Руската одбрана e бавна, што значи дека автоматски е и спора.
- И дождот паѓа и навивачите свират, тоа дава асоцијација на песната Singing in the rain.
- Драги гледачи, на градскиот стадион во Скопје 15, 20 а можеби и 60 илјади гледачи.
- Франција полека го гради резултатот (во втора минута од продолжение, при резултат 0:0).
- Еве го Ривалдо го напушта теренот, на маицата му пишува АДИОС. Адиос на шпански значи збогум, им вели збогум на навивачите (инаку, на маицата на Ривалдо пишува АДИДАС)газење%20од%20смеењесмеење се згазив од смеење на ова
- Еве го американскиот дрим тим. Можеби не е дрим ама е тим.
- Еве сега Белгијците си дадоа автогол. Ова беше прекрасен гол.
- Многу бавно помина оваа забавена снимка
- Колега, може ли мало ремизе на натпреварот?
- А потоа, кадравиот гаучо тргна по кривиот пат на кокаинските ноќи (за Марадона).
- Сите минуси на господинот Целзиус не можеа да го расипат натпреварот.
- Чуден начин на додавање - силно и никому!
- Го задоволи тренерот и затоа сега игра.
- Каков удар! Го подели воздухот на водорот и кислород!
- Топката прелета паралелно со Ибарската магистрала.
- Ова беше поголема опасност за авионите од типот Авакс отколку за голот на Пандуровиќ.
-Додека е топката во воздух на ви ги соопштам составите.
- Концерт на свирежи за играчите. Чисто малку музички да се образоваат.
- Драган Чириќ: Играч со голема коса но и големи можности.
- Статистиката е како бикини - открива се а не покажува ништо.
- Заради ваквите удари на Роберто Карлос ќе се основа друштво за заштита на топките.
- Имаше тука и контакт и фул контакт.
- Почитувани гледачи се извинуваме за овај прекин, но организаторите ни забранија да пушиме во репортерските кабини. Не сум само јас еве и колегите Шпанци се бунат..
- Обратете внимание на стадионот во Истамбул.. само полициските кучиња немаат мустаќи.
- Нашиот боксер драги гледачи ќе го препознаете по белите гакички а неговиот противник Motungua од Кенија носи црвени.
- Блажевски оди еден на еден.. и конечно му влезе.
- Што би рекол нашиот народ deja vu.
- Четврт поен на Наумовски. Франција води 7-3.
- Прејака е оваа топка за Савичевиќ. Дејо оваа топка не би ја стигнал ни со такси.
- (Југославија - Шпанија) И господине Педерсен, навистина заслужувате вакво презиме.
- Ова е Кели Ериксон, симпатичната Швеѓанка, такмичарка во скок во височина, а ова е Марија нејзината мајка која не ја испушта ќерката од вид. А човекот кој сега го гледате е Џон Година, фрлач на кладиво и него не му се потребни ни мајка ни татко да го пратат по такмичења..
- Лошо му се пишува на Тринидад... а богами и на Тобаго.
- Незнам што е подобро.. Наумовски да добие топка или да не ја добие.
- Тој е така изразит левак да десната нога ја користи само за влегување во автобус.
- И го нема Зидан да зида зидови на средината на теренот.
- Овај судија е познат по тоа што дели картони како новогодишни памфлети.
- Во игра се спрема да влези искусниот Minutes со број 22.
- Судијата денес не делеше правда туку множеше неправда.
- Сјајот на дербито засекогаш ќе остани во тревата.
- Стоичков е само фудбалски геније и ништо повеќе. А кога е некој геније тогаш е се.
- Тој е ноќна мора за здружението на голмани (за Роналдо).
- Добро вечер почитувани гледачи, повторно сме сместени меѓу гулабите.
- (Мухамед Али на олимпијадата во Аталанта го пали олимпискиот оган) И погледнете драги гледачи рацете му се тресат од возбуда.
- Неинтересна фудбалска претстава. редарите сега може полека да ги будат навивачите за да си одат дома. На десната страна од стадионот слободно може да се посади цвеќе бидејки топка таму не помина.
- Ние новинарите не гледаме што се дешава на теренот бидејки станаа играчите кои седат на клупата.
- Во фудбалот основата е една а тоа се две работи: работа и дисциплина.
- Не беше опасно. Само полуопасно.
- Ова момче има 60 кг и 10 тона знање.
- Температурата е минус 2 степени под нулата.