Сакаж да кажеш дека ти летаат пеперутки во желудник поради почит, а не поради заљубеност?
Или е стравопочит?
Летаат пеперутки за бившиот, а сегашниот го почитува, дека ваљда сеуште го сака бившиот, а општо познато е дека човек еднаш сака. Се сплеткав, да?:pos2:
Иначе незнам дали сум пишала на темава, па да си пишам сега. Не сум раскинала со партнер со кого не сум била сигурна дали ми е добро или не. Кога се случува тоа, свесна сум дека не го сакам повеќе, дека повеќе не ме привлекува, дека немаме за што да зборуваме, дека има минимум десет други што ми се свиѓаат. Тогаш знам дека не сум повеќе за таа врска и го оставам.
Ако ме остави тој мене пред јас да помислам така (а се случило еднаш), пијам, викам, плачам и се по ред една недела до две. После веќе продолжувам да живеам со целосна незаинтересираност за него. Конкретно тој, ми се одмили поради тоа што ми го направи, без некоја посебна моја грешка, па го почувствував за брзо време она истото: не го сакав повеќе, не ме привлекуваше повеќе и веќе почнував да гледам по други. Сакаше назад после некое време, као ме сакал и сакал да бидеме заедно пак, но јас се чудев на мојата ладнокрвност додека тој плачеше.
Според тоа, не би сакала да го правам истото, за да не ми се чуди мене некој друг. Смешно е тоа. Ваљда ова потсвесно секогаш ми работи и не ми дозволува да патам по некој кој ме оставил, а посебно не по некој кого јас сум го оставила.
Не се живее со и во минатото, дека животов сепак е прекраток за тоа.