Љубчо Георгиевски е политички олдтајмер
Никаква нова балканска реалност за каква што сонува Љубчо Георгиевски на брегот на Черно Море нема да го вратат во „возна“ состојба. Војводата е олдтајмер. А олдтајмерите изгледаат егзотично, но се чуваат во гаража, како експонати на дострелите на едно одамна минато време.
Љубчо наш упорно се обидува да воспостави контакт со реалноста и на својата предавничка идеја за поделба на Македонија да и втисне некаков актуелен контекст. Ако Косово станело независно, Албанците ќе посакале Голема Албанија. Ако Косово се поделело, во Македонија пак ќе имало конфликт со Албанците. Тетово, Дебар и Гостивар биле апсолутно албански, Скопје и Струга биле пола албански, што чекаме? Ете, тоа се „аргументите“ со кои големиот албаномрзител го брани својот животен проект - Македонија да се подели меѓу Албанците и Бугарите.
Бранко ГЕРОСКИ