Врвни научници - Христијани!

Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Врвни Научници - Христијани!



Кај нашиот народ постои мислењето дека учените луѓе не веруваат во Господ. Кај многу други народи, такви мислења нема.
Особено ги нема кај оние народи што меѓу своите национални великани имале и имаат верници, кои воедно биле, или се, научници, интелектуалци, учени и ценети луѓе. Јасно е дека кај народите од кои потекнале научни умови какви што биле: Роберт Бојл, Исак Њутн, Мајкл Фарадеј, Луј Паестер, Макс Планк, Вернер Хајсенберг, Вернер Фон Браун и слични на нив, кои воедно биле и верници (во конкретниот случај - христијани) и не можело да се јави мислата дека учените луѓе не веруваат во Господ. Дури може да се каже и спротивното: се сметало дека токму учените луѓе веруваат во Господ.

Овде само бегло ќе споменеме примери на големи научници, кои воедно биле верници - христијани. Постојат повеќе книги на англиски јазик, кои содржат конкретни и поединечни податоци на оваа тема.


Врвни Научници - Верници:

Јоханес Кеплер
Роберт Бојл
Исак Њутн
Леонардо Ојлер
Мајкл Фарадеј
Луј Пастер
Вилијам Томсон - Лорд Келвин
Џејмс Клерк Максвел
Сер Амброз Флеминг
Вернер фон Браун


  • Јоханес Кеплер
Основоположник е на современата астрономја; ги открил законите за планетарните движења , познати како прв, втор и трет Кеплеров закон.
Бил противник на астрологијата и не верувал дека ѕвездите ги управуваат животите на луѓето. На таа тема напишал и книга и ја објавил во 1601 год.
Луѓето што денес веруваат во астрологија треба да се поучат од Кепер. Белки не се поголеми стручњаци од него!

Кеплер бил христијанин со цврсти убедувања, кои се темелеле врз неговото лично познавање на Библијата. Бидејќи бил слободоумен и информиран човек, се спротиставувал на клерот од официјалната црква, која во тоа време вршела срамен лов на измислени вештерки, па и мајката на Кеплер била судена за вештерство! Поради тоа што исклучиво се повикувал на Светото Писмо, а не се повинувал на црковните догми за вештерство и слично, често бил прогонуван и шиканиран.

Еве неколку изјави на Кеплер:
"Јас сум христијанин!"

"Сакав да станам теолог, но сега гледам дека преку моите трудови Бог се прославува и во астрономијата, зашто ...небесата ја искажуваат Божјата слава, небото ги објавува Неговите дела" (овде Кеплер го цитира библискиот Псалм 19, стих 1.)

"Јас верувам единствено и исклучиво во службата на Исус Христос...Во него е секое прибежиште, секоја утеха."

"Бог е љубезен Створител, Кој од ништо ја создал целата природа."

Многу повеќе за Кеплер може да се прочита во Енцѕцлопаедиа Британница, како и во книгата на Ј.Х. Тинер: "Јоханнес Кеплер - Giant of Faith and Science", Mott Media, Milford (Michigan) 1977, стр. 193
  • Роберт Бојл
Пионер на модерната хемија, физика, метерологија, и претседател на здружението за дистрибуција на Светото Писмо. Роден во богато аристократско семејство, но познат како многу скромен и дарежлив човек.

Извонредно талентиран и вреден, веќе на 8-годишна возраст ги владеел грчкиот и латинскиот јазик, а подоцна научил и хебрејски и арамејски за да може Стариот Завет од Библијата да го чита во оригинал.

Бојл бил многу образован научник и вршел голем број лабораториски експерименти. Најпознат е по формулацијата на еден од гасните закони во хемијата и физиката, сега познат како Бојл-Мариотов закон, иако дал голем придонес и во метеорологијата, како и во хемијата на киселини, бази и индикатори. Бојл се противел на утописката идеја на алхемичарите од железото да направат злато и на употребата на магии и астрологија во науката. Против овие шпекуланти, кои итро се богателе, тој ја напишал својата книга ,,Скептичниот хемичар", во 1661 година и си го навлекол нивното непријателство.

Бојл силно ги нагласувал својата христијанска вера и верата во Библијата. Во 1690 година ја издал книгата "Христијански виртуоз" во која порачува дека изучувањето на природата претставува должност на секој христијанин. Во 1655 година издал книга со христијански поуки. Во секоја поука, тој употребувал по некој пример од природата, а потоа го поврзувал со определена христијанска објава. Бојл со свои пари финансирал печатење и дистрибуција на Библијата не само во Велика Британија, туку и во Индија, Турција и арапскита земји.

Познати христијански изјави на Бојл се:
,, Запознавајќи ги Неговите дела, ќе Го запознаеме Него ( Господ ). "
,, верувам во Христовата смрт, воскресение и вознесение, како и во сите Негови чудесни дела што ги извршил додека бил на Земјата, за да го увери човештвото дека тој е и Бог и човек. "
  • Исак Њутн
Еден од најголемите, најгенијалните научници на сите времиња. Роден е како недоносче во Англија, на Божик, во време на граѓанска војна, со мали изгледи да преживее, а сепак поживеал 84 години. Мајка му останала вдовица два месеци пред неговото раѓање. Со големи тешкотии бил изгледан и школуван.

Њутн дал голем придонес во физиката со сега познатите Њутнови закони, но исто така и во математиката и астрономијата. Најпознато научно дело му е Принципија матхематица, а од христијанските книги што ги напишал, познати му се "Белешките на пророштвата од Даниел".
Иако бил длабоко побожен во христијанската вера, Њутн се спротивставил на царскиот декрет во образованието и науката да се вплеткува и Црквата. Конечно за него била направена отстапка да не мора да биде ракоположен од Англиканската црква за да предава математика и наука на Кралскиот колеџ. Иако морал постојано да се бори за признавање на своите научни откритија, кога умрел, Њутн е погребан со големи почести во Вестминстер Аби.

Познати христијански изјави на Њутн се следниве:
,, Сите мои откритија беа резултат на молитва. "
,, Имам темелна вера во Библијата, која ја сметам за Божја реч, напишана од луѓе што биле боговдахновени. Библијата ја проучувам секојдневно. "
,, Атеизмот е бесмислен. Набљудувајќи го Сончевиот систем, гледам дека Земјата е поставена на оптимална оддалеченост од Сонцето, за да добива соодветна количина топлина и светлина. Ова не се случило случајно! "
Повеќе за Њутн има во во секоја научна или општа енциклопедија, како и во книгите на англиски јазик : (1) Ј. Х. Тинер, Isaac Newton - Inventor, Scientist, and Teacher, Mott Media, Milford, Michigan, 1975.
(2) Анн Лемонт: 21 Scientist who believed the Bible, Creatoin Science Foundation Ltd., 1995.
  • Леонардо Ојлер
Врвен математичар и активен христијанин. Роден во Базел, Швајцарија. Татко му бил калвинистички проповедник, а и Ојлер сакал да стане христијански проповедник. Сепак, охрабруван од генијалниот математичар Бернули, Ојлер станал магистар по математика и природни науки на 17-годишна возраст. Подоцна со својата сопруга Катерина имал 13 деца, од кои 8 умреле во детството. Ојлер многу ги сакал своите деца и често работел со деца во прегратките.

Едно време бил професор во Санкт Петербург, но бидејќи одбил да му направи хороскоп на принцот Иван ( како христијанин, Ојлер се противел на астрологијата и верувањето во хороскопи ), паднал во немилост кај царот и заминал на универзитетот во Берлин, каде што минал 24 плодни години. Иако веќе на 27-годишна возраст го загубил видот на едното око, а на 60-годишна возраст сосема ослепел, потоа му изгорела куќата, а тој бил спасен од својот верен домар, па кога имал 69 години му умрела сопругата, Ојлер има објавено стотици научни трудови од областа на математиката и внел генијални математички новини. Низ големите трагедии го одржувала силната христијанска вера.

Повеќе за него има во книгата Men of Mathematic, Simon & Schyster, New York, 1937, од авторот Е. Т. Белл.
  • Мајкл Фарадеј
Хемичар, но и пионер во истражувањата на електричеството, конструктор на електричниот мотор, на генераторот, трансформаторот, волтаметарот, електролизерот и др. Велечината ,,фарад" за електричен капацитет е така именувана според неговото име. Како хемичар, го синтетизирал бензенот ( важно соединение за производство на бои, најлон и пластика ) и многу други нешта.

Роден е на 22 септември, 1791 г. близу Лондон. Бидејќи биле сиромашни, не можел да се школува. Работел во книговезница, па така читал многу книги и научил многу. Почнал и да експериментира, особено во областа на хемијата и електрицитетот.

Бил многу активен верник-христијанин. Всушност, повеќе од 20 години бил старешина (ѓакон) во една црква. Бидејќи црквата немала платен свештеник (проповедник), старешините ги одржувале библиските предавања, а меѓу нив најактивен бил токму Фарадеј.
Кога еден новинар го прашал какви му се претпоставките за задгробниот живот, Фарадеј му одговорил : ,,претпоставки? Немам никакви претпоставки! Јас се потпирам само врз сигурни работи, па ви велам : "Јас знам во Кого верувам и убеден сум дека Тој ќе ми го запази она што сум Му го доверил. " (Ова е цитат од Библијата, 2. Тимотеј 1:12 ). При своето пензионирање, изјавил: ,, Најпрво Му благодарам на Бог за сите Негови дарови. "
  • Луј Пастер
Ветеран областите на бактериологијата, пастеризацијата, вакцинацијата и имунизацијата. Го формулирал и законот за биогенеза (,,Животот настанува само од живот") со кој јасно се спротивставил на Дарвиновата теорија на еволуција. Роден е на 27 декември, 1882 г. во источна Франција. Бил прво магистар, а потоа и доктор и професор по хемиски науки.

Личниот живот на Пастер бил исполнет со трагедии и болести. Три од неговите пет деца умреле од детски болести. Израснал со ментално ретардирана сестричка. И самиот имал изливи ( крвавења ) во мозокот, а доживеал и неколку срцеви удари од кои бил делумно парализиран. Неговите откритија за пастеризација и имунизација би му донеле големо богатство доколку се решил да ги патентира, но тој бесплатно им ги ставил на располагање на сите корисници. Во 1888 година во негова чест е формиран Пастеровиот институт во Франција, денес една од најреномираните институции за борба против заразните болести.

Луј Пастер бил силен верник-христијанин и противник на теоријата на еволуцијата и воопшто на идејата за спонатано настанување живот од нежива материја.
Меѓу неговите изјави за вера во библискиот Господ се и следниве:
,, Колку што повеќе ја проучувам природата, толку повеќе Му се восхитувам на делото на Створителот. "
,, Науката ги доближува луѓето до Бог. "
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
  • Вилијам Томсон - Лорд Келвин
Еминентен физичар, заслужен за термодинамичките закони, за скалата на келвинови степени и апсолутната нула, за првиот кабел под Атлантикот и за многу други нешта. Роден е на 26 Јуни, 1824 г. во Белфаст, Ирска.
Останал без мајка на 6-годишна возраст. На 22 години станал професор по природни науки ( главно физика ) на Универзитетот во Глазгов и на таа позиција останал цели 53 години. Во текот на својот живот, добил 21 почесни докторати. Се смета за човек што ги формулирал Првиот и
Вториот закон на термодинамиката, кои се однесуваат на конзервацијата на енергијата во вселената и на ентропијата. Обата закони се погубни за концептот на Дарвиновата теорија за еволуција и постојано создавање.

Томсон има повеќе од 70 пронајдоци, кои му донеле и големо богатство. Одликуван е и од кралицата Викторија, а се стекнал и со титулата лорд. Погребан е во Вестминстер Аби ( Лондон ) покрај највеликите луѓе на Велика Британија.
Томсон бил голем верник-христијанин. Еве и една негова позната изјава :

,, Околу нас има изобилство од докази дека се е создадено интелигентно и со дизајн... атеизмот е толку бесмислена идеја што немам зборови да го искажам тоа !"
,, Во врска со потеклото на животот, науката... цврсто потврдува дека зад тоа стои сила на Творец. "
  • Џејмс Клерк Максвел
Научен гениј и посветен христијанин. Роден е на 13 јуни, 1831 г. во Единбург, Шкотска, како единствено дете на своите родители. Почетното образование го добил од мајка му, која била голема христијанка. И самата се фасцинирала кога Џејмс на 7 години го научил напамет најдолгиот псалм од Библијата, псалмот 119, кои има 176 стихови! За жал, мајка му починала веќе следната година.
Подоцна студирал на универзитетите во Единбург и на Кембриџ. На 16 години имал објавено три научни трудови со многу математика во нив. Го претскажал составот на Јупитеровите прстени, а тоа било потврдено по 100 години преку вселенскиот брод војаџер. Неговите откритија довеле до конструкцијата на радиото, телевизијата, радарите и сателитите. Се смета дека Максвел е рамо до рамо со Њутн и Ајнштан.

Максвел силно се противел на Дарвиновата теорија за еволуција, Максвел презентирал еден труд во кој вели : ,, Никаква теорија на еволуција не може да се формулира за да се објасни истоветноста на молекулите на една иста материја, зашто еволуцијата подразбира континуирани промени.....

Максвел успешно ја побил и ,, Небуларната хипотеза " на францускиот атеист Лапласт, математички докажувајќи ги грешките во оваа хипотеза. Така била отфрлена хипотезата на Лапласт.

Максвел умрел од рак, на 48-годишна возраст, без деца, иако имал среќен брак со Катерина Дјуар.
Максвел бил и ревносен христијанин. Учествувал во изградбата на една христијанска црква во која потоа и самиот бил старешина ( ѓакон ).
Ги посетувал болните, им читал од Библијата и се молел за нив. Кога неговата жена останала инвалид, ја гледал со многу посветеност. Никогаш не се жалел, дури ни кога дознал дека боледува од смртоносен рак.

Во една од молитвите запишани во неговиот нотес, тој вели : ,, Семоќен Боже, Кој си го создал човекот според Твојот образец, и си го направил жива душа, за да Те спознава и да управува со Твоите творби; научи не да ги изучуваме делата на Твоите раце, за да ја потчиниме земјата во наша полза, да си го изостриме умот во Твоја служба; да го примиме Твоето благословено Слово, за да поверуваме во Оној што Ти го испрати за да не запознае со спасението и простувањето на нашите гревови. За сето ова Те молиме во името на истиот Исус Христос, нашиот Господ ".

А на неговиот погреб, еден од неговите колеги го рекол следново:
,, Ние, неговите колеги на колеџот, во него видовме умствена моќ, голем капацитет и оригиналност, сплотени со длабока понизност што тој ја искажуваше пред Бога, почитта спрема Божјата волја и верата во љубовта и откупувањето преку божествениот Спасител, Кој му беше утеха во тешкотиите и болестите .
  • Сер Амброз Флеминг
Електроинженер од Англија, роден на 29 ноември 1839 година. Прво од седумте деца на конгрешански проповедник. Одличен познавач на Библијата и активен христијанин. Противник на Дарвиновата теорија на еволуција. Се образувал на Лондонскиот универзитет. Долго време собирал пари, работејќи како учител, за да работи докторска дисертација.
Докторирал на природни науки на 30 -годишна возраст. Најмногу истражувал на полето на електричеството и неговата примена.

Бил советник во Телефонската компанија на Едисон, како и во Телеграфската компанија на Маркони, пронаоѓачот на радиото. Станал прв професор по инженерство за електротехника на Лондонскиот колеџ и бил многу популарен професор. Најзаслужен е за пронајдокот на електронките ( вакуум диодите ), кои овозможиле револуционерна радио комуникација. Флеминг е автор на повеќе од 100 научни трудови и книги, повеќе патенти и почесни титули и одликувања.

Флеминг решително се спротивставувал на теоријата на еволуцијата и бил претседател на Движењето против еволуцијата. Ова движење го формирале британски научници, кои протестирале гледајќи дека еволуционистите нечесно и нецелосно ги прикажуваат научните факти. Во предговорот на својата книга ,, Потеклото на човекот од аспект на откровение и истражување ", Флеминг пишува:
,, Каков и да е ефектот врз верските ставови на возрасните или врз научниците што се наклонети кон теоријата на еволуцијата за потеклото на човекот, неспорно е дека таа е погубна за етичкиот развој и духовниот живот на младите и неуките, зашто ги наведува да веруваат дека луѓето потекнуваат од мајмуни и дека шимпанзото и горилата му се најблиските роднини на човекот...
Флеминг целиот свој живот бил верник во Библијата.
Меѓу другото, тој го изјавил и ова:
,, Има изобилство од докази дека Библијата, иако ја пишувале луѓе, не е производ на човековиот ум. Безброј луѓе во сите времиња ја почитувале Библијата како комуникација на Створителот на вселената со нас.
  • Вернер фон Браун
Кога на 20 јули 1969 година првиот човек ( Нил Армстронг ) стапна на Месечината, најголемото признание му беше оддадено на Вернер фох Браун, конструкторот на ракетата Сатурн 5, која ги однесе космунаутите на Месечината.

Вернер фон Браун е роден во Германија, на 23 март, 1912 година. Татко му бил барон и успешен банкар, а мајка му била аматерски вљубеник во астрономијата. Кога Вернер фон Браун бил примен како член во лутеранската црква , мајка му му подарила телескоп, а со тоа му ја вградила и љубовта спрема астрономијата.

Во основното образование, Ворнер бил слаб ученик, особено по математика и физика. Но, откако прочитал една книга за можно меѓупланетарно патување, фрустриран од тоа што не можел да ги разбере математичките формули и пресметки, сериозно ги надополнил своите слаби знаења и наскоро токму математиката и физиката му станале јака страна. Дипломирал како машински инженер, а две години подоцна докторирал на физика, кога имал 22 години.

Вернер фон Браун работел многу на конструкција на секаков вид ракети, дури и за германската војска. Но, кога ракетите биле употребени за бомбардирање на цивили, особено над Лондон, Вернер одбил да соработува поради што бил затворен. Подоцна, при падот на Берлин, тој и целиот тим проектанти на ракети со своите семејства ( над 5000 луѓе! ) им се предале на Американците. Вернер и 40 негови соработници станале американски државјани во 1966 година.
За жал, и во оваа земја Вернер сфатил дека властите повеќе се заинтересирани за оружје отколку за вселенски летови. Дури откако Русите го лансираа првиот вселенски сателит ( Спутник 1 ), американската влада му дава зелено светло на Вернер да започне вселенски истражувања. Така, во 1958 година е формирана НАСА, а Вернер станува директор за вселенски летови. Оттогаш, речиси сите вселенски летови на Американците се до 1972 година се негово дело, вклучувајки ги сериите летови ,,Џемини", ,,Мерк*ри" и ,,Аполо".

Вернер фон Браун често бил критикуван дека овозможил производство на убиствени оружја. Неговиот одговор бил дека научниците развиваат технологија, а моралната одговорност за тоа како и за што ќе биде употребена таа технологија е на страната на оние што ќе ја злоупотребат.

Вернер бил сериозен човек - христијанин ( лутеран ). Библијата ја сметал за ,, Откровение на Божјата природа и љубов " .
Тој бил противник на теоријата на еволуцијата и изјавил:
,, Има луѓе што тврдат дека вселената еволуирала преку случајни процеси; но какви случајни процеси можат да произведат човечки мозок или човечко око!? "

Тој, исто така, изјавил : ,, Не можам да ги разберам научниците коишто не признаваат дека зад постанокот на вселената стои еден супериорен ум "
,, Вселенските летови со луѓе се чудесно достигнување, но досега отвориле само едно мало прозорче, за да ѕирнеме во зачудувачките димензии на просторот. Овој поглед... треба само да ни ја зацврсти верата во недвосмисленото постоење на Творецот .


Има и други научници коишто цврсто верувале во Библијата и нејзините објави и не гледале никаков конфликт меѓу таквата вера и научните сознанија. Меѓу нив се и следниве:

Грегор Мендел - таткото на генетиката;

Браќата Вилбур и Орвил Рајт - конструктори на првите авиони;

Франсис Бекон - татко на "научниот метод" и на експерименталните науки.
Една од неговите изјави е: "Пред нас имаме две книги за проучување, за да не западнеме во грешки: Светото Писмо, каде што Бог ни ја открива својата Воља и "Книгата на Божјите созданија", кои се израз на Неговата моќ".

Блејз Паскал - математичар, физичар и пионер-инжинер по хидростатика и хидромеханика. "Христијанинот не може да биде губитник; ако нема Господ, не губи ништо, а живеел посреќно од неверниците; ако има Господ, ќе добие многу, а неверникот ќе изгуби се!"

Исак Бароу - професор по математика на Кембриџ, учител на Исак Њутн. Ја напуштил брилјантната кариера за да се посвети на проповедање на христијанството.

Готфрид Лајбниц - математичар и филозоф, современик на Њутн. Покрај научни книги, напишал и книга за одбрана на Светото Божјо тројство. Познат и по обидите да дефинира заедничка теологија што одново ќе ги обедини Католичката и Протестантската црква, а подоцна и Лутеранската и Реформираната црква.

Џон Далтон - хемичар и татко на атомската теорија. Многу побожен христијанин, припадник на квекерите. (Квекерите се христијанска групација што се нарекува и "Друштво на пријатели". Не признаваат официјални свештеници, одбиваат да даваат заклетви, да одат во војска...)

Самуел Морзе - изумител на телеграфот. Позната е неговата прва порака упатена по телеграф: "Види што направи Бог!" (цитат од Библијата, 4 Мојсеева 23:23)

Томас Андерсн - брилјантен шкотски хемичар; го открил пиридинот и други органски бази. Потписник е на "Декларацијата на научниците" од 1864г. во која се укорува Дарвиновата теорија за еволуција и се изразува вера во Библијата и во христијанската објава.
Оваа декларација ја потпишале 717 врвни научници

Вилијам Рамзеј - хемичар и евангелски христијанин, откривач на аргонот и на другите благородни гасови, научник од областа на радиоактивноста и пионер во трансмутацијата на елементите. Неговите трудови довеле до откритие на изотопите, од страна на неговиот ученик Соди.

Итн Итн...

И сега, откако ја прочитавте оваа мала ликста на врвни научници - христијани, би сакал да ви го поставам, се надевам сега реторското, прашање:
Дали учените луѓе веруваат во Господ?
Зарем основоположниците на науките не се доволно учени луѓе само заради тоа што биле и верници?

Колку само илузорно делува изјавата "науката не верува во Господ", кога се знае фактот дека повеќето од нејзините основоположници, луѓе кои ги насадиле корените на науката која ние денес ја проучуваме, биле доследни христијани и цврсто верувале во Бог.

Но, вината за тоа, верувам ќе се сложите, лежи во: Маркс и Енгелс, Ленин, Дарвин, Комунизмот во нашиве простори и други слични девијантни појави кои го индоктринирале нашиов народ низ вековиве.
Но, благодарение на Бог, денеска колку толку ја уживаме демократијата и можеме слободно да ја изкажеме и "другата страна" на научниците, да се ослободиме од предрасудите и самите да си заземеме свој став околу прашањата за Бог.
 

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.694
Поени од реакции
885
Заборави да го спомнеш Алберт Ајнштајн кој исто така бил верник
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Никола Коперник, ја објавува својата De revolutionibus orbium coelestium за хелиоцентричноста на сончевиот систем . Црквата ова книга ја забранува и од 1616 до 1822 година е на индексот на забранети и ОПАСНИ книги. Значи 200 години во универзитетите ЦРКОВНИ не се смеело да се изучува или чита Коперник.




Упсс, узвини .... не е за овде овој... го згрешиф
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Галилео Галилеј ја објавува Dialogo sopra i due massimi sistemi del mondo tolemaico e copernicano во 1632, во 1633 инквизициајта го апси, и затвора. Оставен да бира помеѓу смрт на клада или доживотен затвор, одбира да живее и се откажува од делото. Целиот останат живот го поминува во домашен притвор во Фиренца под будното око на инквизицијата. Црквата призна дека згреши и ја укина казната кон Галилео после 360 години - во 1992 година А неговото дело прв пат издадено во 1842 година

Уффф и овој не е за овде.... брееее
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Ѓордано Бруно, зард своето видување на вселената, уапсен , држан 6 години во затвор а потоа осуден од страната на кардиналот Роберт Белармин и обесен наглавечку и спален жив во 1600 година. “Жалење“ за случајот изрази папата Јован Павле втори 400 години подоцна, не ми се верува ниту Бруно да бил тема во некои ЦРКВЕНИ универзитети

Аууууу
Овој дефинитивно отпаѓа

 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Три пати згреши! :)
Темава не е "Самонаречената Црква и Научниците", туку "Врвни Научници - Христијани".

Тоа што некоја самонаречена "црква" измислувала некакви криви доктрини и на основа на нив ги судела научниците, нема врска со Изворното Христијанстви и Христовата Црква втемелена на Божјиот Збор - Библијата.
 
Член од
8 август 2007
Мислења
1.541
Поени од реакции
48
@ Член на раководството

Тоа е во периодот на инквизицијата. Добро знаеш дека тие луѓе работеле во спротивност на тоа позади кое ги криеле своите дела-христијанството. Не се тие ЦРКВАТА. Може да се каже дека црквата бил нивен заложник.
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
1. Никој од погорните научници не бил припадник на католичката црква?
2. Наслов на темата е ХРИСТИЈАНИ не КАТОЛИЦИ, ПРАВОСЛАВНИ, АДВЕНТИСТИ, ЛУТЕРАНИ, КОПТИ.....
3. Инквизицијата беше инструмент и дел од црква (христијанска) таа не беше некое надворешно самостојно тело. Беше воспоставена од црквата и управувана од црковни луѓе.
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Кола?
Кој споменал кола?
Инквизицијата е формирана од папа (поглавар на христијанска цркв) и со неа раководеле црковни лица
Каква кола какви гаражи
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Не е кола се што е во гаража.
Не е црква се што има крст на кровот.
Не е христијанин секој што влегуваа во црква. (па макар бил и папа).

Христијанин е човек кој го следи и се придржува до Христовото учење запишано во Светото Писмо - Библијата.
Не може под капата на христијанството да се ставаат работи кои се косат со Библијата (пр. Индулгенции, Инквизиција, Крстоносни војни, изјави од типот: "Земјата е плоча носена од три кита" итн). Христијанството се оградува од таквите анти-христијански пародии.

Сите примери што ги наведе фрлаат дамка врз римокатоличката црква, но не и врз изворното - библиско христијанство.
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Не е кола се што е во гаража.
Не е црква се што има крст на кровот.
Не е христијанин секој што влегуваа во црква. (па макар бил и папа).

Христијанин е човек кој го следи и се придржува до Христовото учење запишано во Светото Писмо - Библијата.
Не може под капата на христијанството да се ставаат работи кои се косат со Библијата (пр. Индулгенции, Инквизиција, Крстоносни војни, изјави од типот: "Земјата е плоча носена од три кита" итн). Христијанството се оградува од таквите анти-христијански пародии.

Сите примери што ги наведе фрлаат дамка врз римокатоличката црква, но не и врз изворното - библиско христијанство.
Тоа е твоето мислење, ти сите ги ставаш под ХРИСТИЈАНИ и не потенцираш на која христијанска фракција мислиш. Денес со толку разлики и поделби не е ни Православна Македонска ни Православна Српска ни Православна Грчка црква во единство, значи пошто нејаснотијата е кај тебе, дај кажи на која од Христијанските цркви конкретно мислиш дека е вистинската,пошто горе во научниците имаш луѓе кои припаѓале на различни цркви.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Чорбаџија има еден принципиелен проблем во тоа што сакаш да го докажеш. Имено точно е дека тие научници а и многу други во минатото биле верници и биле согласни со тоа дека живиот свет а со тоа и човекот е создаден од господ, но тоа е само поради тоа што во тоа време не постои хиптезата за еволуција, а уште помалку доакзите кои денес постојат, кои пак се базираат на физичките законитости кои токму тие кои ти ги наброја ги докажале, со еден збор науката уште не била до тоа ниво кога тие истражувале како што е денес. Секој научник за некој исказ и хипотеза си бара доказ, и јас сум сигурен дека сите тие што ги наброја ако почнеш да им ја објаснуваш теоријата на еволуција и им ги приложиш доказите и тоа експерименталните докази сигурен сум дека ќе се согласат дека сепак навистина може да постои еволуција и дека човекот еволуирал од еден огранок на приматите од кои еволуирале и денешните мајмуни.
Еден пример за тоа што јас ти го кажувам е Нобел лично. Во негово време медицината односно фармацијата се базира на билкарство и некои експериментални супстанци кои кога ќе имале некакви „лековито“ дејство биле широко користени. Нобел имал проблеми со срцето, и во негово време се користело ако не се лажам тринитроглицерин, за кој денес зе знае дека кога ќе се внесе во организмот испушта Азот моноксид кој пак доведува до опуштење на срцевиот мускул и со тоа намалување на болките (точно е позната биохемиски денес каскадата реакции која доведува до тоа). Но тогаш ова не се знаело, и Нобел кој баш таа супстанца ја користел при синтезата за ТНТ односно динамит неможејќи да види како една експлозивна супстанца ќе му ги намали болките во срцето одбил да го прима како лек „поради неговите споредни реакции“.
Мислам дека ми ја разбра поентата.
Да се разбереме овде станува збор за настанокот на живиот свет и еволуцијата, а дали материјата што во превод значи енергијата и нејзините својства создадени од господ или на друг начин е тоа не знаеме, и за тоа денес постојат само хипотези.
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Бацилус едно прашањеТи си човекот што може да одговори.. Што ако на научниците им го докажеш сето тоа што Чорбаџија сака да го објасни со помош на „интелигентниот дизајн” теорија според која животот на земјата е толку сложен што неможе да се објасни со торијата на еволуцијата туку се зема во обзир дејството на некоја невидлива сила. Личи на краеционизам но за разлика до него бара емпериски докази дека животот на земјата е креиран од интелигентен фактор, т.е. Господ.
Дали мислиш дека може да биде алтернативна теорија која ќе ја замени Дарвиновата теорија, а научниците би ја прифатиле како таква бидејќи е базирана на основните физички константи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom