Втора светска војна (1939-1945) - генерална дискусија!

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.241
Поени од реакции
84.269
Кога сме кај бизарности, извесен Вилијам Патрик Хитлер, внук на Адолф од брат, учествувал во војната на страната на сојузниците. Брат му на Адолф под име Алојз емигрирал од Австрија во Англија ( во Ливерпул :D ) каде се оженил за исто така емигрантка, но од Ирска (Бриџет). Вили Хитлер очигледно не бил импресиониран од нацизмот на неговиот вујко, фирерот. One cannot make this up :)
Другион е доста поинтересен.
Пијавица, класична.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.059
Поени од реакции
6.536
Другион е доста поинтересен.
Пијавица, класична.
Тој е истиот, само променил презиме, бил пијавица ликот, но да го уценуваш фирерот на сред Берлин 1938 треба јајца колку Везув и Кракатау :D а после да добијеш пурпурно срце за храброст пошто бил ранет во акција како член на ЈуЕс Нејви, шо знам, ако ја имаш гледано комедијата Човекот кој премалку знаеше со Бил Мареј, потсетува на главниот лик.
Има тука материјал за јак филм, штета што никој не снимил досега нешто околу ова.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.241
Поени од реакции
84.269
Тоа е едно 8 (ОСУМ) години надвор од временскиот период во насловот на темава.
И покрај тоа што неговата смрт е хронолошки надвор од тие шест години од насловот, сепак, станува збор за еден од најмаркантните ликови во таа војна.
Верувам дека никој не би се запрашал, на пример, дали во темава да пишува за Абисиниската Војна, или пак за почетокот на Јапонско-Кинеската Војна, или за тоа што се случило со Ото Скорзени после војната, само затоа што настаните за кои зборува се надвор од датите во насловот.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.059
Поени од реакции
6.536
Тоа е едно 8 (ОСУМ) години надвор од временскиот период во насловот на темава.

Што има врска тоа, Черчил умрел 1965, Де Гол 1970-некоја, Хирохито околу 1990-95 (говнарот имал долг живот) а сите се гејм чејнџери во војната. Голема штета е што модерната историографија не ја става 1936 како почеток на војната за што има и повеќе од доволно аргументи, доколку војната се гледа низ главната призма а тоа е војна помеѓу фашизмот/нацизмот и останатиот свет.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
12.550

Секако дека има врска, смртта на било која историска личност после Втората Светска Војна нема никаква допирна точка со исходот од војната бидејќи војната веќе била завршена.

Па дури и смртта на Франклин Делано Рузвелт на 12 април 1945, а потоа и смртта на Бенито Мусолини на 28 април 1945, немале ама баш никакво влијание врз понатамошниот тек на војната бидејќи во април 1945 веќе било повеќе од јасно дека им се одбројани деновите на германските нацисти и на италијанските фашисти.

Евентуално може загинувањето на Владислав Сикорски да се смета за пресвртница, бидејќи бил единствениот полски генерал кој наводно имал некакво влијание кај Сојузниците. Велам наводно бидејќи во пракса немал никакво влијание врз одлуките на Сојузниците, а како што не бил поканет на Конференцијата во Казабланка, така и после неговото загинување, неговите насленици воопшто не биле поканети на конференциите во Техеран, во Јалта, а веќе на Конференцијата во Потсдам како нова легитимна влада на Полска е признаен Лублинскиот Комитет - марионетската полска влада на Советскиот Сојуз, по што полската влада во прогонство во Лондон во целост губи секакво влијание - не дека навистина имала некакво влијание во текот на војната.

Невил Чемберлен починал во ноември 1940, но тогаш веќе бил застарена вест бидејќи ретко кој му обрнувал влијание. И покрај оставката на позицијата премиер која ја поднел во мај 1940, сепак останал член на британската влада, на британскиот воен кабинет и на британскиот Парламент, со што сепак имал право на збор и право на глас, па сепак продолжувал да предлага примирје со Адолф Хитлер и Нацистичка Германија со посредништво на Фашистичка Италија и Бенито Мусолини, се` до славниот говор на Винстон Черчил во британскиот Парламент во јуни 1940, по што Чемберлен веќе бил само фигуративна личност на британската политичка сцена, поради што и неговата смрт веќе не претставува важна вест во ноември 1940. А дефинитивно е еден од главните виновници за нацистичката агресија во Европа во 1938 и 1939 година.

А Едуард Даладје речиси никој не го ни помни, иако има речиси еднаква одговорност и вина како и Чемберлен за нацистичката агресија во Европа во 1938 и 1939 година. Тој па поднел оставка во март 1940 после завршувањето на советско-финската Зимска војна, па некако се спасил од понижувачкиот пораз на Франција во јуни 1940. И тој починал во 1970 година, месец дена пред да почине Шарл де Гол.

Така да, смртта на историски личности за време на Втората Светска Војна не придонела нешто многу за менување на исходот на војната, а не па после крајот на војната.

Или па кога веќе не се фокусираме на периодот 1939 - 1945, можеме да ги спомнеме и големиот терор и чистките низ Советскиот Сојуз, особено судењата и погубувањата на Михаил Тухачевски - кого многумина го признаваат како основач на современото војување со употреба на цели оклопни дивизии и воена авијација - и бројни други советски воени офицери кои биле вистински професионалци и можеле да ги истераат нацистите назад до Берлин можеби веќе до крајот на 1943 година, ако не до крајот на 1942 година. Е за тие воени професионалци може да се спомне дека нивните погубувања имале огромно влијание врз воените способности на Црвената Армија, бидејќи не биле заменети со вистински воени професионалци, туку со послушници и марионети на големиот вожд Јосиф Висарионович Сталин, кои освен тероризирање на војниците и жртвување на стотици илјадници војници како топовско месо во битка, не се разбирале нешто многу од воена стратегија.

И да, историска неправда е да се припишува почетокот на Втората Светска Војна со почетокот на нацистичката инвазија на Полска на 1 септември 1939, кога нацистичката агресија низ Европа започнала далеку порано, датира уште од шпанската граѓанска војна во 1936 година, а јапонската агресија врз Кина го враќа датумот на почетокот на војната на 7 јуни 1937 со исценираниот Инцидент кај мостот Марко Поло и почетокот на Втората кинеско-јапонска војна, или уште поназад на 18 септември 1931 со исценираниот Мукденски Инцидент и јапонската инвазија на Манџурија.
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.241
Поени од реакции
84.269
Приговоров дека смртта на Стаљин нема врска со темава ти е за на утринска да се јавиш на канал5 и да се пожалиш.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
12.550
Приговоров дека смртта на Стаљин нема врска со темава ти е за на утринска да се јавиш на канал5 и да се пожалиш.
Коментарот ми се однесуваше дека смртта на било кој политички/воен лидер после Втората Светска Војна нема никаква допирна точка со темата.

А ако пратиш утринска програма, па уште и на македонска телевизија, секоја ти чест, или не си ја надраснал таа фаза од животот, или утринските часови ти се исполнети со досада за да гледаш такви идиотизми. Па дај не заебавај, имаш спортски канали, музички канали, филмски канали, па дури и порничи се поасални за гледање во споредба со утринска програма. Што се однесува до мене лично, треба во целост да се забранат таквите програми, наутро треба да се емитува исклучиво музика или по некој цртан филм за децата и толку.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.241
Поени од реакции
84.269
А ако пратиш утринска програма, па уште и на македонска телевизија, секоја ти чест, или не си ја надраснал таа фаза од животот, или утринските часови ти се исполнети со досада за да гледаш такви идиотизми. Па дај не заебавај, имаш спортски канали, музички канали, филмски канали, па дури и порничи се поасални за гледање во споредба со утринска програма. Што се однесува до мене лично, треба во целост да се забранат таквите програми, наутро треба да се емитува исклучиво музика или по некој цртан филм за децата и толку.
Ако нема утринска на канал5, тогаш каде луѓето би ги простирале ваквите банални забелешки?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
12.550
Ако нема утринска на канал5, тогаш каде луѓето би ги простирале ваквите банални забелешки?
Ако мислиш на смртта на некој после Втора Светска Војна, тогаш ќе морам да го повлечам коментарот - баш како измислена е таквата програма за таквите како тебе.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.059
Поени од реакции
6.536
Секако дека има врска, смртта на било која историска личност после Втората Светска Војна нема никаква допирна точка со исходот од војната бидејќи војната веќе била завршена.

Па дури и смртта на Франклин Делано Рузвелт на 12 април 1945, а потоа и смртта на Бенито Мусолини на 28 април 1945, немале ама баш никакво влијание врз понатамошниот тек на војната бидејќи во април 1945 веќе било повеќе од јасно дека им се одбројани деновите на германските нацисти и на италијанските фашисти.

Евентуално може загинувањето на Владислав Сикорски да се смета за пресвртница, бидејќи бил единствениот полски генерал кој наводно имал некакво влијание кај Сојузниците. Велам наводно бидејќи во пракса немал никакво влијание врз одлуките на Сојузниците, а како што не бил поканет на Конференцијата во Казабланка, така и после неговото загинување, неговите насленици воопшто не биле поканети на конференциите во Техеран, во Јалта, а веќе на Конференцијата во Потсдам како нова легитимна влада на Полска е признаен Лублинскиот Комитет - марионетската полска влада на Советскиот Сојуз, по што полската влада во прогонство во Лондон во целост губи секакво влијание - не дека навистина имала некакво влијание во текот на војната.

Невил Чемберлен починал во ноември 1940, но тогаш веќе бил застарена вест бидејќи ретко кој му обрнувал влијание. И покрај оставката на позицијата премиер која ја поднел во мај 1940, сепак останал член на британската влада, на британскиот воен кабинет и на британскиот Парламент, со што сепак имал право на збор и право на глас, па сепак продолжувал да предлага примирје со Адолф Хитлер и Нацистичка Германија со посредништво на Фашистичка Италија и Бенито Мусолини, се` до славниот говор на Винстон Черчил во британскиот Парламент во јуни 1940, по што Чемберлен веќе бил само фигуративна личност на британската политичка сцена, поради што и неговата смрт веќе не претставува важна вест во ноември 1940. А дефинитивно е еден од главните виновници за нацистичката агресија во Европа во 1938 и 1939 година.

А Едуард Даладје речиси никој не го ни помни, иако има речиси еднаква одговорност и вина како и Чемберлен за нацистичката агресија во Европа во 1938 и 1939 година. Тој па поднел оставка во март 1940 после завршувањето на советско-финската Зимска војна, па некако се спасил од понижувачкиот пораз на Франција во јуни 1940. И тој починал во 1970 година, месец дена пред да почине Шарл де Гол.

Така да, смртта на историски личности за време на Втората Светска Војна не придонела нешто многу за менување на исходот на војната, а не па после крајот на војната.

Или па кога веќе не се фокусираме на периодот 1939 - 1945, можеме да ги спомнеме и големиот терор и чистките низ Советскиот Сојуз, особено судењата и погубувањата на Михаил Тухачевски - кого многумина го признаваат како основач на современото војување со употреба на цели оклопни дивизии и воена авијација - и бројни други советски воени офицери кои биле вистински професионалци и можеле да ги истераат нацистите назад до Берлин можеби веќе до крајот на 1943 година, ако не до крајот на 1942 година. Е за тие воени професионалци може да се спомне дека нивните погубувања имале огромно влијание врз воените способности на Црвената Армија, бидејќи не биле заменети со вистински воени професионалци, туку со послушници и марионети на големиот вожд Јосиф Висарионович Сталин, кои освен тероризирање на војниците и жртвување на стотици илјадници војници како топовско месо во битка, не се разбирале нешто многу од воена стратегија.

И да, историска неправда е да се припишува почетокот на Втората Светска Војна со почетокот на нацистичката инвазија на Полска на 1 септември 1939, кога нацистичката агресија низ Европа започнала далеку порано, датира уште од шпанската граѓанска војна во 1936 година, а јапонската агресија врз Кина го враќа датумот на почетокот на војната на 7 јуни 1937 со исценираниот Инцидент кај мостот Марко Поло и почетокот на Втората кинеско-јапонска војна, или уште поназад на 18 септември 1931 со исценираниот Мукденски Инцидент и јапонската инвазија на Манџурија.
Па ок, не мора роботски да се држиме 39-45 или пак 36-45

Втората сино-јапанска војна 1931-34 не е дел од меѓународен сукоб туку агресија на една земја кон друга, во третата 1937, јапанци војувале против кинези но и против амери (1937), британци(1937-38) и совјети (38-39) што ја прави меѓународна војна по карактер.

Смртта на Сталин и тоа како придонела за менување на пост-воениот свет и животот на луѓето во СССР затоа што пред смртта во тек била финализација на планот за нова огромна чистка за наводни соработници со окупаторот, лекарската завера :)
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
12.550
...

Смртта на Сталин и тоа како придонела за менување на пост-воениот свет и животот на луѓето во СССР затоа што пред смртта во тек била финализација на планот за нова огромна чистка за наводни соработници со окупаторот, лекарската завера :)
Точно, но тоа е веќе друга тема, нема никакви допирни точки со почетокот, текот и крајниот исход од Втората Светска Војна.

Да беше темава за Студената Војна или за Советскиот Сојуз, во целост ќе држеше вода било каква дискусија за диктатурата, злосторствата и смртта на Јосиф Висарионович Сталин и неговите наследници.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom