Втора светска војна (1939-1945) - генерална дискусија!

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.398
Поени од реакции
7.848
Да додадам, дека зачетокот на руските служби е многу подалечен. Истите ги има неколку века, а почнале да се јавуваат како трговци во отоманската империја.
Инаку русите отсекогаш имале таква крута администрација, а и тоа си останува и после падот на царизмот. Сталин е во ништо поразличен од Иван ужасниот, Петар Велики и останати владетели. Едноставно цврстата рака е врежана во рускиот политички живот.
Веројатно никогаш нема да дознаеме, но ептен многу работи си остануваат исти во начинот на владеење, па под маската на марксизмот и антиимперијализмот си ја имаат под контрола или во најмала рака имаат можност да влијаат горе долу на сета копнена Европа.
Тука е интересна и Југославија. Дали имаше титово НЕ или пак беше само фингерај. И дали англо-американците преку Југославија ги работеа русите или обратно е интересно прашање. Веројатно и двете, но прашање е кој кого повеќе. :D
Инаку да и моментално т.н. ,,суверенисти" се марксисти-љенинисти од некои други времиња. И кај нас делуваат на релација Москва-Будимпешта-Југоисточна Европа. А и да додадам дека интернетот го владеат беспрекорно и се убедливо најмоќни во тој сегмент.
Она шо денес е познато како руско разузнавање е базирано на ЧЕКА, она шо Феликс Джерински го создава како железната рака на болшевизмот, НКВД, КГБ и она шо е денес ГРУ, СВР и делумно ФСБ е чисто прозвод на моќното КГБ. Имам читкано за Феликс Джерински, интригантен, ефикасен но и суров лик, имаше еден текст на руски каде од тоа шо разбрав, веројатно ја презеле доушничката мрежа од царско време, се друго се знае Красна Армија шо направи.

Југославија е посебна приказна, во СССР посетата на СФРЈ била рамна на посета на Западот, додека Врховната команда на ЈНА имала разработено сценарија за одбрана од инвазија и од страна на НАТО а и од Варшавски пакт, сепак има некаква вештина кај Стариот и тие околу него прекалени политички дејци кои ја користат во полза на Југославија блоковкската спротивставеност. Во неврзан муабет со луѓе кои растеле во СССР, Југославија навистина била Запад споредено со нивните и тукашните сведочења за битисувањето во тие времиња.

А ова со релациите е интересно, токму таму каде шо биле центрите на КГБ за време на Студената војна, по распадот на СССР поставено е подоцна и делувањето на Руската мафија, која во суштина е темната страна на Руската Федерација. Можеш комотно да ја ставиш и Прага во таа линија :icon_lol:

П.С и Софија, Бугарија, моментално центарот на ГРУ за Балканот бил лоциран таму.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592

Да, русите се импресионирани во тие времиња од Југославија, а југословените живеат многу подобро од нив. Не беше заебанција Југославија и не дека порасна само поради тоа што западњаците и давала кредити. Имаше голема воена моќ, а и годишните растови на државата можеле да ги сонуваат источните, па и западните земји.
Инаку да Прага, па исто така и Братислава се бастиони на русите моментално. Исто така е интересен моделот на руските богаташи како шетаат по Европа и купуваат клубови, пример кај нас Самсоненко. Генерално мислам дека РФ е многу помоќна и повлијателна отколку што се претпоставува.
Инаку да додадам, врти сучи германците од нивното формирање од ден денес се работени од русите и англоамериканците. :D
 
Член од
14 октомври 2018
Мислења
347
Поени од реакции
429
За четниците, како што знам во оваа битка се збршани четниците како "сериозна" сила во војната. Нормално со учество на Дража Михајловиќ итд.
Фино објаснето во детали, е потоа не биле сериозни да, откако се поразени а имале доста подмолна улога.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Да, русите се импресионирани во тие времиња од Југославија, а југословените живеат многу подобро од нив. Не беше заебанција Југославија и не дека порасна само поради тоа што западњаците и давала кредити. Имаше голема воена моќ, а и годишните растови на државата можеле да ги сонуваат источните, па и западните земји.
Инаку да Прага, па исто така и Братислава се бастиони на русите моментално. Исто така е интересен моделот на руските богаташи како шетаат по Европа и купуваат клубови, пример кај нас Самсоненко. Генерално мислам дека РФ е многу помоќна и повлијателна отколку што се претпоставува.
Инаку да додадам, врти сучи германците од нивното формирање од ден денес се работени од русите и англоамериканците. :D
Од 1918 навака, пред тоа имаа 40 години права независна политика, иако не им е лошо ни во оваа улога, се помирија дека никогаш нема да бидат меѓународен фактор, но се преголеми и преважни за да бидат уништени како држава, впрочем, немаше да им се дозволи второ обединување да не беше така.
Сум спомнал и претходно, Ленин и запечатениот воз е најголема стратешка грешка на Царска Германија, тактички во тоа време било паметно изиграно, последиците дологорочно лошо им се вратија, но ваљда никој не очекувал дека една бољевишка банда ќе успее цел апарат и држава да ја преземат.

Не мислам дека РФ е помоќна и повлијателна, напротив, дури и се преценува, тоа што нивниот разузнавачко-информатички сектор ги користи наративите кои одредена група луѓе сакаат да го чујат, не ги прави моќни, убаво си напишал тоа се денешните марксисти-ленинисти, продаваат прикаска за суверени и независни држави кои сложно ќе соработуваат и се ќе биде розово, како и светската социјалистичка револуција која требаше истиот ефект да го постигне. Но тоа е гола борба за живот, а не за влијание, преку нивните разузнавачки служби да успеат колку можат да влијаат на власт во Европа и САД да дојдат влади кои би им биле благонаклони пред се во санкциите и допуштањето да си играат сфери на влијание во дел од бившиот СССР.

Што има просечниот русин од тоа, пак полош живот од германецот, па и од чехот, ваљда тука некаде со пољакот. А владеачките структури во Прага и Будимпешта заборавија дека тие го јадеа најдебелиот стап во 50 години братски однос со русинот, ама има време ќе се потсетат. Затоа пак Полска не заборава, и колку и да е на страната на т.н „суверенисти“ никогаш нема да биде на руската страна, предобро ги познаваат нивните расипани трикови.
 
Официјално германците ја помогнале бољшевичката револуција, но мене не ми е за верување баш. А посебно поради тоа што 10 години после револуција русите имаат на директна врска и командуваат со партии ширум Европа. Мое мислење е дека промената на власта во Русија тоа време е работа на договор во руските елити, а кајзерот е само извршител.
Што се однесува до моменталната состојба, русите преку ,,десниот Сорос" имаат се' поголема контрола ширум Европа, а и во САД. Некаде посредно, некаде непосредно, но контролираат големи делови на континентот, а посебно после Сирија. Тука се секако и другите методи како панславизмот, православието, спортските клубови, но факт е дека се повеќе и повеќе влади се проруски(па дури и дел од американската).
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.863
Што била Краљевина Југославија од 1918-1941?

Кај се бе тие конц логори, уште неможеш да најдеш докази каде се наоѓале, кој бил нивен раководител, дали некој е осуден за тие фамозни концентрациони логори, или имаш едон клипче од 40 секунди и тоа е тоа доказ...

Једино точно дека во Србија четништвото е позитивна ствар и така треба и да остане до даљњег, додека за хрватска изгледа не си запознаен дека Степинац е рехабилитиран, а со тоа што сум фудбалски фан па сум запознаен да навијачите од хрватска нормална иконографија им е усташки и фашистички симболи, како и мајмунските извици „за дом спремни“.

На секоја тема труеш неосновано без никаков доказ за срби како геноциден народ, па еве пак те предизвикувам најди некој доказ за конц. логорите јас јавно ке ти се извиниам, инаку за ова погоре шта речи освен тотално непознавање на стварите чисто да не те увредам, бидејќи почнувате со навреди а кога возвраќам ме пријавувате..
Автоматски споено мислење:

1918 не постоел Трет рајх, а државата била на три народа, СХС, ти текнува? Краљот ујединитељ со трите деци крстени по трите народи?

Имаш на нет милион фотки докази, изјави на преживеани, не ми се губи време за да се докажувам со некаков си четник. Ако ветиш дека ако ставам јасни и недвосмислени докази ќе си избришеш профил и нема повеќе да досадуваш, може така? Вака за курово здравље да роварам по грозоморни слики по нет, одвратно е да гледаш жртви на геноцид. Но кој сака може да напише "srpski koncetracioni logori 1994" или било која година 1991-95 na Google и готова ствар.

Јас не сум пријавил никого, може да потврди кој и да е модератор, слободно навредувај, не се прави жртва, тоа што ти навредуваш е добра ствар, јас би се загрижил кога ти не би ме навредувал.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
но факт е дека се повеќе и повеќе влади се проруски
Кои сметаш дека се?

Унгарија, Чешка, Р.Српска, Словенија, не ми текнува на други, едно време Италија, со шанса пак на наредните избори.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Кои сметаш дека се?

Унгарија, Чешка, Р.Српска, Словенија, не ми текнува на други, едно време Италија, со шанса пак на наредните избори.
Бугарија, партијата на Мари Ле Пен и на Салвини, Белорусија, Турција, социјалистите и СПЦ во Србија, СПЦ во Црна Гора. Замешани се во многу држави, каде на власт, каде како јака опозиција.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Бугарија, партијата на Мари Ле Пен и на Салвини, Белорусија, Турција, социјалистите и СПЦ во Србија, СПЦ во Црна Гора. Замешани се во многу држави, каде на власт, каде како јака опозиција.
Ги заборавив Турците, а да, партии во опозиција подржуваат низ цела европа, тоа несомнено, за Бугарија само не ми беше познато, Бојко зар нивни човек е, најдоброто другарче на Заев :confused:
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.297
Поени од реакции
78.968
Кои сметаш дека се?

Унгарија, Чешка, Р.Српска, Словенија, не ми текнува на други, едно време Италија, со шанса пак на наредните избори.
? На Словачка ваљда мислиш, не на Словенија.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Ги заборавив Турците, а да, партии во опозиција подржуваат низ цела европа, тоа несомнено, за Бугарија само не ми беше познато, Бојко зар нивни човек е, најдоброто другарче на Заев :confused:
Претседателот Радев е нивни човек, а Бојко се шалта ваму таму, ама беше на баци рака кај Путин пред коронава мислам, каде што му се извинуваше за стопирањето на рускиот тек.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.159
Поени од реакции
25.650
Ги заборавив Турците, а да, партии во опозиција подржуваат низ цела европа, тоа несомнено, за Бугарија само не ми беше познато, Бојко зар нивни човек е, најдоброто другарче на Заев :confused:
Бе Се Пе и Радев се проруси. А на тие ваннаби Турците од ДПС Москва им е и мајка и татко.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.863
Официјално германците ја помогнале бољшевичката револуција, но мене не ми е за верување баш. А посебно поради тоа што 10 години после револуција русите имаат на директна врска и командуваат со партии ширум Европа. Мое мислење е дека промената на власта во Русија тоа време е работа на договор во руските елити, а кајзерот е само извршител.
Што се однесува до моменталната состојба, русите преку ,,десниот Сорос" имаат се' поголема контрола ширум Европа, а и во САД. Некаде посредно, некаде непосредно, но контролираат големи делови на континентот, а посебно после Сирија. Тука се секако и другите методи како панславизмот, православието, спортските клубови, но факт е дека се повеќе и повеќе влади се проруски(па дури и дел од американската).
Потврден факт е тоа, германската помош, ако не и outright нивна идеа за бољшевичко преземање на Русија. Ленин воопшто немал во план да презема Русија, туку да ќари од паѓање на капитализмот во некоја многу појако развиена капиталистичка земја како Британија или Германија, према неговите и теориите на Маркс-Енгелс. Во тоа светло се и финансираните од бољшевиците востанија и револиуции низ Германија, пост примирјето, па чак и пред тоа.
Имаш и на среде Берлин обид за преземање власт.
Го забораваш белото движење и уште многу анти-бољшевички сили, кои ја распалија руската граѓанска војна со цел да ги збришат бољшевиците. 1917-1922 трае граѓанска војна. Во некои моменти можеле и да успеат, но за жал не успеале на крај, поради икс фактори. Каков е тој план на руските елити кои се борат крваво за враќање на власт? Како тоа самите себе би се тргнале од власт и би ставиле тотални анонимуси како Ленин, Троцки, Буџони, Сталин и компанија да владеат за да после се борат против нив за враќање на власт?!
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Потврден факт е тоа, германската помош, ако не и outright нивна идеа за бољшевичко преземање на Русија. Ленин воопшто немал во план да презема Русија, туку паѓање на капитализмот во некоја многу појако развиена капиталистичка земја како Британија или Германија. Во тоа светло се и финансираните од бољшевиците востанија и револиуции низ Германија, пост примирјето, па чак и пред тоа.
Имаш и на среде Берлин обид за преземање власт.
Го забораваш белото движење и уште многу анти-бољшевички сили, кои ја распалија руската граѓанска војна со цел да ги збришат бољшевиците. 1917-1922 трае граѓанска војна. Во некои моменти можеле и да успеат, но за жал не успеале на крај, поради икс фактори. Каков е тој план на руските елити кои се борат крваво за враќање на власт? Како тоа самите себе би се тргнале од власт и би ставиле тотални анонимуси како Ленин, Троцки, Буџони, Сталин и компанија да владеат за да после се борат против нив за враќање на власт?!
Океј, јасен ми е текот, ама малку ми е сомнително 10 години подоцна да речиси пола европски партии бидат на дослух со Москва. Ленин, Сталин, Троцки, Зивоњев, Каменев и Бухарин тоа тешко дека сами би го смислиле.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom