Од све по нешто ама за кого и да гласаш исто ти доаѓа, исти курац различно пакување. Буквално промили разлика меѓу 99% од партиите.
ЦДУ/ЦСУ - корумпирани "конзервативци" со 16 години левичарски потези на власт, скандали ко профитирање од маски за време на ковид кризава итн.
СПД - корумпирани "социјалисти", Шолц во нормални политички околности ќе немаше кариера после скандалите од типот на Wirecard.
Зелените - шампањ социјалисти, буквално немам сретнато саглам човек што би ги гласал овие. Една ми збореше како белите луѓе треба да исчезнат, избришав тиндер после дејтов, не вреди ни секс со Хајди Клум во најдобри години за возврат да мора да го слушам ова. Замисли, оваа се кандидираше нешто во локална управа за Зелените...Главниот што им е на фракцијата во парламент, овој со долга мрсна коса му заборавив име, го видов излегува од мечка Ауди што ваљда троши повеќе енергија од 5 домаќинства, за истата седмица да го видам на ТВ како зборува за климатски промени
ФДП - либералите, да гласав ваљда за овие би гласал, некако најприземни ми стојат во повеќе сфери. Негативно е што се претенциозна маса на банкари, капиталисти, бизнис незнам шо - оток луѓе со други зборови...ако во друштво имаш некој што ги гласа овие, веројатно е типот што нонстоп вергла за крипто, гејмстоп shares и се замислува дека е Ворен Буфет во најава.
АФД - контраши во секоја сфера и прашање, the big bad во германската политика моментално. Мислам дека целта на партијава е да се удомат во парламент да си земат плата и донации, продуктивно нешто од нив нема да се случи. Никој не би коалицирал со нив. Партијата сама по себе е хаос, не се знае кој јаде кој пие. Од антиваксери и нацисти до разочарани конзервативци (види ЦДУ и 16те години левичарски потези) меѓу симпатизерите, со политика што вклучува излез од ЕУ итн.
Левите - леви во буквална смисла на зборот, непотребен тумор останат од Источна Германија, наследник на поранешните комунисти. Сакаат излез од НАТО, блиски до Русија ама истовремено имаат некои политики како ретардираното крило на Демократите во САД (истото важи и за Зелените). Ако АФД се крајна десница овие се крајна левица. Иронично, шефицата нивна (ако сеуште не е исклучена од партија) ми е една од најприземните политичари.
Кој и да биде во влада исходот ќе биде сличен со минимални разлики:
- повеќе внимание на клима (гарантирано пошто зелените ќе влезат во влада), што само по себе значи нови даноци (затоа што пола плата на данок + највисоки цени за струја итн во свет не се доволно)
- имиграцијата ќе продолжи да биде кучињата лаат караванот си врви...може само да се надеваме на систем како Канада и Австралија наместо и понатаму да се увезува шлајм на социјала
- најлоша бирократија и дигитализација како и секогаш. Озбилно, јавниот сектор е збир на неспособни пијавици, да не беше приватниот сектор државава ќе беше на ниво на МК. Во јули побарав термин, ми рекоа во последен квартал од 2021 ќе добиеш мејл за термин во 2022
- надолна линија во секоја сфера, од образование и здравство до се друго.
Да не ме сфати некој погрешно, сеуште е Германија светлосни години пред Балканот и 90% од светот, ама според мене линијата оди надолу. Кој и да е во влада трендот ќе продолжи.
Sent from my GM1913 using Tapatalk