Гласање за изгледот на новата фасада на Владата на РМ

Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
Ако се сака може да се направи многгу лесно првиот да победи:D.Има време до летоска, нека се гласа, ќе има што маубет да прави народот.После и така ќе одлучи комисијата и нема да биде битно кој победил на анкетава
Се направи :)

Решение 1 31% (7557 гласови)
Решение 2 25% (6088 гласови)
Решение 3 23% (5581 гласови)
Решение 4 6% (1490 гласови)
Решение 5 14% (3388 гласови)
Не знам / Нема одговор 2% (575 гласови)
Вкупно: 24679
 
Член од
18 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
3.316
Aбе кој гомна се ова провладините медиуми видоа првиот предлог има 10 гласа предност и одма „Граѓаните се одлучија за барок“
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
753
Поени од реакции
583
Излези момче, право на тераса, и поздрави ја новата фасадаа :D

Пред 40 години се штедело оти бил повоен период, денеска се расфрламе и сме у филм како Тито да е уште жив :)
 

pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.530
Поени од реакции
2.195
Прво не би било лошо да им исплатат на работниците, па лозарите......па..........
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.571
И баба ми може да испроектира стил 500 години стар, а може и више...
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
15.863
Поени од реакции
7.542
Колку е очигледно дека администраторот на анкетата ја наместено од авион се гледа :icon_lol:.
--- надополнето: 28 јануари 2012 во 14:08 ---
Инаку ова не е барок претходно римјаните ги граделе вака градбите, пред нив вавилонците и најевероватно и сумерците :icon_lol:.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.208
Поени од реакции
5.167
Уште една потврда дека Македонија е пренаселена со дебили...................
 
Член од
26 февруари 2007
Мислења
366
Поени од реакции
10
Сите прават што помодерни градби, и ги модернизираат стариве. Кај нас само Барок се форсира, ептен грдо ми изгледа предлогот бр. 1
 
S

Sagan

Гостин
Па добро бе, бива ли...?

Овие од влада одамна заборавиле дека народот им дал доверба да управуваат со нивните пари

и се фрлиле у филм дека се кралеви и принцеви од седумнаести век.

Како тргнало, може да очекуваме едно утро кога ќе се разбудиме, да чуеме дека некој се самопрогласил за македонски крал...
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.670
Поени од реакции
4.202
Ех тој Барок,не сум против градење треба да се гради да заличи градот на метропола европска но не со Барок,Барокот е добар ако го имаш одамна па како културно наследство вака да се прави фејк згради е катастрофа треба модерно нешто но ајт тоа е тоа,барем се гради.
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339
И официјално - Владата ќе добие барокна фасада!

Стручната комисија, која вчера и денеска ги разгледуваше петте понудени решенија за изгледот на фасадата на Владата, за кои граѓаните имаа можност да гласаат на сајтот на Владата, денеска донесе одлука за откуп на решението под реден број 1, изведео во барокен стил, но, не додели прва, втора и трета награда.

Во тек е втората фаза на проектот, изработка на основен план, во кој како консултант е побарано да учествува и авторот на објектот на Владата, архитектот Петар Муличковски.

Автори на откупеното решение се архитектите Жарко Чаушевски, кој воедно е автор на новата управна зграда на ЈП „Водовод и канализација“ и Филип Богатинов, по чиј проект се реализираше партерното уредување на пешачката улица посветена на Тоше Проески, во населбата Ново Лисиче.
ГМВ
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
645
Супер, сега наредно е да се облече пастирот како францускиот крал и да шета така напудрен со перика по влада.
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
2.247
Поени од реакции
5.074
И официјално - Владата ќе добие барокна фасада!

Стручната комисија, која вчера и денеска ги разгледуваше петте понудени решенија за изгледот на фасадата на Владата, за кои граѓаните имаа можност да гласаат на сајтот на Владата, денеска донесе одлука за откуп на решението под реден број 1, изведео во барокен стил, но, не додели прва, втора и трета награда.

Во тек е втората фаза на проектот, изработка на основен план, во кој како консултант е побарано да учествува и авторот на објектот на Владата, архитектот Петар Муличковски.

Автори на откупеното решение се архитектите Жарко Чаушевски, кој воедно е автор на новата управна зграда на ЈП „Водовод и канализација“ и Филип Богатинов, по чиј проект се реализираше партерното уредување на пешачката улица посветена на Тоше Проески, во населбата Ново Лисиче.
ГМВ
Оваа т.н. стручна комисија С нема од стручност. Ако веќе се враќаат во времето што не ја направат владава налик пештера таман ќе доликува на државичкава.
 
На врв Bottom