Ако е 25-28, нека е и до 30.000 за грејна сезона, тогаш е многу поефтино од греење на дрва и струја комбинирано. Ем не си играш Роки сабајле у 5 саат.
Нека има конкуренција. И мобилниот држеше цена и кабловскиот, па пуштија. Кога владата има попаметна работа со врби и антика у центар, браво Струмица
Јас си правев еден есап без крчмар. Велам, без крчмар, бидејќи не знам 2 работи:
1. Цена на гасот
2. Потрошувачката.
Есапот оди вака:
Ако земам како веродостојно (од мојот прв пост) дека на гас би ми било поефтино околу 10% споредено со греење на дрва, тогаш нешто и есапам...
Значи, за оваа грејна сезона обезбедив 20 кубика дрва. Имам котел на дрва, кој се преправа лесно на гас со инвестиција од 250 евра (прашував по мајстори) и плус инвестиција од околу 70 евра по некои електронски тракатанци во смисла, да си регулирам температура од соба и сл. Значи округло 320 евра. Уште 700 за приклучок ми се 1020 евра.
Дотука е ОК есапот. Тоа е познато и тоа и ќе биде.
Е сега, непознаница ми се цената и потрошувачката на гасот.
Затоа, земам оние 10% поефтино на гас према дрва.
Гасот би го користел само и исклучиво за греење зиме. Добро... тука се подразбира и топла вода, но не ја споменувам, оди во истиот есап
Годинава за дрва платив округло 48000 денари. Набавка, сечење, цепење, редење...
10% би било 4800 денари.
Почетната инвестиција би ми била гореспоменатите 1020 евра, плус месечна сметка за гас.
10% ми е заштедата по сезона.
1020 евра се околу 62000 денари.
Ако секоја сезона заштедувам по 4800 денари, и ако теоретски цените бидат исти или во сличен однос, тогаш ми се потребни 13 грејни сезони за да повратам инвестицијата.
Многу е...
Потенцирам, би го планирал гасот само за греење. Немам намера да копам се живо по дома, и да купувам нов шпорет за да готвам. Исто така, ова е есап базиран на полушпекулации и претпоставки.
Затоа, ако некој воопшто се грее на гас оваа зима, а е домаќинство, не јавна институција, би било интересно да го сподели искуството, па за догодина ќе видиме.