Klin
Колце
- Член од
- 6 јануари 2014
- Мислења
- 4.411
- Поени од реакции
- 7.871
Она шо денес е познато како руско разузнавање е базирано на ЧЕКА, она шо Феликс Джерински го создава како железната рака на болшевизмот, НКВД, КГБ и она шо е денес ГРУ, СВР и делумно ФСБ е чисто прозвод на моќното КГБ. Имам читкано за Феликс Джерински, интригантен, ефикасен но и суров лик, имаше еден текст на руски каде од тоа шо разбрав, веројатно ја презеле доушничката мрежа од царско време, се друго се знае Красна Армија шо направи.Да додадам, дека зачетокот на руските служби е многу подалечен. Истите ги има неколку века, а почнале да се јавуваат како трговци во отоманската империја.
Инаку русите отсекогаш имале таква крута администрација, а и тоа си останува и после падот на царизмот. Сталин е во ништо поразличен од Иван ужасниот, Петар Велики и останати владетели. Едноставно цврстата рака е врежана во рускиот политички живот.
Веројатно никогаш нема да дознаеме, но ептен многу работи си остануваат исти во начинот на владеење, па под маската на марксизмот и антиимперијализмот си ја имаат под контрола или во најмала рака имаат можност да влијаат горе долу на сета копнена Европа.
Тука е интересна и Југославија. Дали имаше титово НЕ или пак беше само фингерај. И дали англо-американците преку Југославија ги работеа русите или обратно е интересно прашање. Веројатно и двете, но прашање е кој кого повеќе.
Инаку да и моментално т.н. ,,суверенисти" се марксисти-љенинисти од некои други времиња. И кај нас делуваат на релација Москва-Будимпешта-Југоисточна Европа. А и да додадам дека интернетот го владеат беспрекорно и се убедливо најмоќни во тој сегмент.
Југославија е посебна приказна, во СССР посетата на СФРЈ била рамна на посета на Западот, додека Врховната команда на ЈНА имала разработено сценарија за одбрана од инвазија и од страна на НАТО а и од Варшавски пакт, сепак има некаква вештина кај Стариот и тие околу него прекалени политички дејци кои ја користат во полза на Југославија блоковкската спротивставеност. Во неврзан муабет со луѓе кои растеле во СССР, Југославија навистина била Запад споредено со нивните и тукашните сведочења за битисувањето во тие времиња.
А ова со релациите е интересно, токму таму каде шо биле центрите на КГБ за време на Студената војна, по распадот на СССР поставено е подоцна и делувањето на Руската мафија, која во суштина е темната страна на Руската Федерација. Можеш комотно да ја ставиш и Прага во таа линија
П.С и Софија, Бугарија, моментално центарот на ГРУ за Балканот бил лоциран таму.