Генерален штрајк на СОНК

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
You make it sound so easy.
Само уште да видиш какви багабонти учеле во основни,а не во пак во средни училишта,ќе ти биде јасно дека ако нив професор им залепи бан,они би му залепиле бокс/нож во стомак.

Навистина би сакал да те однесам во Цветан Димов,и да им ги кажеш твоиве "факти" на професорите и учениците таму.
Или во Панајот Гиновски,а тоа е основно.


Какви медијатори сме значи ние,се знаеме да процениме од страна :wink:
Види Мац)), тоа што учат такви багабонти во основно/ средно, пола е кривица на професорите. Со мене во клас имаше едно 5-6 такви кои сега не ни одат во средно. Зошто не одат во средно? Епа затоа што прекардашиле и некој паметен им дал исписница. А истите тие во основно на часовите кај професорите кои знаеја како да си го оддржат часот беа тивки како бубачиња и дури имаа позитивни оценки. А кај професорите кои одеа на работа само колку да им помине денот, се срамам дури и да постирам што правеа.
А ако вршат притисок нивните родители, ги подмитуваат професорите, тогаш зошто професориве не пријават во МВР, Министерство за образование, што ли јас знам? Или па тоа им одговара:pipi:?

Цветан Димов рече? Мајката на класната моја е професорка таму. Философија предава. Како може ете, на нејзин час да е тишина? Затоа што жената знае да воспостави однос кон учениците и да го оддржи часот. И ја молат да биде класна, но таа е пред пензија и не може да се замара за такви работи.

И не изигрувам медијатор, напоменав дека имам просветен работник дома. :smir:
 

Oblivion

Matt Akisson
Член од
12 септември 2007
Мислења
3.526
Поени од реакции
128
Значи ништо ново, и утре нема да се учи? Или да чекаме на вестите да кажат? Оти да уште сега да си испланирам денот. :)
 
Z

ZeroStyle

Гостин
Корчагин што се моја генерација, викаат не идат додека не се реши што е како е. Ако нема настава, зошто да одам. Школо=Кафич? mwa
 
Член од
11 октомври 2008
Мислења
1.258
Поени од реакции
101
Jaс сега се видов со еден пријател од класот, тој бил имале само 1 час, онака си седеле и им рекле да не доаѓаат ни утре и на другите да им пренесат. :baeh::kez:
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Значи се би направиле само у школо да не се идело, каква фобија ве мава, страшна работа, дур и ви се чудам на паметта..
Мислите дека е многу поарно да се седи дома да се џаболебари, додека некој на политички план си игра играчки со вашата понатамошна надградба, учење, знаење? Знам дека сега не сваќате и дека ви е шит се што зборат повозрасните, ама верувајте еден ден ќе ви биде мака, ама баш за секој пропуштен школски час, се што сега имате, сета таа безгрижност, слобода никогаш нема да ви се врати, единствено се бара од вас да седнете и да читнете, да уклучите малку мозоците, а не само да ви служат како да го уклучите компјутерот и да сурфате, играте игрици, и просветава глумат лудила со плативе, се не им чини, се малку е, епа кога земале повеќе ај да ми одговорат?
Значи точно дека сакаме да не учиме и слично...ОК се согласувам со тебе...А кога ти си била средношколка претпоставувам многу си сакала да идеш во школо....И сама кажа дека овие работи ќе ги сватиме откако ќе станеме повозрасни...Тогаш си ги сватила и ти...Свесна си дека на тинејџер нешто против него волја што е неможеш да го разубедиш...
Втора работа, додека на политички план некој си игра со мојата иднина, што да правам јас? Да седнам во школо во празна училница, со едвај собрани 7 деца од цела генерација, и да чекам некој од професорите да влезе и да ми каже ИДЕТЕ СО НЕ ПРЕДАВАМЕ ДЕНЕС, НЕ ЗАПИШУВАМЕ, ТУКУ ШТРАЈКУВАМЕ...Која би била целта ако сега додека се штрајкува, јас одам во школо??Ќе изгубам од времето кое сум го испланирал за нешто друго....Можеби сега ќе кажеш дека ми е поважно да седам на форумов, но не е така... Додека сум дома, наоѓам време да читнам и нешо у врска со школото, пошо штрајкот утре може да заврши и ја да треба да идам у школо... Значи ова ми е мене продолжен викенд, во кој и те како користам време за учење...
И трета работа, кај никој од луѓево кои не сакаат да идат у школо не гледам фобија... Тој што се радува дека нема да прави тест утре, ќе го прави идната недела...А ако не научил за утре, нема да научи ни за следниот термин... Како и да е, не сме ние, поради кои не се одржува наставата....
Сакаш ли конкретен пример...Во мојата гимназија директорката рекла да се оди на часови денес, меѓутоа сите класни рекоа дека нема да има настава, да не одиме во школо за џабе...
Јасно ни е на сите дека ние сме политичките марионети, кои губат од знаењето, и наставата, меѓутоа кога професорите не се плашат ниту од заканите на владата дека ќе ги изгубат работните места ако не предаваат, што би можел јас како единец да направам...
И што е уште поинтересно, и да отидеме сите деца во школо, настава пак нема да има...
Овде се работи за барање кое неможе да се исполни поради Х причини...А не се работи за тоа дали на нас УЧЕНИЦИТЕ ни се оди или не ни се оди на часови...
 

Awake

б.
Член од
30 декември 2007
Мислења
3.198
Поени од реакции
2.628
Гладиус, потполно те подржувам.

Луси_лу ? Дај те молам, ова кога ке го чујам од постар како ми соли памет во врска со школо. Значи, гледајте си ја вашата работа, сите сте биле средношколци и немора да значи дека овде можете да ни кажувате како што треба и што не треба да правиме. Само провоцирате, а од паметни ни П нема да ви се види. Фобија од школо ? Ти се молам, ти едвај си сакала, си трчала да идеш во школо, не си пропуштила дополнителна настава и увек си била примерна и на ниво.. секоја чест.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
koe skolo?
mora da e nekoe vmrovsko... Inace zabranuvaat ko so sfativ na tv ,zaso ne smeela da se prekinue nastavata osim u nekoi ekstremni vondredni slucaevi kako epidemii i elementarni nepogodi, poso obrazovanieto e FUNDAMENT me sfakas :) Ne smeelo , najdoa tamu nekoja tacka od zakon . A pa Dojcin onadi , zbori deka ustavno pravo bilo i ke strajkale se dok ne dobijat prava. Denes kaj nas u skolo u Georgi Dimitrov prva smena tie so bile im rekle veke ni da ne doagaat dok ne cujat na vesti deka nastavata prodolzue i imale samo 15 min cas eden. Zatoa nie od 2ra smena ne ideme.
Доколку навистина беше така, доколку они стварно се беа загрижиле за образованието, пошо го сметааат за фундамент на општеството, немаше да дозволат да се дојде до ова ниво....Штрајкови и штрајкови и протести и растрганти ученици...Неколку поста погоре кажав дека овој проблем се влече подолго време, и ако они навистина беа загрижени за тоа што се случува, сега ќе си одевме во школо, со нормална настава, и со сите професори на работа....
И волкот сит, и овците на број...
А да, и заборавив да кажам...Штрајкот е дозволен вид на протест поради незадоволство на граѓаните...Така да никој не смее да го ускратува тоа право на глас на народот...
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Латас вика 50% од школите почнале да работат, Дојчин вика дека и тие што работеле се приклучиле на штрајкот...
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Види Мац)), тоа што учат такви багабонти во основно/ средно, пола е кривица на професорите. Со мене во клас имаше едно 5-6 такви кои сега не ни одат во средно. Зошто не одат во средно? Епа затоа што прекардашиле и некој паметен им дал исписница. А истите тие во основно на часовите кај професорите кои знаеја како да си го оддржат часот беа тивки како бубачиња и дури имаа позитивни оценки. А кај професорите кои одеа на работа само колку да им помине денот, се срамам дури и да постирам што правеа.
А ако вршат притисок нивните родители, ги подмитуваат професорите, тогаш зошто професориве не пријават во МВР, Министерство за образование, што ли јас знам? Или па тоа им одговара:pipi:?

Цветан Димов рече? Мајката на класната моја е професорка таму. Философија предава. Како може ете, на нејзин час да е тишина? Затоа што жената знае да воспостави однос кон учениците и да го оддржи часот. И ја молат да биде класна, но таа е пред пензија и не може да се замара за такви работи.

И не изигрувам медијатор, напоменав дека имам просветен работник дома. :smir:

Добро,зашто кај мене во основно јас имав 3ца пак,кои по карање со професор и неоправдан за нив,фино лепо професорот доби исписница.

Ама океј е,ти знаеш се,па имаш просветен работник дома.:pipi:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Добро,зашто кај мене во основно јас имав 3ца пак,кои по карање со професор и неоправдан за нив,фино лепо професорот доби исписница.

Ама океј е,ти знаеш се,па имаш просветен работник дома.:pipi:
Повторно ќе ти кажам, зошто професорот не пријавил дека му се закануваат и што не?

Еве, син му на Бранко Црвенсковски кај Ачкоска биологија и кај Олга хемија во ЈБТ на крај имаше двојка/тројка. А другите му беа 5ки. Зошто иако на совет ги притискале овие две професорки тие не поправиле оцени? Затоа што си знаат како да си работат. Поготово оваа првава, која внук и си го има избркано од школо. Пак ќе кажам, не е секој за професор.
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.840
Поени од реакции
20.317
Гладиус, потполно те подржувам.

Луси_лу ? Дај те молам, ова кога ке го чујам од постар како ми соли памет во врска со школо. Значи, гледајте си ја вашата работа, сите сте биле средношколци и немора да значи дека овде можете да ни кажувате како што треба и што не треба да правиме. Само провоцирате, а од паметни ни П нема да ви се види. Фобија од школо ? Ти се молам, ти едвај си сакала, си трчала да идеш во школо, не си пропуштила дополнителна настава и увек си била примерна и на ниво.. секоја чест.

Зошто толкав сарказам бе?! И да сум идела у школо и не сум пропуштила ни час, на вас човек ум да ви соли, па вонземјанин треба е, самите ваши професори истото го тврдат дека по „интелегентни“ генерации амин, несмееш да му речеш дека не е така, одма они се најсилни, најпаметни, врски, стрини вујни.. ма дај никој не се прај паметен, само сакав да кажам свое мислење и еден вид совет, ако не ти се бендисува терај по свое, си имаш родители, скраја било ја да ти берам гајле:smir:
 

goodman_91

Бубалица
Член од
2 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
29
Денеска отидов во школо и више не идам се додека не решат официјално дали штрајкот се прекинува или не..... распашана команда кај мене, едните викаат одете на настава други идете си дома, трети, или на настава или дома и сега појма неам што да правам, ама поверојатно е дека нема да идам...:toe:
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Јоу Џени,навистина ти ова ми го збориш?

Го знаеш муабетот,некој човек има израсток на главата,и му доаѓа друг,и прво прашање : Зашто не го исечеш?
Па тоа е прво и најочигледно нешто,зар тој нема помислено на тоа?

Зар со цело твое досегашно емпириско искуство ти мене ме прашуваш најочигледното прашање,кое очигледно прво сум го помислил јас,а сигурно е и прво нешто кое го помислил професорот?

Зар секогаш прашуваш очигледни работи,потценувајќи ги луѓето?

Зашто?
Бидејќи некогаш мора да сфатиш дека не е се мед и млеко,бидејќи гледањето од страна ги прави работите,лесни,едноставни и чисти.

Ќе ти одговорам зашто,преку друга приказна.
Моја професорка по физика од средно,ужасно ги малтретираше учениците.
Во втора и трета,сепак,никој не превзема ништо.
Ќе прашаш зашто не сме ја пријавиле?!

Па секако:)

Мажот и работеше во министерство,и сите поплаки и петиции за неа завршуваа во канта.
Зашто јас како принципиелен дечко тогаш,и застанав пред пат,и не добив ништо,освен 3ка за крај покрај заслужена петка.

Истиот случај е и со професорот.
А да не почнувам за случаите во Панајот,кога не само бркање од работа,туку и физички закани се добиваат.

Затоа,ве молам,не гледајте од страна и не солите памет,бар не за работи и постапки кои се толку очигледни и на секого прво му паѓаат на памет.
Зашто некој прави она што го прави?
Бидејќи тоа е веројатно најдобриот избор за него.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
376
Поени од реакции
27
Ај пред да наставите со препукување-знае некој што се дешава?Еве многу викаат ќе го прекинеле штрајкот?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom