Гасификација во Струмица

Член од
28 март 2006
Мислења
17.724
Поени од реакции
12.155
Ако е 25-28, нека е и до 30.000 за грејна сезона, тогаш е многу поефтино од греење на дрва и струја комбинирано. Ем не си играш Роки сабајле у 5 саат.
Нека има конкуренција. И мобилниот држеше цена и кабловскиот, па пуштија. Кога владата има попаметна работа со врби и антика у центар, браво Струмица
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.344
Ако е 25-28, нека е и до 30.000 за грејна сезона, тогаш е многу поефтино од греење на дрва и струја комбинирано. Ем не си играш Роки сабајле у 5 саат.
Нека има конкуренција. И мобилниот држеше цена и кабловскиот, па пуштија. Кога владата има попаметна работа со врби и антика у центар, браво Струмица
Јас си правев еден есап без крчмар. Велам, без крчмар, бидејќи не знам 2 работи:
1. Цена на гасот
2. Потрошувачката.
Есапот оди вака:
Ако земам како веродостојно (од мојот прв пост) дека на гас би ми било поефтино околу 10% споредено со греење на дрва, тогаш нешто и есапам...
Значи, за оваа грејна сезона обезбедив 20 кубика дрва. Имам котел на дрва, кој се преправа лесно на гас со инвестиција од 250 евра (прашував по мајстори) и плус инвестиција од околу 70 евра по некои електронски тракатанци во смисла, да си регулирам температура од соба и сл. Значи округло 320 евра. Уште 700 за приклучок ми се 1020 евра.
Дотука е ОК есапот. Тоа е познато и тоа и ќе биде.
Е сега, непознаница ми се цената и потрошувачката на гасот.
Затоа, земам оние 10% поефтино на гас према дрва.
Гасот би го користел само и исклучиво за греење зиме. Добро... тука се подразбира и топла вода, но не ја споменувам, оди во истиот есап :)
Годинава за дрва платив округло 48000 денари. Набавка, сечење, цепење, редење...
10% би било 4800 денари.
Почетната инвестиција би ми била гореспоменатите 1020 евра, плус месечна сметка за гас.
10% ми е заштедата по сезона.
1020 евра се околу 62000 денари.
Ако секоја сезона заштедувам по 4800 денари, и ако теоретски цените бидат исти или во сличен однос, тогаш ми се потребни 13 грејни сезони за да повратам инвестицијата.
Многу е...
Потенцирам, би го планирал гасот само за греење. Немам намера да копам се живо по дома, и да купувам нов шпорет за да готвам. Исто така, ова е есап базиран на полушпекулации и претпоставки.
Затоа, ако некој воопшто се грее на гас оваа зима, а е домаќинство, не јавна институција, би било интересно да го сподели искуството, па за догодина ќе видиме.
 
sickjoce

Ненормален
Член од
30 јуни 2007
Мислења
1.231
Поени од реакции
337
Ебати македончето до фчера шо викаше дека гасот е најефтин, денеска му носат гас до врата а он вика ПУ ГАСОТ Е најскап.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Ебати македончето до фчера шо викаше дека гасот е најефтин, денеска му носат гас до врата а он вика ПУ ГАСОТ Е најскап.
Природниот замен гас секогаш бил скапо и племенито гориво, исто како нафтените деривати и струјата. Ефтино затоплување не постои, ако најдеш поефтино гориво треба повеќе да инвестираш во опрема, затоа сите повеќе сакаме лето. Пример - Сончевата енергија е безпари но опремата е скапа.
Конкретно за затоплување, според мене, најповолно е да се се користат биомаса. Кај нас има доста земјоделски одпадоци и сите тие лесно можат да се подготват во биомаса. Доволно е општината да набави дробилки и преси и тие можат да се произведуваат во секоја општина и на тој начин ем ќе имаме поефтино еколошко гориво, ем ќе се вработат наши луѓе. Од биомасата може да се добие и биогас.
Но ниеден градоначалник не направил нешто вакво. Подготвени се за зонско и пајак возила да вложат милиони, а за нешто стварно корисно не даваат ниту денар.
http://mk.wikipedia.org/wiki/Биомаса
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270

Биомасата исто е скапа како опциja, а и ти требат многу отпад от земеделска продукциja или специално да садиш земеделска продукциja за да ja користиш за биомаса.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Биомасата исто е скапа како опциja, а и ти требат многу отпад от земеделска продукциja или специално да садиш земеделска продукциja за да ja користиш за биомаса.
Не, не...
Пазарна цена на килограм пченка е 15 денари. Од една нива колку што се добива пченка, толку или нешто повеќе килограми се добиваат исушени стебла од пченка. Зејоделците би биле задоволни ако овие стебла од пченка некој би им ги одкупил за 3 денари килограм. А еден килограм стебла од пченка содржи речиси 5 KWh енергија.
Скапи се биогоривата ( био етанол и слично ), јас зборувам за био маса како одпадок од земјоделско производство.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: fmi

