Zaptija Stojkov
Комунист
- Член од
- 23 февруари 2010
- Мислења
- 3.178
- Поени од реакции
- 2.855
Не може да има избор работникот поготово што работи мачна работа дали ќе остани или не!!! Колку и да сака плус да остане нема снага/енергија за работа... Последните 2-3 години што ги работи абе еден месец му се гледа како една година...Еве пример некој што цел живот работел угостител, а угостител е професија со најмалку слободни денови 65-70 дена без слободен ден летно време и со најдолго дневно работно време и со најмала пауза...Има денови во угостителскиот сектор каде што се работи од 08.00 до 00.00. Поготово за празниците Нова година прв и втор ден, Василица, Водици, Свети Јон, Велигден, Први мај, Илинден. Свадба/крштевка кога ќе има исто така по цел ден... Летно време во некои денови и двократно се работи...И со такво темпо на работење цел живот каде има снага да работи до 64 години???Toa и да биди ќе е по избор на работникот. Ако замини пет години порано ќе прима помала пензија или ако сака да доплати придонеси за тие пет години ќе зема колку што би земал.
А друго е човек што цел живот си има канцелариска работа, абе комотно може и преку 70-ката да оди на работа... Еве на пример академикот од МАНУ Матеја Матевски работеше до 86-тата година од животот... Ама работата не му беше тешка, ќе излезеше одвреме-навреме ќе одржеше некој говор и толку му беше неговата работа... Или некој што се надзори/координатори со рацете пикнати в џеб пет души на еден казмокопач или отпушувач на канализации во ЈП Водовод, Нискоградба, и надзорите на асфалтерите во Македонија ПАТ...