќе се водат според претходно или ќе се направи исправка, сигурно ќе се реши. Ако им биде посочено. :)
сега проверив, СРЕДЕНО е, иако сме дома некој на стар број некој на по нов, сите сме на исто гласачко место...Но глупоста на општините со земање куќен број и давање на друг објект е факт, а не само што отвара проблеми за Изб.Список, многу полоши проблеми ќе има со поштенски пратки, достави на сметки, можам да замислам и извршителски заврзлами...
 
D

deli

Гостин
Само што проверував на кое гласачко место треба да гласам и по пребарувањето по улица/број на листата на мојата адреса освен ние четри души што сме си дома има на списокот и други две имиња регистрирани на избирачкиот список што се водат на нашата адреса WTF!

Побарајте дали има и на ваша адреса ваква ситуација бидејки ова мене ме шокираше сега.

http://izbirackispisok.gov.mk/Search.aspx?type=address
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Само што проверував на кое гласачко место треба да гласам и по пребарувањето по улица/број на листата на мојата адреса освен ние четри души што сме си дома има на списокот и други две имиња регистрирани на избирачкиот список што се водат на нашата адреса WTF!

Побарајте дали има и на ваша адреса ваква ситуација бидејки ова мене ме шокираше сега.

http://izbirackispisok.gov.mk/Search.aspx?type=address
Сите прашања поврзани со права и одговорности поврзани со изборниот процес поставувајте ги тука, да не се расплинуваме на милион места.

Инаку, утре отиди во подрачното одделение на ДИК и пријави го случајот, би требало да го средат тоа.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom