Франција е фаворит, ама ако има нешто добро е тоа што ваква утакмица нема да изиграат веќе.
Логиката на Јоги е дека одбраната зи заеба минатите турнири кога играа доминантно Германците, и сега пробува демек да ја среди. Кога играше Боатенг десен бек, а Хумелс во центарот изгледаше океј тоа. Хумелс одлично ја диктира таа одбрана, но вчера го стај дупката Мустафи и у исто време играше висока одбрана со дефанзивци што прв пат играат заедно, и така тоа изгледаше хаотично, што ми идеше да го дупнам телевизорот.
Дел беше од дупките Мустафи и Хеведес, дел од неиграњето на Хумелс. Видов вчера некој го критикуваше Боатенг, а коментарот рече дека бил спор.
Боатенг сите 4 позиции ги изигра годинава, од лев и десен бек, од десен централен бек и вчера лев централен бек. Боатенг е одличен дефанзивец, се виде вчера.
Исто е проблем што Германија нема деструктицев во составов. Швајни и Кедира неможат сами заедно да играат, пошто двајцата знаат да трчаат напред. Затоа мора Лам да игра, и тоа не е проблемот во репрезентацијата. Да беше Свен Бендер друго ќе беше.
Нападот е добар, 10 гола досега. Но како прво и многу битно кога ги критикувате Гетце и Озил, треба да се каже како играат сами во напад, нема поддршка од бековите никаква. Кое крило може така да игра?
Се на се, многу работи се поклопија да толкав пад во играта, дел од многу повредени играчи и ван форма, (Ројс, Гундоган, Бендер, Шмелцер), па и Швајни и Кедира се далеку од фит. Но факт е дека дури и послаби селекции од оваа на Германците стигале далеку.
За со Франција сакам да видам.
Нојер-
-Боатенг-Мертесакер-Хумелс-Дурм-
-Лам-
-Милер-Крос-Швајни-Озил-
-Клосе-
После светското се надевам на враќање на Ројс и Бендер, враќање на Лам десно, а Дурм и Јунг целосно да се интегрираат лево.