Во петок на бојкот? – Секоја акција може да успее ако има масовност! 31.01.2025

Ќе бојкотирате ли пазарување во Петок?

  • Да

  • Не, не ме интересира

  • Да, но мислам дека нема ефект.

Резултатите може да се погледнат само после гласање.

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.172
Поени од реакции
18.234
народот да знае што купува не би биле маркетите толкави со илјадници производи. Порано на времето имаше само леб, млеко, деликатес, и други основни работи. Сега влага и све троши на џанк и после огромни биле сметките.
Да бе друже, навистина безобразно од Кам и Стокомак кавијарот дека го поскапија.
 
Член од
28 август 2013
Мислења
4.486
Поени од реакции
13.688
Воено профитерство. Не се само маркетите, секој што може качува цени како ќе му прдне. Има инфлација, но овде алчните газови ја направија двојно поголема. Ако институциите си седат со скрстени раце, ќе продолжи да си расте експоненцијално.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.172
Поени од реакции
18.234
А тоалет папир,ако купиме,во кој спаѓаме?
Во бојкотирачи, или во потрошувачи?
И тоалетна ти е инпут за производство на нешто.Производители:D
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.754
Поени од реакции
4.522
Не ти треба да собираш луѓе
И сега можеш да отидеш по оние 10-тина магацини пред Кванташки и да си купиш што сакаш. Минимум ти е 1 пакет. Разлика на цена ти е минимум 5%.
Да ама ако се собереме да речеме 100 луѓе може да преговараме на количина ;)
Автоматски споено мислење:

Можиш дирекно да одиш кај сточари/земјоделци и поевтино од дисконт да земиш многу од продуктите. Јас мислам проблемот е што немаме доволно сточари/земјоделци, новите генерации само во канцеларија сакаат.
Комбинација од се по нешто. Недоволно производство, регулација, скап увоз на машинерија/други материјали.
 
Член од
30 август 2024
Мислења
121
Поени од реакции
570
Одма кај нас партиски подршки и преписки ! Ало за ова да успее политика надвор од истото! Факт е дека увезуваме скоро се , но се ставаат ненормални маржи. Еве земете масло за јадење сончегледово коа се вадат на цената на берзата. Истото е моментална цена 50 ден а се продава 88 денари најефтино.Млекото го откупуваат по смешни 25 ден за литар , а го продаваат по 67 денари. Оризот до вчера се збореше за откупна ниска цена , а за 900 грама плаќаш 89 денари.. Само бојкот.
Набавна цена на зејтинот за време на таа новогодишна кошничка беше 89 (Брилијант) а инспекторите инсистираа да се стави со 10%. Излезе една новогодишна кошничка па потоа и друга, каде наведоа дека мора плус производи со додатни 10% попуст. Сите маркети пуштија приговор бидејќи Витаминка не сакаше да намали набавна цена. Кога сфатија од влада дека не е проблем до маркетите, ги „советуваа“ „производителите“ да намалат цена. Витаминка намали 1 денар, и набавна цена падна на 88 денари за да истата цена на зејтинот беше ставена во новогодишна кошничка (без денар ќар, точно 88 денари).

Така да, не знам од кај ги вадите цениве ама допирна точка нема со реалноста ова што го имаш напишано.

Македонија затоа е таква каква што е. Од рекла казала муабети од секој втор.
 
Skorp

That guy...
Член од
30 јуни 2010
Мислења
1.205
Поени од реакции
2.315
Ако еден производ бил така, не значи дека сите се со 1 денар заработувачка. Работам со маркетите, огромни маржи ставаат и условите во договорите се катастрофа. Целата одговорност е на добавувачот и заработката е мала, посебно со големите ланци. Новиот закон што беше донесен, најдоа начин да го заобиколат и се си е по старо сега.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.362
Поени од реакции
30.764
Бојкот нема ефект, треба протест пред надлежните институции што не работат ништо да проверат колкави маржи и какви договори имаат маркетите со добавувачите за да го стрижат народот.
А па ефект од протест па :icon_lol:
Демек ќе смени тоа нешто што 90% од намирниците се увезени
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.570
Поени од реакции
16.764
Сега во четврток ќе има Промет како пред Нова Година или како пред ВВ3 :D
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.856
Поени од реакции
10.329
Гледав видео со цени од Хрватска, ептен ненормално е таму. Цените во Лидл/Кауфланд се до 3 пати повисоки од цените во истите маркети во Германија. Со влезот во ЕУ би требало (не сум до толку упатен во ова, претпоставка е) да нема царина или увозни даноци за производи увезени од ЕУ, така да не ми е јасно од каде доаѓа разликата. Не е Хрватска толку далеку од централна Европа па да кажеш поради транспорт, во Хелсинки што е максимално оддалечено по копно од Германија преку Северен Пол што се вози цените се тука некаде изедначени.

Единствена разлика што ми доаѓа на памет е ДДВ - 25% во Хрватска, 7% во Германија за основни продукти и 19% за останатите. Ако тоа е причината треба да бојкотираат политичари и влада, а не маркети. Сепак ни тоа не оправдува 3 пати повисоки цени според мене. Ај барем они имаат подобри плати. Ние како што немаме скоро никакво сопствено производство, ако не остават на милост на маркетите ќе наебеме повеќе и од Хрватите. А ми се чини на таму оди работава за жал.
 
Член од
30 август 2024
Мислења
121
Поени од реакции
570
Ако еден производ бил така, не значи дека сите се со 1 денар заработувачка. Работам со маркетите, огромни маржи ставаат и условите во договорите се катастрофа. Целата одговорност е на добавувачот и заработката е мала, посебно со големите ланци. Новиот закон што беше донесен, најдоа начин да го заобиколат и се си е по старо сега.
Не биди смешен.

Ајде, дека работиш со маркети, кажи ми маржа на леб, сирење, кашкавал, млеко, зејтин, брашно. Нареди ми ги по %.

Ти напиши ги маржите а јас ќе ти ги дадам набавните цени.

Производителите со увозниците секој ден менуваат цени и креваат набавни. Преку ноќ си кажуваат цена и никој нит ги регулира нит ги контролира. Но нема везе, те чекам со % за наведените производи.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.356
Поени од реакции
18.461
Гледав видео со цени од Хрватска, ептен ненормално е таму. Цените во Лидл/Кауфланд се до 3 пати повисоки од цените во истите маркети во Германија. Со влезот во ЕУ би требало (не сум до толку упатен во ова, претпоставка е) да нема царина или увозни даноци за производи увезени од ЕУ, така да не ми е јасно од каде доаѓа разликата. Не е Хрватска толку далеку од централна Европа па да кажеш поради транспорт, во Хелсинки што е максимално оддалечено по копно од Германија преку Северен Пол што се вози цените се тука некаде изедначени.

Единствена разлика што ми доаѓа на памет е ДДВ - 25% во Хрватска, 7% во Германија за основни продукти и 19% за останатите. Ако тоа е причината треба да бојкотираат политичари и влада, а не маркети. Сепак ни тоа не оправдува 3 пати повисоки цени според мене. Ај барем они имаат подобри плати. Ние како што немаме скоро никакво сопствено производство, ако не остават на милост на маркетите ќе наебеме повеќе и од Хрватите. А ми се чини на таму оди работава за жал.
Citav edna statija za ova. Pazarot vo germanija e dosta kompetitiven do toj stepen sto gi prinuduvaat proizvoditelitr da spustaat cena. Imase primer so Hainz mislam, odbivale da spustat cena i napraile svoja kopija. Posle nekoe vreme ovie popustile i snizile cena. Vo hrvatska vajda nemaat dovolno obrt za vakov pritisok. Ne veruvam lidl tamu da ide so 300 posto pogolema maraza.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.746
Поени од реакции
6.149
Производителите со увозниците секој ден менуваат цени и креваат набавни. Преку ноќ си кажуваат цена и никој нит ги регулира нит ги контролира.
Прво, кој и зошто треба да регулира ако е слободен пазар?

Второ, ако е така како што викаш, тоа е одлична шанса за некој нов (како тебе, пример) да почнеш бизнис, понудиш пониски цени и да земеш дел од пазарот.

Трето, сега сериозно...
Не си помислил дека цените се менуваат поради зголемената набавна вредност и зголемени други трошоци?
Еве, производство - Знаеш ли колку се покачени трошоци, суровини, плати, струја, нафта, амбалажа? Или не си во тек дека со војната во Украина сите цени одат на горе?
Или, што ги спомнуваш увозниците...Дали знаеш дека, пример, транспорт од Азија е поскапен 300-500% поради Хутите ? Или транспорт од пристаниште во Солун?

Сите инпути идат на горе, ама вие сакате крајна цена да иде на доле...Ебаве економисти...
 
Down

Aloysius Devadander Abercrombie
Член од
4 мај 2012
Мислења
4.018
Поени од реакции
6.936

Бегај бе друже неможе да имаш ти маржа 100 посто, како што рекоа горе за некои продукти не се ни криви маркетите туку производителите и добавувачите.

Што е качено, бензиот е 20 посто качен сеа не е 100 посто... која струја кога и таа падна горе доле на стари цени???

Едино што се качи е работна рака, али кој ги ебе бе, нека си оптимизираат процеси, нека воведат механизација и ќе имаат оптимизирано производство, а не ајде незнам да ја менаџирам фабрикава па ќе качам цена дупло...

За да почнеш бизнис да им бидеш конкуренција треба да имаш милиони, знаеш колку кошта една голема фабрика за да имаш производство од обем?
 
Член од
30 август 2024
Мислења
121
Поени од реакции
570
Прво, кој и зошто треба да регулира ако е слободен пазар?

Второ, ако е така како што викаш, тоа е одлична шанса за некој нов (како тебе, пример) да почнеш бизнис, понудиш пониски цени и да земеш дел од пазарот.

Трето, сега сериозно...
Не си помислил дека цените се менуваат поради зголемената набавна вредност и зголемени други трошоци?
Еве, производство - Знаеш ли колку се покачени трошоци, суровини, плати, струја, нафта, амбалажа? Или не си во тек дека со војната во Украина сите цени одат на горе?
Или, што ги спомнуваш увозниците...Дали знаеш дека, пример, транспорт од Азија е поскапен 300-500% поради Хутите ? Или транспорт од пристаниште во Солун?

Сите инпути идат на горе, ама вие сакате крајна цена да иде на доле...Ебаве економисти...

Ова е муабет за на клупа у градинка.

Едно е започнување бизнис, а друго е овластен дистрибутер на производи. Над 50% од производите во Македонија ги носат исти компании. Они го регулираат пазарот и цените.

Ти, доколку имаш маркет и се одлучиш да продаваш, продаваш според нивните ексели. Они ти даваат набавна цена и ти викаат ќе продаваш за "X" цена. Ако го тргнеме Рамстор и Веро на страна, другиве маркети се тепаат кој пониска цена ќе стави, а со тоа, одат на доста мала маржа. И иначе уште чекам одговор на моето од горе, за маржите на сите тие производи кои ги наведов. Бидејќи небулози се напишаа.

Во однос на 3тата точка, до негде се согласувам. Но мораме да земеме предвид дека производителот и дистрибутерот ја диктираат цената на дадениот производ, а не маркетите. И тоа е факт.
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.729
Поени од реакции
7.938
Не ја гледам логиката во акцијава освен некој очаен крик на немоќ према инфлацијата.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom