Познатата џетсетерка Парис Хилтон убедливо е најдобра кога треба да „тресне“ некоја мудра реченица или пак да одговори на некое прашање. Во 2009-та, Хилтон и покажа на јавноста дека не знае како е името на британскиот премиер.
-Тоа е Гордон...Гордон Ремси?, изјави збунетата блондинка.
Ниту пејачот Пит Доерти, не кажа нешто попаметно.
-Ги привлекувам жените благодарение на мојот сексуален магнетизам, се пофали Доерти.
Некои отидоа чекор понапред кога станува збор за „фалењето“ на своите квалитети.
-Очигледно е дека не сум грда, не заборави да наспомене фамозната Меган Фокс, за која се верува дека е новата следбеничка на Анџелина Џоли.
-Ние сме најпознатите луѓе на светот, изјави Спенсер Прат, ѕвездата на „The Hills“ зборувајќи за него и за неговата сопруга Хајди, додека беа во американската верзија од шоуто „I’m a celebrity“.
Некои ѕвезди целосно се надминаа себе си кога станува збор за гафовите.
-Една вечер се обидов да влезам во куќата да татко ми преку вратичката за кучето, призна Пичес Гелдоф.
-Многу ми е жал за Ени, Мерил, Кристин...ох, Боже, која е другата?, истакна Кејт Винслет, заборавајќи да ја спомене Анџелина Џоли, за време на својот говор по повод добивањето Златен Глобус за најдобра актерка.
Во 2009-та година судејќи по изјавите, добивме впечаток дека некои ѕвезди се мошне поврзани со Бог.
-Сурфањето е многу спиритуална работа за мене. Тоа е како да сум во директна врска со Господ, објасни Камерон Дијаз.
Ѕвездата од „Сексот и градот“, познатата Сара Џесика Паркер, ни го претстави својот најомилен „парфем“.
-Го обожавам мирисот на пелени. Дури ми се допаѓаат кога се влажни и мирисаат на топлина, како на нешто штотуку испечено, рече таа.
Алан Кар, просто се воодушеви од Шерил Кол, што едноставно мораше да рече нешто „мошне мудро“.
-Таа ми ја стисна раката додека зборуваше со мене. Се почувствував како принцезата Дајана со некој лепрозен. Беше прекрасно, изјави Алан.
Парис Хилтон и нејзините совети повторно се најдоа на листата и тоа со фамозниот моден совет упатен до Сузан Бојл- Сузан Бојл би можела да изгледа навистина секси, само да почне да носи некои убави фустани.
Некои жени сакаат да видат како изгледа да се има „алат“ меѓу нозете, а познатата Ен Хатавеј очигледно е еден чекор понапред
-Ќе ве излажам, ако ви кажам дека не сум се шетала по станот со чорап, бутнат од напред, истакна таа.
-Ништо не е послатко од тоа да си слаб, рече Кејт Мос и ја разбранува целата јавност, која ја осуди дека промовира анорексија.
-Се снајдов. Признавам, но јас не сум судијата, изјави Тиери Анри, за своето играње против Ирска, кое и донесе место на Франција, во следното финале на Светскиот куп.
-Ќе го имитирам бебешкиот глас и тоа нешто слично на еден карактер кој што си го смислив. Но, во вистинскиот живот, јас сум потполно поинаква. Јас сум многу паметна. Мислам дека многу луѓе би помислиле дека сум празноглава, е уште еден од бисерите на Парис Хилтон.
И Сиена Милер покажа што знае, особено во делот за промовирањето на здравите навики.
-Ги обожавам цигарите. Ги сакам. Мислам дека колку попозитивен став имате кон пушењето, толку е помалку опасно, изјави таа.
Една личност од која можеби не би се очекувал гаф, беше Хилари Клинтон.
-Моите фризури беа предмет на докторска теза, па затоа сакам сите да знаат дека си направив една во Најроби, рече Клинтон.
Бритни Спирс тешко се снаоѓа во просторот, а доказ за тоа е нејзината изјава- Што има ново Лондон?-додека и се обраќаше на публиката во Манчестер.
И Дејвид Камерон сакаше нешто да каже, но и самиот не знаеше што.
-Проблемот со Твитер, во некои моменти, е тоа што премногу твитови ве тераат да направите тват, констатира Камерон.
Шефовите на General Motors најверојатно добиле срцев удар, кога новоназначениот претседател на Edward Whitacre Jr гордо рече,, не знам ништо за автомобилите...бизнисот е бизнис и мислам дека можам да научам“. И за крај незаменливиот Том Круз зборувајќи за својот филм Valkyrie.
-Секогаш сакав да го убијам Хитлер. Го мразев. Како дете кога учев историја и гледајќи ги документите, се прашував зошто никој не му се спротивставил и не се обидел да го запре.