Гитара (почетник)

C

Crazy Diamond

Гостин
Оваа е супер како за почетник. И никогаш не е касно да почнеш. Поубаво да пробаш, отколку цело време да имаш желба а да немаш пробано. Ништо нема да изгубиш ако пробаш. Исто можеш да видиш и на старо некоја, само земи некој поискусен со тебе да ја проба, да не ја земеш за џабе. Поздрав! :)
 
Indigo

баниран/а
Член од
8 септември 2012
Мислења
763
Поени од реакции
414
You old? Ти пред малце си се откажал од млеко од цицка бе. Kids this days...
постар во однос на просечна возраст на која се почнува со гитара. Немој да бидеш таков негативец...
 
C

Crazy Diamond

Гостин
постар во однос на просечна возраст на која се почнува со гитара. Немој да бидеш таков негативец...
Па, јас не би рекол дека има некоја просечна возраст за почнување со свирење на гитара. Ако имаш желба и време, можеш да почнеш и на 20 години, па пак подобро да научиш да свириш од некој што почнал на 6-7 години.
 
Indigo

баниран/а
Член од
8 септември 2012
Мислења
763
Поени од реакции
414
Па, јас не би рекол дека има некоја просечна возраст за почнување со свирење на гитара. Ако имаш желба и време, можеш да почнеш и на 20 години, па пак подобро да научиш да свириш од некој што почнал на 6-7 години.
аха.. Ок, него да те прашам за препорака, за некоја друга гитара, во овој стил
stagg-g.jpg
 
C

Crazy Diamond

Гостин
аха.. Ок, него да те прашам за препорака, за некоја друга гитара, во овој стил
Прегледај го приврзокот 48768
Гитарите во тој стил се озвучени (можеш со кабел да ги уклучиш во појачало). Тие се поскапи од неозвучените. Јас би ти рекол да купиш прво некоја неозвучена, колку да ги научиш основните работи (акорди и слично), па после ако сакаш да продолжиш на акустична, да си земеш озвучена.

Види тука и тука.
 
Indigo

баниран/а
Член од
8 септември 2012
Мислења
763
Поени од реакции
414
Гитарите во тој стил се озвучени (можеш со кабел да ги уклучиш во појачало). Тие се поскапи од неозвучените. Јас би ти рекол да купиш прво некоја неозвучена, колку да ги научиш основните работи (акорди и слично), па после ако сакаш да продолжиш на акустична, да си земеш озвучена.

Види тука и тука.
Сега ме збуни, каква врска има достигањето до крајот или почетокот на вратот со озвучување? Погледни го тоа што го „заокружив“ во пеинт.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
Сега ме збуни, каква врска има достигањето до крајот или почетокот на вратот со озвучување? Погледни го тоа што го „заокружив“ во пеинт.
епа таа гитара што си ја ставил ти е озвучена. А околу тоа за достигањето на полињата...тоа и не ти врши којзнае колкава работа ако си почетник. Достапност до 15-то поле на акустика е и повеќе од доволно. Ако толку сакаш таква гитара, провери си во артист, јамаха или во гитар-хаус (последниве слабо стоеја со акустика).
 
Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.456
Поени од реакции
58.845

Пред некој ден поминав покрај Гитар Хаус и беше затворена, прозорците излепени со хартија, и најверојатно празна внатре.
Што е работата ? Се реновира, се сели, се затвара ?

А да си видиш ти во Интергрос ?
За ефтини пари ќе се земеш солидна гитара за почетник
Па ако недај боже, не биде од тебе гитарист, да не жалиш по парите :D

http://www.intergros.com.mk/muzicki_instrumenti/artikli/akusticni_gitari.html
 
Член од
16 април 2012
Мислења
108
Поени од реакции
22
Гитарите во тој стил се озвучени (можеш со кабел да ги уклучиш во појачало). Тие се поскапи од неозвучените. Јас би ти рекол да купиш прво некоја неозвучена, колку да ги научиш основните работи (акорди и слично), па после ако сакаш да продолжиш на акустична, да си земеш озвучена.

Види тука и тука.
Има гитари во тој стил и што не се озвучени,точно дека оваа на сликата е озвучена,но тоа што има зарез за да има достапност до повисоки тонови не значи дека мора да е озвучена
 
Indigo

баниран/а
Член од
8 септември 2012
Мислења
763
Поени од реакции
414
Има гитари во тој стил и што не се озвучени,точно дека оваа на сликата е озвучена,но тоа што има зарез за да има достапност до повисоки тонови не значи дека мора да е озвучена
Па убаво заокружив јас во пеинт на кој „стил“ да се обрне внимание, но не е битно. Ме интересира за овие од Интергос, некако многу ефтини делуваат? Дали се вистински гитари или играчки? И ако се вистински во кој поглед се осакатени за да се постигне таа цена?
 
C

Crazy Diamond

Гостин
Има гитари во тој стил и што не се озвучени,точно дека оваа на сликата е озвучена,но тоа што има зарез за да има достапност до повисоки тонови не значи дека мора да е озвучена
Прво пишав, па дури после ја видов убаво сликата. Ама сепак нема да му прави некоја голема промена ако е почетник. Не верувам дека толку многу ќе свири на тие полиња.
 
Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.456
Поени од реакции
58.845
Па убаво заокружив јас во пеинт на кој „стил“ да се обрне внимание, но не е битно. Ме интересира за овие од Интергос, некако многу ефтини делуваат? Дали се вистински гитари или играчки? И ако се вистински во кој поглед се осакатени за да се постигне таа цена?
Вистински гитари се

Тоа што цената им е ниска, најверојатно е затоа што се кинески, и не се викаат Фендер, Јамаха или незнам како... (добро, неможе да се споредат со нив) :)
 
Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.496
Ја би им го затворил дуќанот на Интегрос што прават лажна реклама као демек продаваа Фендери Ибанези. Ми се згади кога отиднав еднаш да ѕирнем што има. Ако има некој што познава надлежни за ова, нека им ги прати таму зошто не е фер на почетници да им продаваа ефтини глупави фалц гитари за 15. 000 денари. Не е човечки и етички.
 
Е да...таму ќе најдеш "Гибсон Ле Пол" за 250 евра, или "Стратокастер" за 200 евра...но треба да си глуп, и ептен да не се разбираш во гитари па да се излажеш на такво нешто :D
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
3
Поени од реакции
0
Upisi vo Enterprise.jpg
--- надополнето: 12 септември 2012 во 02:23 ---
Приемен ден, сабота 15-ти септември, од 12-14 часот.
Информации на 078-318-087 или на 070-230-886

Поздрав,
Тино
 
Kajgana Shop

На врв Bottom