Ужасно сум заборавена и иам ептен short-term memory и тоа многу ми создава проблеми. Ми викаат дека со судоку се јачела меморијата, ама иди решавај судоку коа си имал кец математика цел живот.
Друго, би сакала да го променам фактот што сум вечно незадоволна од нештата, иако не правам ништо за да ги променам, пошто полесно е да се убедуваш дека е невозможно да се променат, отколку екшли да пробаш. Тоа вечно незадоволство од земскиот ми живот не го „топам“ преку комшиски жалопојки (како што е здраво), туку преку тивка депресија што ми дава лош призор за иднината ми.
Не ми иде логика и лоша сум со пресметки, па затоа никогаш не ми успева да штедам. Тоа еден ден до просјачки стап ќе ме дотера.
Мрзлива сум кога не ме плаќаат, и неодговорна.