Втора светска војна (1939-1945) - генерална дискусија!

Член од
28 декември 2015
Мислења
4.059
Поени од реакции
6.536
Okolu unistuvanjata na Germanskite gradovi.

Dresden sekojpat e vo fokus ama Keln bese uste poosteten a Hamburg imal poveke zrtvi. Isto taka pomali gradovi do 50.000 ziteli procentualno bea poveke osteteni. Eve koi gradovi bea napadnati: https://de.wikipedia.org/wiki/Liste_der_Luftangriffe_der_Alliierten_auf_das_Deutsche_Reich_(1939–1945)

Nekoi gradovi imaa voena industrija i bea poradi toa napadnati ama posebno na krajot na vojnata, koga pobedata bese vidliva, imase i mnogu gnev i odmazda vo napadite. Razbirlivo so ogled kolku steta napravi tretiot rajh iako ne e za pravduvanje. So napadite sakaa i da go demoraliziraat narodot od koi seuste golem del stoese zad ideologijata na nacistite. Od druga strana valjda imase uloga i toa sto se desi po prvata svetska vojna. Germanija bese ponizena i morase mnogu zrtvi da nosi. So versajskiot dogovor sakaa da ja drzat Germanija dolu za da ne dojde do slicna situacija no ete 20 godini podocna se sluci sprotivnoto. So unistuvanjeto na Germanija sakaa da ja vratat vo kameniot vek i ovoj pat stvarno da se osigurat deka po vojnata Germanija ke nema potencijal da se opravi. Vo toj period i ne znaele sto da pravat so Germanija po vojnata. Na kraj izgleda politickata integracija na Germanija vo megjunarodniot (zapadniot) svet bese tocniot pat za da se postigne toa.

Прегледај го приврзокот 232028

Okolu odnosot na Germancite so nastanite vo Tretiot Rajh: Od denesen aspekt, kako sto pisaa nekoi, Germancite dosta objektivno gledaat na nastanite i so pravo spomenot go drzat gore. Toa nekomu mu izgleda ponizuvacki no ne pomina ni vek posle toj period, ima uste zivi svedoci i storiteli od toa vreme. So ogled na toa sto desnicata raste i vo Germanija sega uste poke e potrebno toj spomen da se drzi gore kako ogledalo za da ne se desat slicni raboti, neli site pocetoci se blagi pa se razvivaat. Do 60tite vo Germanija se tabuizirase toj period posebno sto golem del od populacijata aktivno i pasivno ucestvuvaa vo zlostorstvata od toa vreme. Mladata generacija (68er - studenti krajot na 60tite) napravija pritisok i od toa vreme se detabuizira toj period do denes.

Za razlika Japoncite, kako i drugi aziski narodi, se seuste golemi nacisti vo sporedba. Nemaa izbor i prifatija hegemonija nad Amerika. Vidoa deka do nekade im nosi prednost i go trpat od pragmaticni pricini. Tesko deka d niv moze da ocekuvame objektivnost okolu nivnata uloga vo toj period vo sporedba so Germanija.
Дрезден никогаш нема да се дознае вистинскиот број на жртви, од една страна пошто ги бои сојузниците во крвавоцрвена боја, друго што бројката ќе се користи за политички мотиви и цели, но во тоа време Дрезден не бил полн само со дрезденчани туку и преполн со бегалци од север, војска на опоравак, воени заробеници, не се знае ни точниот број на популација во тој реон. Оваа официјална бројка од 25-30К (?!) се намалува со секој историски труд како што поминува време, на крај ќе испадне дека загинале 500 души а не можеби и над 200К.
Она што се знае е дека тоа е воен злостор како и да се земе, 2800 авиони три дена неометани од ништо методично го уништувале тој реон, не постои појак напад по број на летала во човечката историја. Кланица-5 од Вонегат кој сака да читне нешто повеќе околу тоа.

Германија немаше како да одговори на тоа поради наведената манија на градба само на тактички бомбардери, извонредни авиони но со лимитации кои не им дозволуваат стратешко дејство, кај Британци имаш Стирлинг, Халифакс, Витли, Манчестер, Велингтон и Ланкастер, кај амери Б-17 и Б-24 (Б-29 бил само на пацифик а се уклучувал и Б-32).
Германија има Ју-88, Хе-111, До-217 и остали, заедно со скромните Ју-86 или До-17, и пред се Ју-87 Штука нормално, квалитетни но крајно ограничени во поглед на радиус на бојно дејствие и формулата терет вс. гориво која е најбитна кај бомбардерите секогаш им била лошо пресметана па така 600+ бомбардери не успеваат да го уништат Ковентри иако му нанесуваат големи штети :)
Од состојба на немоќ подоцна се вртат кон летечки бомби и балистички ракети но тоа им носи нула стратешка корист.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.059
Поени од реакции
6.536
Moже со Дрезден да се мери Хамбург, Сталинград и Токио (9-10 март, 200к)
Автоматски споено мислење:

Манила исто и Варшава
А пред и над сите е Нанкинг, само што не е временски во втора светска, неполни две години пред неа.


И за амери и британци започнало малку порано на Исток само што не било доволно за објава на војна во 1937.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.241
Поени од реакции
84.269
Кој е тој Паршал?!
Џонатан Паршал е можда најпознатиот историчар што се занимава со Мидвеј и друго од Пацифичкиот театар. Буквално на предавање ги има споменато бројките и кажано, лет доус намберс синк ин.



Не го очекувале Јорктаун, славната 48-часовна епизода со непрекинатиот ремонт на овој брод во докот на Перл Харбор им избегала на јапанските стратези и така наместо 4-2 во носачи битката станува 4-3 во носачи.
Приказната за Јорктаун е неверојатна, како и целава битка. При битката кај Коралното Море, Јапанците мислеле дека го потопиле. Таков истепан Американците некако го довлечкле до Хаваи. Специјалистите од морнарицата сметале дека му треба три месеци ремонт. Нимиц им рекол за 48 часа и таков го пратиле во битка. Осветата од Хирју падна врз него. Три бомби го погодија и Јапонците повторно помислија дека го потопиле. Вториот бран, од Хирју, дента покасно кога го нападнал, мислеле дека е друг носач. Го погодиле, но повторно не го потопиле. Тука треба да се спомене разликата кај јапонскиот дизајн на носачи со онаа на американскиот (во контекст на damage control, противпожарен контекст и сл.), како и различниот систем на организација на посадата, за гасење пожар на бродовите.
Како и да е, бродот сега немал кај да бега и очекувале да потоне, го евакуирале и пратиле специјални екипи на него, кои ќе видат дали може да се спаси и тогаш налетува јапонска подморница и го потопува конечно засекогаш.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.059
Поени од реакции
6.536
Џонатан Паршал е можда најпознатиот историчар што се занимава со Мидвеј и друго од Пацифичкиот театар. Буквално на предавање ги има споменато бројките и кажано, лет доус намберс синк ин.




Приказната за Јорктаун е неверојатна, како и целава битка. При битката кај Коралното Море, Јапанците мислеле дека го потопиле. Таков истепан Американците некако го довлечкле до Хаваи. Специјалистите од морнарицата сметале дека му треба три месеци ремонт. Нимиц им рекол за 48 часа и таков го пратиле во битка. Осветата од Хирју падна врз него. Три бомби го погодија и Јапонците повторно помислија дека го потопиле. Вториот бран, од Хирју, дента покасно кога го нападнал, мислеле дека е друг носач. Го погодиле, но повторно не го потопиле. Тука треба да се спомене разликата кај јапонскиот дизајн на носачи со онаа на американскиот (во контекст на damage control, противпожарен контекст и сл.), како и различниот систем на организација на посадата, за гасење пожар на бродовите.
Како и да е, бродот сега немал кај да бега и очекувале да потоне, го евакуирале и пратиле специјални екипи на него, кои ќе видат дали може да се спаси и тогаш налетува јапонска подморница и го потопува конечно засекогаш.
Фино што сум на иста фреквенција со господинот Паршал, иако го немам читано :)

Тоа исто ми е мистерија како Кемпетаи или кои и да биле задолжени за разузнавање си увртеле во глава дека носачот е потопен а не дека е на пат за ремонт во Перл Харбор.
И покрај тоа што го потопиле (мислам го докрајчиле пар амерички разурнувачи откако се евакуирало она што можело да се евакуира, not sure) носачот се покажал како феноменален брод.

Јорктаун мислам е последен од америчките кој е ограничен од Вашингтонската конференција во 1922 која имала за цел да спречи нова трка во вооружување, па така и тонажата за носачи била фиксирана, како и за сите капиталци, лимит бил 35К тони "сув" депласман (тоа е истиснување на волумен вода кој го прави еден брод со својата тежина) односот бил САД 5, Британија 5, Јапан 3, Франција 1,75 и Италија 1,75. Германија била скопена со Версај на 10К макс.

Америте и Јапанците граделе носачи како платформи за што повеќе можно авиони а Британците граделе носачи со повеќе оклоп, повеќе ПА топови и посериозни механизми за справување со штети, па за иста тонажа носеле скоро упола помалку авиони него споменативе.
Франција била грдо заебана на конференцијата и од 5 носачи од класа Беарн (преработка на бојни бродови од класа Норманди, нешто као америве со Саратога и Јапанци со Акаги) им било дозволено да имаат само 1.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.059
Поени од реакции
6.536
Иначе, како целина, општоприфатена дата на почеток на војната е сеп.1939 кога германски, советски и словачки сили навлегуваат во полска, западните сојузници објавуваат војна само на нацистите на почеток на сеп. и така војната добива глобален тек, но лично сметам 1936 за почеток, војната меѓу антифашизмот и фашизмот започнува на 17.Јули 1936 со државниот удар на фашистите контра демократски избраната влада на република Шпанија, тука заедно влегуваат третата кинеско јапанска војна 1937-45, Хасан војната 1938 (СССР вс. Јапан и Манџурија), војната за Монголија 1939 (СССР и Монголија вс. Јапан и Манџурија), зимската војна Финска вс. СССР (1939-40), аншлусот, Чехословачка вс. Судетенланд (имало неколку стотици мртви во сукоби 1938) сето тоа е предигра за главната акција и оргазмот после кој ќе има најмалку 58 милиони гроба, а најверојатно многу повеќе.
Од егзотичните настани би ја напоменал шпанската воена помош за рајхот на Источниот Фронт:D, некои 20К војска плус стотици солидни пилоти, летачи, механичари...пилотите постигнале завиден број воздушни победи.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.059
Поени од реакции
6.536
Јас како цинцар :D би требало да се дичам со романската страна во ратот ама за жал тие биле на погрешната страна и го јаделе стапот.

Еве уште една егзотика од Индустриа аеронаутика Романа (ИАР-80), ловец а подоцна и пикирачки бомбарер, Штука за сиромашни во верзијата ИАР-81, изграден на база полските ПЗЛ П-11 и П-24 кои романешти ги штанцале по лиценца и тие први учествувале во борби уште од 22.Јуни 1941, заедно со несудениот главен ловец на Рајхот, Хе-112 поклонети од немачка и понекој Харикен.

Не знам дали Алесандру Сербанеску и грофот Кантакузин, пилоти со над 50+ воздушни победи летале некое време на ИАР-80 пред да добијат БФ-109 Густав и да побијат куп што советски Ил-2 и Јак-3 што амерички Б-24 и П-38 кои често доаѓале над Плоешти да уништат нафтни извори и рафинерии, а успат да го бомбардираат Букурешт, онака колку да убијат цивили.



Сериски број 1 :)



Симпа авионче (морам да го смирам цинцарот во мене и да признам дека бил само просечен авион :) )
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.059
Поени од реакции
6.536
Интересно, втор млазњак после германскиот Хе-178 (1939) во светот е талијански Капрони-Кампини Н.1 во 1940, не знам зошто не продолжиле со развој и не изградиле ловец кога имале таква технологија пред една САД, СССР, Британија, Франција...head start што се вели :)

 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.059
Поени од реакции
6.536
Кликбејт наслов, нема врска со реалноста.

Ако некој сака вистински бизарности од Втора светска има на претек, не знам зошто мора да се измислуваат ствари, ете на пример учеството на Ирак на страна на оската 1941 :D Имено се случил државен удар, кралот бил свргнат и новата власт тргнува да го елиминира полу-колонијалниот статус на Ирак према Британија, пристапуваат кон тројниот пакт и ги освајаат британските бази. Британија веднаш интервенира со војски од Сев. Африка и Индиски единици, чак и носач на авиони, дали беше Хермес не ме држи памет, Сордфиши (сабјарки), славни по Таранто и Бизмарк, напаѓаат копнени цели, последната операција евер каде двокрилците се побројни од еднолрилците.
Германија и Италија на неочекуваниот нов сојузник веднаш праќаат помош, Бф-110, Хе-111, Ју-52, СМ-79 Спарвиеро тешки бомбардери (средни во реалност, по талијански и јапански тешки, тие две авијации си имале свои сфаќања), Фиат ЦР-42 Фалко двокрилни ловци, Бреда Ба-65 јуришњаци но тоа нема пресудна улога и за месец и нешто силите на Комонвелтот го окупираат Ирак и го враќаат кралот на власт.

Друга бизарност е советско-британската инвазија на Персија (Иран) :)
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.059
Поени од реакции
6.536
Насловот е изјава на заебанција дадена, од страна на некој сојузнички офицер.
Тоа е така, но насловот е само кликбејт, имаше еден скеч на Монти Пајтон со колите убијци кои вребаа пешаци по улица, па така и оваа Татра ми доаѓа во перцепција како во скечот како вреба СС офицери.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.059
Поени од реакции
6.536
Кога сме кај бизарности, извесен Вилијам Патрик Хитлер, внук на Адолф од брат, учествувал во војната на страната на сојузниците. Брат му на Адолф под име Алојз емигрирал од Австрија во Англија ( во Ливерпул :D ) каде се оженил за исто така емигрантка, но од Ирска (Бриџет). Вили Хитлер очигледно не бил импресиониран од нацизмот на неговиот вујко, фирерот. One cannot make this up :)
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.915
Поени од реакции
42.616
Кога сме кај бизарности, извесен Вилијам Патрик Хитлер, внук на Адолф од брат, учествувал во војната на страната на сојузниците. Брат му на Адолф под име Алојз емигрирал од Австрија во Англија ( во Ливерпул :D ) каде се оженил за исто така емигрантка, но од Ирска (Бриџет). Вили Хитлер очигледно не бил импресиониран од нацизмот на неговиот вујко, фирерот. One cannot make this up :)
Против своја крв војувал
 

Kajgana Shop

На врв Bottom