Гласање за изгледот на новата фасада на Владата на РМ

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
„Боже“ колку глупава анкета, и уште колку поглупави предлози..
И не можам да поверувам како народов, онака мазохистички, сака да му го пикаат в газ, а тој онака ретардирано да манифестира нешто што подоцна ќе го нарече среќа.

Но, по она што го видов на сајтот на „Владава“ не е поентата околу анкетата, и околу предложените идејни решенија, туку проблемот е што на анкетата каде што треба да се гласа и искаже став за понудениот предлог (нормално веќе досадно сервиран со глупава античко-барокна архитектура, и солидарно понудена слика на изгланцана старо-нова фасада), како понудени опции стојат 5-те предлози и плус еден одговор „не знам - нема одговор“..
Прашање- а каде е она -„ниту еден“? Некој таму не сакал да го пише, се плашел да го пише, не смее да има „ниту еден“? Па нели демократија бе, човекови права, транспарентност, македонштина, чесност, искреност 24/7 и слични гомнарии?


Оваа анкета е типична маска, позади која се кријат слабаци и патетични луѓе...

Но, проблемот е што дозволуваме да бидеме вклучени во една ваква игра на илузии што ни се нудат. Не лаги, затоа што, како што велат, на лагата и се кратки нозете, а денес и онака нема некоја јасна дистинкција што е лага, а што вистина (говорам за суштината на анкетата), туку илузија, - да му понудиш нешто некому да верува, без оглед на тоа дали во изборот има нешто што сака или не, важно е да верува во изборот! Тоа ти е како Киндер Јајце (Kinder surprise), никој не те прашува дали го сакаш или не, но она Surprise на етикетата менува се - 32 денари што треба да ги дадеш, тенко чоколадо, што никад нема да те засити, а 50 ќе ти се истопи в раце, и ретардирана играчка, без апсолутно никаква функција (само моментална неодредена насмевка).

Така и анкетава - се е тоа гомнарија, булшит, дркање, прерано свршување - илузија.

И пред да ме прогласат некои форумџии овде за СДСмовец, одма да кажам дека токму и тие лажни левичари од СДС, ќе почнат со истата реторика, како и претходно, дека ова е антиквизација, се трошат државни пари за џабе, транспарентност и сли сл.. Ко демек тоа ќе го реши проблемот! Е не го решава!

... а луѓево гласаат... - море ти се серам на се тоа...

П.С. Забележете ги само добро од една страна, предлозите со „античко-барокна“ архитектура, и предлозите со модифицираната „старо-нова“ фасада. Првиве се поколоритни - поживи, додека вториве се со некое сивило, неодредени бои, прост и едноставен административен комплекс.
Е сеа пратете ги гласовите од анкетата, а прочитајте ги добро и изјаснувањата на некои од форумџииве овде.
Игра на сетила - нормално, никој не се занимава со суштината на анкетава и со гупостите во кои веруваме (а сум сигурен во кои веруваат и анкетарите и оние од Владата и опозицијата, затоа што тоа мислење не е некој си заговор - побогу таков е нивниот „интелектуален“ став!), туку им се препуштаме на сетилата, кои патем речено не` лажат. (Ефект на Киндер јајце - убаво скапувано, добра реклама, но тенко чоколадо, кое лесно се топи в раце и дебилна играчка). Добиваш малку чоколадо, но затоа голем „комодитет“ играчка... Што би се рекло Less is more! Е во нашиов случај, ние како граѓани, ништо не добиваме, ниту со анкетата, ниту со идејните решенија, но она што го добиваме е илузија на комодитет. „Еве транспарентни сме, тоа што граѓаните ќе изберат, тоа ќе биде“, а во суштина веќе е избрано (веќе некој ја изработил играчката). Па оттука и кај народот едно чувство дека „учествувал во нешто“ - Less is More.... Ова е чиста идеологија, или во најмала рака понудена и сервирана идеологија.

А кога ќе се присетам, а-пропо анкетариве и анкетава погоре, сите фрлаат дрва и камења по „комуњарите“ и „комунизмот“ (без страница да прочитаат).. ццц какви пацери...

Да не се дообјаснувам мислам дека ќе ме сконтате што сакам да кажам - во секој случај со оваа додавка се обидувам да ја разгланцам јасната слика за БУЛШИТОТ.
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.814
Како и да ја направат,битно да има добри агли,за луѓето да имаат кај да вршат нужда во време на зорт.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Мерка за бавно отварање на страна - една Кајгана (1 Ka) , потоа за уште побавно една Форум Кајгана (1фКа = 1.000 Ка). И на крај страната на влада на РМ (1 ВРМ = 1.000 фКа = 1.000.000 Ка)
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
споро е ама го отвора.. закачени се изгледа многу гласачи.
Да бе да, масовно се закачија граѓаниве да гласаат за нова фасада.
Решени им се сите проблеми во животот, остана само дилемата за фасадата.
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
многу работат пустинските 24/7.. премногу барања, нарачки, тендери.. па и серверот има душа (и ми цигани имамо душу!) :)
 
S

stefi

Гостин
Грујо е во дилема! Сега е право време да му помогнеме...
 

TheIks

Fork & spoon operator
Член од
1 октомври 2007
Мислења
712
Поени од реакции
469
Цел проект го направија без да прашат нешто или да прифатат бар една единствена критика, сега прашуваат за нивната зграда. :facepalm:
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Сеа и страната не ја отвора. Ало, информатичари во владата, не туку дремете по форуми и фејсбуци за по цел ден да си ја фалите партијата, направете нешто. Ете, сега ќе го изгубите мојот глас за бр.1 оти сте многу ажурни.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Според мене требало да има опција на Анкетата „НИЕДНО решение не ми се допаѓа„.
Затоа ако се одлучите овде да направите анкета би замолел да го има и овој одговор како опција.
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
АНКЕТА: Идејни решенија за реконструкција на постојната фасада на објектот на Владата на Република Македонија

Почитувани граѓани,

Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија објави оглас за изнаоѓање на идејно архитектонско решение за реконструкција на постојната фасада на објектот на Владата на Република Македонија кој вклучува обновување, репарација и санација на прозорците и фасадата.

На огласот, согласно Законот конкурираа пет понудувачи, кои понудија решенија.

Од причини што се работи за проект и решенија кои беа надвор од Програмата за работа на Владата, која беше усвоена од Собранието на Република Македонија, ние сметаме дека овие решенија или потребата од истите, треба да биде дадена на финална оценка и потврда од страна на граѓаните. Таа оценка ќе биде од значајна корист и за стручната комисија при натамошните постапки.

Ве молиме да се произнесете на следново прашање во врска со проектот.

Кое од понудените идејни решенија најмногу Ви се допаѓа и е соодветно да се реализира во периодот од 18 месеци?

5 предлози,видео за секој предлог...



>> ГЛАСАЊЕ<<

Е, море Цитро, си слушнал ти за поголемо срање?
Од вакви работи ми иде вените да си ги скинам со заби и од шести кат да рипнам главачки у базен полн пирани!

Не е битно што нашиот високопоштован граџанин е апсолутна безгласна буква, никој и ништо, нула која не може ни слободно да прдне без да плати некоме за тоа-ама битно е што владата го СЛУША кога треба да се бира фасада...за Влада!
Не е битно што ТОЈ е неприметлив кога треба да добие нешто што му следи по закон, а не може без да (пот)плати за тоа-нашиот идиотски менталитет пати за внимание: битно е да те чујат во емисија во живо, битно е да дадеш мислење за СК2014 на ТВ; еј, ако сакаш можеш јавно да го опцуеш и преЦедателот...битно е да си мислиш дека учествуваш во решавање на некои битни работи, кои прават да бидеш и самиот многу битен (и важен, еден и единствен и неповторлив). Тоа му кажале (на нашиот високопоштован гласач) дека било демократија и демоктратски. Што е најчудно, иако никој не му кажал, самиот верува дека од битност и важност и космичко значење, може да живее...:вонзем:

Мене ми иде да плачам со вриштење!

Но, сеуште има надеж-Ја би предложила стручната комисија да почне стручно да си ја работи својата работа и во предвид да зима стручни мислења од поштовани стручњаци. Така таа (стручната комисија) ќе биде од значајна корист за општото добро и значајно ќе придонесе кон создавање на посветла (и постручна) иднина...
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.333
Поени од реакции
26.290
Јас би да личи на автентична македонска куќа, како кај енглезиве што личи на англиска.
10-downing-street-london.jpg
Да бидеме скромни, ако треба и лажно.

Инаку од овие, ако имаат пари нека го градат 1-вото, ако не 5-тото -- ми изгледа како поефтино и за него гласав.
 
Г

ГОЦ-К.О

Гостин
Првиот предлог изгледа океј..
Другите изгледаат како соби за тестирање видео игри..
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
И јас гласав за 5 ама кога го разгледав малку подобро морам да признам дека ми личи на Стамбен Блок во Германија. Првото решение не само што емногу комплицирано и претерано „наџиџено„ туку ни формата ни пропорциите на сегашните објекти не одговара на овој вид на архитектура. Останатите предлози не се за коментирање така да единствено што останува е повторен конкурс.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom