Евра: За ремито против Уругвај виновни се вувузелите

Капитенот на Франција, Патрис Евра, ги обивни популарните пластични труби за ремито на неговата селекција против Уругвај.
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед се пожалил во интервју за француските медиуми.
"Ова е неверојатно, не можеш да спиеш ниту нормално да тренираш. Почнуваат да трубат во 6 часот наутро, до длабоко во ноќта. Не е пријатно" - тврди Евра.
Вели дека на теренот против Уругвај било уште полошо.
"Ништо не се слуша. Нити можел да слушнеш што ти говори соиграчит, ниту можеш да го слушнеш судиското свирче. Комплетна лудница" - се жали Евра.
Автор на веста: Спортнет
Објавена на 13.06.2010 12:27:19 PM
Одѕвони зуењето од трибините: Доста вувузели, почнете да пеете
Челното лице во организацијата на Светското првенство во Јужна Африка, Дени Џордан најавил можност да се забранат вувузелите на трибините.
Џордан разгледува можност популарниот навивачки инструмент да се забрани во внатрешноста на стадионите на кои се играат мечевите од светската смотра, откако примил бројни поплаки од навивачите како и медиумските куќи кои ги пренесуваат натпреваруте од Мундијалот.
Константниот звук од вувузелите ги надгласува останатите звуци од трибините и со тоа се уништува фудбалската атмосфера на стадионите. Во интервју за "Би Би Си" Џордан најавил дека е подготвен да го реши проблемиот со вувузелите, доколку за тоа има причини.
"Доколку и само една вувузела во моменти на бес заврши на тревникот, ќе мораме да реагираме" - рекол Џордан.
Автор на веста: Спортнет
Објавена на 13.06.2010 1:49:26 PM
Можно е да се забранат,имало повеќе жалби
