Фала и на двајцата, може да ми препорачате некоја вие пошто стварно не се разбирам, и да ми кажете на кое место може да се купи во Скопје, фала
Види 2 гитари што се ист модел може да се разликуваат, поготово овие ефтиниве.. Треба сам да си пробаш да си осетиш...
Провери, Yamaha Do-Re-Mi (кај мтв), Intergros (или таканаречената кинеска продавница) (на плоштад), Artist (незнам како да ти објаснам, види на фејсбук страната мислам имаат таг на Google Maps) и MIMIMUZIKA во капиштец.
За тие пари и немаш некој избор... Јас лично би одел со половна гитара од reklama5... ем поефтино ќе си пројдеш ем веќе ќе има грепки такада за секоја наредна „грепка“ што ти ќе ја направиш нема да ти се крши срцето како кога би купил нова. Секако тоа не значи дека не треба да бидеш внимателен...
Работи на кои треба да внимаваш:
-Прав врат (пушка! не смее да има никакво искривување)
-Акција/висина на жиците (братучед ми си купил гитара со 1cm оддалеченост на жиците од фретбордот, невозможно е да се свири асално)
-Интонација (за ова треба малку повеќе да пишувам, во кратки црти гитарата треба да даде чист прецизен тон без разлика дали свириш на крајот или на почетокот на вратот)
-Fret Buzz (Кога почнав да свирам зуењето ми беше огромна демотивација... Ми идеше да ја треснам гитарата од земја)
Има уште многу работи на кои треба да обрнеш внимание. Во секој случај ако одиш сам да купуваш веројатноста дека нема да се заебеш е многу мала..
НЕМОЈ ДА ОДИШ САМ!