ГОСПОД ПОСТОИ !

Статус
Затворена за нови мислења.
O

Omer el Faruk

Гостин
Полуписмени, ограничени, атеистите говорат: „Природата, таа го создаде човекот, таа му го подари разумот!“ Некои учители овака ни говореа кога бевме малечки, во времето на Првата светска војна и после неа, оние учители кои го „почувствуваа мирисот на новата култура“, прво од Истанбул, а потоа од Париз, па помислија дека се просветени. А, зборовите „просветени“ и „просветител“ имаа во тоа време значење кое денес го има зборот „прогресивни“. Секое време има свои зборови и свои изрази, со кои нè исмејуваат нас како што ги исмејуваа Индијанците во Америка со монистрата и шарената облека како би им ја зеле, во замена, нивната земја. После, кога пораснавме, се прашавме: „Што е тоа природа?“ Зборот природа (табиа) во арапскиот јазик има облик на актив, а значење на пасив и на објект. Па ако е создадена, кој ја создал? Велат: „Природата е случајност, закон на веројатности и можности“. Прашавме: „Знаете ли на што личи овој говор?“ Сличен е на примерот на двајца кои залутале во пустината и во тоа лутање наишле на голем, убаво уреден дворец, со украсени ѕидови, скапоцени покривки, часовници, лустери. Еден од нив рекол: „Навистина ова е дело на некој голем мајстор!“ А, другиот му одговорил: „Овде имало една карпа, па надошол порој, ветар и други метереолошки фактори, и со изминувањето на многу векови, случајно настанал ѕид“. „А, покривката?“ - прашал првиот. „Се разлетала волната од овците, па потоа се споила. Тогаш дошла бојата па сето тоа се обоило и така настанала оваа прекрасна покривка“. „А, часовниците?“ - го прашал. „Железото се излило под влијание на временските фактори, потоа се испресекло и настанале кругови, и со изминувањето на многу векови настанал овој облик“. Зарем нема да кажете дека овој е лудак? Дали случајностите направиле клетката на црниот дроб, која се гледа само со помош на микроскоп извршува хемиски операции за кои се потребни многубројни апарати со кои можеш да наполниш една голема соба и кои повторно можат да извршуваат само дел од тие операции?! Оваа клетка го претвора вишокот на шеќер во крвта во гликорин, лачи жолчка, го регулира холестеролот во крвта, произведува црвени крвни зрнца, а извршува и други операции. Случајностите направиле на јазикот да постојат 9.000 мали жлезди за вкус, во секое уво 100.000 клетки за слух, во секое око 130.000.000 клетки кои примаат светлина.

Земјата и нејзините чудеса и тајни, воздухот кој ја опкружува, живите суштества кои ги носи во себе, а кои не се гледаат, потоа чудесните облици на снежните снегулки кои паѓаат, ги создал со таква прецизност, направил во неа таква убавина која ја откривме дури во последно време. Набљудувај ја Земјата и нејзините минерали, тајните кои се складирани во неа, животинските и растителните видови, нејзините огромни пустини, пространите мориња, високите планини, длабоките долини! Потоа спореди ја со Сонцето и ќе ја согледаш како мала, безначајна во однос на него и неговата големина. А, Сонцето кое е поголемо од Земјата милион пати, во однос на галаксијата е како зрнце песок во најголемата пустина. Сонцето кое е оддалечено од нас стотина милиони километри, кога би ја мереле неговата оддалеченост со светлосни години (а брзината на светлината е 300.000 км во секунда) оддалечено е од нас 8 минути. Колкава е тогаш оддалеченоста на ѕвездата чија светлина доаѓа до нас за милион светлосни години? Светлосната година „одговара“ на десет илјади милијарди километри. Колку тогаш километри има во милион светлосни години? Овие галаксии, од кои една е и Млечниот Пат, за кои астрономијата не знае повеќе отколку дека тоа е осветлена област, и покрај нивната огромна големина која разумот не може да ја замисли, се движат со застрашувачка брзина, која ја преминува границата на бројките. Па како не доаѓа до судир помеѓу нив? Читав, од еден астроном, дека можноста за нивниот судир е како можноста да се судрат шест пчели кои се упатиле во земјината атмосфера. Пространството на оваа атмосфера во однос на пчелата е како односот меѓу оваа атмосфера и безбројните галаксии.

Целата оваа вселена е во средиштето на огромна топка која претставува „семау ед-дуња“, најблиско небо. Таа топка е од вистинска маса на телото, а не празен простор (Ова што го реков за небото е мое сфаќање на куранските ајети и на Алаховите закони за вселената кои ги откриле научниците. Не наидов на некој кој е на истото мислење. Ја објаснив оваа теза во другите книги (заб. на авторот).
). Топката која ја опфаќа оваа вселена и она што е во неа, како Сончевиот систем и другите ѕведи, во однос на кои Сонцето е како јаболкото спрема планината, и галаксиите во кои се наоѓаат безбројни ѕвезди, ја затвора оваа вселена внатре. Таа топка која е заштитена и осигурана, има врата која се отвора и затвора. Бог ја создал како свод кој има длабочина. После неа е вселена, а Бог го знае нејзиното пространство, можеби како оваа првата, или поголема од неа, која ја опфаќа друга поголема топка, па трета вселена и трета топка. Потоа четврта, петта, шеста и седма вселена. Над нив се наоѓаат тела со прекумерна големина и обем, а тоа се Арш (Божјиот престол) и Курсиј (Божјото стојалиште).

А, најголемото чудо и еден од најсилните докази на Божјото постоење, дека оваа вселена постои во таков смален облик, што разумот не може да ја сфати неговата прецизност и минијатурност, како што не може да го сфати пространството на вселената, а тоа е атомот. Тој не може да се види освен со помош на електронски микроскоп. Тоа е телото кое учените луѓе и филозофите од минатото го нарекувале монада, дел кој не може понатаму да се дели. Во средиштето на овој атом се наоѓа вселената, микровселената и во него има јадро околу кое кружат електрони, како што кружат ѕвездите во вселената. Јадрото во однос на атомот е како пченичното зрно во однос на огромен дворец. Тоа е потешко од 1.800 електрони. Па дали сето ова е дело на случајноста (Го пишував ова поглавје, како што напоменав во воведот, а немав ниту една книга на кој би се повикал, па го пишував она што ќе ми падне на ум и на што се присетував, па ги наведов овие примери. А, кој сака попрецизни и поточни податоци, ќе ги најде во книгата која пред кратко време излезе од печат „Медицина – михраб на иманот“ (заб. на авторот).)? Верниците ги весели тоа што празните зборови, како што се природа или случајност, престанале да ги спомнуваат јазиците на научниците. Тие се уште останале во употреба кај лаиците кои мислат дека имаат знаења, а не се ни блиску до вистинските научници.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.502
Поени од реакции
82.025
... Верниците ги весели тоа што празните зборови, како што се природа или случајност, престанале да ги спомнуваат јазиците на научниците. Тие се уште останале во употреба кај лаиците кои мислат дека имаат знаења, а не се ни блиску до вистинските научници.
Ал Каедо, многу вистина има во ова твое писание (освен реченицата за природната вера).

Само, џабе ти е.
Прво, не верувам дека ќе го прочитаат текстов (таканаречените атеисти).
Второ и да го прочитаат, пак ќе ти речат: "Све е тоа случајно", " Дур не го видам Господ со мои очи не верувам", "Ако Господ е семоќен нека испече хамбургер од кој ќе се изгори" и други "паметни" работи.
 

RIZTETO

Somebody stop me
Член од
3 јуни 2007
Мислења
2.508
Поени од реакции
75
ПА нормално дека така ке речат. Сигурно се големи скептици, а всушност незнаат ни како во моментото постојат:toe:
 
M

makedon^

Гостин
Блажени се оние кои нема да ме видат а ќе поверуваат во мене - Исус

Бог постои во нашето срце и тоа претставува она што го нарекуваме совест. Кога нешто лошо ќе направиш одма чуствуваш некоја мачнина (барем поголемиот дел на луѓе). Бог е нешто многу повеќе отколку само збор или тоа што го знаеме од религијата. Со нашиов разум на ова ниво можеме само делумно да го сфатиме Бог, но неговата сила можеме да ја почуствуваме. Скоро од секоја фамилија во Македонија можете да слушнете по некоја чудна случка поврзана со натприродна сила која помогнала или која ја виделе. Бог се јавува преку пророците и тие соопштуваат за Бога, исто така и во манастирите се случуваат секојдневни чуда, чист пример за тоа се моштите на светителите како на чудесен начин лечат болести и со стотици години сеуште се здрави и нераспаднати...и ред други нешта.
Овој глуп атеистички свет знае само да гледа тв, да чита весник, да се труе со храна, глупа музика, американски лајна... Па како тогаш ке го најдеш Бога коа си отруен од овие нешта? Исчисти се и дозволи Бог да влезе во срцето, Бог не е на повик да ги исполнува нашите желби туку ние треба да го правиме тоа што треба тоа што е добро.

Со недоволна информираност не можете да зборувате за Бога и правете заебанции на негова сметка , тоа е најголем грев. Факт е оти Бог постои, и не е старец со долга брада кој седи на удобна фотеља, Бог е чистата љубов во нашите срца и таа треба да ја развиваме. Затоа Исус вели : Сакајте го ближниот како себеси, Бог е во вашите срца. Кога ближниот ке го сакате како себеси вие се отворате за Бога за таа универзална и вечна љубов и омразата во вас умира. Но за овој свет ако веруваш во Бога или си ојден, или си мрднат, исмеван си... Пак наметнати амерички лајна од запад. Барем Македонија отсекогаш го имала христијанството како потпора а не како секташите во Америка. Таму ретко некој салам да е во било која смисла, резултатите се очигледни, најразвратен е западот, ние сме колку толку подобри иако упорно сакат да ни наметнат западњачки живот. Да не дозволиме духот да ни падна под овие нешта. Македонија е христијанска земја со светители илјадници години традиција и верување, да се свртиме кон нашето вистинското правилното а не слаткиот отров кој го нуди глобализацијата. Не си кул (малце амерички сленг) ако плукаш по Бога и се заебаваш, кул ке си ако сакаш искрено и ако бидеш тоа што си а не бледа копија на лагата.
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
524
Леле Македон алал да ти е постов ме расплака за малце:place:ти си право :angel1: иначе сите да беа, не сите бе бар пола од луѓето да беа како тебе рај ќе владееше на планетава земја.
 

moof KOOZ tee

Mystis
Член од
26 ноември 2008
Мислења
361
Поени од реакции
63
Леле Македон и мене ме расплака...не знаев дека Бог бил она што го нарекуваме совест :tapp:
 
Член од
25 јуни 2008
Мислења
451
Поени од реакции
5
Еден човек може да верува или да не верува во постоењето на Бог.
Трето нема. Првите се наречени Теисти, а вторите Атеисти.
Теистите веруваат дека целиот универзум и се што е во него е
планска и свесна креација на еден надинтелегентен Творец,
кој е прапричина на секое битие и со овие атрибути се
доближуваат до поимот Бог.
Атеистите пак веруваат дека целиот универзум и се што е во него
е случајно создадено, без присуство на никаква интелегенција,
а за прапричина ја сметаат Материјата.
(Или, што е еквивалентно,енергијата. Е=м*с2 или м=Е/с2 )

Погрешно е теистите да се нарекуваат верници бидејќи веруваат во
постоењето на Бог, бидејќи и атеистите се исто така еден вид верници
кои веруваат во непостоењето на Бог. Така кога би морале едни од
нив да ги наречеме верници, секако би ги одбрале оние кои имаат
помалку аргументи за нивниот став.
Подоле се наведени неколку од најчесто користените аргументи за
постоењето на Бог (како Создател и Дизајнер на Универзумот, животот,
природата, марко и микро светот.)
Без разлика дали некој ќе го прифати теистичкиот или атеистичкиот
приод, факт е дека мора да се тргне од една иста почетна основа,
која, во обата приода, се сведува единствено на лично убедување,
т.е. на [SIZE=+1]вера[/SIZE].

 
O

Out Boy

Гостин
Може да си теист и атеист.

А може и да не си религиозен.

Теистот верува во бог. Атеистот верува дека непостои бог.

А оној што е нерелигиозен не верува ни во првото, ни во второто.

Тој само ужива во благодетите на животот, допринесува за општеството, не ги дели луѓето по религии и не го арчи времето на тема на која никој неможе да даде одговор.

Поздрав. И бидете хедонисти ;)
 
Член од
14 февруари 2009
Мислења
68
Поени од реакции
6
Abe ne postoi gospod.....aloo.....21 vek sme....KAKO MOZE MOZOKOT NA COVEKOT DA E TOLKU NE EVOLUIRAN.....mesto napred ideme nazad...kade e gospod ako e tolku dobar i ako postoi za onie koj nemaat da jadat....za onie koi cel zivot pravat dobro i tooolku mnogu veruvaat u nego i na kraj pak na niv im se slucuvaat najloshi raboti.....SAMO EDNO E VISTINA SE SHTO SI PRAVIME SAMI SI PRAVIME.....nema gospod ili nekoj sho kazuva da se sluci neshto...
 

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Abe ne postoi gospod.....aloo.....21 vek sme....KAKO MOZE MOZOKOT NA COVEKOT DA E TOLKU NE EVOLUIRAN.....mesto napred ideme nazad...kade e gospod ako e tolku dobar i ako postoi za onie koj nemaat da jadat....za onie koi cel zivot pravat dobro i tooolku mnogu veruvaat u nego i na kraj pak na niv im se slucuvaat najloshi raboti.....SAMO EDNO E VISTINA SE SHTO SI PRAVIME SAMI SI PRAVIME.....nema gospod ili nekoj sho kazuva da se sluci neshto...
Како може. Прочитај ги постовите на MIKI1 во
http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=24615&page=64
и ќе ти стане јасно во што се може да се верува.
 
Член од
14 февруари 2009
Мислења
68
Поени од реакции
6
Dobro vidov procitav...Kako i da e ne mu e lesno na tipot....Ama on si znae be....ja ne im vikam na lugjeto nitu da veruvaat nitu da ne veruvaat vo nesho...Koj sho saka neka prai...se shto pravime za sebe si pravime...nikoj ne ni e kriv za greshkite nitu pak nekoj sho e nevidliv ke ne spasi...Toa sigurno.....Ja licno veruvam deka postojat slili sho se poslini od covekot.....ama deka postoi gospod koj ke ne kaznuva za nashite greshki....:pos2::pos2:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Џ.
O

Omer el Faruk

Гостин
Ja licno veruvam deka postojat slili sho se poslini od covekot.....ama deka postoi gospod koj ke ne kaznuva za nashite greshki....:pos2::pos2:
:nesvest:Ептен конфузен пост. :nesvest:

Ајде вака,зошто бараме засолниште кај Бога во тешкотиите и во големите несреќи?

-Зошто кога при некое поголемо искушение не извикуваш ти феминистке и не бараш помош со зборовите : -О Дарвине, О,мајмуне предоку мој, спаси ме од ова искушение?

Туку сакала да признаеш или не и ти како и јас посегнуваш по Бога и Него го довикуваш и од Него бараш помош.

Си размислувала ли за ова зошто тоа е така?:smir:
 

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Dobro vidov procitav...Kako i da e ne mu e lesno na tipot....Ama on si znae be....ja ne im vikam na lugjeto nitu da veruvaat nitu da ne veruvaat vo nesho...Koj sho saka neka prai...se shto pravime za sebe si pravime...nikoj ne ni e kriv za greshkite nitu pak nekoj sho e nevidliv ke ne spasi...Toa sigurno.....Ja licno veruvam deka postojat slili sho se poslini od covekot.....ama deka postoi gospod koj ke ne kaznuva za nashite greshki....:pos2::pos2:
И јас слично верувам. Сметам дека постои некој интелегентен дизајн и некоја сила на добро и зло, може и да е бог ама дека е таков како што е прикажан во библијата со сите тие правила и апсурни приказни не верувам.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom