Втора светска војна (1939-1945) - генерална дискусија!

Член од
28 декември 2015
Мислења
802
Поени од реакции
1.121
^ Само колку да се знае: Линкот погоре во постот содржи мешани историски слики и слики од игран филм, а нигде тоа не го потенцира. (освен што пишува дека се скриншотови од ЈуТјуб)

Инаку све што пишува за масакрот во Нанкинг е точно.
Јапонците, заради икс причини, се извлекоа прелесно од Војната и денес, јапонската јавност, за разлика од германската, воопшто нема објективен став кон тие настани.
Атомските бомби и нивниот ефект имаат преувеличана важност во јавноста.
Никогаш не ми било јасно како Хирохито не завршил со јамка околу врат, во Нанкинг само има повеќе жртви него двете атомски земени заедно. Не е муабетот да се потцени радијацијата и срањата на атомската бомба но јапонското силување на градот било месец и кусур, секој ден, огранизирале такмичења во сечење глави со катана, која болесна нација треба да набие толкав death toll на мануелен начин :)
Единицата 731 they outmengeled Mengele.

Една од најбруталните битки во втората светска војна.Студови,колежи,самоубиства психички пореметувања,огромни страдања ,се на се војната воопшто е една страшна болест која ја предизвикуваат лудаци седнати во канцеларии со мапите пред нив ко да се шаховска табла.Дефинитивно источниот фронт бил најбрутален.
Сталинград мислам е битка со најмногу жртви во историјата, а најдолга евер останува кај Верден во прва светска кога имало 303 дена непрекинати борби со околу 980.000 жртви на обете страни (Франција и Германија) тогаш најголема во човечката историја, надмашена бргу од Сома 1,2 мил. овој начин на кланици е започнат во првата војна, во втората само се приклучува авијацијата како дополнителен товар за пешадијата.
Кај Верден имало дури и средновековни клања по ровови од групи француски вс. германски војници, со ладни и импровизирани оружја, меѓу кои и боздогани направени од парче штица и големи шајки низ неа,
ножеви, бајонети, ками, копачи, чекани, тогаш станува јасно дека пушката не е универзално оружје за одредени околности (ровови) и разни земји почнуваат со развој на автомати кои ќе доживеат бум во втора светска. (Ерма, Шпагин, Томпсон, Стен)
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
12.348
Поени од реакции
25.912
Јас па од друга страна сметам дека е правилно што јапонците не се кастрирани како германците во тој поглед, што вториве заради нацизмот се принудени да се срамат и да ја ревидираат целата своја историја и да искоренат чувството на национална гордост.

Барем јапонците имаат повеќе свест дека не е се црно и бело во втората светска војна, туку дека има едно огромно сивило кое се прелева и кај двете страни на конфликтот, несомнено многу посиво накај црно кај страната на оската.
 
Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
28.113
Поени од реакции
33.521

Не ти е ова исправно.

Јапонците имаат сосема погрешна слика за вистината. Јас имам најдобар другар кој се ожени со Јапонка и живее таму. Он не е толку по историја и МЕНЕ баш најде да ми тропа некакви глупости околу Јапан и нивната улога во Втора Светска. Му реков нека иде да се фотокопира и дека нема шанси ја да ја негирам вистината, само заради тоа што он се оженил со Јапонка.

Значи, они си мислат дека све тоа Америка лаже и Кина лаже, за све тоа што праеле по Азија (не само во Кина). Целосно индоктринирани со лаги:
- Они се предавале, ама Америка неќела да чуе и се праела како не ги слуша, само за да им фрли атомска.
- Све тоа у Кина, лажат Кинезите
и така натаму.

Јапонците се извлекоа среќно со атомските бомби. Кај нив денес има нула разбирање за позицијата во која се наоѓаат после све што направиле во Војната.

Германците имаат прилично објективен став околу тоа што се случувало. Иако, мое лично мислење е дека претеруваат со осудата на нивната страна. Јапонците никаква лекција немаат научено.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
12.348
Поени од реакции
25.912
Германците имаат прилично објективен став околу тоа што се случувало. Иако, мое лично мислење е дека претеруваат со осудата на нивната страна. Јапонците никаква лекција немаат научено.
Тоа е поентата, дека Германците неправедно се самосатанизираат, Јапонците може не научиле лекција, но нивните политичари очигледно добро го знаат местото на Јапонија во светот денес, економски џин, со речиси никакво влијаније во геополитика, со минимални воени сили, слично како Германија, со тоа што јапонците барем си задржале национална свест и достоинство.
 
Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
28.113
Поени од реакции
33.521
Никогаш не ми било јасно како Хирохито не завршил со јамка околу врат, во Нанкинг само има повеќе жртви него двете атомски земени заедно. Не е муабетот да се потцени радијацијата и срањата на атомската бомба но јапонското силување на градот било месец и кусур, секој ден, огранизирале такмичења во сечење глави со катана, која болесна нација треба да набие толкав death toll на мануелен начин :)
Единицата 731 they outmengeled Mengele.
Све ова точно за Јапанците.
А, за да сфатиме како и зашто Хирохито така поминал, треба да имаме в предвид неколку работи:

- Структурата на јапонската власт, позицијата на Хирохито во контекст на односите помеѓу него и членовите на владата
- Специфичната позиција и начин на функционирање на армијата
- Условите во кои е понудена и потишана капитулацијата

Може и на подолго да се збори за овие точки.

Сталинград мислам е битка со најмногу жртви во историјата, а најдолга евер останува кај Верден во прва светска кога имало 303 дена непрекинати борби со околу 980.000 жртви на обете страни (Франција и Германија) тогаш најголема во човечката историја, надмашена бргу од Сома 1,2 мил. овој начин на кланици е започнат во првата војна, во втората само се приклучува авијацијата како дополнителен товар за пешадијата.
Кај Верден имало дури и средновековни клања по ровови од групи француски вс. германски војници, со ладни и импровизирани оружја, меѓу кои и боздогани направени од парче штица и големи шајки низ неа,
ножеви, бајонети, ками, копачи, чекани, тогаш станува јасно дека пушката не е универзално оружје за одредени околности (ровови) и разни земји почнуваат со развој на автомати кои ќе доживеат бум во втора светска. (Ерма, Шпагин, Томпсон, Стен)
Сталинград има повеќе од два милиони жртви, зависи што сметаш за битка кај Сталинград. Дали кога Вермахтот стигнува до предградијата (во тој случај би рачунале дека траела 5-6 месеци) или од сам почеток на офанзивните дејствија, затоа што тоа е непрекинато тепање. Станува збор за серија од споени битки, од Харков, преку Дон, Калач па се до Сталинград. Тој погоре Стратус, што пиша за таа битка, нормален човек би рекол дека претерува. Некој кој знае би рекол дека дури и преблаго се изразил. Сталинград е навистина најголемата битка во историјата (а тоа не се мои зборови, туку зборови на еминентни историчари). Голема, во смисол значајна, а и во секој друг смисол.
Технички, битката за самиот град е најблиску до типот на рововски битки, кои и ги имаш наведно, од минатата војна.
Автоматски споено мислење:

Тоа е поентата, дека Германците неправедно се самосатанизираат, Јапонците може не научиле лекција, но нивните политичари очигледно добро го знаат местото на Јапонија во светот денес, економски џин, со речиси никакво влијаније во геополитика, со минимални воени сили, слично како Германија, со тоа што јапонците барем си задржале национална свест и достоинство.
Не е тоа достоинство. Тоа е негирање на сите злосторства кои ги направиле нивните претци и во тоа нема ама баш ништо достоинствено. Јас им велам, зошто ги браните и сами идете против здравиот разум. Не сте вие они. Не сте ВИЕ тие луѓе кои го правеле тоа. Има извештаи, снимки, слики... Не е тоа ствар на збор од уво до уво.
Автоматски споено мислење:

Германски војник, свири виолина.
Сликава е направена на 21-ви јануари 1943, во Сталинград (пред точно 77 години) и баш симболично ја доловува ситуацијата.
Ова се последните денови во обрачот. Се гледа колку е неухранет.

Автоматски споено мислење:

Ова време баш пред 77 години, во Сталинград германскиот војник добивал по 50 грама леб дневно. Тоа му е све што добивал, од храна. Две кришки. 300 калории. Минимум за нормален живот ваљда е околу 2500.
 
Последно уредено:
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.043
Поени од реакции
990
Јапонците не се предавале поради една причина - чекале да пристигнат Американците за да се предадат. Затоа.
Не сакале да се предадат на СОЦИЈАЛИСТИЧКИТЕ Русија и Кина. Доколку Јапонците им се предаделе на Русите, тогаш Јапонија ќе беше во иста позиција како Источна Германија :) А многу од нив ќе завршеа во Сибир или на Камчатка во воени логори. Друга приказна е ако им се предадеа на Кинезите. Е дури тогаш ќе надрапаа...
За нив најбезболна опција е предавањето на САД затоа што на тој начин си го задржуваат уредувањето и државата.
А Американците пак доцнеле, та затоа и Јапонија доцни со капитулацијата.
Атомските бомби врз Јапонија мислам дека не се толку за казна туку за да покажат дека ТИЕ ја поразиле Јапонија и другите да ги тргнат рацете од неа (па и да се исплашат од атомското оружје Кина и Русија и да си ги тргнат шепите од неа - демек “тита!, ова е мое и не помислувајте да пипнете!“). Па и бомбите не ги фрлиле врз царската палата и Токио туку врз релативно безначајни градови.
Се е тоа поделба на сфери на влијание. На Јалта се договориле за непроменливост на Версајските граници, ама не си ветиле дека нема да наметнуваат своја управа на освоените територии :)
 
Член од
20 април 2012
Мислења
2.088
Поени од реакции
4.158
Све ова точно за Јапанците.
А, за да сфатиме како и зашто Хирохито така поминал, треба да имаме в предвид неколку работи:

- Структурата на јапонската власт, позицијата на Хирохито во контекст на односите помеѓу него и членовите на владата
- Специфичната позиција и начин на функционирање на армијата
- Условите во кои е понудена и потишана капитулацијата

Може и на подолго да се збори за овие точки.

Сталинград има повеќе од два милиони жртви, зависи што сметаш за битка кај Сталинград. Дали кога Вермахтот стигнува до предградијата (во тој случај би рачунале дека траела 5-6 месеци) или од сам почеток на офанзивните дејствија, затоа што тоа е непрекинато тепање. Станува збор за серија од споени битки, од Харков, преку Дон, Калач па се до Сталинград. Тој погоре Стратус, што пиша за таа битка, нормален човек би рекол дека претерува. Некој кој знае би рекол дека дури и преблаго се изразил. Сталинград е навистина најголемата битка во историјата (а тоа не се мои зборови, туку зборови на еминентни историчари). Голема, во смисол значајна, а и во секој друг смисол.
Технички, битката за самиот град е најблиску до типот на рововски битки, кои и ги имаш наведно, од минатата војна.
Автоматски споено мислење:

Не е тоа достоинство. Тоа е негирање на сите злосторства кои ги направиле нивните претци и во тоа нема ама баш ништо достоинствено. Јас им велам, зошто ги браните и сами идете против здравиот разум. Не сте вие они. Не сте ВИЕ тие луѓе кои го правеле тоа. Има извештаи, снимки, слики... Не е тоа ствар на збор од уво до уво.
Автоматски споено мислење:

Германски војник, свири виолина.
Сликава е направена на 21-ви јануари 1943, во Сталинград (пред точно 77 години) и баш симболично ја доловува ситуацијата.
Ова се последните денови во обрачот. Се гледа колку е неухранет.

Автоматски споено мислење:

Ова време баш пред 77 години, во Сталинград германскиот војник добивал по 50 грама леб дневно. Тоа му е све што добивал, од храна. Две кришки. 300 калории. Минимум за нормален живот ваљда е околу 2500.
Точно страдањата и ужасите на источниот фронт за време на 2 светска војна се бесконкуренција.Освен Сталинград тука е и опсадата на Ленинград,Москва битката кај Смоленск,Курск и др.Во сите тие битки освен шо страдале војските од двете страни, огромни страдања доживеале и самите цивили.Па самите германски војници праќањето на источниот фронт го сметале како најголема казна.
 
Gag

Член од
14 ноември 2013
Мислења
1.534
Поени од реакции
2.325
Јапонците не се предавале поради една причина - чекале да пристигнат Американците за да се предадат. Затоа.
Не сакале да се предадат на СОЦИЈАЛИСТИЧКИТЕ Русија и Кина. Доколку Јапонците им се предаделе на Русите, тогаш Јапонија ќе беше во иста позиција како Источна Германија :) А многу од нив ќе завршеа во Сибир или на Камчатка во воени логори. Друга приказна е ако им се предадеа на Кинезите. Е дури тогаш ќе надрапаа...
За нив најбезболна опција е предавањето на САД затоа што на тој начин си го задржуваат уредувањето и државата.
А Американците пак доцнеле, та затоа и Јапонија доцни со капитулацијата.
Атомските бомби врз Јапонија мислам дека не се толку за казна туку за да покажат дека ТИЕ ја поразиле Јапонија и другите да ги тргнат рацете од неа (па и да се исплашат од атомското оружје Кина и Русија и да си ги тргнат шепите од неа - демек “тита!, ова е мое и не помислувајте да пипнете!“). Па и бомбите не ги фрлиле врз царската палата и Токио туку врз релативно безначајни градови.
Се е тоа поделба на сфери на влијание. На Јалта се договориле за непроменливост на Версајските граници, ама не си ветиле дека нема да наметнуваат своја управа на освоените територии :)
Нема врска.

Советите на 9ти Август ја напаѓаат Манчурија, многу важен индустриски регион за Јапонија а денес за НРК, и ја уништиле "Кватунг" армијата а со тоа и последната јапонска надеж дека имаат некаква шанса да опстојат.

Американците имаат план за инвазија на Јапонија под име Downfall но ако битката за Окинава е показател, инвазија на Јапонија ќе кошта десетици ако не и стотици илјади американски животи (ако не се лажам над 200к) па се иде со опција на фрлање атомски бомби.

Американците не фрлиле бомба на Токио бидејќи сакале после војната да го сменат јапонскиот менталитет и да имаат добри односи со јапонскиот народ.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.043
Поени од реакции
990
И тоа како има врска. Тоа го прочитав некаде и не беше несериозно писание. Јапонците не сакале да капитулираат на социјалистичка држава како СССР, уште помалку на Кина. Затоа одолговлекувале со капитулацијата.

Атомските бомби со тоа немаат врска.
 
Американците ги победуваат Јапонците на Пацификот до таму да јапонската морнарица не е воопшто способна да пружи никаков отпор против USN, ослободени се Филипини, Окинава е под американска контрола. На 26ти Јули УСА ја повикува Јапонија да се предаде но тие одбиваат. На 6ти Август фрлена е првата атомска бомба и пак Јапонците одбиваат да се предадат надевајќи се на некаков договор со СССР. На 9ти Советите (со претходен договор од Јалта дека ќе и' објават војна на Јапонија 3 месеци по поразот на Германија) ја напаѓаат Јапонија и нејзините марионети а УСА ја фрла втората атомска бомба. На 12ти Август Советите де факто ја контролираат Манџурија а на 15ти Август Јапонија се предава.

Кина во 1945 не била комунистичка, дали името Чанг Каи Шек ти значи нешто?
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.043
Поени од реакции
990
Кина во 1945 не била комунистичка, дали името Чанг Каи Шек ти значи нешто?
Не ни пишав дека Кина била комунистичка (почнати се одамна, меѓу двете светски војни, со долгиот марш комунистите стануваат респектабилна сила, ама конечно ја освојуваат власта во '49-та.). Пишав дека во никој случај Јапонците не би се предале на Кина (и ден денес ги мразат - и обичните Јапонци - барем оние кои јас сум ги запознал).
Со Советите одолговлекувале, баш поради тоа што ако капитулирале први кои ќе влезеле во Јапонија биле Русите (можеби бил и таков договор за поделба на сферите на влијание па затоа САД одолговлекувале, не знам за тоа). Императорот никако не би се предал на Советите.
Доколку влезеле Советите како админстратори во прво време - светот (барем во тој дел) ќе изгледал многу поинаку, а и глобално - светската економија ќе имаше еден голем (море огромен) играч помалку.
Автоматски споено мислење:

Екстракт : “Ako Sovjeti izvrše invaziju i pokore Japan, šta će se desiti sa njihovim hiljadama godina starim institucijama, šta će se desiti sa carem, sa dinastijom koja postoji 2.600 godina, sa njihovom tradicijom, kulturom, religijom?Ukratko, šta će se desiti sa onim što Japan jeste i bez čega ne postoji ako njegova ostrva okupiraju komunistički, anti-religijski, anti-tradicijski, anti-istorijski Rusi? “

Последно уредено:

Gag

Член од
14 ноември 2013
Мислења
1.534
Поени од реакции
2.325
Не ни пишав дека Кина била комунистичка...
Јапонците не се предавале поради една причина - чекале да пристигнат Американците за да се предадат. Затоа.

Не сакале да се предадат на СОЦИЈАЛИСТИЧКИТЕ Русија и Кина. Доколку Јапонците им се предаделе на Русите, тогаш Јапонија ќе беше во иста позиција како Источна Германија :) А многу од нив ќе завршеа во Сибир или на Камчатка во воени логори. Друга приказна е ако им се предадеа на Кинезите. Е дури тогаш ќе надрапаа...
За останатото немам намера да дебатирам, мислам дека доволно кажав.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
802
Поени од реакции
1.121
Јас па од друга страна сметам дека е правилно што јапонците не се кастрирани како германците во тој поглед, што вториве заради нацизмот се принудени да се срамат и да ја ревидираат целата своја историја и да искоренат чувството на национална гордост.

Барем јапонците имаат повеќе свест дека не е се црно и бело во втората светска војна, туку дека има едно огромно сивило кое се прелева и кај двете страни на конфликтот, несомнено многу посиво накај црно кај страната на оската.
Па после две светски во период од 25 години јас мислам дека кастрацијата е мала работа, заслужија германците и атомска да им се мавне, и да се извинуваат до крај на светот, нивна намера беше да направат цивилизациско-демографски reset на светот, мислам што да се каже повеќе? Исто и Јапан. Зависи како гледаш на тие работи, баш втора светска е навистина црно-бел конфликт, еден од ретките но секој здрав, нормален човек во тој период би се борел или би подржувал сојузниците, како што и мои претци се бореа против силите на оската.
За Јапан и војната има еден израз they were out of they`re depth, играле на висок влог без позадина и како што вели Берик си поминаа премногу лесно за сите злочини. Нема простор за достоинство кога историјата кажува за цел град од жени во Кореја 20К+ кој служел за "релаксација" на јапанските јунаци за време на отсуство, а тоа е само 0,1% од срањата кои ги имаат направено.

Све ова точно за Јапанците.
А, за да сфатиме како и зашто Хирохито така поминал, треба да имаме в предвид неколку работи:

- Структурата на јапонската власт, позицијата на Хирохито во контекст на односите помеѓу него и членовите на владата
- Специфичната позиција и начин на функционирање на армијата
- Условите во кои е понудена и потишана капитулацијата

Може и на подолго да се збори за овие точки.

Сталинград има повеќе од два милиони жртви, зависи што сметаш за битка кај Сталинград. Дали кога Вермахтот стигнува до предградијата (во тој случај би рачунале дека траела 5-6 месеци) или од сам почеток на офанзивните дејствија, затоа што тоа е непрекинато тепање. Станува збор за серија од споени битки, од Харков, преку Дон, Калач па се до Сталинград. Тој погоре Стратус, што пиша за таа битка, нормален човек би рекол дека претерува. Некој кој знае би рекол дека дури и преблаго се изразил. Сталинград е навистина најголемата битка во историјата (а тоа не се мои зборови, туку зборови на еминентни историчари). Голема, во смисол значајна, а и во секој друг смисол.
Технички, битката за самиот град е најблиску до типот на рововски битки, кои и ги имаш наведно, од минатата војна.
Автоматски споено мислење:

Не е тоа достоинство. Тоа е негирање на сите злосторства кои ги направиле нивните претци и во тоа нема ама баш ништо достоинствено. Јас им велам, зошто ги браните и сами идете против здравиот разум. Не сте вие они. Не сте ВИЕ тие луѓе кои го правеле тоа. Има извештаи, снимки, слики... Не е тоа ствар на збор од уво до уво.
Автоматски споено мислење:

Германски војник, свири виолина.
Сликава е направена на 21-ви јануари 1943, во Сталинград (пред точно 77 години) и баш симболично ја доловува ситуацијата.
Ова се последните денови во обрачот. Се гледа колку е неухранет.

Автоматски споено мислење:

Ова време баш пред 77 години, во Сталинград германскиот војник добивал по 50 грама леб дневно. Тоа му е све што добивал, од храна. Две кришки. 300 калории. Минимум за нормален живот ваљда е околу 2500.
Хитлер првпат му севнала сјајна идеја за освајање на Сталинград при крај на Јули 1942, општоприфатената дата за почеток на најголемата битка на сите времиња е 23.Август 1942 само што за разлика од Верден, во сталинградската операција имало денови без борбен контакт, затоа Сталинград е најголема евер а Верден најдолга евер.

Битноста на двете битки е слична, иако Сталинград е подраматична и со многу појасен крај изразен со капитулација на 6.армија, но и после Верден (25.Февруари 1916, познат и како Црниот Ден на германската армија, никогаш и никаде нема да загинат толку германци за 24 часа како тогаш) и после Сталинград скршен е духот на нацијата, не знам како да го објаснам тоа, верата во победа исчезнува, не дека немале доволно сили и после тие битки германците се бореле и сето тоа, но нешто се скршило во нацијата, непоправливо, за прв пат почнува да се вовлекува мислата, црвот за сомнеж дека е можен пораз меѓу населението.
 
Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
28.113
Поени од реакции
33.521
Хитлер првпат му севнала сјајна идеја за освајање на Сталинград при крај на Јули 1942, општоприфатената дата за почеток на најголемата битка на сите времиња е 23.Август 1942 само што за разлика од Верден, во сталинградската операција имало денови без борбен контакт, затоа Сталинград е најголема евер а Верден најдолга евер.
ОК, мада најдолга битка на сите времиња ја рачунаат Битката за Атлантикот, иако според мене не може таа да се споредува со овие, од разбирливи причини.

Битноста на двете битки е слична, иако Сталинград е подраматична и со многу појасен крај изразен со капитулација на 6.армија, но и после Верден (25.Февруари 1916, познат и како Црниот Ден на германската армија, никогаш и никаде нема да загинат толку германци за 24 часа како тогаш) и после Сталинград скршен е духот на нацијата, не знам како да го објаснам тоа, верата во победа исчезнува, не дека немале доволно сили и после тие битки германците се бореле и сето тоа, но нешто се скршило во нацијата, непоправливо, за прв пат почнува да се вовлекува мислата, црвот за сомнеж дека е можен пораз меѓу населението.
Да, покушавале да скријат, да употребуваат лажни вести, да користат игри на зборови, ама сето тоа било не толку успешно, пошто некои писма со неподобна содржина од Сталинград сепак се имаат протнато, исто така усно пренесени вести и гласини.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
802
Поени од реакции
1.121
Нема врска.

Советите на 9ти Август ја напаѓаат Манчурија, многу важен индустриски регион за Јапонија а денес за НРК, и ја уништиле "Кватунг" армијата а со тоа и последната јапонска надеж дека имаат некаква шанса да опстојат.

Американците имаат план за инвазија на Јапонија под име Downfall но ако битката за Окинава е показател, инвазија на Јапонија ќе кошта десетици ако не и стотици илјади американски животи (ако не се лажам над 200к) па се иде со опција на фрлање атомски бомби.

Американците не фрлиле бомба на Токио бидејќи сакале после војната да го сменат јапонскиот менталитет и да имаат добри односи со јапонскиот народ.
Американците не фрлиле атомска над Токио затоа што го срамниле конвенционално, 340 Б-29 со запаливи бомби убиле скоро исто народ колку и двете атомски земени заедно при масакрот на Токио во Март, немало повеќе што да се уништува во Токио, Кјото бил градот кој бил поштеден поради историски значај, требало да се фрлат атомски над Хирошима и Кокура но вториов куртулил поради лошо време и Бокскар завзел курс кон резервната цел, Нагасаки.

Војната завршила на 2.Септември, 15.08-02.09 имало битки меѓу јапанци и совјети, со западњаците се предаваат на 15-ти.
 
На врв Bottom