Ги баталувам цигарите!

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Колку глупи примери.

Кола возат сите, а гинат тие кои возат ненормално, или гинат невини од некој што вози ненормално.
А од цигари, гинат сите.
И од смртта гинеме сите :) Кој останал вечен :toe:

Инаку и јас ги откажав моите цигари, пушев малборо сега пушам давидоф :) (лажам, не се откажувам јас од моите црвени другарчиња)
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
ако е веќе така....ти еве на школо втора или трета година си...место да купваш јадење на школо земи си од дома во едно ќесе па парите шо ке си ги собериш ке си купиш и фармерки и кошула....макар шо оваа споредба веза нема со то јас шо го кажав во првиот пост али кога веќе почна....мене поентата ми беше дека ако не ги потрошиш за цигари ке одат за нешто друго...така да пак истите пари ке ги трошиш....
Да де, исти пари идат на нешо далеку по паметно и по исплатливо..
 

kapetan

Не сум дебел. Стомакот ми е 3D!
Член од
4 октомври 2008
Мислења
966
Поени од реакции
535
Колку глупи примери.

Кола возат сите, а гинат тие кои возат ненормално, или гинат невини од некој што вози ненормално.
А од цигари, гинат сите.
а па ова колку е паметно од тебе шоооо...ми се приојде во ВЦ....не ти препорачувам да читаш шо пиши на нив...пошо глеам погрешно си се поучил....,,ПУШЕЊЕТО МОЖЕ ДА УБИЕ`` хахах.... и од нормално возење на кола се гини.....не знајш шо ке се деси....а иначе на крај сите умираме не само тие шо пушат!!а.... тогаш кажи ми тие шо не пушат цигари како гинат?како добиваат рак?....како ги добиваат болестите??како умираат??јас не велам дека не ја зголемуваат можноста за добивање на болести...ама ако е веќе до то...та пушел та непушел...пак ке си има и рак и било друго шо знам шо....така да можи секој да си кажи како шо му одговара...а дали е така то или не.....
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.929
На мои години ретко кој не пробал цигара, барем еден дим.Јас сум еден од ретките што не пробале, и год сум на тоа:)
Нема ни да пробам, не ми претставува никакво задовлство пушењето.Околу мене отсекогаш имало пушачи, и знам што се тргале најблиските мои луѓе од тие проклети цигари.Кој е во мои години и е во дилема да почне или не-НИКАКО!Подоцна ќе бидете среќни заради тоа:)
Јас не сум пробал и јас сум горд за мене цигарите се најглупо нешто што постои на планетава ем плаќаш ем ти носи штета тие 50 денари на ден што ќе ги двам за цигарите боље некој сок и чоколада да си купам 10 пати подобро.Секоја чест за оние што не пушат.
 

m.marko21

-STR8-
Член од
16 мај 2008
Мислења
1.177
Поени од реакции
75
Kapeten никој не може со сила да те натера да се откажеш од цигарите, тоа е твое лично право.И примерите што ги кажуваш ти навистина не ти се на место :wink: зошто во животот ништо не е сигурно, но едно е јасно дека со цигарите самиот ти се труеш (а во некои случаи и тие покрај тебе на кои им го наметнуваш тоа)што во никој случај не би рекој дека е добро и за тебе, а и за останатите.
За тоа што викате дека 50 денари секако ќе ги потрошиш во еден ден размисли дали е подобро тие пари да одат на цигари со кои си го нарушуваш своето здравје и физичка кондиција или густи сок (на пример) со кој си го подобруваш здравјето.
И кој рекол дека е тешко што викате вие на ваша возраст која што сте сега да не препушите, кој може со сила да ви наметно нешто !
Јас никогаш не сум пробал и сум немал ни потреба да пробам цигари :toe:
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Ги баталив цигарите,не пушев 2 месеца...
И се зезнав пак пропушив :tapp: :tapp: :jaj:
 

kapetan

Не сум дебел. Стомакот ми е 3D!
Член од
4 октомври 2008
Мислења
966
Поени од реакции
535
Kapeten никој не може со сила да те натера да се откажеш од цигарите, тоа е твое лично право.И примерите што ги кажуваш ти навистина не ти се на место :wink: зошто во животот ништо не е сигурно, но едно е јасно дека со цигарите самиот ти се труеш (а во некои случаи и тие покрај тебе на кои им го наметнуваш тоа)што во никој случај не би рекој дека е добро и за тебе, а и за останатите.
За тоа што викате дека 50 денари секако ќе ги потрошиш во еден ден размисли дали е подобро тие пари да одат на цигари со кои си го нарушуваш своето здравје и физичка кондиција или густи сок (на пример) со кој си го подобруваш здравјето.
И кој рекол дека е тешко што викате вие на ваша возраст која што сте сега да не препушите, кој може со сила да ви наметно нешто !
Јас никогаш не сум пробал и сум немал ни потреба да пробам цигари :toe:
можи не ми се на место примерите вистина..си признавам..шо ми дојде то кладов ама па и дека само пушачите умираат....не знам...!иначе кај првото болдирано шо е од тебе....ако на некој му смета то шо јас пушам можи комотно да не ме дружи..јас со сила никој не држам...а + во првото болдирано викаш дека јас му наметнувам...а во второто викаш дека никој ништо не можи да ви наметни.....или џа или бу...:):smir:
Заборајв на Мистичен да му кажам дека ја има поддршката и од мене иако сум пушач....цигарите не ја карактеризираат личноста во ниеден случај едно да е јасно....
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
Тешко да ги баталам..но пушам само кога сум со друштво.....
 
S

SSS-Stolica

Гостин
На мои години ретко кој не пробал цигара, барем еден дим.Јас сум еден од ретките што не пробале, и год сум на тоа:)
Нема ни да пробам, не ми претставува никакво задовлство пушењето.Околу мене отсекогаш имало пушачи, и знам што се тргале најблиските мои луѓе од тие проклети цигари.Кој е во мои години и е во дилема да почне или не-НИКАКО!Подоцна ќе бидете среќни заради тоа:)
И јас сум горд на ова...Инаку за тие што сакаат да се откажат од цигарите, и ако имаат вистинска желба им помаган многу за да успеат да се откажат од нив...ама досега џабе подржка сум давал, нема резултат...
 
B

Blacks

Гостин
Ќе ги оставам сега кога на цената на моето родео меко ке стават уште +25 денари... е тогаш ептен ќе бидат луксуз и нема да можам да си ѓи дозволам... Иначе пушам по 2 кутии дневно, ни помалку ни повеќе...
 
Член од
13 октомври 2005
Мислења
525
Поени од реакции
47
КРАТКА ПСИХОЛОГИЈА НА ЦИГАРИТЕ И КАКО ДА СЕ БОРИТЕ ПРОТИВ НИВ

Православната Христова Црква е полна со искуства од сите овие 20 века, борба на луѓето против злото, и што е многу добро, сето тоа се запишува и грижливо се чува.

Еден проблем со кој се соочуваат луѓето денес се и цигарите. Еве една

КРАТКА ПСИХОЛОГИЈА НА ЦИГАРИТЕ И КАКО ДА СЕ БОРИТЕ ПРОТИВ НИВ

Пушењето е страст... порок... и ова ќе ти го зборува човек кој минал низ (друг вид на) страст, значи планирам да ти зборувам од лично искуство, а не од претпоставки и од прочитано по книги...

Најпрво, знаејќи го погубното влијание на страста, треба да се има СИЛНА ЖЕЛБА да се откажеш од неа.
Срцето е срцевина на личноста, темел на личноста!
Секој подвиг на сите нас (од најмалиот до најголемиот подвиг) почнува во срцето.

Друг орган на душата кој е одговорен за спроведување на добрите желби е волјата.
Имено, срцето како срцевина на личноста е двигател на дејствувањето на сите органи на душата.
Ако ти е душевното срце доволно јако, тогаш сето она што ќе го посакаш во срцето, ќе се реализира во твојата личност.


Значи, следен орган на душата кој треба да го активираш, тоа е волјата.
Треба да имаш цврста волја, а тоа значи: секогаш кога ќе ги видиш цигарите - заобиколи ги! Секогаш кога ќе ги допреш - избегни ги! Секогаш кога ќе ти се јави силна потреба да запалиш - одолеј им.
Ако не можеш ти, тогаш нека ти работат инстинктите.


Често пушачите не знаат што да прават со дланките, па затоа сакаат да имаат некој предмет за да им се “мота“ низ прстите, па за несреќа тоа во доста ситуации е цигарата.
Имено, често тие не можат да претпостават што би правеле со рацете кога не би имале цигара во нив... И за тоа има решение: играј си со било каква бројаница (а би било најубаво да имаш Православна бројаница... мислам на онаа која е строго наменета за молитва, па со неа да се молиш: “Господе Исусе Христе, Сине Божји, помилувај ме мене грешниот/грешната“), или пак чепкај го часовникот или играј си со мобилниот телефон, или пак играј си со пенкало, со алка околу раката, или со било кој предмет...


Многу е важно дека ако одолееш на страста неколку пати, потоа веќе ќе чувствуваш олеснетост.

Исто така, од искуство на еден мене добро познат човек кој ги остави цигарите, знам дека нему му успеа со тоа што тој после операција во моментите кога чувствуваше силна желба да запали, знаеше да си стави во уста едно бомбонче “Негро - оџачар на грлото“. Иако долгогодишен пушач, тоа му беше помош при откажувањето од цигарите во прво време, а потоа му помогна да искашлува и да ги прочисти белите дробови.

Друго,... страста знае едно време да се “повлече“... пробај да ги насетиш таквите моменти кај себе и да ги искористиш, за времето во кое желбата за цигара не те измачува да го пополниш со нешто кое многу повеќе ќе те исполнува личносно од цигарата, па можеш, на пример: да слушаш музика, да излезеш да прошеташ, да изгледаш некој убав филм или да читаш книга, да седнеш и да направиш некој разговор со некој човек или било што... сето тоа со цел да не мислиш на цигарата.
Избери нешто кое е ДОВОЛНО СИЛНО за да ти го одвлече вниманието и мислите од цигарата...

Бидејќи цигарата бара консумирање во одредени временски интервали и периоди (20 минути, пола саат, еден саат...) бидејќи така е запишано во умот, со тоа што ќе и’ одолееш на таа секвенца на моменти во кои треба да запалиш, умот ќе ја “подзаборави“ желбата за цигара и колку повеќе избегнуваш да запалиш, толку повеќе умот заборава.

На крајот, сети се на сите грди слики со последиците кои ги предизвикува пушењето, и уште повеќе на тоа дека сето тоа може да ти се случи тебе и обиди се да се ставиш во таква ситуација дека имаш, на пример, рак на белите дробови или некоја од тие... одвратните болести... со цел да ти се згадат цигарите и ЕДНАШ ЗА СЕКОГАШ ДА ИМ КАЖЕШ “ЧАО ЗА СЕКОГАШ!!!“

Конструктивно е за цело време додека се откажуваш од цигарите да ги гледаш овие грди слики и постојано и постојано и ПОСТОЈАНННННННОООООООООО да се ставаш со умот во таква грда ситуација за да ти биде постојано пред очите твојата темна и одвратна иднина доколку продолжиш да пушиш цигари.
Но, исто така е конструктивно - интензивно и активно да чувствуваш како на пример мириса убаво телото и кожата и косата кај оние кои не пушат, колку пријатно им мириса здивот на малини, јагоди, ментол... колку се убави, силни и здрави и како им е кондицијата многу добра, како можат да трчаат со стотици метри без да се задишат, да возат велосипед и ролерки без да се задишат, како можат да одат на планина и да ја искачуваат без проблем со дишењето, и потруди се да забележиш како убаво изгледаат во очите на луѓето оние кои не држат цигара во рака и како им е удобно на оние кои седат во нивното друштво.

Значи, се’ почнува од силната желба, која прераснува во цврста намера за да на крај се реализира во дело! Потребно е АКТИВНО и НАМЕРНО да ги активираш и да ги задвижиш сите органи на целиот твој личносен организам (и на телото и на душата) и цело време АКТИВНО и КОНСТРУКТИВНО да дејствуваш и да се бориш и да ја бараш поддршката од оние кои ти се во близина во тие кризни моменти кога ОЧАЈНО БАРАШ цигара. Резултатот од твојата активност ќе биде сигурно позитивен!!



Пред да го вдишете првиот дим на цигарата имате неколку можности да се откажете од намерата:

- Треба да станете и да појдете до кутијата со цигари. Ако не станете - блазе Вас!
- треба да ја отворите кутијата. Ако не ја отворите - блазе Вас!
- треба да ја извадите цигарата. Ако не ја извадите - блазе Вас!
- треба да ја наместите цигарата меѓу прстите. Ако не ја наместите - блазе Вас!
- треба да ја принесете цигарата до уста. Ако не ја принесете - блазе Вас!
- треба да ја ставите цигарата меѓу усните. Ако не ја ставите - блазе Вас!
- треба да ја земете запалката. Ако не ја земете - блазе Вас!
- треба да ја приближите запалката до цигарата. Ако не ја приближите - блазе Вас!
- треба да чкрапнете за да се запали огнот од запалката. Ако не чкрапнете - блазе Вас!
- треба да вдишете смрт! НЕЕЕЕЕЕМММММООООООЈЈЈЈЈТЕЕЕЕЕ!!!! Ако не вдишете - блазе Вас!

Ако вдишете - тешко Вас!!! Ѓаволот нестрпливо трие раце и едвај Ве чека во својот пекол, кој се случува уште тука на земјата и во овој живот!

Многу убаво знам што се тоа слабости и немам намера да осудувам ниту еден пушач. Ова Ви го зборувам најљубовно и најљубезно - без ронка осуда!

ГОСПОД ДА ВИ ДАДЕ СИЛА НА СИТЕ КОИ САКАТЕ ДА СИ ГО РЕШИТЕ ПРОБЛЕМОТ СО ЦИГАРИТЕ!!! АМИН!!!
 
Член од
13 декември 2007
Мислења
2.409
Поени од реакции
428
Пушач сум веќе 6 години, безмалку 7.
Не сум некако константен, ама нити сум се откажал во целост. Се дешава да пушам по 1,2 на ден, ама и по кутија ипол на ден.
Лани успеавме со цимерите сите заедно да се откажеме, и траеше едно 5-6 месеци без цигара, АМА шо кур им текна еден ден идат пак со кутија, испити имале, стресови, ово оно, и јас пак се вратив на старата песна.
 
R

RAYTHEON23

Гостин
И јас ги откажувам, веќе 11 дена сум без нив :)
како успеја жити се...јас сега лула земав...ете немам цигари и се трујам од лула дај помагај...и ја пробав...неможам-ме кине-психоза.....опсесија не можам,овај немам намера да ве демотивирам ама тешко тешко
само еден совет до оније кои не запалиле НЕМОЈТЕ ГАДНО КЕ ЈА УТНЕТЕ И КЕ ИМАТЕ ВЕЧЕН НЕДОСТАТОК НА ВИТАМИНИ глупа кожа...катастрофа...срам за човекот рептилизам...:toe:

да имав шанса втора немаше да потегнам дим верујте:nenene::nenene:
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.034
Јас пушев 15 години со многу голема љубов:toe:. Вистински ги сакав цигарите и уживав, никогаш не ми се десило да заборавам цигара во пепелник или од навика да запалам... Не зборам за light варијанти, јас бев загрозен случај, пушев Gitanes без филтер, цигарелоси и слично...
Кога јас можев да ги оставам, верувам дека сите можат.

Најбитен совет од мене е: најлесен начин е да пресечеш. Ако кризираш, запали цигара, по дим/два изгаси ја.
Престани да купуваш цигари за почеток, ќе се срамиш да бараш постојано.

Јас многу ретко сега кризирам (освен пред еден месец на еден состанок кога ме понудија со мои цигари и не можев да одбијам), веќе 6 месеци издржувам и мислам дека нема да пропушам.

Треба да сте спремни дека ќе се здебелите, сето тоа е шок за организмот. Јас се зезнав поприлично бидејќи почнав масовно да купувам ф'стаци и други хранливи замени за цигари...

Сега интензивно возам точак :turn:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom