Гитара (почетник)

Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
Дечки, знам дека некаде на интернетот имаше ставено една програмка со акорди од македонски песни (за странски не знам дали имаше) и се викаше Песнарка 3.0. Со оглед на тоа што на интернет сега не може да се најде, доколку некој ја има може ли да ми ја прати програмката, ќе му бидам многу благодарен. ;)
Ја има на Кајгана гарант. Барај во програмирање текст акорди и ќе ти ја даде како резултат.
 
Член од
2 јули 2007
Мислења
236
Поени од реакции
172
Ја има на Кајгана гарант. Барај во програмирање текст акорди и ќе ти ја даде како резултат.
Направив како што ми рече, али не успеав да ја најдам.

http://www.scribd.com/doc/38625193/Pesnarka

Oваа да не ја бараш? Каква е таа програмка со акорди?
Знам за тоа друже, али ова што го барам е програма. Вака отприлика изгледа.
 
Член од
16 април 2012
Мислења
108
Поени од реакции
22
Направив како што ми рече, али не успеав да ја најдам.

Знам за тоа друже, али ова што го барам е програма. Вака отприлика изгледа.
Навистина добро нешто!!
ако ја најде некој обавезно да ја постира :cuc:
 
Член од
24 февруари 2013
Мислења
29
Поени од реакции
6
Здраво.
Дали има некоја продавница за гитари во Штип?
Ви се молам побрзо одговорете за утре ми е.:(
 
Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.660
За почетник добра ли е оваа гитара Washburn WD10?

Цена видов 7.900 денари на оваа страна www.artist.com.mk

Вреди ли гитарава и дали е добра за почетник, Ја има некаде во Скопје што може да се купи и за колку?
 
AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.899
Поени од реакции
11.230

Оваа дури е и предобра за почетник мислам.
Но јас би ти препорачал да земеш класична акустична гитара, со најлон (пластични) жици не со метални. Полесно е за прстите, најлон жиците се помеки, а прстите ти се тебе меки и треба да ти се укрутат, со овие жици подолго ќе можеш да свириш. Металните се многу потврди и потешки за стискање, а тебе прстите ти се уште меки и ненавикнати на тој напор. Пред неколку години мислам дека во истата продавница имаше Washburn класични акустични и беа околу 5000 денари. На класични позаебано е што вратотот е подебел и баре акордите се потешки за фаќање отколку на вестерн гитарите (како оваа на сликата). Но, ако научиш на класичната да свириш после на другите гитари ќе леташ. Немора да значи дека оваа ако ја земеш ќе згрешиш, само ќе ти биде многу потешко за вежбање. Јас би идел со класична акустична со најлон жици, па здравје понатаму кога ќе ги укрутиш прстите и научиш да свириш песни ако сакаш можеш да идеш и на друга варијанта на гитара.
 
Indigo

баниран/а
Член од
8 септември 2012
Мислења
763
Поени од реакции
414
За почетник добра ли е оваа гитара Washburn WD10?

Цена видов 7.900 денари на оваа страна www.artist.com.mk

Вреди ли гитарава и дали е добра за почетник, Ја има некаде во Скопје што може да се купи и за колку?

Јас би одел со некоја слична но да е со cutaway, и да не е класична како што ти препорача AceCaleb. Не ми се свиѓа тонот со најлон жици ама баш ич. А ако те болат прстите можеш да си ставиш потенки жици (9ки/10ки)... Во секој случај земи некој поискусен со тебе да ја пробате, бидејќи секоја гитара може да има некоја фабричка маана, крив врат и слично..
 
Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.660
Фала и на двајцата, може да ми препорачате некоја вие пошто стварно не се разбирам, и да ми кажете на кое место може да се купи во Скопје, фала :)
 
AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.899
Поени од реакции
11.230
Индиго е во право за звукот, металните жици секако имаат поѕвонест и пофин гитарски звук, но и најлонот си имаат своја душа и примена. Како и да е, советот беше за почеток, понатаму можеш да си земеш и подобра и поскапа гитара. Мислам како за прва гитара не треба да дадеш повеќе од 100тина евра, а со cutaway гитарите се поскапи и се претежно акустични-озвучени (да можеш на појачало да ја приклучиш). Ќе звучи глупаво ама и од кинеската може да се најде добро парче што ќе се погоди за евтини пари. Другаров што е подобар и поискусен свирач од мене, зема вестерн гитара со метални жици (со cutaway) за 2000 денари пред 6-7 години и ја утепа од користење, гајле нема. Но ризик е, може да ти се погоди и фалш. Најубаво како што спомна Индиго, оди со човек што се разбира и има искуство и ќе завршиш работа.
 
Indigo

баниран/а
Член од
8 септември 2012
Мислења
763
Поени од реакции
414
Фала и на двајцата, може да ми препорачате некоја вие пошто стварно не се разбирам, и да ми кажете на кое место може да се купи во Скопје, фала :)

Види 2 гитари што се ист модел може да се разликуваат, поготово овие ефтиниве.. Треба сам да си пробаш да си осетиш...
Провери, Yamaha Do-Re-Mi (кај мтв), Intergros (или таканаречената кинеска продавница) (на плоштад), Artist (незнам како да ти објаснам, види на фејсбук страната мислам имаат таг на Google Maps) и MIMIMUZIKA во капиштец.
За тие пари и немаш некој избор... Јас лично би одел со половна гитара од reklama5... ем поефтино ќе си пројдеш ем веќе ќе има грепки такада за секоја наредна „грепка“ што ти ќе ја направиш нема да ти се крши срцето како кога би купил нова. Секако тоа не значи дека не треба да бидеш внимателен...
Работи на кои треба да внимаваш:
-Прав врат (пушка! не смее да има никакво искривување)
-Акција/висина на жиците (братучед ми си купил гитара со 1cm оддалеченост на жиците од фретбордот, невозможно е да се свири асално)
-Интонација (за ова треба малку повеќе да пишувам, во кратки црти гитарата треба да даде чист прецизен тон без разлика дали свириш на крајот или на почетокот на вратот)
-Fret Buzz (Кога почнав да свирам зуењето ми беше огромна демотивација... Ми идеше да ја треснам гитарата од земја)

Има уште многу работи на кои треба да обрнеш внимание. Во секој случај ако одиш сам да купуваш веројатноста дека нема да се заебеш е многу мала..
НЕМОЈ ДА ОДИШ САМ!
 
Член од
17 јануари 2013
Мислења
5
Поени од реакции
0
Здраво на сите,
сакам да почнам да свирам со гитара, па може ли некој совет каква гитара би купил и на што би посветил внимание на почетокот.
Благодарам за одговорт.
--- надополнето: 31 јануари 2014 во 17:47 ---
Здраво на сите,
сакам да почнам да свирам со гитара, па може ли некој совет каква гитара би купил и на што би посветил внимание на почетокот.
Благодарам за одговорот.
 
Fiend

смут џезер
Член од
29 март 2012
Мислења
947
Поени од реакции
1.074
Какво мислење имате за Fender cd60? Не сум ја видел сеуште но таква ми е у план да купам. Која е разликата помеѓу полуакустична и акустична гитара, освен озвучувањето?
 
Indigo

баниран/а
Член од
8 септември 2012
Мислења
763
Поени од реакции
414
Какво мислење имате за Fender cd60? Не сум ја видел сеуште но таква ми е у план да купам. Која е разликата помеѓу полуакустична и акустична гитара, освен озвучувањето?

Нема нешто такво како полу акустична. Можеби некои луѓе гитарава како на сликава би ја нарекле полу акустична. Дрвено парче од напред, пластично заоблено од позади.

Разликата помеѓу обична акустична и “електро“-акустична или озвучена- акустична е во тоа што на озвучената гитара има pick-up (магнет) внатре во гитарата и можеш да ја приклучиш во миксета/појалачо кога би свирел во бар/кафана/концертна сала/whatever.
 
Fiend

смут џезер
Член од
29 март 2012
Мислења
947
Поени од реакции
1.074
Нема нешто такво како полу акустична. Можеби некои луѓе гитарава како на сликава би ја нарекле полу акустична. Дрвено парче од напред, пластично заоблено од позади.

Разликата помеѓу обична акустична и “електро“-акустична или озвучена- акустична е во тоа што на озвучената гитара има pick-up (магнет) внатре во гитарата и можеш да ја приклучиш во миксета/појалачо кога би свирел во бар/кафана/концертна сала/whatever.
Абе знам за тоа, и напоменав освен озвучување дали има и друга разлика. Дали е помека, по тивка, подобар звук... Тоа ми беше прашањето. Гитара не се купува секој ден, така да треба да се земе добро парче.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom