Гасификација во Струмица

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.124
Поени од реакции
18.110
Паметна идеја, добро ќе е ако ја продолжат и ја надградат на задоволително ниво.
СТРУМИЦА - ПРВ ГАСИФИЦИРАН ГРАД


Со симболично палење на факелот поврзан на гасоводниот систем градоначалникот на Струмица објави дека општината од вечерва и официјално е прва во Македонија што е системски гасифицирана. Пред голем број граѓани собрани на плоштадот Гоце Делчев и во присуство на претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски, Заев рече дека времето во Струмица ќе се мери пред користењето и по стартот на користењето на природниот гас, како и насекаде во светот. Во изминатите три години изградена е примарна гасоводна мрежа во должина од 13 километри, декомопресиска станица со моќност од 2.500 метри кубни на час, монтирани се 12 мерно-регулаторни станици и комлетно се преадаптирани котларниците во сите институции што се под надлежност на општината.

За градоначалникот на Струмица придобивките од гасификацијата се огромни.
-Општинските институции ќе штедат преку 300 илјади евра годишно. Секоја година можеме чуда да направиме со овие пари во училиштата и градинките. Стопанството наше, кога целосно ќе се приклучи, зборувам само за фабриките, ќе штедат прелку 20 милиони евра годишно. Огромен ресурс за развој, потенцијал кој што треба да ја вивне Струмица уште понапред, пред другите општини, рече градоначалникот на Струмица, Зоран Заев.

Гасификацијата на Струмица е целосно македонски проект, во кој беа вклучени голем број компании, домашни експерти и инженери, кои го реализираа проектот за виртуелно снабдување на градот со природен гас. Според најавите од јавното претпријатие „Струмица Гас“ наскоро на
гасоводниот систем ќе бидат приклучени и домаќинствата.
-Во моментот се гради секундарна мрежа во должина од седум километри. И напоролет ќе имаме 20 километри гасоводна мрежа, која и понатаму ќе продолжи да се проширува за да можат заинтересираните домаќинства и индустриски капацитети да го почувствуваат благодетот од природниот гас. Па веќе во наредниот период ќе ги имаме и првите приклучоци за домаќинствата, рече директорот на ЈП „Струмица Гас„, Зоран Китанов.
Вкупната вредност на проектот изнесува 2 милиони евра обезбедени од општинскиот буџет. Природниот гас во Струмица доаѓа од Бугарија, од каде се транспортира со специјални цистерни и потоа се пушта во гасоводниот систем.
Инаку, приклучокот за домаќинствата изнесува 700 евра, а цената за користење на гасот треба да ја одреди Регулаторната комисија.
[ Ристо Тасев ]
Мапа на планирани гасоводи низ Македонија, уште од средината на 90-те

Од Министерство за транспорт најавија старт на гасификација на почетокот на годинава со обезбедени 60 милиони долари од Клирингшкиот долг на Русија, 15 милиони евра од сопствени извори и дел пари од задолжувања, ама еве веќе дојдовме при крајот и ништо.Од друга страна, после 10 дена Зоран Ставрески изјави сосема нешто друго.
А имаше најава и за гасифицирање на Куманово, според оваа вест веќе и таму е почнато, па не знам колку Заев е озбилен со изјавите за прва гасифицирана општина (веројатно маркетинг), ама бил озбилен во ланското ветување дека до почетокот на оваа грејна сезона ќе почнат со приклучоци во втората фаза.
Прашање до Струмичани(сигурно се посигурен извор од Заев):
Дали и кога е планирано поточно некои домаќинства и приватни фирми да се приклучат, колкав дел е воопшто приклучен во оваа почетна фаза и каква е заинтересираноста?
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.342
Приклучок за домаќинства е 700 евра. Наскоро би требало да започнат. Конкретно, пред мојата куќа минува цевка од која некогаш во иднина би добил приклучок. Верувам дека во добар дел од градот е така.
Никој досега нема јавно кажано цена за метар кубен, или како тоа оди, гас.
Во еден мој разговор со директорот на ЈП за гас, онака, неформално, спомна дека ако ми е гасот за греење, во споредба со дрвата, по сезона би ми излегло околу 10% поефтино.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.719
Поени од реакции
9.829
Убава работа е гасот,ама пошто сме банана држава а надлежните ги боли за народот,на почеток гасот ќе биде евтин за да после сигурно постепено го качуваат и да лупаат профити,така што нема да му се исплати на едно семејство да го користи,исто ко со парното во Скопје.
 
Член од
13 јануари 2012
Мислења
1.800
Поени од реакции
1.665
Приклучок од 700 евра на нашиов стандард со плата од 200 евра бајаги ного е.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.124
Поени од реакции
18.110
Убава работа е гасот,ама пошто сме банана држава а надлежните ги боли за народот,на почеток гасот ќе биде евтин за да после сигурно постепено го качуваат и да лупаат профити,така што нема да му се исплати на едно семејство да го користи,исто ко со парното во Скопје.
А во Куманово шо бидна со гасот?Овде имаше најава уште пред Струмица:confused:Да не ги прокоцкал гинекологот парите во Прешево?
 

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
700 евра бааги многу си е точно имаше изјава од градоначалникот ако некој ги најде поефтино тие приклучни уреди сам може да си ги набави.
Друго и скапа инвестиција си треба за да си ги купиш сите тие уреди за на гас парно печка бојлери.
Гасот според мене си е најисплатлив за големи корисници фабрики.

За гасот си мислам касниме едно 20 години кога тој беше скоро без пари ние гајле си немавме сега кога му скокна цената 20 пати нас ни текна за него.

Сепак овој проект во Струмица е одличен гасот како енергенс да биде достапен до стопанството и граѓаните е добро па така на кој му се исплаќа да си се приклучи.
 

sickjoce

Ненормален
Член од
30 јуни 2007
Мислења
1.231
Поени од реакции
337
Сега ке кукат демек скап бил приклучокот, демек не било сигурно и стотици други трапатанции, има гасовдона мрежа сакаш ставаш сакаш не, имаш + 1 алтернатива тоа е добро, гасот и како добродојден ке им биде на индустријата и земјоделците, Па и за домакинствата ако не па плакај 10 000 + за струја секој ебан месец да па видиме, ако во споредба за со дрва би било поефтино тогаш сигурно е поисплатиливо од било кој друг метод (да не напоменувам дека со дрвата имаш, сечење,носење,цешање,редење,палење чистење камин и 10тици други ситници..а без пари да ви стават приклучок пак нема да им чини на одредени личности.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.062
Поени од реакции
11.411
700 евра бааги многу си е
Ако е приклучок за куќа тогаш цената е прифатлива. Еден смартфон, таблет или поасален лаптоп е таа цена.
Нормално плаќањето треба да биде на повеќе рати (12, 24, 36) со што ќе стане уште поприфатлива цената.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.719
Поени од реакции
9.829
А во Куманово шо бидна со гасот?Овде имаше најава уште пред Струмица:confused:Да не ги прокоцкал гинекологот парите во Прешево?
До негде е стигнато,до каде незнам..ама имам впечаток дека многу споро иде работата..се збореше дека треба прво да се приклучат градинки,школи и индустриски капацитети..ама сеуште е далеку изгледа до реализација.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Гаса е малце мит за обичните домакинства и бавно се изплатува,а ти требе голема инвестициja за почетокот. Ако земеме цените во регионот, може да се очекува цена около 33-34 000 за 1000 кубни метри.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.342
Гаса е малце мит за обичните домакинства и бавно се изплатува,а ти требе голема инвестициja за почетокот. Ако земеме цените во регионот, може да се очекува цена около 33-34 000 за 1000 кубни метри.
33-34000 зa 1000 кубни метри гас, така? Претпоставувам - денари :)
Е, колку е тоа гас за 33-34000 денари? Месечна просечна потрошувачка? Сезонска за греење или?
Да појаснеше малку?
По цена, онака од ракав би рекол, а во врска мојот претходен пост, тоа би било греење за една сезона.
Навистина, врска немам, па би било ОК малце да образложиш.
 

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
33-34000 зa 1000 кубни метри гас, така? Претпоставувам - денари :)
Е, колку е тоа гас за 33-34000 денари? Месечна просечна потрошувачка? Сезонска за греење или?
Да појаснеше малку?
По цена, онака од ракав би рекол, а во врска мојот претходен пост, тоа би било греење за една сезона.
Навистина, врска немам, па би било ОК малце да образложиш.



Еве за Дупница:) и таа се гасифицира во моментов 1100 кубни метри годишно за 75 квадрати стан затоплување и топла вода кошта 550 евра годишно во Бугарија.
Еве и интересна статија за гасифијацијата на Дупница има многу интересни работи споредби цени.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
33-34000 зa 1000 кубни метри гас, така? Претпоставувам - денари :)
Е, колку е тоа гас за 33-34000 денари? Месечна просечна потрошувачка? Сезонска за греење или?
Да појаснеше малку?
По цена, онака од ракав би рекол, а во врска мојот претходен пост, тоа би било греење за една сезона.
Навистина, врска немам, па би било ОК малце да образложиш.
Да,да денари.
Па зависи се што ке ставиш на гас. Ако ставиш само греене на вода за туширане е едно, ако си направиш и парно греене на гас е друго. Зависи и дали топлиш кука или стан. После ти зависи и колко кубни метра гас ке ти одат на саат.
Ако треба да се дадат некакви многу обшти податоци за 24саата на работа на парно греене - 13-20 кубни метра гас во зависност от дали е кука, стан, температурите надвор и така натаму...
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
Цената на гасот за тарифните потрошувачи за окомври оваа година изнесува 35,5324 ден/nm3.
Тоа можете да го видите на страницата на Регулаторна:
http://www.erc.org.mk/Uploads/PG-C-2012.10.12- ODLUKA CENA MAKPETROL PROM-GAS OKTOMVRI 2012.pdf
Во Струмица ќе биде уште поскапо, бидејќи таму, како што слушнав, низ мрежата се ќе се пушта ТНГ ( течен нафтен гас )
Цената на ТНГ е уште повисока.
Мене ми е интересно што нашиве политичари се натпреваруваат во зборување за „ светлата иднина “ на гасот,околу тоа како гасот бил ефтин, како тие ќе не гасифицираат, а очигледно појма немаат.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Ако е приклучок за куќа тогаш цената е прифатлива. Еден смартфон, таблет или поасален лаптоп е таа цена.
Нормално плаќањето треба да биде на повеќе рати (12, 24, 36) со што ќе стане уште поприфатлива цената.
Само што смартфони,таблет , и лаптопи поаслани од 700 евра користат 5-10% од целовкупното население, ова треба на секого да му биде достапно.
За приклучок никаде во светот не се наплаќа освен во оваа скапаница што ја нарекуваат држава со име македонија, околинава и во заир.
било каков приклучок е ослободен од плаќање, без разлика дали е тоа вода,струја,гас,одвод,телефон,телевизија,интернет.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom