Во петок на бојкот? – Секоја акција може да успее ако има масовност! 31.01.2025

Ќе бојкотирате ли пазарување во Петок?

  • Да

  • Не, не ме интересира

  • Да, но мислам дека нема ефект.


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.728
Поени од реакции
4.170
А па ефект од протест па :icon_lol:
Демек ќе смени тоа нешто што 90% од намирниците се увезени
Па ќе нема ефект кога имаме 0 свест и ќе се соберат малку луѓе, инаку да се масовни протести не би рекол дека нема да има ефект никоја влада не сака протести. Што има врска дали е увезена или домашна, проблемот е нереалните маржи што ги лупаат трговците
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.331
Поени од реакции
23.997
Само протест е мамата за говедава.
Ама четврток и сабота да не купувате масовно, пошто ќе им се порамни добивката.
Nikako, strogo od lokalci ke kupvame. Ete sega bas kacak dogovoriv od prilepsko, kozjo mleko od demirhisarsko, selski jajca od pelagonisko, vo pregovori sum za kaskaval. Drugo manje vise imam, pokrien sum za petok.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.773
Поени од реакции
115.684
Владе и на оваа тема паметува, не сум изненаден. Ете, и тука успеал да го протне муабетот за цигарите, бог да чува и да брани. :ROFLMAO:
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.331
Поени од реакции
23.997
Владе и на оваа тема паметува, не сум изненаден. Ете, и тука успеал да го протне муабетот за цигарите, бог да чува и да брани. :ROFLMAO:
Sekoj so makata. Vas vi e skap orizot, mene cigarite. Jas ke ve poddrzam vas, vie mene i taka. Ili ne morate, bojkotirajte si sami , samo da znaes brojot na pusaci e kade kade pogolem od vas snegulkite so vi se skapi cija semenkite ili tamu ne znam so gluposti konzumirate ;)
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.773
Поени од реакции
115.684
Sekoj so makata. Vas vi e skap orizot, mene cigarite. Jas ke ve poddrzam vas, vie mene i taka. Ili ne morate, bojkotirajte si sami , samo da znaes brojot na pusaci e kade kade pogolem od vas snegulkite so vi se skapi cija semenkite ili tamu ne znam so gluposti konzumirate ;)
Не знам од кај ти е муабетов али ок. :D Ниту бојкотирам ниту поддржувам ниту јадам такви помодарски јадења, ама сепак можам и морам да се изнасмеам на глупостите што ги трескаш.

Ова со бојкотов е класично помодарско копирање на "тренд" што моментално се случува во соседните земји без да се размисли за ефектите од истиот. Стварно не гледам што би се сменило со еден ден бојкот на маркетите, башка ко они да се криви што некој им дозволил да си играат курташак со цените на одредени производи... Проблемот е во инфлацијата и власта, не во маркетите стрикно, а најголем проблем е што народот јава на овој бран на повици на социјалните мрежи без да употреби грам мозок и да размисли што ќе постигне и дали ќе постигне нешто.

Не дека не се скапи цените и општо дека животот е прескап, ама начинот на искажување револт во ситуацијава е погрешен.
 

Marquess

Ербап
Член од
20 јули 2009
Мислења
6.228
Поени од реакции
13.140
Бојкот на маркети се прави вака..

1. Се одбира еден маркет се бојкотира седум дена
Откако ќе види дека трпи загуби, ги смалува маржите.
2. Другите маркети за да не ги снајде истото смалуваат цени.
3. Ако не ги смалат вториот бојкот на втор маркет четринаесет дена.
И се така со прогресија

Еве солидна идеја.
Преземена од фб група.

Sent from my SM-S918B using Tapatalk
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.335
Поени од реакции
5.705
И овца да беше ќе сфатеше....

Јасно е дека парите ќе си повратат, поентата е да се прати порака, дека ако сака народот може да се организира и протестира.

За името, презимето и тоа што требаше никој не мрдна со прст, овците си останаа на бачило, али сега ете сакаат конечно да бекнат и паметњакович како тебе им вика џабе е се, ако не ти се свиѓа стани газда :pos:

А јас лично не сакам "газда" да бидам, газда на маркет не е газда, се знае кои се газди у државава....и ако треба пак да ти цртам Жмицко е далеку од газда, па и Али не е ништо поише од раководител на смена.
Џабе порака праќаш кога нема кој да ја прими. Дали озбилно мислиш дека нешто ќе се промени еве кажи ми.
Можеш да пробаш да им бојкотираш и маркетите како такви знаат дека народот зависи од нив 1 чекор напред, 2 чекори назад кога секако ќе ти треба нешто да купиш и пак ќе отидеш кај некој од нив. А они ја имаат таа моќ да креираат картел, затоа што парата буши таму кај бургијата не сака.

Убаво ви пишав горе, може да им се наштети само ако се сврти куповната моќ спрема изворот на ресурсите кои тебе ти требаат, се дури тоа не се направи посредникот е оној кој го држи клучот. Ова е еден од основни принципи во трговијата.

Имаме хронична склоност кон лечење на болеста место нејзини истребувања, е тоа е проблемот.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.331
Поени од реакции
23.997
Не знам од кај ти е муабетов али ок. :D Ниту бојкотирам ниту поддржувам ниту јадам такви помодарски јадења, ама сепак можам и морам да се изнасмеам на глупостите што ги трескаш.

Ова со бојкотов е класично помодарско копирање на "тренд" што моментално се случува во соседните земји без да се размисли за ефектите од истиот. Стварно не гледам што би се сменило со еден ден бојкот на маркетите, башка ко они да се криви што некој им дозволил да си играат курташак со цените на одредени производи... Проблемот е во инфлацијата и власта, не во маркетите стрикно, а најголем проблем е што народот јава на овој бран на повици на социјалните мрежи без да употреби грам мозок и да размисли што ќе постигне и дали ќе постигне нешто.

Не дека не се скапи цените и општо дека животот е прескап, ама начинот на искажување револт во ситуацијава е погрешен.
Vo red toa, tuka se slozvam. Rabotata e gde svi turci , tamo i mladi mujo. Ili videla zabata deka go potkovuvaat konjot, pa i taa gi krenala nozete. Cekaja nasite progresivci, influenseri, fb i insta faktori nekoj da napravi nesto nekade pa i tie da kopiraat i da se vozat na branot. Zosto morase Hrvatska prvo, oti nas ne ni tekna za ova pa tie neka ne kopiraat. Tolku ni e kapacitetot, moznostite, mora da kopirame od nekoj, nisto ne sme sposobni sami da smislime? Aj nie, obicno pucanstvo, ama ni ovie, elitata sto navodno se influenseri, so generiraat javno mislenje i so se otepaja od priservanje po socijalni mrezi ? Sega se setija deka skapotija e, kaj bea pred nedela, dve, tri. Arno vo Hrvatska so se pobunija oti izgleda ako na nekoj nekade ne mu tekni nesto, ovie nasite za kur ne gi biva izgleda, osven za kopiranje.
I ne se gluposti, cigarite stvarno se skapi, glupo skapi. Mozi tebe kako ne pusac kur ne ti cue, ama ete mozi jas sum netoleranten na laktoza pa i mene kur ne mi cue kolku e pavlakata ili mlekoto. Ili sum netoleranten na gluten pa mi e gajle kolju e lebot. Mi ja sfakjas poentata. Nema tuka ama jas vaka, jas taka. Ili se e skapo ili ne e, ne mozi mlekoto e skapo ama da e do mene cigarite neka poskapat uste tolku oti jas ne pusam. Ne tepate mecka taka.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.335
Поени од реакции
5.705
Само протест е мамата за говедава.
Ама четврток и сабота да не купувате масовно, пошто ќе им се порамни добивката.
А недела може?
Автоматски споено мислење:

Инаку еве, сите кои сакате да ги зезнете маркетите 45 ден/кг компир кој сака?
Директно од фармери ќе ви го набавам.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.743
Поени од реакции
6.146
Сега иде ТопТема на Телма...
Не сум знаел дека во минимална потрошувачка кошничка (за декември конкретно) било рачунато цреши, дињи, лубеница...? Плус исклучиво Кока Кола , а не Газоза како домашно производство...

А овој преставникот на синдикатот, ваљда, што го форсира бојкотот, упорен е тоа било нормално...
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.419
Поени од реакции
14.843
Не е најпаметно смислено, има нешто и што ме иритира, но што го ебам, ако решиле вака да се покаже незадоволство, да се укаже на реален проблем, ете ќе им се придружам, и така во просек, помалку од еднаш неделно одам по маркети, па не мора со зор баш тој ден.



Инаку, поскапувањето, допрва ќе прави проблеми во Европа, ќе има кризи, протести...
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.331
Поени од реакции
23.997
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.352
Поени од реакции
7.111





дома
Вести

Прекупци со високи маржи го поскапуваат зеленчукот – земјоделците со најмала заработувачка
2023-07-22
258


Facebook


Цените на градинарските производи во струмичко се далеку пониски во однос на останатите места во државата. Причина се високите маржи на трговците и прекупците – обвинуваат земјоделците кои остануваат со најмала заработка. Тоа се најчесто трговци кои во струмичко доаѓаат со камиони или комбиња и купуваат во големи количини како од пазарот на големо така и директно од производителите низ населените места. Затоа, земјоделците сметаат дека државата ќе мора да се погрижи за поголема контрола на ,,малите трговци“.
,,За да стаса производството до трпезата на потрошувачите, патува низ најмалку двајца до тројца троговци. Соодветно, секој си става маржа по своја проценка. Начинот на препродавање е следен: трговците доаѓаат во струмичкиот крај со камиони и купуваат во големи количини кои потоа ги препродаваат на други трговци или продавачи по тезги. Ставаат маржа до 30 отсто, ма таа цена продавачите додаваат уште толку и затоа производството за крајните потрошувачи е доста скапо“, вели Ристо Велков земјоделец од Василево. Тој тврди дека нема млади земјоделци, но и воопшто кој да ги обработува нивите, па затоа годинава за разлика од лани, за 20% се намалени засадените површини.
Според него доматите во струмичко се откупуваат по цена од 30 и 35 денари по килограм, а крајните потрошувачи плаќаат над 60 денари за килограм домати. Слично е и со краставиците и пиперките кои на пазарот на големо во Струмица се откупуваат по цена до 25 денари за килограм.
Во Струмица бостанот се продава по 10 до 12 денари за килограм, но, во останатите градови веќе подолг период лубеници може да се купат по цена повисока од 20 денари за килограм.

,, На пазарот на големо во Колешино, бостанот може некогаш да падне и на 8 денари за килограм, но по пазарите во земјава достигнува и до 20 денари за килограм. Значи трговците дупло заработуваат на нашата мака. Што да правиме, производството не чека-мора да го пласираме“, велат земјоделци од Колешино.
Ваквата состојба не се однесува за големите трговци кои имаат откупни пунктови и претежно откупуваат за извоз. Според нив, заради лошите временски услови годинава е намалено производството. Блажо Витанов вели дека има побарувачка за домати и друг зеленчук, но, струмичките ниви се полупразни.
,, Нема количини. Црвените домати ги откупуваме по 35 денари, а розевите и до 45 денари за килограм. Ги извезуваме на пазарите во поранешна Југославија, но и во Романија, Бугарија. Бостан без семка откупуваме за Германија и Чешка по цена од 18 денари. И со бостанот проблем е малата расположлива количина. Факт е дека овие трговци на црно го рушат пазарот. Дневно од струмичко купуваат и по 200 тона зеленчук и овошје за кои никој не води контрола.Производството го препродаваат во Скопје, а не плаќаат никакви давачки на државата“, вели Витанов.
Тој потсетува дека институциите имаат механизми за контрола на овие камион-трговци кои секој ден ги има по пазарите и населените места во струмичкиот регион. Тие се еден од проблемите на нарушената аграрна економија. Со нивната нелојална конкуренција се прави дисбаланс на пазарот, а од тоа најмногу губи државата по основ на давачки. (В.Т)

само бојкот на алчни маркети и неразбрани трговци
 

Kajgana Shop

На врв Bottom