КРАТКА ПСИХОЛОГИЈА НА ЦИГАРИТЕ И КАКО ДА СЕ БОРИТЕ ПРОТИВ НИВ
Православната Христова Црква е полна со искуства од сите овие 20 века, борба на луѓето против злото, и што е многу добро, сето тоа се запишува и грижливо се чува.
Еден проблем со кој се соочуваат луѓето денес се и цигарите. Еве една
КРАТКА ПСИХОЛОГИЈА НА ЦИГАРИТЕ И КАКО ДА СЕ БОРИТЕ ПРОТИВ НИВ
Пушењето е страст... порок... и ова ќе ти го зборува човек кој минал низ (друг вид на) страст, значи планирам да ти зборувам од лично искуство, а не од претпоставки и од прочитано по книги...
Најпрво, знаејќи го погубното влијание на страста, треба да се има СИЛНА ЖЕЛБА да се откажеш од неа.
Срцето е срцевина на личноста, темел на личноста!
Секој подвиг на сите нас (од најмалиот до најголемиот подвиг) почнува во срцето.
Друг орган на душата кој е одговорен за спроведување на добрите желби е волјата.
Имено, срцето како срцевина на личноста е двигател на дејствувањето на сите органи на душата.
Ако ти е душевното срце доволно јако, тогаш сето она што ќе го посакаш во срцето, ќе се реализира во твојата личност.
Значи, следен орган на душата кој треба да го активираш, тоа е волјата.
Треба да имаш цврста волја, а тоа значи: секогаш кога ќе ги видиш цигарите - заобиколи ги! Секогаш кога ќе ги допреш - избегни ги! Секогаш кога ќе ти се јави силна потреба да запалиш - одолеј им.
Ако не можеш ти, тогаш нека ти работат инстинктите.
Често пушачите не знаат што да прават со дланките, па затоа сакаат да имаат некој предмет за да им се “мота“ низ прстите, па за несреќа тоа во доста ситуации е цигарата.
Имено, често тие не можат да претпостават што би правеле со рацете кога не би имале цигара во нив... И за тоа има решение: играј си со било каква бројаница (а би било најубаво да имаш Православна бројаница... мислам на онаа која е строго наменета за молитва, па со неа да се молиш: “Господе Исусе Христе, Сине Божји, помилувај ме мене грешниот/грешната“), или пак чепкај го часовникот или играј си со мобилниот телефон, или пак играј си со пенкало, со алка околу раката, или со било кој предмет...
Многу е важно дека ако одолееш на страста неколку пати, потоа веќе ќе чувствуваш олеснетост.
Исто така, од искуство на еден мене добро познат човек кој ги остави цигарите, знам дека нему му успеа со тоа што тој после операција во моментите кога чувствуваше силна желба да запали, знаеше да си стави во уста едно бомбонче “Негро - оџачар на грлото“. Иако долгогодишен пушач, тоа му беше помош при откажувањето од цигарите во прво време, а потоа му помогна да искашлува и да ги прочисти белите дробови.
Друго,... страста знае едно време да се “повлече“... пробај да ги насетиш таквите моменти кај себе и да ги искористиш, за времето во кое желбата за цигара не те измачува да го пополниш со нешто кое многу повеќе ќе те исполнува личносно од цигарата, па можеш, на пример: да слушаш музика, да излезеш да прошеташ, да изгледаш некој убав филм или да читаш книга, да седнеш и да направиш некој разговор со некој човек или било што... сето тоа со цел да не мислиш на цигарата.
Избери нешто кое е ДОВОЛНО СИЛНО за да ти го одвлече вниманието и мислите од цигарата...
Бидејќи цигарата бара консумирање во одредени временски интервали и периоди (20 минути, пола саат, еден саат...) бидејќи така е запишано во умот, со тоа што ќе и’ одолееш на таа секвенца на моменти во кои треба да запалиш, умот ќе ја “подзаборави“ желбата за цигара и колку повеќе избегнуваш да запалиш, толку повеќе умот заборава.
На крајот, сети се на сите грди слики со последиците кои ги предизвикува пушењето, и уште повеќе на тоа дека сето тоа може да ти се случи тебе и обиди се да се ставиш во таква ситуација дека имаш, на пример, рак на белите дробови или некоја од тие... одвратните болести... со цел да ти се згадат цигарите и ЕДНАШ ЗА СЕКОГАШ ДА ИМ КАЖЕШ “ЧАО ЗА СЕКОГАШ!!!“
Конструктивно е за цело време додека се откажуваш од цигарите да ги гледаш овие грди слики и постојано и постојано и ПОСТОЈАНННННННОООООООООО да се ставаш со умот во таква грда ситуација за да ти биде постојано пред очите твојата темна и одвратна иднина доколку продолжиш да пушиш цигари.
Но, исто така е конструктивно - интензивно и активно да чувствуваш како на пример мириса убаво телото и кожата и косата кај оние кои не пушат, колку пријатно им мириса здивот на малини, јагоди, ментол... колку се убави, силни и здрави и како им е кондицијата многу добра, како можат да трчаат со стотици метри без да се задишат, да возат велосипед и ролерки без да се задишат, како можат да одат на планина и да ја искачуваат без проблем со дишењето, и потруди се да забележиш како убаво изгледаат во очите на луѓето оние кои не држат цигара во рака и како им е удобно на оние кои седат во нивното друштво.
Значи, се’ почнува од силната желба, која прераснува во цврста намера за да на крај се реализира во дело! Потребно е АКТИВНО и НАМЕРНО да ги активираш и да ги задвижиш сите органи на целиот твој личносен организам (и на телото и на душата) и цело време АКТИВНО и КОНСТРУКТИВНО да дејствуваш и да се бориш и да ја бараш поддршката од оние кои ти се во близина во тие кризни моменти кога ОЧАЈНО БАРАШ цигара. Резултатот од твојата активност ќе биде сигурно позитивен!!
Пред да го вдишете првиот дим на цигарата имате неколку можности да се откажете од намерата:
- Треба да станете и да појдете до кутијата со цигари. Ако не станете - блазе Вас!
- треба да ја отворите кутијата. Ако не ја отворите - блазе Вас!
- треба да ја извадите цигарата. Ако не ја извадите - блазе Вас!
- треба да ја наместите цигарата меѓу прстите. Ако не ја наместите - блазе Вас!
- треба да ја принесете цигарата до уста. Ако не ја принесете - блазе Вас!
- треба да ја ставите цигарата меѓу усните. Ако не ја ставите - блазе Вас!
- треба да ја земете запалката. Ако не ја земете - блазе Вас!
- треба да ја приближите запалката до цигарата. Ако не ја приближите - блазе Вас!
- треба да чкрапнете за да се запали огнот од запалката. Ако не чкрапнете - блазе Вас!
- треба да вдишете смрт! НЕЕЕЕЕЕМММММООООООЈЈЈЈЈТЕЕЕЕЕ!!!! Ако не вдишете - блазе Вас!
Ако вдишете - тешко Вас!!! Ѓаволот нестрпливо трие раце и едвај Ве чека во својот пекол, кој се случува уште тука на земјата и во овој живот!
Многу убаво знам што се тоа слабости и немам намера да осудувам ниту еден пушач. Ова Ви го зборувам најљубовно и најљубезно - без ронка осуда!
ГОСПОД ДА ВИ ДАДЕ СИЛА НА СИТЕ КОИ САКАТЕ ДА СИ ГО РЕШИТЕ ПРОБЛЕМОТ СО ЦИГАРИТЕ!!! АМИН!!!