Јако јако.... овој Иди Амин ли беше? Ми личи.... инаку овој претседател на Уганда и голем пријател на нашиот некогашен шеф на државата, нели членки беа на неврзаните, некогашната наша држава како и Уганда.... општо познато е (или така се говореше) дека типов (ако е Иди Амин) има изедено еден од своите министри! Значи чист канибализам! Му наредил на министерот: направи ова и она... не направив! Како беше она: Мароооо котелот! Е па чорба! Го испапал за вечера!
Инаку за законот за пензиско, чие носење беше прашање на време, поради големата финансиска неликвидност на двата фонда: на здравствениот и нели особено и оној поради кој се носи мерката - пензискиот... Меѓутоа ептен ми се имбицилни образложенијата, на пример како го направиле повеќето европски држави, па се до изјавите на имбицилине од синдикатот: како ова било придобивка или ‘‘вин вин‘‘ ситуација за сите, као сите добивале, највеќе работниците (леле бе со безбол палки треба да им се појде) па работодавачите и секако подобрување на кондицијата на фондот.... најверојатно од сето тоа само за последново делумно имаат право. Инаку, ‘‘многу земји‘‘ не е образложение ниту аргумент. Кои тоа многу земји? Оние од развиениот демократски свет, каде што развиената медицина, високиот животен стандард и сите стандарди на живеење се поголеми од овдека и овозможуваат просечен животен век (Франција 79 години, Шпанија 81 година, Италија Германија, 78, Јапонија 82... и тн и тн....) мнооогу поголем од нас (ми се чини нашиот тука некаде 67-68 год)!? Обезбедете таков животен стандард, толку развиена медицина, животните услови, работните услови и права, човековите права.... и тн, па зголемете ја старосната граница на пензионирање... Сето друго ви е имбицилна аргументација!..... Па ајде во Папуа Нова Гвинеа, Бурунди или споменатата Уганда... каде просечниот животен век не е поголем од 50-55 воведи старосна граница на пензионирање од 65 години или на ескимите во Аљаска, кои поради консумација живо месо исто така имаат краток животен век....
Избор!? Тоа е само фарса, сите знаеме дека она 64 за мажи многу бргу ќе се заборави и како старосна граница ќе се прифати 67 како задолжително.... кој избор, каков избор? Дај да не се лажеме!
Инаку да, избор имаш и во Германија, имаш и во Австралија, Канада.... ама не од 64, туку од 60, а полна пензија добиваш на 65... а тие како реков имаат цца. 80 год животен век....
Така да по таа аналогија, како што рече некој погоре, ако ни е просечниот животен век помал од 70, тогаш треба да ја поместат старосната граница на пензионирање на 70 или над 70 години.... и генијалци! Але-луја! Еурека! Ќе го решат проблемот на фондот! Единствено ме загрижува што баш тие политичарите, па и судиите, понекој од професорите, некои џаболебари од администрацијата, особено со огромни примања, како оние од АЕК што земаат +60,000 плати..... живеат ко желките од Галапагос! Или ко папагалот на Черчил.
Чорба работава!