Во пензија со наполнети 67 години

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Каков добар потег те спопаднал???
Ај размисли...на кој години човек е продуктивен, на 70 или 30,40 гиодини???
Наместо да испракаат во пензија одслужен кадар,да вработуваат млади кадри да можаат да оформуваат семејства, тие фирмите ке ги претвараат во пензионерски домови........
Па нормално дека еден професор, лекар, канцелариски пацов ке одабере на 80 години да замине у пензија-море до смрт ке седи на катедра местото нема да го ослободи...
би ги прашал носителите на ова соломонско решение кум ставре и братучед груица дали тие би седеле до 65 год на работна позиција во некоја фабрика каде се работи на лента или во некое рударско окно на 300метри далбочина.........................
Затоа се вика одење во пензија "по избор". Добро е за вработените посекако, ако се осеќа продуктивен ќе продолжи, ако не, никој не му брани да си иде редовно во пензија. А згора на тоа ако продолжи ќе има и повисока пензија.[DOUBLEPOST=1406187873][/DOUBLEPOST]
Затоа се вика одење во пензија "по избор". Добро е за вработените посекако, ако се осеќа продуктивен ќе продолжи, ако не, никој не му брани да си иде редовно во пензија. А згора на тоа ако продолжи ќе има и повисока пензија.
п.с и ова е добар потег во работните односи http://www.fakulteti.mk/node?u=http://faktor.mk/archives/116469?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=izmeni-rabotodavachot-kje-plakja-pridonesi-i-za-honorarcite
Некој од инат ако сака да руга ќе руга.
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Не е битно дали ќе одиш у пензија битно е кога ќе одиш.

Еве да речеме дека фондот е во колапс и дека треба да се зголемуваат границите ама шо прајме со багра која не работи и багра која не плаќа за вашиот труд за таа багра стрелање на плоштад.

Уште едно прашање што нашиве пензионери сега створиле за да можат младите да продолжат.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Ако фондот е пред колапс зошто тогаш зголемува пензии пред секои избори

секако дека ова е реторичко прашање
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Јако јако.... овој Иди Амин ли беше? Ми личи.... инаку овој претседател на Уганда и голем пријател на нашиот некогашен шеф на државата, нели членки беа на неврзаните, некогашната наша држава како и Уганда.... општо познато е (или така се говореше) дека типов (ако е Иди Амин) има изедено еден од своите министри! Значи чист канибализам! Му наредил на министерот: направи ова и она... не направив! Како беше она: Мароооо котелот! Е па чорба! Го испапал за вечера!
Инаку за законот за пензиско, чие носење беше прашање на време, поради големата финансиска неликвидност на двата фонда: на здравствениот и нели особено и оној поради кој се носи мерката - пензискиот... Меѓутоа ептен ми се имбицилни образложенијата, на пример како го направиле повеќето европски држави, па се до изјавите на имбицилине од синдикатот: како ова било придобивка или ‘‘вин вин‘‘ ситуација за сите, као сите добивале, највеќе работниците (леле бе со безбол палки треба да им се појде) па работодавачите и секако подобрување на кондицијата на фондот.... најверојатно од сето тоа само за последново делумно имаат право. Инаку, ‘‘многу земји‘‘ не е образложение ниту аргумент. Кои тоа многу земји? Оние од развиениот демократски свет, каде што развиената медицина, високиот животен стандард и сите стандарди на живеење се поголеми од овдека и овозможуваат просечен животен век (Франција 79 години, Шпанија 81 година, Италија Германија, 78, Јапонија 82... и тн и тн....) мнооогу поголем од нас (ми се чини нашиот тука некаде 67-68 год)!? Обезбедете таков животен стандард, толку развиена медицина, животните услови, работните услови и права, човековите права.... и тн, па зголемете ја старосната граница на пензионирање... Сето друго ви е имбицилна аргументација!..... Па ајде во Папуа Нова Гвинеа, Бурунди или споменатата Уганда... каде просечниот животен век не е поголем од 50-55 воведи старосна граница на пензионирање од 65 години или на ескимите во Аљаска, кои поради консумација живо месо исто така имаат краток животен век....
Избор!? Тоа е само фарса, сите знаеме дека она 64 за мажи многу бргу ќе се заборави и како старосна граница ќе се прифати 67 како задолжително.... кој избор, каков избор? Дај да не се лажеме!
Инаку да, избор имаш и во Германија, имаш и во Австралија, Канада.... ама не од 64, туку од 60, а полна пензија добиваш на 65... а тие како реков имаат цца. 80 год животен век....
Така да по таа аналогија, како што рече некој погоре, ако ни е просечниот животен век помал од 70, тогаш треба да ја поместат старосната граница на пензионирање на 70 или над 70 години.... и генијалци! Але-луја! Еурека! Ќе го решат проблемот на фондот! Единствено ме загрижува што баш тие политичарите, па и судиите, понекој од професорите, некои џаболебари од администрацијата, особено со огромни примања, како оние од АЕК што земаат +60,000 плати..... живеат ко желките од Галапагос! Или ко папагалот на Черчил.
Чорба работава! :(
 
Последно уредено:
N

NikolaMKD91

Гостин
Слушнав на Ѕинго многу му се допаѓал овој закон па ќе си продолжел да работи во парламент до 67 години . А ќе им продолжел и на неговите закрепостени селани во Кратово до 67 години да му аргатуваат. :icon_lol:
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Слушнав на Ѕинго многу му се допаѓал овој закон па ќе си продолжел да работи во парламент до 67 години . А ќе им продолжел и на неговите закрепостени селани во Кратово до 67 години да му аргатуваат. :icon_lol:
Зарем Ѕинго нема 167 години? Мене така ми изгледа!? Како да има 167 а не 67!;)
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Затоа се вика одење во пензија "по избор". Добро е за вработените посекако, ако се осеќа продуктивен ќе продолжи, ако не, никој не му брани да си иде редовно во пензија. А згора на тоа ако продолжи ќе има и повисока пензија.[DOUBLEPOST=1406187873][/DOUBLEPOST]
п.с и ова е добар потег во работните односи http://www.fakulteti.mk/node?u=http://faktor.mk/archives/116469?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=izmeni-rabotodavachot-kje-plakja-pridonesi-i-za-honorarcite
Некој од инат ако сака да руга ќе руга.
Епа тогаш нека направат кој кога сака да може да иде во пензија и да си има ги има на располагање заштедените пари.Кој колку заштедил толку да може пензија и да извади како банкарска сметка.

Али тоа на нив не им е намерата,ова е сега само пробен балон и за една година ќе тврдат дека многу одбрале да идат на 67 и ќе ја дигнат границата за сите а се со цел за кога ќе стигнеш до пензија да бидеш толку ментално и физички истрошен да не зимаш повеќе од неколку години пред да умреш и они парите да си ги лапнат.

По 13-20% од плата да оставам на страна и да ги орочувам на по 60 месеци за 30 години би имал далеку поголема пензија од таа што би ми ја давала државата.А и најважно сите пари би биле мои.
 
Последно уредено:

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Живели администрацијо! Не ми се верува еј, закон за пензија скроен да те дојадат, да те цркнат ако можат!
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
fondot e slab, i normalno na drzavata i odgovara da ima pomalku penzioneri
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.437
Поени од реакции
5.485
Абе бурекџии многу мрсно јадите....
Ќе ви објаснам сељачки
Државава има три пензиски столба:
Првиот столб е Задолжителен Државен Солидарен Фонд. Тоа СОЛИДАРЕН треба да ви асоцира дека сите уплаќаат а некој користи повеќе, некој помалку, колку му пишале одозгора....
Како што немате скапана навика да си ја Осигурате куќата/станот затоа што ако 30 години не ви се запали или полави вие чукнати ќе помислите дека можда Осигурителната компанија би требало да ги врати парите назад зошто у суштина сте ги давале за џабе по таа ваша аналогија на сваќање на стварите.
Овај столб е иначе онај од Тито па на даље во кој е скоро цела доклукана македонска раја. Или за тие што се прават паметни на форумов еве и во краснописен Македонски јазик "Систем со еден столб е задолжителен пензиски систем кој постои во Република Македонија од 1950 година. Финансиран е на основа на тековното финансирање, што значи дека придонесите од сегашните вработените се користат за исплата на пензиите на сегашните пензионери. Стапката на придонес во системот со еден столб е 18% од бруто платата на вработениот."
Вториот столб е Задолжителен Приватен Фонд кој се формира 2003 год. Законот вели
Лицата кои оствариле барем еден придонес во системот со еден столб (тој од Титота) до 1 јануари 2003 година имаа можност или да останат во системот со еден столб или да преминат во новиот систем со два столба. Правото на зачленување, овие лица го имаа до 31 декември 2005 година.
Лицата кои по прв пат се вработиле по 1 јануари 2003 година се задолжителни членови на вториот столб, но имаат право да одберат во кој фонд сакаат да членуваат и тоа 3 месеци по првото вработување. Доколку сами не изберат фонд, МАПАС ќе ги распредели по службена должност.
Што значи ја као вработен од 6 Новембaр 2005 лето господово сум член на овај фонд каде секој 6 месеци идат некој извештаи за тоа што се прави со моите пари. Тргувале инвестирале си ебавале мајката.... Предноста на овој фонд е што овозможува избор на тоа како ќе ги земате заштедените пари, може да купите ануитет или ќе можете да ја повлекувате вашата заштеда постепено.
Финтата е што за тоа ќе му се мислам во 2050та година. Година во која може ќе бидам на 7000км од овде, може ке бидам овде и ќе зборам албански, може ке бидам кај горнио....А сега да си ја дрецкам глаата дали ќе отидам на 64 или 67... Koj ќе ми гарантира континуитет на законска регулатива 36 години?
Него да дозавршам...
Трет столб е Доброболен Приватен Фонд кој е во основа Вториот Пензиски столб со можност за дополнително инвеситрање од твоја страна. Во него можат да ти уплаќаат и трети лица пример имаш Вујко од Австралија и сака да те заебе и ти рече Внучко ти уплатив у фонд 30.000 Аустралиски долари да ти се најдат ко ќе остариш. "Благодетите" од оваа лакрдија можат да ја користат и членовите од Првио Социјалистичко комунистички фонд.

Toa ви се фондови кој ви ги цицаат парите и ви гарантираат мизерни но сигурни примања.
Вие ако сте курназ да менаџирате 30години заштеда или штознам инвестирате во недвижнини онда свака ви част
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
и овие ја добиваат можноста да работат до 67!? Браво за синдикатот! Win Win ситуација, велат сите добивале, таков бил новиот закон!? Веројатно по нивната логика овакви најмногу!?..... :tapp:
 
Последно уредено:
Член од
9 октомври 2012
Мислења
763
Поени од реакции
1.018
чекајте сега кога ке отидат во пензија генерациите од 1950 до 1960 кога во македонија имало најголем наталитет има дупло да се зголемат пензионерите да видиме тогаш што ке смислат
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.631
Живели администрацијо! Не ми се верува еј, закон за пензија скроен да те дојадат, да те цркнат ако можат!
Од работа право на гробишта :([DOUBLEPOST=1406369591][/DOUBLEPOST]
Слушнав на Ѕинго многу му се допаѓал овој закон па ќе си продолжел да работи во парламент до 67 години . А ќе им продолжел и на неговите закрепостени селани во Кратово до 67 години да му аргатуваат. :icon_lol:
За Ѕинго не е проблем ,тој може и 200 години да работи затоа што тој ништо и не работи[DOUBLEPOST=1406369652][/DOUBLEPOST]
чекајте сега кога ке отидат во пензија генерациите од 1950 до 1960 кога во македонија имало најголем наталитет има дупло да се зголемат пензионерите да видиме тогаш што ке смислат

ќе смислат да се оди во пензија на 70 години и пак ќе ги заебат
 

Kajgana Shop

На врв Bottom