Втора светска војна (1939-1945) - генерална дискусија!

Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.863
Џабе било стабилизирање 42 и 43, тоа само ќе го одложело неизбежното-поразот. За Германија секој изминат месец во војната значел неповратно губење на ограничените човечки, ресурсни и индустриски капацитети, а спротивно на тоа јакнење на Советите и Сојузниците со нивниот речиси неограничен потенцијал на луѓе, опрема и индустриско производство.

Војната за Германија е изгубена со неуспехот на Барбароса и неуспевањето да се зададе смртоносен удар на русите зимата 41-42, евентуално имале уште една шанса, иако прашање е и тогаш кои би биле резултатите, со јужната офанзива 42-42 (Fall Blau) на кавказот и Сталинград. Во Курск веќе е предоцна за нив дури и да победеле во таа битка.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.019
Поени од реакции
83.430
Германците успешно го стабилизирале источниот фронт во јануари 1942 после битката за Москва, можеле да го стабилизираат и во 1943 година ако Адолф Хитлер дозволел повлекување од Сталинград, а можеле и после поразот во Сталинград да го стабилизираат фронтот, но фирерот одбивал да прифати совет од професионални воени офицери, по што ги започнал подготовките за битката кај Курск, која на крајот ги отпишала сите можности за било каква понатамошна офанзива на германскиот Вермахт на источниот фронт.
Германците го стабилизирале фронтот после Сталинград. Со операцијата Ѕвезда советите го повратиле Харков и Курск. Манштајн тука тактички се повлекол (на што Хитлер очекувано се мрштел), преку таканаречената Донецка Кампања ги поразил Русите, кои прекумерно се испружиле напред и го заземал повторно Харков, стабилизирајќи го фронтот и нанесувајќи им околу 80.000 губиток на Русите.
После ова Хитлер можел да бира помеѓу дефанзивна стратегија, очекувајќи нова руска офанзива или пак да проба со нова офанзива. Знаеме што избрал и се десил Курск, кој денес дознаваме дека никако на крајот не можел да биде победа за Германците, а до неодамна се мислеше дека бил нерешено - додатни две или три армии, имале советите резерва у позадина. Кога се читаат мемоарите на Манштајн на неговите мапи ги нема тие армии, но по паѓањето на Берлинскиот Ѕид и отворањето на советските архиви се дозна дека Германците кај Курск направиле уште еден голем разузнавачки превид и воопшто не знаеле за поставувањето на овие армии во заднина.

Пост-Курск периодот можел уште пострашно да личи за Германците, во овој сектор од фронтот, да не биле некои постапки на Манштајн.[DOUBLEPOST=1522247291][/DOUBLEPOST]
Германците успешно го стабилизирале источниот фронт во јануари 1942 после битката за Москва,
Тоа е по заслуга на Хитлер, кој за прв пат им се спротиставил на генералите и да не навлегувам во детали - испаднал во право.
Тоа само ја зголемило неговата самоувереност во сопствената наводна месијанска природа, што одма резултирало со бркање на Браухич од челото на OKH (армиска врховна команда*) и самопоставување на Хитлер на тоа место. Од тогаш он поактивно почнува да се меша во занатски работи на генералите и во некои моменти иде до таму што разместува батаљони, што е еквивалент на Груевски кој бира штофови за автобуси на ЈСП или лично менаџира животни за во зоолошка.
Што пак резултира со многу погрешни потези во иднина, како дел од спектарот на погрешки и причини за целокупниот пораз.

*(која официјално е под јурисдикција на OKW, а тука е и генерал-штабот. се на се комплицирано и неефективно)
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.955
Поени од реакции
12.373
...

Германците успешно го стабилизирале источниот фронт во јануари 1942 после битката за Москва

...
Тоа е по заслуга на Хитлер, кој за прв пат им се спротиставил на генералите и да не навлегувам во детали - испаднал во право.

...
Точно, и токму тука лежи коренот на нацистичките порази во 1943 година, бидејќи фирерот веќе еднаш постапил правилно, од сега па понатаму секогаш е во право, ама воената логика на бојното поле говори нешто поинакво - дека воените авантури без прифаќање на советите на професионалните воени офицери наспроти личното суеверие и личното его на австрискиот каплар, можат да резултираат катастрофално за воената страна која се води според нечии лични уверувања наспроти военото планирање и стратегијата за офанзива, дефанзива и статус кво.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.019
Поени од реакции
83.430
Точно, и токму тука лежи коренот на нацистичките порази во 1943 година, бидејќи фирерот веќе еднаш постапил правилно, од сега па понатаму секогаш е во право, ама воената логика на бојното поле говори нешто поинакво - дека воените авантури без прифаќање на советите на професионалните воени офицери наспроти личното суеверие и личното его на австрискиот каплар, можат да резултираат катастрофално за воената страна која се води според нечии лични уверувања наспроти военото планирање и стратегијата за офанзива, дефанзива и статус кво.
Морам да кажам дека погрешно се изразив - не било тоа за прв пат да им се меша, им се мешал и пред тоа. Но, да - од тогаш го удрил малце појако delusion of grandeur-от во глава.
Интересно е како 40-41-ва го имаме Хитлер кој го прифаќа иновативниот пристап на Манштајн*, при Fall Rot (француската кампања) и го имаме во исто време Стаљин, кој за време на почеток на Барбароса, својот став и лично уверување го става над се (над разузнавачите, извештаите, јавувањата, над логиката и очигледното). И двајцата се движат во спротивна насока, па го имаме по некоку години Хитлер кој стигнува до таму да се занимава, како што реков, дури и со батаљони, а од друга страна го имаме Стаљин кој само бара резултати од Жуков и Коњев, оставајќи да си ја вршат работата.
Ако земеме дека кај Хитлер некаква преломна точка е неговата исправна одлука при стабилизацијата после Тајфун, тогаш кај Стаљин веројатно преломна точка е отрезнувањето после првите катастрофи, кога седум дена не се појавувал, а од официјални изјави кон јавноста го имаме само Молотов и рускиот патријарх. Кога мислел дека ќе го уапсат (како што подоцна му признал на Хрушчов), а они дошле само да го прашаат што да прават.
Стаљин е далеку поприземен од Хитлер, селски итар и параноичен. Без митски парван зад себе, тој нема самоувереност во сопствено месијанство, што му овозможува да учи од сопствените грешки.
А Хитлер смета дека божјото провидение го ставило таму кај што е, увереноста в сопственото месијанство не му дозволува помрднување од апсолутот кој си го припишува. Тој има митови зад себе. Впрочем целата идеологија суштински му се заснова на митови.

* до душа одма после тоа не пропушти да ги земе ловориките за тоа
[DOUBLEPOST=1522274407][/DOUBLEPOST]
Геноцид рамнен на холокаустот е сојузничкито бомбардирање на Германија и Јапонија, но победниците судат и пресудуваат.
Па не баш. Геноцид рамен на холокаустот е убиството и смртта на 15 милиони цивили при окупацијата на Кина од страна на Јапан и убиството и смртта на 17 милиони цивили при окупацијата на СССР од страна на Германија.
Велам убиствата и смртта затоа што не се сите убиени, некои умреле од глад, болести и други лоши услови кои се директна последица на окупацијата.
Сите зборуваат за два милиони силувања врз германските жени 45-та, а никој не збори за десет милиони силувања на советските жени 41-ва до 44-та.
Не велам дека силувањата од страна на Русите не се злосторства, ниту пак тепих бомбардирањата на сојузниците, но си има градација и каузалност.
Една од најужасните мисконцепции за II С.В. e воспоставувањето на морално израмнување на двете страни. Тој баланс е мит и едноставно, фактите и бројките го негираат.

Втора Светска Војна е можеби единствениот голем конфликт каде што поразените страни имаат далеку помали жртви од победничките страни и далеку помала штета.
 
Последно уредено:
Член од
5 октомври 2011
Мислења
156
Поени од реакции
233
Еве една интересна слика од Втората светска војна со двајца Македонски генерали
заедно со Адолф Хитлер.

Генерал-мајор Александар Попдимитров. Роден во Кратово, От Лево од Адолф Хитлер.
останува верен на него. Самоубива се со жена му во денот на превратот на 9-ти септември 1944.

Овој македонски генерал е по интересен седи меѓу Адолф Хитлер От Лево и фелдмаршал Вилхем Кајтл отдесно.
Тоа е Генерал-мајор Владимир Кецкаров син на охридскиот воевода Антон Кецкаров

ја претвора бугарската петта армија,составена на 80% от македонски војници против Германците.
Спроведува против група амиј Е Страцинско-Кумановската операција - совладани се Страцин, Куманово, Скопје. Во исто време се води и Брегалнишко-Струмичко операција, како резултат на која деловите на Вермахтот се наметнува од Царево село, Кочани, Штип, Струмица, Велес и други населби. Од 21 октомври до 30 ноември се одржува Косовската операција при која се совладани градовите Подуево, Приштина, Косовска Митровица, Рашка и Нови Пазар.
1280px-BASA-3K-15-391-1-Nikola_Mikhov,_Adolf_Hitler_and_Wilhelm_Keitel,_1943.jpeg
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.019
Поени од реакции
83.430
Интересен податок за Македонци-генерали кај Хитлер.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Веќе поминаа скоро 30 години после распадот на Југославија.
Време е нашите т.н. историчари да направат повторен осврт на ВСВ на територијата на Вардарска Македонија, а не да ја мантраат таа комунистичка приказна. Пример во Србија и Хрватска веќе сериозно се преразгледува и се дебатира околу овој период, додека ние сеуште сме заглавени пред 30 години со бајките за протерувањето на окупаторите од истокот. Што нема никаква врска со тогашната реалност.
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726

Се разгледува и дебатира, нема ништо посебно што да се измени или дополни т.е. има врска со тогашната реалност.
 
ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
3.026
Поени од реакции
7.125
Се разгледува и дебатира, нема ништо посебно што да се измени или дополни т.е. има врска со тогашната реалност.
Има, ете Србите се на праг да го рехабилитираат Недиќ. Се открија многу работи околу него кои никогаш не би ги нашол во историските учебници напишани од УДБА и.т.н.

Друг пример во нашите учебници од УДБА никогаш нема да има за договорот за примирје помеѓу Тито и Хитлер склучен во Загреб каде што највисоки претставници на КПЈ и Германија договориле заедничка соработка против четниците.
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Има, ете Србите се на праг да го рехабилитираат Недиќ. Се открија многу работи околу него кои никогаш не би ги нашол во историските учебници напишани од УДБА и.т.н.

Друг пример во нашите учебници од УДБА никогаш нема да има за договорот за примирје помеѓу Тито и Хитлер склучен во Загреб каде што највисоки претставници на КПЈ и Германија договориле заедничка соработка против четниците.
УДБА, УДБА..
Остај ти историја на историчарите, глеј си фудбало.
 
ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
3.026
Поени од реакции
7.125
УДБА, УДБА..
Остај ти историја на историчарите, глеј си фудбало.
Се извинувам а ти да не си нешто дипломиран историчар или ?
И тоа тие информација ако сакаш да знаш од британски историчари ;).
 
ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
3.026
Поени од реакции
7.125
Конкретно го имаш во овој документарец, но тоа е споменето во многу емисии/серијали, па и страници кои опфаќаат историски тематики ,дури и кај Васко во негова емисија ако не се лажам.

И баш би сакал како историчар да те запрашам, дали некаде во наш учебник можеме да ги видиме документите со кои е прогласена Независна Држава Македонија :) ?
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.863
Недиќ па еден позитивен лик што е за србите, тоа што некои ја туркаат неговата рехабилитација е чисто одење контра на „комунистичката историја“ која им била официјална ништо друго.
А во македонската историја, не знам кој лик би бил таков еквивалент што ние би требало да го рехабилитираме
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Конкретно го имаш во овој документарец, но тоа е споменето во многу емисии/серијали, па и страници кои опфаќаат историски тематики ,дури и кај Васко во негова емисија ако не се лажам.
Каде е делот со примерјето помеѓу Тито и Хитлер?

И баш би сакал како историчар да те запрашам, дали некаде во наш учебник можеме да ги видиме документите со кои е прогласена Независна Држава Македонија :) ?
Што ќе ти се документи од "Независна Држава Македонија" (сателит на Бугарија) ?

Недиќ па еден позитивен лик што е за србите, тоа што некои ја туркаат неговата рехабилитација е чисто одење контра на „комунистичката историја“ која им била официјална ништо друго.
А во македонската историја, не знам кој лик би бил таков еквивалент што ние би требало да го рехабилитираме
Сега ќе ни кажат бугарофилчињата.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom