O
Omer el Faruk
Гостин
Полуписмени, ограничени, атеистите говорат: „Природата, таа го создаде човекот, таа му го подари разумот!“ Некои учители овака ни говореа кога бевме малечки, во времето на Првата светска војна и после неа, оние учители кои го „почувствуваа мирисот на новата култура“, прво од Истанбул, а потоа од Париз, па помислија дека се просветени. А, зборовите „просветени“ и „просветител“ имаа во тоа време значење кое денес го има зборот „прогресивни“. Секое време има свои зборови и свои изрази, со кои нè исмејуваат нас како што ги исмејуваа Индијанците во Америка со монистрата и шарената облека како би им ја зеле, во замена, нивната земја. После, кога пораснавме, се прашавме: „Што е тоа природа?“ Зборот природа (табиа) во арапскиот јазик има облик на актив, а значење на пасив и на објект. Па ако е создадена, кој ја создал? Велат: „Природата е случајност, закон на веројатности и можности“. Прашавме: „Знаете ли на што личи овој говор?“ Сличен е на примерот на двајца кои залутале во пустината и во тоа лутање наишле на голем, убаво уреден дворец, со украсени ѕидови, скапоцени покривки, часовници, лустери. Еден од нив рекол: „Навистина ова е дело на некој голем мајстор!“ А, другиот му одговорил: „Овде имало една карпа, па надошол порој, ветар и други метереолошки фактори, и со изминувањето на многу векови, случајно настанал ѕид“. „А, покривката?“ - прашал првиот. „Се разлетала волната од овците, па потоа се споила. Тогаш дошла бојата па сето тоа се обоило и така настанала оваа прекрасна покривка“. „А, часовниците?“ - го прашал. „Железото се излило под влијание на временските фактори, потоа се испресекло и настанале кругови, и со изминувањето на многу векови настанал овој облик“. Зарем нема да кажете дека овој е лудак? Дали случајностите направиле клетката на црниот дроб, која се гледа само со помош на микроскоп извршува хемиски операции за кои се потребни многубројни апарати со кои можеш да наполниш една голема соба и кои повторно можат да извршуваат само дел од тие операции?! Оваа клетка го претвора вишокот на шеќер во крвта во гликорин, лачи жолчка, го регулира холестеролот во крвта, произведува црвени крвни зрнца, а извршува и други операции. Случајностите направиле на јазикот да постојат 9.000 мали жлезди за вкус, во секое уво 100.000 клетки за слух, во секое око 130.000.000 клетки кои примаат светлина.
Земјата и нејзините чудеса и тајни, воздухот кој ја опкружува, живите суштества кои ги носи во себе, а кои не се гледаат, потоа чудесните облици на снежните снегулки кои паѓаат, ги создал со таква прецизност, направил во неа таква убавина која ја откривме дури во последно време. Набљудувај ја Земјата и нејзините минерали, тајните кои се складирани во неа, животинските и растителните видови, нејзините огромни пустини, пространите мориња, високите планини, длабоките долини! Потоа спореди ја со Сонцето и ќе ја согледаш како мала, безначајна во однос на него и неговата големина. А, Сонцето кое е поголемо од Земјата милион пати, во однос на галаксијата е како зрнце песок во најголемата пустина. Сонцето кое е оддалечено од нас стотина милиони километри, кога би ја мереле неговата оддалеченост со светлосни години (а брзината на светлината е 300.000 км во секунда) оддалечено е од нас 8 минути. Колкава е тогаш оддалеченоста на ѕвездата чија светлина доаѓа до нас за милион светлосни години? Светлосната година „одговара“ на десет илјади милијарди километри. Колку тогаш километри има во милион светлосни години? Овие галаксии, од кои една е и Млечниот Пат, за кои астрономијата не знае повеќе отколку дека тоа е осветлена област, и покрај нивната огромна големина која разумот не може да ја замисли, се движат со застрашувачка брзина, која ја преминува границата на бројките. Па како не доаѓа до судир помеѓу нив? Читав, од еден астроном, дека можноста за нивниот судир е како можноста да се судрат шест пчели кои се упатиле во земјината атмосфера. Пространството на оваа атмосфера во однос на пчелата е како односот меѓу оваа атмосфера и безбројните галаксии.
Целата оваа вселена е во средиштето на огромна топка која претставува „семау ед-дуња“, најблиско небо. Таа топка е од вистинска маса на телото, а не празен простор (Ова што го реков за небото е мое сфаќање на куранските ајети и на Алаховите закони за вселената кои ги откриле научниците. Не наидов на некој кој е на истото мислење. Ја објаснив оваа теза во другите книги (заб. на авторот).
). Топката која ја опфаќа оваа вселена и она што е во неа, како Сончевиот систем и другите ѕведи, во однос на кои Сонцето е како јаболкото спрема планината, и галаксиите во кои се наоѓаат безбројни ѕвезди, ја затвора оваа вселена внатре. Таа топка која е заштитена и осигурана, има врата која се отвора и затвора. Бог ја создал како свод кој има длабочина. После неа е вселена, а Бог го знае нејзиното пространство, можеби како оваа првата, или поголема од неа, која ја опфаќа друга поголема топка, па трета вселена и трета топка. Потоа четврта, петта, шеста и седма вселена. Над нив се наоѓаат тела со прекумерна големина и обем, а тоа се Арш (Божјиот престол) и Курсиј (Божјото стојалиште).
А, најголемото чудо и еден од најсилните докази на Божјото постоење, дека оваа вселена постои во таков смален облик, што разумот не може да ја сфати неговата прецизност и минијатурност, како што не може да го сфати пространството на вселената, а тоа е атомот. Тој не може да се види освен со помош на електронски микроскоп. Тоа е телото кое учените луѓе и филозофите од минатото го нарекувале монада, дел кој не може понатаму да се дели. Во средиштето на овој атом се наоѓа вселената, микровселената и во него има јадро околу кое кружат електрони, како што кружат ѕвездите во вселената. Јадрото во однос на атомот е како пченичното зрно во однос на огромен дворец. Тоа е потешко од 1.800 електрони. Па дали сето ова е дело на случајноста (Го пишував ова поглавје, како што напоменав во воведот, а немав ниту една книга на кој би се повикал, па го пишував она што ќе ми падне на ум и на што се присетував, па ги наведов овие примери. А, кој сака попрецизни и поточни податоци, ќе ги најде во книгата која пред кратко време излезе од печат „Медицина – михраб на иманот“ (заб. на авторот).)? Верниците ги весели тоа што празните зборови, како што се природа или случајност, престанале да ги спомнуваат јазиците на научниците. Тие се уште останале во употреба кај лаиците кои мислат дека имаат знаења, а не се ни блиску до вистинските научници.