Н
'Никола'
Гостин
Два великани во фудбалот. Две репрезентации кои заслужуваат ништо помалку од финале. Но, сепак мораат силите да си ги одмерат во 1/4 финалето, и само една да продолжи да ја претставува својата земја меѓу четирите најдобри.
Германија го почна овој Мундијал убиствено. Уште во првиот натпревар ја демолираа репрезентацијата на Австралија, и им дадоа до знаење на другите дека не смеат да ги отпишат во никој случај.
Во вториот натпревар иако со играч помалку храбро се бореа на терен, имаа многу шанси, но Србија ги однесе трите бода. Потоа со Гана, повторно ја покажаа надмоќноста, иако со победа од само 1:0, со играта покажаа дека се вратиле психички и дека не се откажуваат од титулата.
Во 1/8 финалната пресметка со Англија прикажаа повторно една надмоќност на теренот и убедлива игра и ги совладаа Англичаните со 4:1.
Аргентина групата ја помина релативно лесно. Ги собра сите можни 9 бодови и покажа дека нема туку така да се откаже лесно, иако на квалификациите беа на работ да не се квалификуваат, и не прикажуваа никаква посебна свежина во играта. Марадона докажа дека го консолидирал тимот, дека ги мотивирал, и дека не сакаат ништо помалку од титула.
Во првиот натпревар во групата ја победија Нигерија со 1:0, и со не толку убедлива игра, но доволна за трите бода. Веќе во вториот им покажаа на Јужна Кореја кој е кој и со резултат 4:1 ги демолираа. Тогаш Игуаин постигна хет-трик, што е реткост во завршниците на Светските првенства. И во третиот, со убедлива игра го совладаа нашиот јужен сосед и сосема заслужено со 9 бода завршија на првото место во групата.
Во 1/8 финалниот натпревар со Мексико, не беа толку убедливи во играта, иако победија со 3:1. Многу лесно можеа да се најдат во негатива со резултатот, ако фудбалерите на Мексико беа подобри во завршните удари, но и тоа е дел од фудбалот.
На минатиот Мундијал во истото ова 1/4 финале се најдоа овие две репрезентации една против друга. Тогаш Германците продолжија понатаму, совладувајќи ја Аргентина на пенали.
Годинава, заслужено или не, не е наше да кажеме, овие две повторно ќе си ги одмеруваат силите. Можеме само да кажеме да победи подобриот, и да се надеваме дека судиите нема да влијаат негативно на овој натпревар.