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Иди види колку чини гасот на почетокот на вашата граница по која цена го купувате, види после Македонија по која цена од границаго купува гасот и се ќе ти стане јасно.
ГАСОТ Е УБЕДЛИВО НАЈСКАП

Фрапантни 370 евра чинат 1.000 нормални метри кубни гас донесени од руски Газпром до македонска граница. Податоците до кои дојде “Капитал” покажуваат дека на оваа висока набавна цена единствениот дистрибутер на природен гас во земјава, Макпетрол, ги пресметува ДДВ и тарифата за пренос, со што цената на природниот гас достигнува 394 евра за 1.000 нормални метри кубни гас. Бизнис-климата во земјава е разочарувачка дотолку повеќе ако се земе предвид фактот дека гасот донесен до бугарска граница чини 270 евра за 1.000 метри кубни, што тарифните потрошувачи пак ги чини 282 евра. Далеку поевтин гас стигнува и до српската граница, по цена од 300 евра, кој српските компании приклучени на преносната мрежа ги чини по 316 евра за 1.000 нормални метри кубни гас. Во Германија до границата гасот стигнува по цена од 240 евра за 1.000 метри кубни. Оттука не е тешко да се заклучи дека компаниите во Македонија плаќаат поскап гас.
Дел од компаниите кои работат доминантно на природен гас се фрапирани од овие поразителни податоци. Од најголемиот потрошувач на гас, челичарницата Макстил, велат дека високата набавна цена на енергенсите станува фактор кој производството го прави неконкурентно на странските пазари.
“Точно е дека во однос на регионот Македонија плаќа фрапантно висока влезна цена на гасот, на која кога ќе се додадат сите двачки се добива превисока цена. Ако ги земеме предвид растечкиот тренд на цента на гасот и просечната годишна потрошувачка на гас на Макстил, произлегува дека годишно губиме околу четири милиони евра. Македонија ценовно се оддалечува од нормалните текови”, вели Александар Панов, генерален директор на Макстил.
Компаниите апелираат до Регулаторната комисија за енергетика суштински да интервенира во цената на природниот гас, односно во давачките, со што на Макпетрол нема да му дозволи да договара превисока набавна цена на природниот гас.
Во Регулаторната комисија се оградуваат и велат дека влезната цена на природниот гас е директен договор меѓу Макпетрол и Газпром.
“Лиценца да биде трговец со гас во земјава има единствено Макпетрол, кој директно со руски Газпром ги договара потребните количини. Пресудно за високата влезна цена на гасот е малата количина која ја бара Македонија, за разлика од Бугарија или Србија. Македонија нема гасоводен прстен, туку само цевка. Секако дека ваквата состојба е неповолна за нас како држава”, вели Димитар Петров, претседател на Регулаторната комисија за енергетика.
http://www.kapital.mk/MK/dneven_vesnik.aspx/75160/izgor_ceni_na_energensite_po_diktat_na_monopolite.aspx?iId=2418
Аjде да видиме цените например за 2011 година.

Да те прашам, една Полска е подалеку от Русиja от една Германиja или от една Холандиja или от една Франциja или от една Австриja?
Или Балтичките земи са толкова далеку, колкото е Франциja? Или Балтичките држави користат повеке гас от Франциja? Словакиja како ке ja коментираш? Земи ja ако сакаш споредба со една Романиja. Дали Словакиja е поблиско, дали користи повеке гас ... зашто има ваква цена? Ако сакаш ja спореди со Унгариja.
От таа мапа може спокоjно да се види,дека цените са политички и немат абсолутно никакав пазарен принцип. ;)
 
Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
Добра вест за Струмичкиот гасовод:) Бугарија денес доби 25% намалување на гасот од Газпром бидејќи Струмица купува од Петрич тоа е добра вест.
Да се надеваме дека овој проект ќе помогне барем малку на стопанството и земјоделството во Струмичко.
 
Тоа дека купува от Петрич,не значи дека ке користи тоа намалуване. Бугариja нема паво да купува руски гас и да го продава на други држави според договорите со Газпром. Предпоставувам дека Струмица купува гас от посредници на Газпром от Петрич,а не директно от Булгаргаз или Булгартрансгаз.
 
Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
Тоа дека купува от Петрич,не значи дека ке користи тоа намалуване. Бугариja нема паво да купува руски гас и да го продава на други држави според договорите со Газпром. Предпоставувам дека Струмица купува гас от посредници на Газпром от Петрич,а не директно от Булгаргаз или Булгартрансгаз.
Јас мислам дека го купуват од Булгаргаз тоа и не се така големи количини.
За такви минимални количини не ми се верува да прават договор со Газпром

Не ми се јасни законите кога станува збор за цевка транзит и транспорт со цистерна.

ОД оваа картата погоре излегува дека Македонија плаќа најскап газ од цела Евопа.
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Јас мислам дека го купуват од Булгаргаз тоа и не се така големи количини.
За такви минимални количини не ми се верува да прават договор со Газпром.
Можно е поради нашиот си добив на гас, но како цело Газпром не дозволува купениот от нив гас да се продава на туги држави. Тоа е така поне от 20 години,а и повеке.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom