Гафови 2009

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
Еми ај малку да се посмееме на лапсусите на славните личности ....
Ако темата не е за тука или ако темата не треба да биде отворена (значи ако сум ја скинал зелена) нека се интервенира.
 
Член од
10 октомври 2009
Мислења
2.954
Поени од реакции
1.349
Познатата џетсетерка Парис Хилтон убедливо е најдобра кога треба да „тресне“ некоја мудра реченица или пак да одговори на некое прашање. Во 2009-та, Хилтон и покажа на јавноста дека не знае како е името на британскиот премиер.

-Тоа е Гордон...Гордон Ремси?, изјави збунетата блондинка.
Ниту пејачот Пит Доерти, не кажа нешто попаметно.

-Ги привлекувам жените благодарение на мојот сексуален магнетизам, се пофали Доерти.
Некои отидоа чекор понапред кога станува збор за „фалењето“ на своите квалитети.

-Очигледно е дека не сум грда, не заборави да наспомене фамозната Меган Фокс, за која се верува дека е новата следбеничка на Анџелина Џоли.

-Ние сме најпознатите луѓе на светот, изјави Спенсер Прат, ѕвездата на „The Hills“ зборувајќи за него и за неговата сопруга Хајди, додека беа во американската верзија од шоуто „I’m a celebrity“.

Некои ѕвезди целосно се надминаа себе си кога станува збор за гафовите.

-Една вечер се обидов да влезам во куќата да татко ми преку вратичката за кучето, призна Пичес Гелдоф.
-Многу ми е жал за Ени, Мерил, Кристин...ох, Боже, која е другата?, истакна Кејт Винслет, заборавајќи да ја спомене Анџелина Џоли, за време на својот говор по повод добивањето Златен Глобус за најдобра актерка.

Во 2009-та година судејќи по изјавите, добивме впечаток дека некои ѕвезди се мошне поврзани со Бог.

-Сурфањето е многу спиритуална работа за мене. Тоа е како да сум во директна врска со Господ, објасни Камерон Дијаз.
Ѕвездата од „Сексот и градот“, познатата Сара Џесика Паркер, ни го претстави својот најомилен „парфем“.

-Го обожавам мирисот на пелени. Дури ми се допаѓаат кога се влажни и мирисаат на топлина, како на нешто штотуку испечено, рече таа.

Алан Кар, просто се воодушеви од Шерил Кол, што едноставно мораше да рече нешто „мошне мудро“.

-Таа ми ја стисна раката додека зборуваше со мене. Се почувствував како принцезата Дајана со некој лепрозен. Беше прекрасно, изјави Алан.

Парис Хилтон и нејзините совети повторно се најдоа на листата и тоа со фамозниот моден совет упатен до Сузан Бојл- Сузан Бојл би можела да изгледа навистина секси, само да почне да носи некои убави фустани.
Некои жени сакаат да видат како изгледа да се има „алат“ меѓу нозете, а познатата Ен Хатавеј очигледно е еден чекор понапред

-Ќе ве излажам, ако ви кажам дека не сум се шетала по станот со чорап, бутнат од напред, истакна таа.

-Ништо не е послатко од тоа да си слаб, рече Кејт Мос и ја разбранува целата јавност, која ја осуди дека промовира анорексија.
-Се снајдов. Признавам, но јас не сум судијата, изјави Тиери Анри, за своето играње против Ирска, кое и донесе место на Франција, во следното финале на Светскиот куп.

-Ќе го имитирам бебешкиот глас и тоа нешто слично на еден карактер кој што си го смислив. Но, во вистинскиот живот, јас сум потполно поинаква. Јас сум многу паметна. Мислам дека многу луѓе би помислиле дека сум празноглава, е уште еден од бисерите на Парис Хилтон.
И Сиена Милер покажа што знае, особено во делот за промовирањето на здравите навики.

-Ги обожавам цигарите. Ги сакам. Мислам дека колку попозитивен став имате кон пушењето, толку е помалку опасно, изјави таа.
Една личност од која можеби не би се очекувал гаф, беше Хилари Клинтон.

-Моите фризури беа предмет на докторска теза, па затоа сакам сите да знаат дека си направив една во Најроби, рече Клинтон.
Бритни Спирс тешко се снаоѓа во просторот, а доказ за тоа е нејзината изјава- Што има ново Лондон?-додека и се обраќаше на публиката во Манчестер.

И Дејвид Камерон сакаше нешто да каже, но и самиот не знаеше што.

-Проблемот со Твитер, во некои моменти, е тоа што премногу твитови ве тераат да направите тват, констатира Камерон.
Шефовите на General Motors најверојатно добиле срцев удар, кога новоназначениот претседател на Edward Whitacre Jr гордо рече,, не знам ништо за автомобилите...бизнисот е бизнис и мислам дека можам да научам“. И за крај незаменливиот Том Круз зборувајќи за својот филм Valkyrie.
-Секогаш сакав да го убијам Хитлер. Го мразев. Како дете кога учев историја и гледајќи ги документите, се прашував зошто никој не му се спротивставил и не се обидел да го запре.
:pos::pos::pos:
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
:pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:
-Кога би можеле да ја посетите Европа каде би пошле ?

- Во Америка би пошле :pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
 

netmkd

Непобедлива
Член од
2 јануари 2010
Мислења
57
Поени од реакции
6
Ова го најдов на фејсбук:pos2:

Последна изјава на Б.Црвенковски: Државата ни е на раб од провалија, ако се вратиме ние на власт ќе направиме чекор напред:pos2::pos2::pos2:

Инаку на Сиена Милер и на Бритни Спирс се најјаки киксовиве:pos2:
 

ЏамПЏет

DeaDShoT
Член од
2 декември 2009
Мислења
653
Поени од реакции
89
Тоа ти се гафови. Од кочанската телевизија.
 

Blue_Boy

THE WAY I AM
Член од
29 октомври 2009
Мислења
345
Поени од реакции
33
ХАХАХАХАХАХАХАХ НЕ СЕ НОРМАЛНИ ЛУЃЕВО!!!!!!!!!!!!!!:pos2::pos2::pos2:
 

ЏамПЏет

DeaDShoT
Член од
2 декември 2009
Мислења
653
Поени од реакции
89

Ова незнам дали е гаф ама на тај црнецо да му се мочам у смешката. Секој пат кога го глеам пукам од смеа :pos2::pos2::pos2:
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Најгаф за 2009та за мене е киксот на Маријана Стојанојковска која на манифестацијата за проектот Кирилица распеана ,,на сцената ја покани Сашка Петковска да ја прими наградата“.

А Сашка е почината од 1983.

Резил! :uvo:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Најгаф за 2009та за мене е киксот на Маријана Стојанојковска која на манифестацијата за проектот Кирилица распеана ,,на сцената ја покани Сашка Петковска да ја прими наградата“.

А Сашка е почината од 1983.

Резил! :uvo:
Немаше нешто слично со Васка Илиева ама на друга манифестација? :)


На темава: Умре МајкА Џексон, од инфРАК! :pos2:
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Немаше нешто слично со Васка Илиева ама на друга манифестација? :)
Ах не знам тоа, се е можно.

Али фино лепо ја си ја гледав Маријана си кажува награда и си ја повикува Сашка на сцена и си чека и чека. И некој и довика дека нема да ја земе и оваа ајде сеа друга награда :pos: мада не е за смеење.

Водиш манифестација во живо и не значи дека само програмата треба да ја прочиташ. Не е лошо да се знае и дополнителни информации.
Плавуша! :icon_lol:
 

mr.cornelius1

И ОНДАК ТО..
Член од
1 ноември 2009
Мислења
773
Поени од реакции
14
Новогодишниот дневник на Сител беше газење..живи цепки
А за Мајкл Џексон има клип на you tube со циганите во шутка-прават интервју,нешто беше колку бил популарен,дали го слушаат итн
 

ЏамПЏет

DeaDShoT
Член од
2 декември 2009
Мислења
653
Поени од реакции
89

Во првата минута слушајте ке ги забележите зборовите cock и blowjob=:pusk: :pos2::pos2::pos2:
 
Член од
8 февруари 2009
Мислења
285
Поени од реакции
39
Не знам од која година беше ова ама многу смешен ми падна еден дечко кога го прашаа нешто за Европска унија мислам дека беше и типацов гледа во водителката 2-3 секунди и вика `Абе не знам ја, глуп сум, прашајте некој друг` :pos2: Респект за искреноста. А би го цитирала и претседателот Иванов со добро познатиот бисер `Вие како новинари треба да знаете за што станува збор...Разумен компромис е разумен компромис, не можам да ви објаснувам сега, сфатете го` и тоа во неколку интервјуа го кажа :vozbud:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom